In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати портрети:

Џакомо Џироламо Казанова

Џон Траволта

Адолф Хитлер

Боно Вокс

Волт Дизни

Грета Гарбо

Грејс Кели

Елвис Присли

Карлос Сантана

Катрин Денев

Квентин Тарантино

Леонардо Ди Каприо

Лудвиг Ван Бетовен

Марија Калас

Мајка Тереза

Натали Вуд

Никола Тесла

Нострадамус

Опра Винфри

Пако Рабан

Расел Кроу

Саи Баба

Салвадор Дали

Селин Дион

Шаде Аду


Алберт Ајнштајн

Алберт Ајнштајн - Натална карта

Симболика на полињата во хороскопот
 
Прво
 
Поле на личноста, појавноста, индивидуалноста, градбата на телото, животната енергија, егото. Поле на почетокот на животот и симбол за сите почетоци. Природно поле на Овенот.
 
Второ
 
Поле на парите, на способноста за заработување и начинот на богатење. Поле на вредностите, вредносните системи и приоритетите во животот. Природно поле на Бикот.
 
Трето
 
Поле на интелектот, на свесното јас, на основното образование, говорот, пишувањето. Поле на комуникациите, сообраќајот, кратките патувања, писмата и документите. Поле на браќата, сестрите, соседите, роднините. Природно поле на Близнаците.
 
Четврто
 
Поле на потеклото, претците, психата, наследените таленти и болести. Поле на родителите, мајката, домот, детството. Почеток и крај на животот, ембрион и гроб. Природно поле на Ракот.
 
Петто
 
Поле на дадената љубов, еротиката, сексот заради забава, децата. Поле на креативноста, забавата, авантурите, лесната заработувачка, коцкањето, игрите на среќа, шпекулациите, спортот. Природно поле на Лавот.
 
Шесто
 
Поле на работата, должностите, работната просторија, помошниците во работата, потчинетите, слугите. Поле на несвесното јас, навиките, услужните дејности. Поле на здравјето, храната, облеката, домашните животни. Природно поле на Девицата.
 
Седмо
 
Поле на бракот, партнерствата, односите со јавноста, јавните признанија и награди. Поле на јавните непријатели, ривалите, судењата. Природно поле на Вагата.
 
Осмо
 
Поле на смртта, страдањето, ударите на судбината. Поле на сексот, регенерацијата, метаморфозите. Поле на туѓите пари, спонзорства, кредитите, даноците, парите на партнерот, од осигурителните компании, наследствата. Поле на окултното, парапсихологијата, црната магија. Природно поле на Шкорпијата.
 
Деветто
 
Поле на странство и долгите патувања, на високото образование, интелектот. Поле на законот, издавачката дејност, роднините на партнерот. Поле на Божествената мудрост, на духовноста, филозофијата, религијата, метафизиката. Поле на супер егото. Природно поле на Стрелецот.
 
Десетто
 
Поле на угледот, статусот, кариерата, славата, на професиите поврзани со јавноста. Поле на таткото. Природно поле на Јарецот.
 
Единаесетто
 
Поле на интелектот, на плановите, надежите, целите и желбите. Поле на пријателите, врските, протекциите, симпатиите на околината. Поле на социјалната и хуманитарна работа, на околностите кои не зависат од вашата контрола, на добиената љубов. Природно поле на Водолијата.
 
Дванаесетто
 
Поле на несвесното јас, скриената сила, изолациите, тајните, ограничувањата, хроничните болести, психичките проблеми, искушенијата. Поле на затворите, болниците, манастирите, криминалот, измамите, фрустрациите, егзилот, жртвувањата, таинствените непријатели. Природно поле на Рибите.

Алберт Ајнштајн
 

Магазинот Тајм, во 1999 година, го прогласи за личност на столетието. Неговото впечатливо лице и карактеристичната фризура многу често се користеа како модел за луд научник и расеан професор. Неговите размислувања на прашањето “Што би се случило кога би можело да се јава на еден зрак светлина?” го променија светот. Додека меѓу обичниот народ, името Ајнштајн стана синоним за генијалност.

Алберт Ајнштајн се роди на 14-ти март 1879 год. во Улм, Германија, во знакот на мечтателните Риби, со подзнак во интуитивниот Рак и Месечина во филозофски расположениот Стрелец. Силната концентрација на планетарната енергија во знакот Овен, во моментот на неговото раѓање, зборува за неговата љубопитност и детска одушевеност за она што го работи. Меѓутоа, најголемиот број планети (Сонцето, Меркур, Венера, Сатурн) се сместени во полето на угледот и кариерата (десетто), што е природно поле на Јарецот. Додека Марс, планетата на акцијата, сместена во упорниот Јарец, има одлична позиција. Тоа открива дека Ајнштајн беше личност со огромна сила, амбиција и издржливост. Токму она што му беше потребно да ја реализира задачата поради која дојде на овој свет. Уште повеќе што неговиот Марс во Јарец прави голем Земјен тригон со Плутон во Бик и Земјата во Девица. Сето тоа ја нагласува неговата креативност, огромната самоконтрола и способноста да се трансформира сексуалната енергија во креативна. Ова покажува дека Ајнштајн не беше типичен претставник на беспомошните Риби. Од својот знак ја доби само умешноста да “плива” во еден поинаков свет од светот на реалноста, во светот на фантазијата. Но, од Рибите дојде и неговата потреба за осамување. Тој еднаш кажа: “На пет години татко ми ми подари компас и како и да го вртев, тој секогаш ја покажуваше само едната страна. Тогаш сознав дека нешто во празниот простор ја мрдаше стрелката. Во тој миг сфатив дека постои нешто што не се гледа, а што се крие зад нештата.” Ова негово размислување, интересот за тоа што не е видливо на прв поглед, е всушност една од главните карактеристики на неговиот знак, Риби.

Што се однесува до училиштето, ѕвездите говорат дека тој покажуваше поголем интерес кон математиката и физиката. И секогаш настојуваше да биде во право. Тоа беше причината што Ајнштајн, уште од мали нозе, постојано влегуваше во конфликт со авторитетите и конзервативните луѓе. Тоа го открива цврстата прегратка меѓу Меркур, планетата на говорот, со Сатурн, планетата на дисциплината и ограничувањата, во бунтовниот Овен. Неговите пак професори сметаа дека тој нема ништо да постигне во животот. А, бидејќи неговите прашања го нарушуваа редот во класот, тие го убедуваа дека е најдобро да го напушти училиштето. “Го мразев училиштето како институција” подоцна зборуваше тој. “Можев да се снајдам, но најчесто бев позаинтересиран за предметите што ги учев сам дома, геометрија на Евклид, алгебра, интеграли. Всушност, сето она што не ме учеа како што треба на училиште. На крај да кажам дека не бев лесен ученик, ниту во гимназија, ниту во Политехничката школа. Поради тоа, ги завршив студиите со презирот на професорите.”

– Дали се вистинити информациите кои велат дека Ајнштајн прозборе доцна и дека во детството не покажуваше некој исклучителен интелект?

1905Веројатно да, тврдат ѕвездите. Всушност, студениот Сатурн во контакт со Меркур, планетата на говорот и разумот, предизвикува покасно созревање на личноста, носи тешкотии со говорот во детството и потешко сфаќање на нештата. Но, затоа во зрели години тој дава огромна моќ за концентрација и за навлегување во суштината на работите. Тогаш не е чудно зошто Ајнштајн долго време се прашуваше: “Ако светлината е бран, колку и да е голема брзината би требало да се следат врвовите и гребените. Што би виделе тогаш? Дали светлината би била неподвижна? Дали ќе запре времето? Би останале ли како на коњ, врз истиот гребен како имобилизирани во времето?” До одговорот на овие прашања дојде во 1905 година кога ја објави специјалната, а во 1906 година општата теорија за релативноста. Сигурно не случајно, бидејќи во 1905 година, Сатурн, Вселенскиот учител, транзитирајќи низ неговото поле на интелектот (деветто), го активираше Јупитер, планетата на експанзијата. Кармичкиот Јазол во транзит го допре оригиналниот Уран во второто поле на интелектот (трето). Додека транзитниот Јупитер го активираше Плутон, планетата на високата духовна свест, во третото поле на интелектот (единаесетто). На тој начин се активираше големиот Земјен тригон и идеите од повисоките сфери на Универзалната Свест добија материјална форма.

1921Во 1905 година тој го објасни законот за фотоелектричен ефект, со помош на квантната теорија. За тоа, во 1921 година ја доби Нобеловата награда за физика. Таа 1921 година, транзитниот Јупитер, планетата на духовноста, и Сатурн, Вселенскиот учител, беа цврсто прегрнати во Девица, на точката каде се наоѓа Земјата, во неговиот голем Земјен тригон. Транзитниот Плутон беше блиску до Асцендентот, а Уран до Зенитот. Сепак, Ајнштајн ќе остане запаметен најмногу по својата теорија за релативноста и по равенката за енергијата:

Е=мс2

Енергијата на секое тело е еднаква на масата на телото помножена со квадратот од брзината на светлината (300.000 км/сек). Ова е најзначајното откритие на минатиот век што го измени видувањето на светот.

– Како дојде до овие револуционерни откритија?

Во моментот кога Ајнштајн се роди, во полињата на интелектот (трето, деветто, единаесетто) беа сместени Јупитер, планетата на среќата и духовноста, Плутон, планетата на високата духовна свест, и оригиналниот Уран. Оттаму, неговиот ум не знаеше за никакви ограничувања. Логичките процеси кај него се разликуваа од оние кај просечните луѓе и го доведоа до генијалност. Истовремено, Плутон беше во тесна врска со Алгол (ѕвезда десетици пати посилна од Сонцето, оддалечена 93 светлосни години). Оваа ѕвезда ја има и Тесла во комбинација со Уран и Асцендентот. Алгол, обично го бие лош глас, но веројатно големите откритија во науката се случуваат со негов благослов. Бидејќи, секое зло во себе крие некое добро.

Врската меѓу овие 3 планети од куќите на интелектот му ја подарија на Ајнштајн единствената сила и ширина на интелектот и духот, оригиналните идеи, визиите и способноста за најголеми дострели во филозофијата и науката. Колкава беше неговата обземеност од науката, може најдобро да се сфати преку една анегдота од неговиот живот, што постојано се раскажува. Според неа, Ајнштајн беше толку окупиран со својата работа што постојано задоцнуваше на ручек. Милева, неговата сопруга, тоа ја вадеше од такт, таа постојано му приговараше, но ништо не се менуваше. Еден ден, како секогаш, таа го стави јадењето на маса и неколку пати го повика сопругот на ручек. Но, како и секогаш, потонат во своите мисли, несвесен за светот околу себе, Ајнштајн не обрнуваше внимание на нејзините зборови. Тоа Милева толку ја разбесни што дојде и врз главата му истури бокал полн со вода. Иако потполно мокар, Ајнштајн и се насмевна и и рече: “Секој ден обично само светкаше и грмеше, а денес врз главата ми се истури дожд.”

– Меѓутоа, што велат ѕвездите за Ајнштајн како сопруг, татко и љубовник?

Месечина, симболот на чувствата и сопругата, е сместена во авантуристички расположениот Стрелец, во полето на работата (шесто). Додека Сатурн, владетелот на полето на бракот, е во тесна врска со рационалниот Меркур. Тоа говори дека Ајнштајн не можеше да им се предаде на емоциите, поради силно развиеното чувство за должност кон работата. Истовремено, тоа покажува дека тој од партнерката бараше комплетна слобода. А, голема беше веројатноста неговата сопруга да дојде од друга држава, да биде со поинаков менталитет, религија или начин на живеење. И навистина, Милева Мариќ, неговата прва сопруга, со која се ожени на 6-ти јануари 1903 година, потекнуваше од Војводина. Таа беше интелигентна, независна личност, која не се вклопуваше во сликата за традиционалната жена од тоа време. Всушност беше единствена жена во Политехничката школа во Цирих. Меѓутоа, неговите родители се противеа на врската, особено мајка му. Таа имаше предубедувања за Србите и сметаше дека Милева е премногу стара за нејзиниот син и дека има физички недостатоци. А, веројатно најмногу и пречеше фактот што Милева Мариќ не и припаѓаше на јудејската вероисповед. Во писмото што Ајнштајн тогаш и го испрати на мајка си, ја опиша Милева како “суштество што е еднакво со мене и што е силно и независно како мене”.

1919Еве што Ајнштајн мислеше за бракот: “Бракот е само залуден обид да се трансформира мигот во нешто трајно. Секој брак е опасен. Јас сум коњ кој бара сам да јава. Не сум создаден за тандем или за екипна работа. Можам да го сакам човештвото, но штом тоа ќе се претвори во лична, интимна врска, тоа менува се.” Ваквото однесување поткрепено со силата на агресивната Марсова енергија во полето на бракот (седмо) говореше дека неговиот брак веројатно нема долго да трае. И тоа се случи, неговиот прв брак се распадна во 1919 година. Иако Ајнштајн и Милева живееја одвоено цели пет години претходно. Во вториот брак тој влезе истата година, со неговата прва братучетка по мајка, а втора по татко, Елза. Но, тој и неа ја дистанцираше од себе. И под влијанието на Венера во страсниот Овен, на постари години ја изневеруваше со помлади жени. Ништо чудно ако се знае дека во 1919 година, Јупитер, планетата на среќата, транзитираше преку неговиот Асцендент, означувајќи почеток на нов циклус во неговиот живот.

– Дали Ајнштајн беше човек што умееше да покаже љубов?

Да, но само на кратко, откриваат ѕвездите. Имено, нехармоничниот однос меѓу Сонцето, симболот за егото, и Месечината, симболот за емоциите, укажува на нерамнотежа меѓу професионалниот и емотивниот живот. Месечината и Венера, показателите на емотивната страна на личноста се сместени во полињата на работата и угледот (шесто и десетто). Тоа говори дека тој беше вистински вљубен само во работата. Сепак, Сонцето во романтичните Риби го правеше понекогаш и романтичен, на што укажуваат љубовните писма испратени на адреса на Милева Мариќ.

– Дали се вистинити озборувањата дека токму Милева која што беше подобра математичарка од него, е заслужна за математичката поткрепа на неговите теории?

На почетокот, сигурно дека тој имаше голема помош од нејзина страна. Бидејќи, Меркур, планетата на разумот, во близок контакт со Сатурн, планетата на ограничувањата, доведува до тоа човек потешко да сфаќа, но затоа подоцна никогаш не го заборава наученото.

– Дали Ајнштајн веруваше во Господ?

Некаде по Првата светска војна Ајнштајн и се врати на религијата од своето детство, јудеизмот. Но за разлика од детските години кога имаше догматски став кон религијата, па дури секојдневно пееше религиозни песни тргнувајќи на училиште, во зрелоста го смени мислењето и рече: “Со времето сознав дека зад секое нешто постои ред кој ние го согледуваме на индиректен начин. Тоа е цела една религија. Во таа смисла јас сум побожен човек.” А, во 1929 година, Ајнштајн му кажа на рабинот Херберт Голдштајн: “Верувам во Богот на Спиноза кој се покажува Себеси во хармонијата на законите на светот, не во еден Бог кој се занимава со судбината и постапките на човештвото.”

Астрологијата има објаснување за ваквата промена. Имено Јупитер, планетата на духовноста, сместена во полето на религијата и филозофијата (деветто), укажува дека догматските религиозни ставови со текот на времето ќе попримат филозофска димензија.

Па токму убедувањето дека ништо во Вселената не е случајно го принуди да се конфронтира со тогашните водечки научнички кругови, кои го тврдеа токму спротивното. Од тогаш датира онаа позната негова изјава: “Секако сум убеден дека Господ не фрла зарови.”

– Дали фактот што живееше во најбурниот период од човечката историја, периодот на Првата и Втората светска војна, го натера да се заинтересира за политиката?

Поради своето еврејско потекло, но и поради сериозните закани со смрт од страна на нацистите, во декември 1932 година Ајнштајн беше принуден да ја напушти Европа за секогаш и да се насели во Америка. И тука повторно на сцена стапија ѕвездите. Имено Јупитер, планетата на среќата и експанзијата, сместен во полето на странство (деветто), на што се надоврзува и Месечината, симболот на душата, сместена во Стрелец, љубителот на странство и странците, укажуваат дека потполна експанзија и смирување тој доживеа далеку од дома.

Во својата нова татковина беше пречекан со најголеми почести. Притоа изјави: “Никогаш всушност не сум припаѓал на една земја или една држава, па дури ниту на семејството.” Неговата популарност во Америка беше толку голема што луѓето постојано го застануваа на улица и бараа тој да им ја објасни својата теорија. На крајот, тој најде спасоносно решение. Па, кога луѓето го препознаваа, тој им одговараше: “Извинете ме, жалам. Секогаш ме заменуваат со професорот Ајнштајн.” Многу досетливо и духовито.

Што се однесува до политиката, Овенот во него не можеше да остане рамнодушен, па Ајнштајн се потсмеваше со издигнувањето на нацистичкото движење. После војната, се обидуваше да биде глас на умереноста во периодот на бурното создавање на Израелската држава и се спротивстави на анти-комунистичката политика во САД. А, кога во 1952 година му беше понудено да биде вториот претседател на Израел, тој ја одби понудата. Сосема предвидливо ако се знае дека Месечината, владетелот на неговиот хороскоп, се наоѓа во космополитски расположениот Стрелец. Тоа открива дека Ајнштајн се чувствуваше како граѓанин на светот, додека врзувањето за една држава и една нација ќе го доживееше како губење на слободата.

– Каков беше неговиот однос кон сопствените деца?

Веројатно студен и крајно незаинтересиран. Судбината на неговото прво дете, ќерката Лизерл, која се роди во 1902 година, кога Милева и Ајнштајн се уште не беа во брак, остана непозната. Со постариот син, Ханс Алберт, кој се роди во мај 1904 и стана универзитетски професор во Америка, воопшто не контактираше. Додека помладиот Едвард, кој се роди во јули 1910 година, беше болен од шизофренија и целиот живот го помина во некоја Швајцарска клиника. И токму тој веројатно беше жртвата на Ајнштајновиот ген на генијалноста, што честопати знае да се претвори во својата спротивност. Уште повеќе што и Милева не беше жена со просечен ум. И кога сме кај приватниот живот, веројатно Никола Тесла беше најблиску до вистината кога рече: “Брак за уметник - да, за музичар - да, за писател - да, но никако за научник. Првите тројца присуството на жената може само да ги инспирира. Па, нивната љубов ги води до најубавите и најголемите дела. Додека пронаоѓачот е страстен и таа страст е толку дива и жестока, што кога би и се посветил на жената, ништо не би останало за истражувањето.”

– Покрај многуте научници што постоеја во дваесеттиот век, зошто токму Ајнштајн стана синоним за генијалност меѓу луѓето?

Интуитивниот Нептун, владетелот на знакот Риби во кој е роден Ајнштајн, сместен во материјалниот Бик му помогна да ги спушти своите идеи од Вселенски на материјален план. Додека складниот однос меѓу фантазерот Нептун и Уран, планетата на волјата, му даде силна волја да го реализира она со кое што го инспирираше интуицијата. Во спротивно, без цврста волја, сите фантазии остануваат само обични слики кои со текот на времето се претопуваат во Големото Ништо на Универзумот.

За причината на неговиот успех, самиот еднаш рече: “Останав дете, затоа секогаш си поставував едноставни прашања што возрасен не би ги поставувал: Што е просторот, а што времето? Дали Господ можел поинаку да ја создаде Вселената или немал друг избор? И како јас би ја создал кога би имал можност?”

Неговата душа го напушти тродимензионалниот свет на 18-ти април 1955 година, со цел повторно да се соедини со Апсолутот, кога транзитниот Јупитер и Уран беа во цврста прегратка во Рак, во неговото поле на личноста (прво). Но, пред да биде кремирано неговото тело, лекарите, кои окупирани со материјата го забораваат духот, го извадија неговиот мозок, со надеж дека неврологијата во иднина ќе биде способна да открие што го направи Ајнштајн толку интелигентен.

– Дали Ајнштајн го најде одговорот на сите свои прашања?

Останува тајна.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Водолиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Ова се вистинските зборови што ја опишуваат наталната карта што ми ја изработивте: Наталната карта на Астроскопиа е шлаканицата што ви е потребна да го направите квантниот скок во вашата судбина. Големо благодарам што ми помогнавте да живеам со ширум отворени очи! 

Сања С., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


Симболика на планетите во хороскопот
 

Сонце

 
Симбол за егото, личноста, индивидуалноста, самореализацијата, виталноста, честа. Симбол за таткото, желбата за моќ, лидерските способности.
 

Месечина

 
Симбол за чувствата, љубовта, грижата, навиките, несвесниот ум, интуицијата и инстинктивните реакции. Симбол за женственоста, мајчинството, мајката и сопругата. Симбол за душата и популарноста.
 

Меркур

 
Симбол за интелигенцијата, мисловниот процес, разумот, логиката, начинот на изразување. Симбол за говорот, слухот, пишувањето, комуникациите, брзината и итрината. Симбол за братот.
 

Венера

 
Симбол за убавината, хармонијата, љубовта, задоволствата, уметноста, грациозноста, модата и социјалниот живот. Симбол за сестрата и љубовницата.
 

Марс

 
Симбол за импулсот, иницијативата, акцијата, личната енергија, натпреварувачките пориви, освојувањето, агресивноста, воинственоста. Симбол за машкоста, мажот, за страстите и сексуалноста.
 

Јупитер

 
Симбол за среќата, експанзијата, благосостојбата, богатството, неумереноста. Симбол за правдата, моралот, законот, религијата, духовноста, филозофијата. Симбол за потребата од слобода, за далечните патувања, превземањето ризици. Заштитник на политичарите и високото образование.
 

Сатурн

 
Симбол за маките и искушенијата, за ограничувањата, амбицијата, способноста за тешка работа, дисциплината, реализатор на судбината. Симбол за стрпливоста, концентрацијата, суровоста, аскетизмот, сериозноста, непоткуплив учител.
 

Уран, Нептун и Плутон се трансцендентални планети. Затоа имаат повеќе нивоа на вибрации. Човекот со повисоко ниво на свеста ги користи обично повисоките вибрации.
 

Уран

 
Ниво 1:
Симбол за бунтувањето, неконвенционалноста, слободата, непредвидливоста, ексцентричноста, хазардерството, радикалните промени.
 
Ниво 2:
Симбол за неправолиниската логика, идеализмот, прогресивноста, ослободеноста од предубедувања, за оригиналноста, пронаоѓаштвото, електрицитетот.
 
Ниво 3:
Симбол за Божјата волја, антена за Универзалниот Ум.
 

Нептун

 
Ниво 1:
Владетел на морињата, симбол за мистицизмот, илузиите, конфузијата, лагите, менталните болести, религиозните институции, болниците, затворите. Симбол за слабоста кон алкохолот, лековите и дрогите, за отровите.
 
Ниво 2:
Симбол за харизмата, креативноста, фантазиите, визионерството, инспирацијата, идеализмот, мисионерската работа. Симбол за гламурот, покровител на музиката, заштитник на уметноста и уметниците.
 
Ниво 3:
Антена за Универзалната Љубов.
 

Плутон

 
Ниво 1:
Симбол за подземјето, душите, смртта, насилството, контролата. Симбол за магнетската привлечност, скриената моќ, сексот, храброста, полицијата, таинствените служби, детективската работа, хирургијата, крупниот бизнис.
 
Ниво 2:
Симбол за метаморфозите на личноста, регенерацијата, одговорен за кармичките лекции.
 
Ниво 3:
Симбол за повисоката духовна свест.
 

Северен Месечев Јазол (Кармички Јазол)

 
Симбол за кармата, иницијатор на позитивни пресврти во животот.
 

Кирон

 
Симбол за областа каде што душата била длабоко ранета во минатото. Привлекува искуства кои го засилуваат прималното искуство на болка и отфрлање.
 


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија (тековен стил) Риби