In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати портрети:

Џакомо Џироламо Казанова

Џон Траволта

Адолф Хитлер

Алберт Ајнштајн

Боно Вокс

Грета Гарбо

Грејс Кели

Елвис Присли

Карлос Сантана

Катрин Денев

Квентин Тарантино

Леонардо Ди Каприо

Лудвиг Ван Бетовен

Марија Калас

Мајка Тереза

Натали Вуд

Никола Тесла

Нострадамус

Опра Винфри

Пако Рабан

Расел Кроу

Саи Баба

Салвадор Дали

Селин Дион

Шаде Аду


Волт Дизни

Волт Дизни - Натална карта

Симболика на полињата во хороскопот
 
Прво
 
Поле на личноста, појавноста, индивидуалноста, градбата на телото, животната енергија, егото. Поле на почетокот на животот и симбол за сите почетоци. Природно поле на Овенот.
 
Второ
 
Поле на парите, на способноста за заработување и начинот на богатење. Поле на вредностите, вредносните системи и приоритетите во животот. Природно поле на Бикот.
 
Трето
 
Поле на интелектот, на свесното јас, на основното образование, говорот, пишувањето. Поле на комуникациите, сообраќајот, кратките патувања, писмата и документите. Поле на браќата, сестрите, соседите, роднините. Природно поле на Близнаците.
 
Четврто
 
Поле на потеклото, претците, психата, наследените таленти и болести. Поле на родителите, мајката, домот, детството. Почеток и крај на животот, ембрион и гроб. Природно поле на Ракот.
 
Петто
 
Поле на дадената љубов, еротиката, сексот заради забава, децата. Поле на креативноста, забавата, авантурите, лесната заработувачка, коцкањето, игрите на среќа, шпекулациите, спортот. Природно поле на Лавот.
 
Шесто
 
Поле на работата, должностите, работната просторија, помошниците во работата, потчинетите, слугите. Поле на несвесното јас, навиките, услужните дејности. Поле на здравјето, храната, облеката, домашните животни. Природно поле на Девицата.
 
Седмо
 
Поле на бракот, партнерствата, односите со јавноста, јавните признанија и награди. Поле на јавните непријатели, ривалите, судењата. Природно поле на Вагата.
 
Осмо
 
Поле на смртта, страдањето, ударите на судбината. Поле на сексот, регенерацијата, метаморфозите. Поле на туѓите пари, спонзорства, кредитите, даноците, парите на партнерот, од осигурителните компании, наследствата. Поле на окултното, парапсихологијата, црната магија. Природно поле на Шкорпијата.
 
Деветто
 
Поле на странство и долгите патувања, на високото образование, интелектот. Поле на законот, издавачката дејност, роднините на партнерот. Поле на Божествената мудрост, на духовноста, филозофијата, религијата, метафизиката. Поле на супер егото. Природно поле на Стрелецот.
 
Десетто
 
Поле на угледот, статусот, кариерата, славата, на професиите поврзани со јавноста. Поле на таткото. Природно поле на Јарецот.
 
Единаесетто
 
Поле на интелектот, на плановите, надежите, целите и желбите. Поле на пријателите, врските, протекциите, симпатиите на околината. Поле на социјалната и хуманитарна работа, на околностите кои не зависат од вашата контрола, на добиената љубов. Природно поле на Водолијата.
 
Дванаесетто
 
Поле на несвесното јас, скриената сила, изолациите, тајните, ограничувањата, хроничните болести, психичките проблеми, искушенијата. Поле на затворите, болниците, манастирите, криминалот, измамите, фрустрациите, егзилот, жртвувањата, таинствените непријатели. Природно поле на Рибите.

Волт Дизни
 

Неговата приказна е само една од класичните американски приказни за успехот. Момче од средниот запад кое достигна вртоглав успех и огромни височини. И тоа не е ништо во споредба со благословот или проклетството што му го даде Бог, преку својот талент, барем за миг да почувствува како му беше Нему, додека ги создаваше световите. Така, Дизни им вдахна живот на Снежана и 7-те џуџиња, Пинокио, Бамби, Мики Маус. Создавајќи го својот ирационален свет во кој главни јунаци најчесто беа животни со човечки особини, Волт Дизни беше предвесник на виртуелната реалност. Но истовремено, тој чукна и на вратата на нашата свест и совест, бидејќи преку своите цртани филмови ни покажа дека и животните имаат чувства, иако не можат тоа да го кажат со збор. Неговата работа требаше да биде апел до човештвото да го подобри својот однос кон животните.

Волт Дизни се роди на 5-ти декември 1901 година во Чикаго, како едно од петте деца на семејството Дизни. Се роди во знакот на по малку инфантилниот Стрелец, со подзнак во аналитичната и прецизна Девица и Месечина во префинетата Вага. Плутон, планетата на скриената моќ, и Нептун, планетата на илузиите, се наоѓаа високо во Зенитот. Оттаму силната харизма и моќта да ги убеди другите да ги доживеат како реални неговите јунаци од цртаните филмови. Но, Плутон и Нептун во Зенитот му дадоа и способност да ја прикрие својата вистинска природа. Понатаму, силна е концентрацијата на планетарната енергија во упорниот и приземјен Јарец, од каде произлегуваат главните карактеристики на неговата личност, огромна потреба од моќ, желба да владее, успех преку макотрпна работа, но и тиранизирање на својата околина. Бил Мелендез, еден од Дизниевите аниматори, кој за него работеше на почетокот на златната ера, од 1937 година, за Дизни еднаш рече: “Волт направи многу работи што заслужуваа прекор и беа комплетно спротивни на имиџот на чичко Волт. Чичко Волт беше никаквец.” На тоа се надоврзува и еден од неговите биографи, Ричард Шикел, кој открива: “Луѓето во студиото го викаа чичко Волт. Но, тоа беше иронично кажано, бидејќи има чичковци што те малтретираат цело време, доминираат и контролираат. Тоа беше чичко Волт за најголем дел од студиото.”

– Тогаш, дали во неговиот карактер воопшто беа присутни особините на неговиот натален знак, Стрелецот, како што се великодушноста, оптимизмот, искреноста ?

Во моментот на неговото раѓање, Сонцето беше во цврста прегратка со ексцентричниот и оригинален Уран, кој речиси по правило има истакната позиција во картите на големите луѓе. Додека, владетелот на неговото Сонце, експанзивниот Јупитер беше во силен контакт со рестриктивниот Сатурн, владетелот на Јарецот. Затоа, карактеристиките на Стрелецот ќе бидат значајно изменети. Сепак, во карактерот на Волт Дизни влијанието на Стрелецот се забележуваше преку неговиот ентузијазам, преку речиси детската одушевеност од работата и преку потребата од безгранична слобода.

– Што друго открива неговата натална карта?

Нагласеното поле на комуникациите, говорот и пишувањето (трето), во која се наоѓа Меркур, планетата на говорот, а воедно и владетел на хороскопот, укажува дека Дизни беше силен на збор, добар раскажувач. Исто така, тој би бил одличен во работата во рекламните агенции и во образованието. А Нептун во Зенитот открива дека тој беше уште подобар глумец. Истовремено, силниот аспект меѓу Сонцето и Уран во полето на говорот, пишувањето, комуникациите и односот со браќата и сестрите, зборува за своеглав и упорен човек кој не попушташе дури и кога грешеше. Кога сме кај аспектот меѓу Сонцето и Уран не смее да се заборави дека Уран како владетел на неконвенционалната Водолија влијаеше тој да го претпочита неформалниот начин на облекување. Затоа, Дизни ќе остане запаметен по своите џемпери, што се сметаше за неконвенционална облека во времето кога мажите исклучиво се облекуваа во костум. Неговата силна волја и моќта за убедување влијаеја и врз неговите соработници, кои ги прифатија џемперите како своја работна облека. Па, дури пушеа и цигари како неговите.

Ексцентричен и непредвидлив, Уран има и друго лице. Тој личностите во чии што карти е нагласен ги прави неспособни да се снајдат во светот на практичното и парите. Оттука, Волт Дизни веројатно беше човек кој не умееше со парите. Неговиот филм “Снежана и седумте џуџиња”, уште на почетокот го гледаа 20 милиони луѓе. Па тој заработи осум милиони долари, во време кога билетот чинеше 25 центи. Конечно, Дизни имаше пари да ја реализира својата најнова амбициозна идеа, филмот “Пинокио”. Но, во правењето на следниот филм не беше штедено на ништо. Тој чинеше 2,5 милиони долари. Затоа, откако се збогати преку ноќ, сигурно брзо ќе загубеше се во неразумни вложувања, ако на сцена не стапеше неговиот брат Рој, кој се грижеше за финансиите на студиото Дизни. Но, тоа не е воопшто чудно, ако се знае дека ѕвездите уште во моментот на неговото раѓање укажаа дека главната помош и поддршка всушност ќе доаѓа од браќата и сестрите. Нагласеното трето поле во неговиот хороскоп, го открива тоа.

– Ѕвездите во картата на Дизни го откриваат талентот за говор, гестикулации и глума, убедливоста, но каде се крие тогаш талентот за цртање?

Никаде, бидејќи освен Месечината која што се наоѓа во Вага, а таа има уметнички афинитети, нема други аспекти во хороскопот кои укажуваат на дарбата за цртање. А, астрологијата не донесува заклучоци се додека еден аспект не се потврди од повеќе страни. Затоа, може да заклучиме дека Волт Дизни носеше вродено чувство за препознавање на убавото и уметноста, но немаше посебни цртачки таленти. Тоа го потврдуваат и неговите соработници. Бил Мелендез во едно интервју откри: “Тој не беше уметник. Кога зборуваше пред публика и одеше низ државата, луѓето секогаш бараа од него да го нацрта Мики. А, тој не знаеше. Се сеќавам еден ден, го убедија Фреди Мор, кој беше најдобриот цртач на Мики Маус, да го научи Волт како да го црта.” Дејвид Хилберман, уметничкиот директор во студиото на Дизни, на ова се надоврзува: “Волт не беше добар цртач и тоа го правеше само пред камерата.”

– Тогаш дали астрологијата греши, или некој друг е татко на Мики Маус, Снежана и Бамби?

Познато е дека во 1920 година Волт Дизни започна да прави кратки анимирани филмови кои се состоеја од сказни, реклами и филмови за јавно информирање. Меѓутоа, филмовите не беа комерцијално успешни. Па во 1923 година од Канзас Сити, тој се пресели во Лос Анџелес, во потрага по подобар живот. Токму на време, откриваат ѕвездите. 1923Всушност, во 1923 година, Кармичкиот Јазол минуваше низ неговиот Асцендент, а Јупитер, планетата на среќата, транзитираше низ неговото поле на парите (второ). По неуспешните обиди да најде работа како режисер на играни филмови, започна да прави анимирани филмови. Тука му помогнаа неговиот колега од Канзас Сити, Убе Ајверкс, кој беше задолжен за цртањето и брат му Рој, задолжен за финансиите.

Од тој период датира серијата за Алиса и 26-те кратки анимирани филмови, во кои главен јунак беше зајакот Освалд. Но, студиото на “Браќата Дизни” го загуби правото за користење на ликот на Освалд. Тогаш мораше да се реагира брзо, а истовремено и да се остане автентичен. Така, зајакот наеднаш се претвори во глувче, кое стана една од најпознатите ѕвезди во историјата на филмот, се роди Мики Маус.

– Која беше улогата на Волт Дизни во сето тоа?

Силно нагласеното поле на говорот доведе до тоа, тој да му го позајми само гласот на Мики Маус. Бил Мелендез подоцна јавно проговори за тоа: “Еден ден имаше изложба на модерна уметност наречена Уметноста на Волт Дизни. Бев љубопитен да ја видам. Таму се беше потпишано од Волт Дизни. А, тој немаше направено ни еден од тие проклети цртежи. Уметноста на Волт Дизни е уметност на една компанија и тоа е добро. Но, Волт да ги потпише цртежите на други луѓе, тоа не е во ред.”

Меркур, планетата на разумот, во длабокоумната Шкорпија, и силната концентрација на планетарната енергија во пресметливиот Јарец му помогнаа на Дизни да ја искористи економската криза во Америка од триесеттите години и да ги најми и обучи најдобрите цртачи. Но, шокантен е фактот дека тој кој се сожалуваше врз судбината на животните, беше груб кон луѓето. Па, уметниците од женски пол ги третираше како уметници од втора категорија, не ги поднесуваше евреите, ниту обоените луѓе. Бил Мелендез за тоа рече: “Волт јасно кажуваше дека е добро жените да ги употребуваш за споредни работи. Бидејќи кога тие ќе достигнат возраст од триесеттина години, рацете почнуваат да им се тресат и време е да се ослободиш од нив.”

– Зошто светот не знае за ниеден од неговите соработници?

Позицијата на Месечината во полето на личноста (прво), открива дека Волт Дизни беше чувствителен на туѓото мислење. Додека, силно нагласениот Јарец во неговата карта го направи бесчувствителен, суров, жеден за моќ. Тоа влијание е засилено со енергијата на моќниот Плутон во близина на Зенитот. Па, оттаму ако Волт Дизни не успееше во светот на цртаните филмови тогаш сигурно ќе беше активен во политиката.

Токму таа потреба за моќ, во чија што основа се крие чувството на помала вредност, го направи уплашен дека ќе го загуби тоа што го има, што всушност е неизречен страв на секој Јарец. Затоа, тој често умееше да им каже на своите соработници: “Ако мислите да го направите славно вашето име, тогаш одете си од студиото.” Мери Бирдсли, една од уметничките во студиото Дизни, за него изјави: “Тој не сакаше да ги дели признанијата со другите и секогаш правеше да се гледа само неговото име.”

– Ако тоа беше така, а беше, тогаш што се крие во основата на неговиот успех?

Астрологијата го има одговорот и на тоа прашање. Имено, креативниот Нептун во неговата натална карта се наоѓа на критичен степен (0°34’) во Рак, во полето на кариерата (десетто). Оттаму вроденото чувство дека мора да направи нешто ново и до тогаш невидено. Но, оттаму и огромната креативност. Всушност, секоја сцена од своите цртани филмови тој најнапред ја одигруваше пред своите соработници, а потоа тие ги цртаа ликовите и ситуациите врз основа на виденото.

Од друга страна, Венера, планетата на уметноста, е на излегување од Јарецот и за само 18 минути би влегла во Водолија, во полето на креативноста (петто). Оттаму, чувството што постојано го следеше Дизни, дека мора да брза со цел да го оствари замисленото. Но, оттаму и дисциплината и планирањето на секој чекор при работењето. Еден од неговите соработници призна: “Работевме од седум наутро до десет навечер.” Додека Бил Мелендез додаде: “Сите го сакавме студиото и бевме задоволни да работиме преку време, без финансиски надомест. Сите се сакавме меѓу себе и го сакавме Волт.”

– Каков беше Волт Дизни приватно?

Оние што го познаваа велеа дека тој намерно го избегнуваше социјалниот живот на Холивуд. Слободното време најчесто го поминуваше со сопругата, со која што остана во брак цели 40 години, со децата и играјќи поло. Не беше заинтересиран за жените. Па, неговите соработници зборуваа дека повеќе му се допаѓа Мики Маус, отколку жените. Ѕвездите го потврдуваат до некаде тоа. Имено, негативните влијанија што ги трпи Месечината, показателот на емотивната страна на личноста, од повеќето планети, како и изолираноста на Венера, планетата на љубовта, говорат дека Дизни беше човек со оштетена емотивност, затворен, без топлина. Всушност беше повредено дете, кое што никогаш не порасна, уплашено од светот на возрасните. Па, одбегнувајќи да се соочи со себеси, како возрасен тој настојуваше постојано да биде окупиран со работата. Тука се вмеша и Нептун, магот на илузиите, кој му помогна да ги завитка со превезот на илузијата своите спомени од детството и родителите, со цел што побезболно да порасне. Па, многу пати во своите интервјуа тој велеше дека “за периодот на детството го врзуваат идилични сеќавања”. Можеби токму затоа, лесно влегуваше и добро се снаоѓаше во светот на децата.

Во 1966 година Волт Дизни почина од рак, на 65 годишна возраст. Околу неговата смрт се создадоа низа шпекулации. Според некои, се тврдеше дека неговото тело кое почива во неговиот дом е хибернирано, со цел да се поврати во живот кога науката ќе најде лек против ракот. Тоа е мошне веројатно, ако се знае дека Волт Дизни беше и целиот живот остана под влијанието на ексцентричниот Уран.

Како и да е, Дизниленд, градот на неговите јунаци, секогаш ќе остане да сведочи за неговото постоење.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Водолиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Од секогаш сакав да си одговорам на моите големи, длабоки прашања. После средбата со вас и читањето на мојата натална карта сите одговори си дојдоа на своето место... Наталната карта ме разбуди, упати да тргнам по правата патека од мојот живот. 

Р.Б., Штип


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


Симболика на планетите во хороскопот
 

Сонце

 
Симбол за егото, личноста, индивидуалноста, самореализацијата, виталноста, честа. Симбол за таткото, желбата за моќ, лидерските способности.
 

Месечина

 
Симбол за чувствата, љубовта, грижата, навиките, несвесниот ум, интуицијата и инстинктивните реакции. Симбол за женственоста, мајчинството, мајката и сопругата. Симбол за душата и популарноста.
 

Меркур

 
Симбол за интелигенцијата, мисловниот процес, разумот, логиката, начинот на изразување. Симбол за говорот, слухот, пишувањето, комуникациите, брзината и итрината. Симбол за братот.
 

Венера

 
Симбол за убавината, хармонијата, љубовта, задоволствата, уметноста, грациозноста, модата и социјалниот живот. Симбол за сестрата и љубовницата.
 

Марс

 
Симбол за импулсот, иницијативата, акцијата, личната енергија, натпреварувачките пориви, освојувањето, агресивноста, воинственоста. Симбол за машкоста, мажот, за страстите и сексуалноста.
 

Јупитер

 
Симбол за среќата, експанзијата, благосостојбата, богатството, неумереноста. Симбол за правдата, моралот, законот, религијата, духовноста, филозофијата. Симбол за потребата од слобода, за далечните патувања, превземањето ризици. Заштитник на политичарите и високото образование.
 

Сатурн

 
Симбол за маките и искушенијата, за ограничувањата, амбицијата, способноста за тешка работа, дисциплината, реализатор на судбината. Симбол за стрпливоста, концентрацијата, суровоста, аскетизмот, сериозноста, непоткуплив учител.
 

Уран, Нептун и Плутон се трансцендентални планети. Затоа имаат повеќе нивоа на вибрации. Човекот со повисоко ниво на свеста ги користи обично повисоките вибрации.
 

Уран

 
Ниво 1:
Симбол за бунтувањето, неконвенционалноста, слободата, непредвидливоста, ексцентричноста, хазардерството, радикалните промени.
 
Ниво 2:
Симбол за неправолиниската логика, идеализмот, прогресивноста, ослободеноста од предубедувања, за оригиналноста, пронаоѓаштвото, електрицитетот.
 
Ниво 3:
Симбол за Божјата волја, антена за Универзалниот Ум.
 

Нептун

 
Ниво 1:
Владетел на морињата, симбол за мистицизмот, илузиите, конфузијата, лагите, менталните болести, религиозните институции, болниците, затворите. Симбол за слабоста кон алкохолот, лековите и дрогите, за отровите.
 
Ниво 2:
Симбол за харизмата, креативноста, фантазиите, визионерството, инспирацијата, идеализмот, мисионерската работа. Симбол за гламурот, покровител на музиката, заштитник на уметноста и уметниците.
 
Ниво 3:
Антена за Универзалната Љубов.
 

Плутон

 
Ниво 1:
Симбол за подземјето, душите, смртта, насилството, контролата. Симбол за магнетската привлечност, скриената моќ, сексот, храброста, полицијата, таинствените служби, детективската работа, хирургијата, крупниот бизнис.
 
Ниво 2:
Симбол за метаморфозите на личноста, регенерацијата, одговорен за кармичките лекции.
 
Ниво 3:
Симбол за повисоката духовна свест.
 

Северен Месечев Јазол (Кармички Јазол)

 
Симбол за кармата, иницијатор на позитивни пресврти во животот.
 

Кирон

 
Симбол за областа каде што душата била длабоко ранета во минатото. Привлекува искуства кои го засилуваат прималното искуство на болка и отфрлање.
 


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија (тековен стил) Риби