In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Месечев Хороскоп

За да бидете во хармонија со природата, следете го месечевиот хороскоп за секој ден.

Хороскоп

Грчки збор 1. Книга со календар и со пророкување на судбина според положбата на ѕвездите на денот кога е некој роден. 2. Шарлатански ненаучен опис на судбината на некоја личност.


Астрологија

Грчки збор, вештина на читањето и пророкувањето на човечката судбина според положбата и движењето на ѕвездите.
 
Современ лексикон на странски зборови и изрази од Љубо Миќуновиќ


Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје

Ниту еден дел од овој сајт не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Мое гледање на Астрологијата“Астрологијата е наука”, велат нејзините приврзаници. “Астрологијата е суеверие создадено во времето кога царувале многубожечките религии”, велат нејзините противници. “Таа може да му помогне на човекот”, тврдат првите. “Таа делува сугестивно и не ја признава слободната волја”, убедени се вторите. Тие, вторите, својата недоверба најчесто ја изразуваат со прашањето: “Како воопшто можеш да го читаш тоа што го пишува во дневните хороскопи? Зарем не ти е чудно дека една дванаесеттина од луѓето во светот би требало да имаат судбина иста како твојата?” Ова прашање иако навидум логично всушност открива многу за тие што го поставуваат, открива дека луѓето не знаат што навистина е астрологијата... Продолжува

 

Каков карактер - таква болестКаков карактер - таква болест Дали сте знаеле дека совесните и отворени луѓе живеат подолго, а дека ведрите луѓе поретко се разболуваат? Дали сте знаеле дека оптимистите поретко настинуваат, а дека перфекционистите почесто оболуваат од артритис? Дали сте знаеле дека лутината и бесот ве прават подложни на воспалителни процеси? Уште Хипократ има забележано дека е поважно да знаеш каков е човекот кој има болест, отколку да знаеш од која болест тој човек боледува... Продолжува

 

Астролошките сајтовиУпатство за движење по астролошките сајтови. Ако до сега сте користеле или би сакале во иднина да користите услуги на астрологот во директна средба или преку некој астролошки сајт, со цел да се заштитите и да имате вистинска корист, треба да проверите каков е профилот на астрологот што се наоѓа наспроти вас или од другата страна на сајтот... Продолжува

 

Дневен хороскопЗошто не постои дневен хороскоп? Речиси сите дневни весници кои држат до своето реноме настојуваат своите последни страници да ги пополнат со дневен хороскоп. Па, во стилот на Марија Антоанета, која несвесна за проблемите на другите божем им советувала ако немаат леб да јадат колачи, така и весниците ако не можат да ве заштитат од страниците полни со насилство, глад, криминал, неправда, на крајот ви го нудат “колачето” наречено дневен хороскоп... Продолжува

 

Месечевите мени и ритамот на природатаМесечевите мени и ритамот на природата. “Pater eius est sol, mater eius est luna.” На овој начин започнува Табула Смарагдина на алхемичарите. Сонцето и Месечината се родители на еволуцијата; на денот и ноќта; на светлината и топлината; на машкиот и женскиот принцип. Уште од почетокот целиот живот на земјата е стимулиран од небеските светла... Продолжува

 

Случувањата на светската сцена во следните петнаесетина годиниСлучувањата на светската сцена во следните петнаесетина години Од април 2011 до февруари 2026 г., Нептун ќе минува низ знакот Риби. Од 2008 до 2024 г., Плутон минува низ Јарец, а Уран низ Овен од јуни 2010 до мај 2018 г. Тоа ќе доведе до големи промени во светот и на политички и на културен и на економски план... Продолжува

 

ФБИ откри кои знаци се најопасниФБИ откри кои хороскопски знаци се најопасни Нема да верувате кој е на прво место. Пред неколку месеци ФБИ направил анализа за тоа кои луѓе се најопасни, според нивниот хороскопски знак. Но, и кој хороскопски знак со каков криминал најчесто се занимава. Бидејќи нивните сознанија се речиси идентични со моите истражувања на таа тема, решив да ја објавам анализата. Но, и да интервенирам онаму каде што моите астролошки анализи се разликуваат од нивните... Продолжува

 

Плутон во Водолија (Трансформација на свеста од материјализам во хуманизам)Плутон во Водолија Свечено најавувам дека денес, 23 март 2023 година, во 13:14 часот, по 248 години, Плутон ќе го смени знакот и од Јарец ќе премине на 0°од Водолија. А, со секоја промена на знакот низ кој се движи Плутон, се менува човековата СВЕСТ во некој друг правец. Во кој правец ќе се смени свеста додека Плутон се наоѓа во Водолија, од 23 март 2023 до 9 март 2043 година? Додека патува низ Водолија, Плутон обично предизвикува БУДЕЊЕ на човештвото. Будењето, овој пат, ќе биде еден вид припрема за влез на луѓето во Ерата на Водолија. Бидејќи, ваквите припреми, кога се распаѓаат општествените системи и се создаваат нови, кога се влегува од една во друга астролошка Ера, обично траат по стотина години. А, бидејќи Водолијата е знак со кој управува Уран, планетата на електрицитетот, техничките откритија и иднината, додека Плутон, планетата на разурнувањата, потсвеста и трансформациите, транзитира низ Водолија, би требало луѓето да ја сфатат својата улога во Универзумот. Би требало, преку случувањата чии сведоци ќе бидат, да им „кликне“ во глава дека СЕ е ЕДНО, па што му правиме на ближниот како да си правиме себеси... Продолжува

 

Господарот на времето ќе плива во матни води (Сатурн во Риби)Сатурн во Риби Денес, 7 март, во 14:35 часот, на небото ќе се случи крупен настан, драги мои. По скоро 30 години, Сатурн, небескиот учител и мачител, ќе го смени знакот и ќе влезе во Риби. Зошто е важно за нас дека ќе го смени знакот? Ако го замислиме животот како едно бескрајно училиште, тогаш престојот на една планета во еден знак е како училница за одреден предмет. Во училницата се учат поважни и помалку важни лекции. А, на крајот од една школска година доаѓа инспекторот за образование кој ги тестира учениците за да оцени колку научиле. Некој ќе добие петка, некој двојка, некој ќе ја повторува годината. Е, па улогата на тој инспектор, на вселенски план, ја има токму Сатурн. А, кога тој се движи низ Риби, кои се покровители на религијата и симбол на христијанството, можни се испити на таа тематика. Како влијаат вибрациите на Сатурн во Риби на нас, Земјаните? Продолжува

 

Љубовта е во воздухотЉубовта е во воздухот Во многу земји во светот, љубовниот пар, пред да стапи во брак, бара мислење од астролог за тоа дали и колку партнерите меѓусебно си одговараат во љубовта, сексот, секојдневниот живот. Дали има кармички оптоварувања во нивната врска и како таа би се развивала кога тие би стапиле во брак. Овие информации можат да се дознаат само преку прецизна анализа на индивидуалните Натални Карти во комбинација со Споредбениот (Синастрички, Компаративен) Хороскоп... Продолжува

 

Сатурн коњукција ПлутонСатурн коњукција Плутон - Ќе се повтори ли СФРЈ на Балканот? Во историјата на човештвото, секогаш кога Сатурн бил во неповолен аспект со разорниот Плутон на небото, на Земјата се случувале војни, економски кризи, земјотреси, вулкани, поплави. Секогаш се уривале старите системи и традицијата за, од пепелта на разрушеното, одново да никне некое ново општествено уредување, нова држава, нов распоред на политичките и воени сили, нови сојузи меѓу државите, нова финансиска политика, нови погледи на светот... Продолжува

 

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?Ретроградни планети - што ќе ни донесат? (Средба со старите љубови, време за наплата на старите долгови, будење на старите сеќавања, време на искушенија и промени) Кон крајот на овој месец, април 2019 година, дури три планети ќе тргнат во ретрограден од (привидно ќе се движат наназад) и тоа Јупитер (од 10-ти април до 11-ти август 2019), Плутон (од 24-ти април до 3-ти октомври 2019) и Сатурн (од 29-ти април до 18-ти ноември 2019). На 21-ви јуни на ова планетарно јато ќе му се придружи и Нептун, кој ќе биде ретрограден до 27-ми ноември. Додека на 11-ти август Јупитер ќе тргне во директен од, а Уран ќе започне да се движи наназад се до 11-ти јануари 2020... Продолжува

 

Ако сте родени меѓу два хороскопски знакаАко сте родени меѓу два хороскопски знака Ако спаѓате во онаа група луѓе кои се родени на преминот од еден во друг знак сигурно се прашувате на кој знак му припаѓате? Тоа со сигурност можете да го дознаете само дури кога ќе се направи пресметка на позицијата на која што било Сонцето во моментот кога сте се родиле. Но, оние кои се родени 3 до 5 дена пред преминот на еден знак во друг, ќе ги имаат особините и од двата знака. Кај оние пак кои се родени во првите 10 дена од почетокот на новиот знак, најсилно ќе се манифестираат особините на тој знак.... Продолжува

 

Пониското и повисокото ниво на секој знакПониското и повисокото ниво на секој знак Ајде еднаш засекогаш да разбиеме една фама околу карактерот на астролошките знаци. Па, кога следниот пат ќе посакате да постирате текстови за тоа колку сте вие најубавиот, најпаметниот, најдобриот...итн...од сите знаци, подобро е да размислите, бидејќи на оние кои ја познаваат астрологијата ќе им откриете тајни за кои не сте ни свесни. Така на пример, оној што навистина ја познава астрологијата знае дека секој знак има повисоко и пониско ниво на манифестација на особините на знакот и дека околу 70% од луѓето му припаѓаат на пониското ниво на знакот. Ама, заради забавниот начин на кој се третира астрологијата по весниците и заради желбата да не биде повредено ничие его, оние што ги пишуваат астролошките текстови ги откриваат само најубавите страни на секој знак, само особините кои се карактеристични за поразвиените припадници на тој знак. Меѓутоа, никој не кажува дека тие особини се одлика само на мал број луѓе (1-3%) кои му припаѓаат на највисокото ниво на знакот. Околу 30% од популацијата се мешавина меѓу особините на повисокото и пониското ниво. Додека околу 70% имаат карактеристики на пониското ниво од секој знак... Продолжува

 

Која е разликата меѓу знакот и подзнакотКоја е разликата меѓу знакот и подзнакот Дознајте што за вас открива вашиот знак, а што вашиот подзнак. Луѓето кои ги среќавам, секојдневно ме прашуваат што значи тоа знак, а што подзнак? Која е разликата меѓу знакот и подзнакот и кој има посилно влијание на личноста? За сите нив и за вас кои се интересирате што значи вашиот знак, а што вашиот подзнак (поправилен е терминот асцендент) можете да прочитате во текстот... Продолжува

 

Изгледот на страницата одговара за Рибите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


АСТРО ТЕЛЕСКОП
Денешен Распоред на Планетите

Сонце   7°48’ Овен
Месечина   7°32’ Шкорпија
Меркур   25°44’ Овен
Венера   19°54’ Риби
Марс   3°54’ Риби
Јупитер   16°30’ Бик
Сатурн   13°9’ Риби
Уран   20°36’ Бик
Нептун   27°45’ Риби
Плутон   1°48’ Водолија
СМ Јазол   15°35’ Овен

Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Имам веќе две натални карти и искрено не очекував Оваа да биде нешто многу поразлична од останатите. Сепак многу се изненадив. Многу сум задоволен од одговорите кои ги добив благодарејќи на Вашата натална карта! Искрено Благодарам! 

Гога Поп-Георгиевски, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби (тековен стил)