j Astroscopia - АстроПортрет - Опра Винфри



In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати портрети:

Џакомо Џироламо Казанова

Џон Траволта

Адолф Хитлер

Алберт Ајнштајн

Боно Вокс

Волт Дизни

Грета Гарбо

Грејс Кели

Елвис Присли

Карлос Сантана

Катрин Денев

Квентин Тарантино

Леонардо Ди Каприо

Лудвиг Ван Бетовен

Марија Калас

Мајка Тереза

Натали Вуд

Никола Тесла

Нострадамус

Пако Рабан

Расел Кроу

Саи Баба

Салвадор Дали

Селин Дион

Шаде Аду


Опра Винфри

Опра Винфри - Натална карта

Симболика на полињата во хороскопот
 
Прво
 
Поле на личноста, појавноста, индивидуалноста, градбата на телото, животната енергија, егото. Поле на почетокот на животот и симбол за сите почетоци. Природно поле на Овенот.
 
Второ
 
Поле на парите, на способноста за заработување и начинот на богатење. Поле на вредностите, вредносните системи и приоритетите во животот. Природно поле на Бикот.
 
Трето
 
Поле на интелектот, на свесното јас, на основното образование, говорот, пишувањето. Поле на комуникациите, сообраќајот, кратките патувања, писмата и документите. Поле на браќата, сестрите, соседите, роднините. Природно поле на Близнаците.
 
Четврто
 
Поле на потеклото, претците, психата, наследените таленти и болести. Поле на родителите, мајката, домот, детството. Почеток и крај на животот, ембрион и гроб. Природно поле на Ракот.
 
Петто
 
Поле на дадената љубов, еротиката, сексот заради забава, децата. Поле на креативноста, забавата, авантурите, лесната заработувачка, коцкањето, игрите на среќа, шпекулациите, спортот. Природно поле на Лавот.
 
Шесто
 
Поле на работата, должностите, работната просторија, помошниците во работата, потчинетите, слугите. Поле на несвесното јас, навиките, услужните дејности. Поле на здравјето, храната, облеката, домашните животни. Природно поле на Девицата.
 
Седмо
 
Поле на бракот, партнерствата, односите со јавноста, јавните признанија и награди. Поле на јавните непријатели, ривалите, судењата. Природно поле на Вагата.
 
Осмо
 
Поле на смртта, страдањето, ударите на судбината. Поле на сексот, регенерацијата, метаморфозите. Поле на туѓите пари, спонзорства, кредитите, даноците, парите на партнерот, од осигурителните компании, наследствата. Поле на окултното, парапсихологијата, црната магија. Природно поле на Шкорпијата.
 
Деветто
 
Поле на странство и долгите патувања, на високото образование, интелектот. Поле на законот, издавачката дејност, роднините на партнерот. Поле на Божествената мудрост, на духовноста, филозофијата, религијата, метафизиката. Поле на супер егото. Природно поле на Стрелецот.
 
Десетто
 
Поле на угледот, статусот, кариерата, славата, на професиите поврзани со јавноста. Поле на таткото. Природно поле на Јарецот.
 
Единаесетто
 
Поле на интелектот, на плановите, надежите, целите и желбите. Поле на пријателите, врските, протекциите, симпатиите на околината. Поле на социјалната и хуманитарна работа, на околностите кои не зависат од вашата контрола, на добиената љубов. Природно поле на Водолијата.
 
Дванаесетто
 
Поле на несвесното јас, скриената сила, изолациите, тајните, ограничувањата, хроничните болести, психичките проблеми, искушенијата. Поле на затворите, болниците, манастирите, криминалот, измамите, фрустрациите, егзилот, жртвувањата, таинствените непријатели. Природно поле на Рибите.

Опра Винфри
 

Венити Фер Магазинот за неа ќе каже:

“Таа изврши поголемо влијание на културата отколку кој било универзитетски професор, политичар или верски лидер, освен можеби Папата.”

И навистина малкумина се оние кои ги препознава целиот свет само по личното име. Но, меѓу нив таа е единствената која што пред светот отворено зборува за својата интима. На тој начин таа го надмина статусот на позната забавувачка, станувајќи им пријателка на луѓето од целиот свет и пример кој би можеле да го следат сите, без разлика на потеклото, бојата на кожата, расата и религиозната определба.

Опра Винфри се роди на 29 јануари 1954 година во едно село во Мисисипи, во знакот на оригиналната и хумана Водолија. Нејзиниот подзнак и Месечина се наоѓаат во Стрелец, кој е најголемиот ентузијаст, учител и филозоф во Зодијакот. Иако се роди во сиромаштија, ѕвездите во моментот на нејзиното раѓање претскажаа дека ќе биде богата. Имено, Сонцето, симболот за егото е во блиска врска со Венера, планетата на уметноста и сето тоа во полето на парите (второ). Но, тука е и Меркур, планетата на говорот, комуникациите и пишувањето. Сето ова говореше дека Опра ќе се збогати преку активностите поврзани со говорот, пишувањето и уметноста. Понатаму, харизматичниот Нептун во близина на Зенитот, освен што ја прави харизматична, укажува дека таа ќе има мисионерска улога во овој живот и дека ќе остане славна дури и по својата смрт. Меѓутоа, моќниот Плутон во полето на сексот и смртта (осмо), како и цврстата прегратка на Кармичкиот Јазол и Кирон во Јарец, откриваат дека во некој од минатите животи таа го злоупотребила сексот за да дојде до пари и моќ. Затоа во овој живот, ќе мора да помине низ трауматични искуства поврзани токму со сексот и повторно ќе ги сретне луѓето кои ги искористила. Но, сега во сменети улоги. Целта ќе биде преку плаќање на кармичкиот долг да научи како да ја трансформира својата сексуална енергија во нешто конструктивно. А, како награда следува брза духовна еволуција уште во истиот живот.

И навистина, Судбината уште во раното детство и носеше случувања кои ја подготвуваа за лекцијата што требаше да ја научи во овој живот. Имено, Опра Винфри се роди како дете на невенчани и малолетни родители. А, најраното детство го помина далеку од родителите, во сиромаштија, на фармата на баба си, која што беше голема верничка. Таа ја научи да чита уште пред Опра да наполни три години. А, најголемиот дел од времето тие двете го минуваа во црквата. Таму за прв пат дојдоа до израз вродените интереси на Опра за читањето и зборувањето. Но, таму возрасните за прв пат ја забележаа нејзината неверојатна способност за памтење на нештата, бидејќи малата Опра умееше да цитира цели стихови од Библијата.

Но, никој не знаеше дека сместена во религиозниот и филозофски ориентиран Стрелец, во моментот на нејзиното раѓање, Месечината, женскиот симбол, ги изрежира настаните во нејзиниот живот, така што таа мораше да расте со некој женски лик. Тој, воведувајќи ја во религијата требаше всушност да ја научи да ги согледа и почитува разликите меѓу луѓето. И сето тоа веројатно ќе му донесеше поинаков тек на нејзиниот живот, ако на 6 годишна возраст Опра не заминеше да живее со мајка си, во Милвоки. Токму таму, под покривот на домот на сопствената мајка, малата Опра го доживеа најголемиот пекол во својот живот. Таа беше сексуално малтретирана од братучедот, вујкото и пријателите на мајка си, уште од 9 годишна возраст. А, кога на 14 години роди дете кое набргу почина, на сцена се појави нејзиниот татко. Тој, трудејќи се да внесе повеќе дисциплина во животот на својата ќерка, ја зема да живее со него во Нешвил. И навистина, благодарение на неговиот авторитет, животот на Опра во рекорден рок се смени за 180 степени.

Природно бистра, интелигентна и говорлива, таа победи на натпреварот за говорништво во своето училиште. Тоа и ја донесе стипендијата на државниот Универзитет во Тенеси, каде што започна да студира на катедрата за говорништво и драмски уметности. На 19 годишна возраст таа го доби и првото вработување, како репортерка на Нешвилското радио. Потоа, нештата се редеа самите од себе, како порачани. Така, во 1972 година Опра стана првата црнкиња која работеше на локалната ТВ станица на Нешвил, WLAC-TV, за по четири години да се пресели во Балтимор. Таму прво работеше како известувач, а веќе во 1978 година започна да настапува во ТВ-шоуто “Луѓето зборуваат”. Сигурно сето тоа не беше случајно, беше диригирано од Небото. 1972Имено, во 1972 година, Јупитер, планетата на среќата, транзитираше преку нејзиниот Асцендент и нејзиното поле на личноста (прво), со што испровоцира нов, 12 годишен циклус на позитивни промени во нејзиниот живот. Кармичкиот Јазол, кој е одговорен за судбинските случувања во животот, помина преку нејзиното натално Сонце и Меркур. Додека харизматичниот Нептун во транзит, ја допре нејзината Месечина, симболот за популарноста.

1978Во 1978 година, Јупитер транзитираше низ нејзиното поле на работата (шесто) и јавноста (седмо), помагајќи и да се појави како лик на телевизија.

На почетокот од нејзината телевизиска кариера, претпоставените не беа свесни за нејзините способности. Тие пред себе гледаа црна жена со вишок килограми, но со огромна амбиција и храброст, која настојуваше да се експонира пред белиот свет, полн со предубедувања. Но, и покрај тоа што таа беше црна и физички не наликуваше на типичните телевизиски водителки, гледачите ја прифатија, чувствувајќи ја хуманата нишка во нејзиниот карактер. Па, таа беше повикана да работи во утринската програма на Чикашката телевизија, каде што отворено зборувајќи за себе, таа ги опушташе своите гости и тие започнуваа поотворено да зборуваат и за себе. На тој начин гледаноста на нејзината емисија се зголеми повеќекратно.

Нептун пак во нејзината карта, сместен во полето на угледот и кариерата (десетто), освен што ја обдари со исклучителна харизматичност и донесе и талент за глума. А, тоа уште повеќе го потенцираше цврстата прегратка на Сонцето со Венера, во нејзината карта. Опра тоа раскошно го покажа во филмот на Спилберг “Бојата на пурпурот”. Затоа, доби номинација за Оскар за најдобра женска епизодна улога. Оскарот “пред нос” и го зема Анџелика Хјустон. Но, од тогаш нејзината ѕвезда започна посилно и континуирано да свети на променливото небо на шоу-бизнисот. Оттогаш па наваму, таа ги собори сите рекорди на гледаност на една емисија со своето “Опра Винфри Шоу”. Ја основаше Харпо продукцијата. Изгради студио во Чикаго. Па по Мери Пикфорд и Лусил Бол, стана третата жена на светот која имала свое студио. И секако, стана првата милионерка со црна боја на кожата во Америка. А, официјалните извори говорат дека во 2000 година Опра заработи 800 милиони долари. Додека на списокот на Форбс за стоте најбогати луѓе на светот, во 2004, 2005 и 2006 година, Опра Винфри беше првата и единствена црна жена милијардер. Форбс за 2007 откри дека Опра поседува повеќе од 2,5 милијарди долари.

Но, кога Уран, иницијаторот на промените, започна да транзитира низ нејзините планети во Водолија, од 1996 до 2001 година, силни промени го зафатија нејзиниот живот. Таа започна да прави тематски емисии пред бројната публика. При што сензационалните теми и интересните гости од типот на пластични хирурзи, проститутки, порнографи, психопати и поети, го полнеа студиото и интересот на публиката за нејзината емисија.

А, публиката од секогаш умеела да ја цени искреноста и да застане на страната на повредените. Па така, кога во ‘95 година Опра со солзи во очите, во своето шоу, откри дека на 20 годишна возраст беше зависна од кокаинот и сексот, публиката наместо да ја замрази, застана на нејзината страна. Така Опра стана посилна од кога и да било. Конечно се соочи со вишокот килограми и започна со диета. Ангажираше дури и готвач, специјалист за нискокалорична исхрана. Го најде својот гуру Боб Грин, кој требаше да се грижи за нејзината духовна состојба и постигна зачудувачки резултати. Ослабна триесетина килограми и дојде во топ-форма. Па, кога навистина се почувствува доволно моќна, тогаш на површина исплива хуманата природа на нејзиниот знак.

Имено, познато е дека Опра Винфри многу пари потроши во добротворни цели. Активно учествува во заштитата на правата на децата. Па дури му беше предложена и на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, за член на Конгресот. Отворајќи го своето студио во западниот дел на Чикаго, таа го спаси тој дел од градот од економски колапс. На неафирмираните уметници им помага во афирмацијата. Загрижена за здравјето на човештвото, таа во својата емисија “без влакна на јазикот” зборуваше против употребата на месото во исхраната. Но, освен во своето шоу, Винфри се јавува како продуцент и на драми и на останатата ТВ-програма. Потпиша договор со компанијата Дизни. Издава две списанија, “О, Опра магазин” и “О Дома”. Во јануари 2008 година, Опра Винфри објави дека каналот “Дискавери Хелт” ќе премине во “Опра Винфри Нетворк”, кој ќе биде достапен во 70 милиони домови во 2009 година. Од магазинот Тајм беше прогласена за една од 25 највлијателни луѓе на светот.

Што се однесува пак до приватниот живот, таа од 1986 година е во врска со некогашниот кошаркар, Стедман Грахам. 1992Во ноември 1992 година требаше и да се венчаат, но тоа не се случи. Астрологијата тоа го објаснува со транзитот на Северниот Месечев Јазол преку нејзиниот Асцендент, кој предизвикува големи судбински промени во животот. Но, во исто време студениот Сатурн, кој носи проблеми и ограничувања, транзитираше низ нејзиниот знак, каде се наоѓаат Сонцето, Венера и Меркур, и ја прекина целата акција.

Иако е најчесто во Чикаго, таа има куќи на повеќе локации. Има имот од 170.000 м2 наречен “Ветена Земја”, кој се наоѓа во Калифорнија. Но, има куќа и во Лавалете, во Њу Џерси, ски-куќа во Колорадо, имот на Хаваи и апартман во Чикаго.

Сатурн и Марс во Шкорпија, во нејзината карта, откриваат дека силата на Опра Винфри се крие во нејзината Шкорписка моќ над другите и во Водолиската подготвеност за промени. А, бидејќи владетелот на нејзиниот хороскоп, Јупитер, се наоѓа во полето на работата (шесто), во комуникативните Близнаци, нејзина животна задача е да стекне независност преку работата. 2007Очигледно е дека тоа рано го сфати. Но, со цел да им помогне и на другите да го сфатат тоа, таа во 2007 година инвестираше 40 милиони долари за отворање Академија за девојки, во близината на Јоханесбург, во Јужна Африка. Токму во периодот кога Јупитер транзитираше низ нејзината натална Месечина, симболот за мајчинството. Тоа го оправда на следниот начин:

“Јас никогаш немав деца, дури не ни помислував дека ќе имам. Сега имам 152 ќерки, а очекувам уште 75 следната година... Им реков на мајките, на членовите од семејствата, на тетките, бабите, бидејќи многу од девојките ги имаат загубено родителите, им реков Вашите ќерки сега се мои ќерки и ви ветувам дека ќе се грижам за нив. Ви ветувам.”

Вистински начин помагајќи им на другите да ги исплати кармичките долгови и да си осигура добра иднина на духовен план.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Водолиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Навистина овој хороскоп не е клише како многу други. Овој хороскоп баш ти дава одговори за тоа кој си бил, каков си и што треба да правиш за да станеш подобра личност. 

Деја З.К.


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


Симболика на планетите во хороскопот
 

Сонце

 
Симбол за егото, личноста, индивидуалноста, самореализацијата, виталноста, честа. Симбол за таткото, желбата за моќ, лидерските способности.
 

Месечина

 
Симбол за чувствата, љубовта, грижата, навиките, несвесниот ум, интуицијата и инстинктивните реакции. Симбол за женственоста, мајчинството, мајката и сопругата. Симбол за душата и популарноста.
 

Меркур

 
Симбол за интелигенцијата, мисловниот процес, разумот, логиката, начинот на изразување. Симбол за говорот, слухот, пишувањето, комуникациите, брзината и итрината. Симбол за братот.
 

Венера

 
Симбол за убавината, хармонијата, љубовта, задоволствата, уметноста, грациозноста, модата и социјалниот живот. Симбол за сестрата и љубовницата.
 

Марс

 
Симбол за импулсот, иницијативата, акцијата, личната енергија, натпреварувачките пориви, освојувањето, агресивноста, воинственоста. Симбол за машкоста, мажот, за страстите и сексуалноста.
 

Јупитер

 
Симбол за среќата, експанзијата, благосостојбата, богатството, неумереноста. Симбол за правдата, моралот, законот, религијата, духовноста, филозофијата. Симбол за потребата од слобода, за далечните патувања, превземањето ризици. Заштитник на политичарите и високото образование.
 

Сатурн

 
Симбол за маките и искушенијата, за ограничувањата, амбицијата, способноста за тешка работа, дисциплината, реализатор на судбината. Симбол за стрпливоста, концентрацијата, суровоста, аскетизмот, сериозноста, непоткуплив учител.
 

Уран, Нептун и Плутон се трансцендентални планети. Затоа имаат повеќе нивоа на вибрации. Човекот со повисоко ниво на свеста ги користи обично повисоките вибрации.
 

Уран

 
Ниво 1:
Симбол за бунтувањето, неконвенционалноста, слободата, непредвидливоста, ексцентричноста, хазардерството, радикалните промени.
 
Ниво 2:
Симбол за неправолиниската логика, идеализмот, прогресивноста, ослободеноста од предубедувања, за оригиналноста, пронаоѓаштвото, електрицитетот.
 
Ниво 3:
Симбол за Божјата волја, антена за Универзалниот Ум.
 

Нептун

 
Ниво 1:
Владетел на морињата, симбол за мистицизмот, илузиите, конфузијата, лагите, менталните болести, религиозните институции, болниците, затворите. Симбол за слабоста кон алкохолот, лековите и дрогите, за отровите.
 
Ниво 2:
Симбол за харизмата, креативноста, фантазиите, визионерството, инспирацијата, идеализмот, мисионерската работа. Симбол за гламурот, покровител на музиката, заштитник на уметноста и уметниците.
 
Ниво 3:
Антена за Универзалната Љубов.
 

Плутон

 
Ниво 1:
Симбол за подземјето, душите, смртта, насилството, контролата. Симбол за магнетската привлечност, скриената моќ, сексот, храброста, полицијата, таинствените служби, детективската работа, хирургијата, крупниот бизнис.
 
Ниво 2:
Симбол за метаморфозите на личноста, регенерацијата, одговорен за кармичките лекции.
 
Ниво 3:
Симбол за повисоката духовна свест.
 

Северен Месечев Јазол (Кармички Јазол)

 
Симбол за кармата, иницијатор на позитивни пресврти во животот.
 

Кирон

 
Симбол за областа каде што душата била длабоко ранета во минатото. Привлекува искуства кои го засилуваат прималното искуство на болка и отфрлање.
 


© 2005-2020
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија (тековен стил) Риби