In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Месечев Хороскоп

За да бидете во хармонија со природата, следете го месечевиот хороскоп за секој ден.

Хороскоп

Грчки збор 1. Книга со календар и со пророкување на судбина според положбата на ѕвездите на денот кога е некој роден. 2. Шарлатански ненаучен опис на судбината на некоја личност.


Астрологија

Грчки збор, вештина на читањето и пророкувањето на човечката судбина според положбата и движењето на ѕвездите.
 
Современ лексикон на странски зборови и изрази од Љубо Миќуновиќ


Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје

Ниту еден дел од овој сајт не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Мое гледање на Астрологијата“Астрологијата е наука”, велат нејзините приврзаници. “Астрологијата е суеверие создадено во времето кога царувале многубожечките религии”, велат нејзините противници. “Таа може да му помогне на човекот”, тврдат првите. “Таа делува сугестивно и не ја признава слободната волја”, убедени се вторите. Тие, вторите, својата недоверба најчесто ја изразуваат со прашањето: “Како воопшто можеш да го читаш тоа што го пишува во дневните хороскопи? Зарем не ти е чудно дека една дванаесеттина од луѓето во светот би требало да имаат судбина иста како твојата?” Ова прашање иако навидум логично всушност открива многу за тие што го поставуваат, открива дека луѓето не знаат што навистина е астрологијата... Продолжува

 

Каков карактер - таква болестКаков карактер - таква болест Дали сте знаеле дека совесните и отворени луѓе живеат подолго, а дека ведрите луѓе поретко се разболуваат? Дали сте знаеле дека оптимистите поретко настинуваат, а дека перфекционистите почесто оболуваат од артритис? Дали сте знаеле дека лутината и бесот ве прават подложни на воспалителни процеси? Уште Хипократ има забележано дека е поважно да знаеш каков е човекот кој има болест, отколку да знаеш од која болест тој човек боледува... Продолжува

 

Астролошките сајтовиУпатство за движење по астролошките сајтови. Ако до сега сте користеле или би сакале во иднина да користите услуги на астрологот во директна средба или преку некој астролошки сајт, со цел да се заштитите и да имате вистинска корист, треба да проверите каков е профилот на астрологот што се наоѓа наспроти вас или од другата страна на сајтот... Продолжува

 

Дневен хороскопЗошто не постои дневен хороскоп? Речиси сите дневни весници кои држат до своето реноме настојуваат своите последни страници да ги пополнат со дневен хороскоп. Па, во стилот на Марија Антоанета, која несвесна за проблемите на другите божем им советувала ако немаат леб да јадат колачи, така и весниците ако не можат да ве заштитат од страниците полни со насилство, глад, криминал, неправда, на крајот ви го нудат “колачето” наречено дневен хороскоп... Продолжува

 

Месечевите мени и ритамот на природатаМесечевите мени и ритамот на природата. “Pater eius est sol, mater eius est luna.” На овој начин започнува Табула Смарагдина на алхемичарите. Сонцето и Месечината се родители на еволуцијата; на денот и ноќта; на светлината и топлината; на машкиот и женскиот принцип. Уште од почетокот целиот живот на земјата е стимулиран од небеските светла... Продолжува

 

Случувањата на светската сцена во следните петнаесетина годиниСлучувањата на светската сцена во следните петнаесетина години Од април 2011 до февруари 2026 г., Нептун ќе минува низ знакот Риби. Од 2008 до 2024 г., Плутон минува низ Јарец, а Уран низ Овен од јуни 2010 до мај 2018 г. Тоа ќе доведе до големи промени во светот и на политички и на културен и на економски план... Продолжува

 

ФБИ откри кои знаци се најопасниФБИ откри кои хороскопски знаци се најопасни Нема да верувате кој е на прво место. Пред неколку месеци ФБИ направил анализа за тоа кои луѓе се најопасни, според нивниот хороскопски знак. Но, и кој хороскопски знак со каков криминал најчесто се занимава. Бидејќи нивните сознанија се речиси идентични со моите истражувања на таа тема, решив да ја објавам анализата. Но, и да интервенирам онаму каде што моите астролошки анализи се разликуваат од нивните... Продолжува

 

Ретрограден Меркур во Риби (Пораст на лагите, кражбите, подметнувањата, конфликтите, криминалот, пиењето) Во периодот од 17 февруари до 10-ти март 2020, Меркур ќе се движи наназад во Риби. Што значи тоа? Од астрономски аспект, тоа значи дека тој нема да се движи наназад по својата орбита буквално, бидејќи тоа е невозможно. Туку, гледано од Земјата, ќе се чини дека се движи наназад, заради разликата во брзината со која се движат Земјата и Меркур во однос на Сонцето. Какво е влијанието на ретроградниот Меркур во Риби? Како прво, Меркур, во астрологијата, е планетата задолжена за комуникациите и трговијата. Но, бидејќи астрологијата своите аналогии ги влече од митологијата, треба да се знае дека Меркур во митологијата, освен гласник на боговите, бил тој што смислувал несолени шеги, подметнувања, крадел, лажел. Оттука, своите негативни особини или грдата страна од своето лице, Меркур ги манифестира кога е во ретрограден од. Кога е ретрограден во Риби, тој ги прави луѓето понерационални отколку обично, нереални, занесени, посклони на лаги, измами, пиење и дрогирање... Продолжува

 

Љубовта е во воздухотЉубовта е во воздухот Во многу земји во светот, љубовниот пар, пред да стапи во брак, бара мислење од астролог за тоа дали и колку партнерите меѓусебно си одговараат во љубовта, сексот, секојдневниот живот. Дали има кармички оптоварувања во нивната врска и како таа би се развивала кога тие би стапиле во брак. Овие информации можат да се дознаат само преку прецизна анализа на индивидуалните Натални Карти во комбинација со Споредбениот (Синастрички, Компаративен) Хороскоп... Продолжува

 

Сатурн коњукција ПлутонСатурн коњукција Плутон - Ќе се повтори ли СФРЈ на Балканот? Во историјата на човештвото, секогаш кога Сатурн бил во неповолен аспект со разорниот Плутон на небото, на Земјата се случувале војни, економски кризи, земјотреси, вулкани, поплави. Секогаш се уривале старите системи и традицијата за, од пепелта на разрушеното, одново да никне некое ново општествено уредување, нова држава, нов распоред на политичките и воени сили, нови сојузи меѓу државите, нова финансиска политика, нови погледи на светот... Продолжува

 

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?Ретроградни планети - што ќе ни донесат? (Средба со старите љубови, време за наплата на старите долгови, будење на старите сеќавања, време на искушенија и промени) Кон крајот на овој месец, април 2019 година, дури три планети ќе тргнат во ретрограден од (привидно ќе се движат наназад) и тоа Јупитер (од 10-ти април до 11-ти август 2019), Плутон (од 24-ти април до 3-ти октомври 2019) и Сатурн (од 29-ти април до 18-ти ноември 2019). На 21-ви јуни на ова планетарно јато ќе му се придружи и Нептун, кој ќе биде ретрограден до 27-ми ноември. Додека на 11-ти август Јупитер ќе тргне во директен од, а Уран ќе започне да се движи наназад се до 11-ти јануари 2020... Продолжува

 

Ако сте родени меѓу два хороскопски знакаАко сте родени меѓу два хороскопски знака Ако спаѓате во онаа група луѓе кои се родени на преминот од еден во друг знак сигурно се прашувате на кој знак му припаѓате? Тоа со сигурност можете да го дознаете само дури кога ќе се направи пресметка на позицијата на која што било Сонцето во моментот кога сте се родиле. Но, оние кои се родени 3 до 5 дена пред преминот на еден знак во друг, ќе ги имаат особините и од двата знака. Кај оние пак кои се родени во првите 10 дена од почетокот на новиот знак, најсилно ќе се манифестираат особините на тој знак.... Продолжува

 

Пониското и повисокото ниво на секој знакПониското и повисокото ниво на секој знак Ајде еднаш засекогаш да разбиеме една фама околу карактерот на астролошките знаци. Па, кога следниот пат ќе посакате да постирате текстови за тоа колку сте вие најубавиот, најпаметниот, најдобриот...итн...од сите знаци, подобро е да размислите, бидејќи на оние кои ја познаваат астрологијата ќе им откриете тајни за кои не сте ни свесни. Така на пример, оној што навистина ја познава астрологијата знае дека секој знак има повисоко и пониско ниво на манифестација на особините на знакот и дека околу 70% од луѓето му припаѓаат на пониското ниво на знакот. Ама, заради забавниот начин на кој се третира астрологијата по весниците и заради желбата да не биде повредено ничие его, оние што ги пишуваат астролошките текстови ги откриваат само најубавите страни на секој знак, само особините кои се карактеристични за поразвиените припадници на тој знак. Меѓутоа, никој не кажува дека тие особини се одлика само на мал број луѓе (1-3%) кои му припаѓаат на највисокото ниво на знакот. Околу 30% од популацијата се мешавина меѓу особините на повисокото и пониското ниво. Додека околу 70% имаат карактеристики на пониското ниво од секој знак... Продолжува

 

Која е разликата меѓу знакот и подзнакотКоја е разликата меѓу знакот и подзнакот Дознајте што за вас открива вашиот знак, а што вашиот подзнак. Луѓето кои ги среќавам, секојдневно ме прашуваат што значи тоа знак, а што подзнак? Која е разликата меѓу знакот и подзнакот и кој има посилно влијание на личноста? За сите нив и за вас кои се интересирате што значи вашиот знак, а што вашиот подзнак (поправилен е терминот асцендент) можете да прочитате во текстот... Продолжува

 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


АСТРО ТЕЛЕСКОП
Денешен Распоред на Планетите

Сонце   2°49’ Риби
Месечина   14°30’ Водолија
Меркур R 10°51’ Риби
Венера   16°25’ Овен
Марс   3°48’ Јарец
Јупитер   18°1’ Јарец
Сатурн   27°22’ Јарец
Уран   3°24’ Бик
Нептун   17°49’ Риби
Плутон   24°3’ Јарец
СМ Јазол R 7°5’ Рак

Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Наталната карта што ја добив е фантастична!
Ви благодарам многу што ми го подаривте огледалото на мојот живот :) 

Виктор К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2020
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби