In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Виолета Спасеновска Марсол
Астролог

Среќата доаѓа по дождот

Нејзината “приказна за ѕвездите” е едноставна. Природна и ненаметлива. Таа вели дека “се (и) било запишано од ѕвездите”, вели дека таму се може да се види. Се... освен смртта. И раѓањето. Вели и - дека со фасцинантна леснотија се движела низ картите на Гиш, Борис Трајанов... останала вчудоневидена од двајцата луѓе-надеж: Калиопи и Дарио... Дамата што ѕвездите “ги тера” да говорат - за ѕвездите. На Телма.

Не верувам во гатачки. Мразам “готови рецепти за живот”. (Не) читам хороскопи претскажувања, (ни) од забава. Што, Нострадамус? Ама ајде, ви се молам! Сепак...

“Ѕвездите говорат за ѕвездите”, Веќе триесет и шест недели. На Телма. Почнувам да се сомневам. И редовно гледам. Ви препорачувам и вам.

Влегувам. Во најдалечниот - а сепак силно осветлен од доцното есенско сонце - агол седи ТАА. Не знам ништо за неа. Освен... дека има долга, во спирали кадрава коса (што некои може да ги нервира - а зошто, кога не е нивна, туку нејзина?!)... дека се занимава со астрологија, страсно (што исто така некои може да ги нервира... но таа - дознавам подоцна - на тоа останува “мртва студена” и дека - да се предомислат!)... дека “не сака да се слика” (ми кажува уште прелиминарниот телефонски контакт. Имаме проблем. И, на располагање, само една “дежурна” фотографија: оваа што се појавува секогаш кога и таа, во весник. Прашувам - што со телевизијата, “сликањето” пред камера? Вели - и тоа тешко и паѓа, ама... и било “запишано од ѕвездите”!).

Виолета Спасеновска. Астролог. Може ли тоа да биде - професија? И да... и не.

Таа е дипломиран инжениер-агроном. Специјалност - вина. Значи - енолог. Меѓутоа... живо си спомнува на професорот што првпат ја турнал на испит. И уште неколкупати, потоа. Човекот што бил вљубен во овошките, па на секоја поодделно и давал име (и сите ги паметел - наспроти имињата на луѓето, нив ги заборавал!), нејзе ја викал Спасенија (па, вели, на тоа пак си споминла пред две недели, кога и Зорица Црношија, среде емисија, и го “надена” истото име!)... и прв и рекол: ти не си инжениер, не си за оваа работа! Тогаш му била многу лута. На тој господин Борис Ристески. Сега не. Вели: тој - уште и пред неа - и ја прочитал нејзината карта, во која стои, “запишано”: поради Нептун, владетелот на илузиите, не е чудно што ги одбрала вината - и тие, нели, создаваат илузија - иако можела да ги одбере и медицината или Музиката, глумата... и астрологијата (која, на прво “читање”, вели, веднаш била отфрлена - како “несериозна”, нешто што на човек не може да му биде професија!); е, а поради Сонцето - она што ќе го одбере да го работи ќе морало да биде - јавно! Кажува дека не ни сонувала како би можело да се оствари тоа. Ѕвездите го “знаеле” тоа многу пред неа. Многу пред 1997, кога таа за првпат се појави пред камера - на Сител - за да говори за ѕвездите. А многу и пред 1987, кога уште “стоела цврсто на земја”, оние што ги читале “Нострадамусовите пророштва” ги земала на подбишега, ама еден Небојша - веројатно за да и “возврати услуга” за позајмената тетратка со белешки од предавањата - и ја дал на читање токму таа книга. А таа ја зела - од учтивост. И ја прочитала. И така почнало се.

Иако... родителите, блиските, и префрлале што се занимава со тие “вештерски работи, вештерски книги”. Арно, ама... тие, “вештерските книги”, вела - се се случува тогаш кога ќе му дојде времето! Кај неа - вели таа - се доаѓа подоцна. И според ѕвездите - пишува: дека тешко ќе заработува... ама и дека има неверојатни аспекти, да направи нешта од кои ова што (до)сега го прави е - само еден атом! А практиката, нејзина кажува и: кога престанала да бара, кога се откажала од грчевитата потрага - работите почнале да доаѓаат сами. Во меѓувреме... учела јазици (англиски знаела, потоа учела француски, италијански... па ’94 отишла во Италија - да го усоврши - и го усовршила... ама и решила, неотповикливо - дека не сака да остане, да живее таму, во “земјата каде што исчезнуваат цветовите од портокал”, симболот на бракот! Вели: она што тогаш го видела таму - сега го живееме ние, овде).

Виолета е, хороскопски, шкорпија. Единствениот знак, вели, кој се метаморфозира - преку гуштер... до орел! И, по праило, знак за кој е предодредено да има - тежок живот. Је удирал, вели, и нејзе, животот... ама за тоа не ака да зборува. Зашто мрази патетика. Зашто секогаш ја гледа само “светлата страна од улицата” - таа грдите нешта, и во картите што ги “чита”, никогаш не ги гледа, никогаш “црната варијанта”. Така за другите - така и во сопствената натална карта. Вели - се проверила и кај други, кај некои од своите колеги што (јавно) се занимаваат со истата работа како и таа: “читајќи” ја нејзината проказна, вели, и се виделе премногу темни, тие нивни тонови. Таа сака светлина. И надеж.

Затоа живо ги памети картите на двајцата луѓе-надеж што и дошле во катчето наречено “Ѕвездите говорат за ѕвездите”, отворено од минатата есен, на Телма. Приказните на Калиопи... и на Дарио. Луѓето - од оние триесет и петмина чии ѕвезди ги “прочитала” досега - кои најдобро ја покажуваат нејзината омилена теза: дека многу малку нешта се судбински; дека - со картите што ти ги поделил животот” - можеш да “играш” подобро или полошо... ама, по правило - колку подобри “карти”, толку понебрежни, поповршни “играчи”; или, со еден збор, дека “картите” се тие, ама изборот - како ќе ги “изиграме” - е само наш! И по тоа сме сите - планети за себе. Нема приказна што е еднаква со друга. Макар и тогаш, кога двете почнале во исто време и на исто место, сеедно - тие пак и повторно не се исти!

Виолета дефинитивно не е типичен астролог. Не сака за својата страст да зборува - ако не ја прашаат. Кога ќе ја прашаат, пак, со неверојатна предаденост зборува. Онолку долго колку што имате желба и трпение - да ја слушате. Не сака да ја “продава на кило”. Дневните , неделните хороскопи ги доживува само како добра забава. Најмногу, пак, сака - кога се е кренато на некое малку повисоко, (кога не би звучело застрашувачки, би рекла и) филозофско ниво. И затоа, веројатно, незаборавна и е “неподносливата леснотија на читањето”, вели, во средбите си Гиш, со Борис Трајанов... Со нив и со ним сличните, кажува - живо си спомнува и на жената што засекогаш ја научи на анализата на ликовите. Нејзината професорка по македонски во гимназијата “Ѓорѓи Димитров”. Госпоѓата Олга Теодосиевска. Без неа и “Ѕвездите”, веројатно, не ќе беа вакви. Сигурно.

 

И натаму не верувам во гатачки. Утеха ми е - не верува ни таа. Ова е, сепак, нешто сосема друго. Приказна во која може да се “види” се... освен раѓањето... и смртта. И во која среќата најчесто доаѓа - по дождот!

 

 

Интервјуто го направила Виолета Хаџи Скерлева
за Екран бр. 1562 од 19.10.2000 г.

Изгледот на страницата одговара за Водолиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.


Наталната карта што ја добив е фантастична!
Ви благодарам многу што ми го подаривте огледалото на мојот живот :) 

Виктор К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија (тековен стил) Риби