In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати портрети:

Џакомо Џироламо Казанова

Џон Траволта

Адолф Хитлер

Алберт Ајнштајн

Боно Вокс

Волт Дизни

Грета Гарбо

Грејс Кели

Елвис Присли

Карлос Сантана

Катрин Денев

Квентин Тарантино

Леонардо Ди Каприо

Лудвиг Ван Бетовен

Мајка Тереза

Натали Вуд

Никола Тесла

Нострадамус

Опра Винфри

Пако Рабан

Расел Кроу

Саи Баба

Салвадор Дали

Селин Дион

Шаде Аду


Марија Калас

Марија Калас - Натална карта

Симболика на полињата во хороскопот
 
Прво
 
Поле на личноста, појавноста, индивидуалноста, градбата на телото, животната енергија, егото. Поле на почетокот на животот и симбол за сите почетоци. Природно поле на Овенот.
 
Второ
 
Поле на парите, на способноста за заработување и начинот на богатење. Поле на вредностите, вредносните системи и приоритетите во животот. Природно поле на Бикот.
 
Трето
 
Поле на интелектот, на свесното јас, на основното образование, говорот, пишувањето. Поле на комуникациите, сообраќајот, кратките патувања, писмата и документите. Поле на браќата, сестрите, соседите, роднините. Природно поле на Близнаците.
 
Четврто
 
Поле на потеклото, претците, психата, наследените таленти и болести. Поле на родителите, мајката, домот, детството. Почеток и крај на животот, ембрион и гроб. Природно поле на Ракот.
 
Петто
 
Поле на дадената љубов, еротиката, сексот заради забава, децата. Поле на креативноста, забавата, авантурите, лесната заработувачка, коцкањето, игрите на среќа, шпекулациите, спортот. Природно поле на Лавот.
 
Шесто
 
Поле на работата, должностите, работната просторија, помошниците во работата, потчинетите, слугите. Поле на несвесното јас, навиките, услужните дејности. Поле на здравјето, храната, облеката, домашните животни. Природно поле на Девицата.
 
Седмо
 
Поле на бракот, партнерствата, односите со јавноста, јавните признанија и награди. Поле на јавните непријатели, ривалите, судењата. Природно поле на Вагата.
 
Осмо
 
Поле на смртта, страдањето, ударите на судбината. Поле на сексот, регенерацијата, метаморфозите. Поле на туѓите пари, спонзорства, кредитите, даноците, парите на партнерот, од осигурителните компании, наследствата. Поле на окултното, парапсихологијата, црната магија. Природно поле на Шкорпијата.
 
Деветто
 
Поле на странство и долгите патувања, на високото образование, интелектот. Поле на законот, издавачката дејност, роднините на партнерот. Поле на Божествената мудрост, на духовноста, филозофијата, религијата, метафизиката. Поле на супер егото. Природно поле на Стрелецот.
 
Десетто
 
Поле на угледот, статусот, кариерата, славата, на професиите поврзани со јавноста. Поле на таткото. Природно поле на Јарецот.
 
Единаесетто
 
Поле на интелектот, на плановите, надежите, целите и желбите. Поле на пријателите, врските, протекциите, симпатиите на околината. Поле на социјалната и хуманитарна работа, на околностите кои не зависат од вашата контрола, на добиената љубов. Природно поле на Водолијата.
 
Дванаесетто
 
Поле на несвесното јас, скриената сила, изолациите, тајните, ограничувањата, хроничните болести, психичките проблеми, искушенијата. Поле на затворите, болниците, манастирите, криминалот, измамите, фрустрациите, егзилот, жртвувањата, таинствените непријатели. Природно поле на Рибите.

Марија Калас
 

Неколку години пред нејзината смрт таа се чудеше: “Јас сум личност без идентитет. Моите родители беа Грци, но јас никогаш целосно не се чувствував како Гркинка. Се родив во Америка, но не сум ниту Американка. Најзначајниот дел од мојата кариера го поминав во Италија, се омажив за Италијанец, ама нормално, не сум Италијанка. А, сега живеам во Париз, но тоа не значи дека се чувствувам како Французинка. И по сето тоа, што сум јас по ѓаволите!” За веднаш потоа самата да си одговори: “Што сум јас? Јас сум осамена, постојано осамена”. Тоа беа зборови на Марија Калас, најсензуалниот сопран на светот на сите времиња, според мислењето на музичките критичари. Не зачудува нејзиниот космополитски дух и фактот што целиот свет беше нејзин дом, ако се знае дека таа е родена во знакот на космополитски ориентираниот Стрелец, најголемиот глоптротер во Зодијакот.

Марија Ана Софија Цецилија Калоџеропулос, како што гласи вистинското име на Марија Калас, се роди на 4-ти декември 1923 година во Њујорк, во семејство на грчки емигранти, кои се соочуваа со тешки финансиски проблеми. Нејзиниот татко, Јоргос, беше принуден да се откаже од својот драгстор и да побара работа во слабо платената фармацевтска индустрија. А бидејќи стандардот во Грција беше понизок од оној во САД, и секако заради несогласувањата во бракот, мајката на Марија Калас реши да се врати во Грција со своите две ќерки, во 1937 година. Сонцето, симболот за татко, во нејзиниот хороскоп, е во близок контакт со Јупитер, планетата на среќата, а во нехармоничен однос со непредвидливиот Уран, од полето на домот (четврто). Додека Месечината, симболот за мајка, е задушена под влијанието на агресивниот Марс и студениот Сатурн. Затоа, Марија Калас имаше конфликтен однос со мајка си и за поблизок го чувствуваше татко си. Поради тоа, нивниот развод тешко и падна. Па, компензација за загубената љубов бараше во големите количества храна.

И така, во доцните 30-ти години на минатиот век, како студентка на музичката академија во Атина, младата Марија се сретна со познатиот шпански сопран Елвира де Идалго. Таа беше првата што забележа дека Марија Калас ќе биде идна дива, бидејќи во себе имаше вродено чувство за сцената и уметноста на движењата. Затоа, таа се нафати да ја подучува на техниките на пеењето. Многу години подоцна, во ‘69 година, кога веќе беше славна и позната, во едно свое интервју, Калас ќе каже:

“Техниките на пеењето мора да се учат на многу млади години. Јас започнав на 13 и сега можам да “се носам” и со најтешките улоги. Горда сум што сега успевам да се изненадам дури и себеси”.

– Зошто Марија Калас имаше толку голем успех? Како и успеа да го разбуди вниманието на милиони луѓе кои со нескриен интерес ја следеа нејзината кариера и живот, и со денови кампираа пред оперските куќи, со цел да набават влезници за нејзините претстави?

Астрологијата има објаснување. Причината за славната кариера може да се објасни преку единствената харизма што ја поседуваше Калас, преку прочуениот гламурозен настап и способноста преку чувствата да ги претвори во едно, текстот, музиката и движењето на сцената, принудувајќи ја и публиката да чувствува заедно со неа.

Родена во знакот на огнениот Стрелец, со подзнак во страсната и таинствена Шкорпија и Месечина во уметнички надарената Вага, Марија Калас, беше личност која кај луѓето будеше контрадикторни чувства. Едните ја обожаваа, другите ја мразеа, но речиси никој не остануваше рамнодушен, што е судбината на сите луѓе со чиј што подзнак владее Шкорпијата. И можеби токму заради нејзиното влијание Калас ги обојуваше своите улоги, со таква страст и трагичност, мешајќи ја глумата со реалноста. Таа беше и остана една од најголемите глумици меѓу оперските пејачки, која во оперското пеење ги внесе периодите на тишина исполнета само со жестоки погледи.

Со експанзивниот Јупитер на Асцендентот, со харизматичниот Нептун во театралниот Лав, со Плутон, владетелот на хороскопот, во полето на сексот (осмо) и блескавото Сонце во полето на личноста (прво), таа со еден збор беше “жена магија” чиј придушен демонски глас беше идеален за оживување на страсните, одмаздливи и тешки ликови на Лејди Магбет, Медеа или Тоска. Таа беше дива во правата смисла на зборот. Беше предизвик за многумина. Но, беше и исклучително каприциозна, со што често ги доведуваше до очај луѓето со кои што работеше. Нејзиниот тежок карактер постојано им даваше на луѓето нови поводи да ја озборуваат.

Нехармоничниот однос меѓу Сонцето, показателот на самореализацијата, со непредвидливиот Уран, во нејзината карта, укажува на живот исполнет со многу успеси, но и со неочекувани падови. Таа тоа го потврди и самата велејќи:

“Во мојата кариера од самиот почеток имаше борби. А, мене ми е неподнослива нервозата што произлегува од кавгите”.

И додека како колешка беше неподнослива, како уметник беше апсолутно коректна, работејќи напорно и совесно. Нејзините соработници тврдеа дека во потрага по совршенството, таа секоја партитура ја повторуваше до изнемоштеност, се додека не станеше сигурна дека совршено владее со неа. Нејзиниот перфекционизам произлегуваше и од фактот што во нејзиниот хороскоп, перфекционистички расположената Девица се наоѓа во Зенитот. Тука е и Северниот Месечев Јазол, кој е поврзан со кармата. Строгиот Сатурн е во близок контакт со Марс, планетата на акцијата. Меѓутоа, не смее да се заборави ниту близината меѓу Месечината и Сатурн. Тоа ја направи Марија несигурна во себе, заради фактот што во детството не беше прифатена и сакана, таква каква што е, од страна на мајка и. Познат е податокот дека нејзината мајка не беше премногу среќна што ќе роди уште едно дете во сиромаштија. А уште повеќе беше несреќна кога роди женско дете. Токму ова длабоко чувство дека не вреди доволно да биде сакана, подоцна веројатно беше причината и за нејзиниот несреќен љубовен живот. Всушност, Марија Калас секогаш се вљубуваше во погрешни мажи. Така, нејзиниот прв сопруг, Џовани Батиста Менегини, ја ценеше само поради нејзиниот глас и ја сакаше поради парите што ги заработуваше преку неа. Лукино Висконти, италијанскиот режисер, беше хомосексуалец. Љубовта на нејзиниот живот, Аристотел Оназис, не сакаше да се венча со неа и ја отфрли заради Жаклина Кенеди. Додека тенорот Џузепе ди Стефано и вети дека ќе се разведе, но во последниот миг се предомисли. Но, да тргнеме со ред.

По завршениот Конзерваториум во Атина, во 1945 година, Марија Калас, со само сто долари во џеб, се качи на брод во Пиреја и се врати во САД.

Во 1947 година, настапувајќи во Верона, таа го запозна индустријалецот Џовани Батиста Менегини, кој беше дваесет и шест години постар од неа и кој подоцна и стана сопруг. Точно кога Јупитер во транзит поминуваше низ Асцендентот и првото поле во нејзината карта, предизвикувајќи позитивни пресврти во сите сфери од нејзиниот живот. 1949Додека во ‘49 година, кога Јупитер ја сретна Венера, планетата на љубовта, во полето на парите, Менегини се ожени со Калас и покрај противењето на неговото семејство. Беше тоа повеќе брак заради бизнис отколку брак од љубов. А, Венера во Јарец и Месечината блиску до Сатурн, говореа дека нејзиниот сопруг ќе биде постар од неа. Менегини на првата средба и вети дека ќе ја направи ѕвезда на миланската Скала и си го одржа зборот. Но, не беше заинтересиран за Марија како за жена. Па дури за него се зборуваше дека е хомосексуалец. Како и да е, на сите свои претстави низ оперските куќи по светот, Калас патуваше сама. Таа беше се понесреќна и поосамена.

И тогаш, кон крајот на 1952 година, таа го запозна режисерот Лукино Висконти и се вљуби, незнаејќи дека тој е хомосексуалец. Марија Калас беше тогаш дебела и непривлечна жена. Но, како и секоја личност што е под влијание на Шкорпијата и Марија Калас беше пречувствителна на критиките, жестока кон непријателите, личност која што никогаш не ги забораваше навредите. Но, таа беше типичен пример и за уште една од карактеристиките на Асцендентот во Шкорпија, радикалните промени на надворешниот изглед и метаморфозите на психички план. Па кога Висконти и рече дека е премногу дебела и трома, во неа се разбуди инаетот. Се подложи на ригорозна диета и за единаесет месеци успеа да ослабе триесет и четири килограми. Така, грдото пајче наеднаш стана прекрасен лебед, кој ја освои публиката ширум светот. Тогаш кажа:

“Јас бев толку тешка што и моето пеење беше тешко. Требаше да играм убави жени, а јас бев претешка за да се движам по сцената. Цел живот работам на својот глас, зошто тогаш да не ја употребам диетата со цел да станам попретставителна?”

И во миговите кога нејзината ѕвезда блескаше со сиот свој сјај, Марија Калас најмногу од се посакуваше конечно да го пронајде човекот на својот живот, кој нема да се интересира само за нејзиниот глас и кариера, туку ќе ја сака заради нејзината душа. А, кога нешто толку силно се сака, нели дури и Универзумот прави заговор за тоа нешто да се оствари. Па, така, во 1959 година, на прочуената јахта “Кристина”, сопственост на пребогатиот Аристотел Оназис беа поканети Винстон Черчил со сопругата и Марија Калас со сопругот. И додека “Кристина” крстосуваше од Монако до Турција, Оназис и Калас открија дека се сродни души. Така почна една од најголемите и најтрагични љубовни приказни во минатиот век. 1959Токму во периодот кога Јупитер, владетелот на нејзиното Сонце, правеше нов транзит преку нејзиниот Асцендент, со што испровоцира позитивни промени во нејзиниот живот. “Јас без Ари сум ништо. Само во неговите очи се гледам себеси како жена” велеше таа. Но, Оназис иако и купи раскошен апартман во Париз, никогаш не ја побара за жена. Дури во јануари ‘64 година ја натера да го абортира нивното дете, велејќи и: “Имаш 41 година, а не сме ни венчани.”

Дали судбината ќе беше поинаква и ќе ја зацврстеше врската меѓу неа и Оназис ако детето се родеше останува само да се претпоставува. Фактите зборуваат дека наместо со неа, Аристотел Оназис се ожени со вдовицата на Џон Кенеди, Жаклина во ‘68 година. Но, само една недела по свадбата, тој сфаќајќи ја сопствената грешка се обидуваше повторно да стапи во контакт со Калас. А таа, разочарана и повредена, долго време го избегнуваше, се повлече од светот, стана зависна од средствата за спиење. Нејзиниот глас беше во криза. Сепак попушти по една година и повторно стана љубовницата на Оназис. Меѓутоа, изгледа богатиот Грк не и беше суден. Во јануари ‘73 година, тој се повлече на својот остров Скорпиос, да тагува по синот што загина во авионска несреќа. Оперската дива повторно остана сама, на раб на лудило, облеана во солзи. Со цел да се извлече од депресијата, есента ‘74 година договори турнеја низ Европа и Азија. Започна врска со славниот тенор Џузепе ди Стефано. Но, и тој ја изневери. Прво и вети дека ќе се разведе од сопругата, а потоа се предомисли. Но, и покрај тоа, никој не можеше да го замени Оназис во нејзиното срце. А Оназис се разболе од тага по синот. И додека Жаклина водеше монденски живот, далеку од болниот Оназис, тој со Калас разговараше телефонски неколку пати на ден. Сепак, тој почина во 1975 година. 1977Таа му се придружи на 16-ти септември ‘77 година, точно кога Плутон, планетата на подземниот свет и владетел на нејзиниот хороскоп, и Северниот Месечев Јазол, во транзит и се доближуваа на нејзина натална Месечина. Истовремено, беа нехармонично поставени кон нејзиниот натален Плутон, во полето на смртта. Марија Калас не го издржа ова искушение. Лекарите констатираа срцев удар. Потоа се корегираа, велејќи дека смртта настапила заради престанок на работата на белите дробови. А сето тоа како последица на огромните количества средства за спиење, средства за будење и антидепресиви. Но, оние што ја познаваа тврдеа дека причина за смртта беше скршеното срце.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Водолиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Наталната карта која ја направив кај вас е рефлексија на мојата душа, на суштината на она што сум јас или на она што се нарекува битие!!! Благодарам што ми ја покажавте вратата кон другите скриени димензии на креацијата наречена живот! 

Димитар Луневски-Чипо, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


Симболика на планетите во хороскопот
 

Сонце

 
Симбол за егото, личноста, индивидуалноста, самореализацијата, виталноста, честа. Симбол за таткото, желбата за моќ, лидерските способности.
 

Месечина

 
Симбол за чувствата, љубовта, грижата, навиките, несвесниот ум, интуицијата и инстинктивните реакции. Симбол за женственоста, мајчинството, мајката и сопругата. Симбол за душата и популарноста.
 

Меркур

 
Симбол за интелигенцијата, мисловниот процес, разумот, логиката, начинот на изразување. Симбол за говорот, слухот, пишувањето, комуникациите, брзината и итрината. Симбол за братот.
 

Венера

 
Симбол за убавината, хармонијата, љубовта, задоволствата, уметноста, грациозноста, модата и социјалниот живот. Симбол за сестрата и љубовницата.
 

Марс

 
Симбол за импулсот, иницијативата, акцијата, личната енергија, натпреварувачките пориви, освојувањето, агресивноста, воинственоста. Симбол за машкоста, мажот, за страстите и сексуалноста.
 

Јупитер

 
Симбол за среќата, експанзијата, благосостојбата, богатството, неумереноста. Симбол за правдата, моралот, законот, религијата, духовноста, филозофијата. Симбол за потребата од слобода, за далечните патувања, превземањето ризици. Заштитник на политичарите и високото образование.
 

Сатурн

 
Симбол за маките и искушенијата, за ограничувањата, амбицијата, способноста за тешка работа, дисциплината, реализатор на судбината. Симбол за стрпливоста, концентрацијата, суровоста, аскетизмот, сериозноста, непоткуплив учител.
 

Уран, Нептун и Плутон се трансцендентални планети. Затоа имаат повеќе нивоа на вибрации. Човекот со повисоко ниво на свеста ги користи обично повисоките вибрации.
 

Уран

 
Ниво 1:
Симбол за бунтувањето, неконвенционалноста, слободата, непредвидливоста, ексцентричноста, хазардерството, радикалните промени.
 
Ниво 2:
Симбол за неправолиниската логика, идеализмот, прогресивноста, ослободеноста од предубедувања, за оригиналноста, пронаоѓаштвото, електрицитетот.
 
Ниво 3:
Симбол за Божјата волја, антена за Универзалниот Ум.
 

Нептун

 
Ниво 1:
Владетел на морињата, симбол за мистицизмот, илузиите, конфузијата, лагите, менталните болести, религиозните институции, болниците, затворите. Симбол за слабоста кон алкохолот, лековите и дрогите, за отровите.
 
Ниво 2:
Симбол за харизмата, креативноста, фантазиите, визионерството, инспирацијата, идеализмот, мисионерската работа. Симбол за гламурот, покровител на музиката, заштитник на уметноста и уметниците.
 
Ниво 3:
Антена за Универзалната Љубов.
 

Плутон

 
Ниво 1:
Симбол за подземјето, душите, смртта, насилството, контролата. Симбол за магнетската привлечност, скриената моќ, сексот, храброста, полицијата, таинствените служби, детективската работа, хирургијата, крупниот бизнис.
 
Ниво 2:
Симбол за метаморфозите на личноста, регенерацијата, одговорен за кармичките лекции.
 
Ниво 3:
Симбол за повисоката духовна свест.
 

Северен Месечев Јазол (Кармички Јазол)

 
Симбол за кармата, иницијатор на позитивни пресврти во животот.
 

Кирон

 
Симбол за областа каде што душата била длабоко ранета во минатото. Привлекува искуства кои го засилуваат прималното искуство на болка и отфрлање.
 


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија (тековен стил) Риби