In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати портрети:

Џакомо Џироламо Казанова

Џон Траволта

Адолф Хитлер

Алберт Ајнштајн

Боно Вокс

Волт Дизни

Грета Гарбо

Грејс Кели

Карлос Сантана

Катрин Денев

Квентин Тарантино

Леонардо Ди Каприо

Лудвиг Ван Бетовен

Марија Калас

Мајка Тереза

Натали Вуд

Никола Тесла

Нострадамус

Опра Винфри

Пако Рабан

Расел Кроу

Саи Баба

Салвадор Дали

Селин Дион

Шаде Аду


Елвис Присли

Елвис Присли - Натална карта

Симболика на полињата во хороскопот
 
Прво
 
Поле на личноста, појавноста, индивидуалноста, градбата на телото, животната енергија, егото. Поле на почетокот на животот и симбол за сите почетоци. Природно поле на Овенот.
 
Второ
 
Поле на парите, на способноста за заработување и начинот на богатење. Поле на вредностите, вредносните системи и приоритетите во животот. Природно поле на Бикот.
 
Трето
 
Поле на интелектот, на свесното јас, на основното образование, говорот, пишувањето. Поле на комуникациите, сообраќајот, кратките патувања, писмата и документите. Поле на браќата, сестрите, соседите, роднините. Природно поле на Близнаците.
 
Четврто
 
Поле на потеклото, претците, психата, наследените таленти и болести. Поле на родителите, мајката, домот, детството. Почеток и крај на животот, ембрион и гроб. Природно поле на Ракот.
 
Петто
 
Поле на дадената љубов, еротиката, сексот заради забава, децата. Поле на креативноста, забавата, авантурите, лесната заработувачка, коцкањето, игрите на среќа, шпекулациите, спортот. Природно поле на Лавот.
 
Шесто
 
Поле на работата, должностите, работната просторија, помошниците во работата, потчинетите, слугите. Поле на несвесното јас, навиките, услужните дејности. Поле на здравјето, храната, облеката, домашните животни. Природно поле на Девицата.
 
Седмо
 
Поле на бракот, партнерствата, односите со јавноста, јавните признанија и награди. Поле на јавните непријатели, ривалите, судењата. Природно поле на Вагата.
 
Осмо
 
Поле на смртта, страдањето, ударите на судбината. Поле на сексот, регенерацијата, метаморфозите. Поле на туѓите пари, спонзорства, кредитите, даноците, парите на партнерот, од осигурителните компании, наследствата. Поле на окултното, парапсихологијата, црната магија. Природно поле на Шкорпијата.
 
Деветто
 
Поле на странство и долгите патувања, на високото образование, интелектот. Поле на законот, издавачката дејност, роднините на партнерот. Поле на Божествената мудрост, на духовноста, филозофијата, религијата, метафизиката. Поле на супер егото. Природно поле на Стрелецот.
 
Десетто
 
Поле на угледот, статусот, кариерата, славата, на професиите поврзани со јавноста. Поле на таткото. Природно поле на Јарецот.
 
Единаесетто
 
Поле на интелектот, на плановите, надежите, целите и желбите. Поле на пријателите, врските, протекциите, симпатиите на околината. Поле на социјалната и хуманитарна работа, на околностите кои не зависат од вашата контрола, на добиената љубов. Природно поле на Водолијата.
 
Дванаесетто
 
Поле на несвесното јас, скриената сила, изолациите, тајните, ограничувањата, хроничните болести, психичките проблеми, искушенијата. Поле на затворите, болниците, манастирите, криминалот, измамите, фрустрациите, егзилот, жртвувањата, таинствените непријатели. Природно поле на Рибите.

Елвис Присли
 

“Елвис е жив”, напишал некој од обожавателите на ѕидовите од неговиот имот во Грејсленд, местото каде што живееше и каде што умре. “Некои одат во Мека, а ние во Грејсленд”, пишува на друг графит на ѕидот. А, во една од своите песни, Елвис прашува: “Зошто јас Севишен?”, веројатно чувствувајќи се избран од Господ. Околу неговата личност и живот се исткаени многу легенди. Затоа, астрологијата ќе ни помогне да откриеме каде завршува реалноста, а каде започнува митот.

Елвис Присли, кралот на рокенролот се роди во една олујна ноќ, пред зора, на 8 јануари 1935 година во Тупело, Мисисипи. Се роди како еден од еднојајчните близнаци. Но, другото бебе, неговиот брат, почина веќе следниот ден. Така, уште во првите денови на својот живот, Елвис Присли во себе собра премногу силни и спротивставени чувства. Од една страна беше тагата на родителите поради загубата на другото дете, но истовремено и силна радост што токму тој преживеа. Па можеби токму овие силни и контрадикторни чувства кои ги доживеа на почетокот на својот живот, ќе бидат причината за неговите подоцнежни прочуени трагања по возбуда.

Како и да е, Елвис се роди во моментот кога Сонцето на небото се наоѓаше во знакот Јарец. Асцендентот се издигаше во авантуристички расположениот Стрелец. А, Месечината минуваше низ пречувствителните Риби. Но, иако се роди во сиромашно семејство, ѕвездите во моментот на неговото раѓање претскажаа дека тој ќе се збогати забавувајќи ги луѓето. Имено, Сонцето, симболот на егото, беше во цврста прегратка со Меркур, планетата на комуникациите. А, тој со Венера, планетата на уметноста, која цврсто го стегаше Кармичкиот Јазол. И сето тоа во полето на парите (второ). Оригиналниот Уран во полето на креативноста, зборуваше дека тој ќе пронајде нов начин на изразување, во тоа што го работи. Моќниот Плутон во полето на сексот и смртта (осмо), покажуваше огромна сексуална енергија и сексапил. Но, зборуваше и за нерешени кармички долгови од минатиот живот поврзани со сексот. Додека агресивниот Марс сместен високо на небото, во полето на угледот и кариерата (десетто), откриваше енергичен пристап во работењето и покажуваше дека Елвис одлично би се снашол и во улога на војник или полицаец. Така, за разлика од студениот и пресметан Јарец, ѕвездите во моментот на неговото раѓање направија од Елвис Јарец со бурен темперамент, роб на страстите, човек кој не можеше да им каже “не” на жените, алкохолот, дрогата и на кокетирањето со смртта.

Две работи во неговиот живот беа пресудни што тој подоцна ја избра музиката, а не полициската значка. Првата беше подарокот што тој го доби од родителите за единаесеттиот роденден. Иако сакаше велосипед, доби гитара, бидејќи таа беше поевтина. Чинеше само 12 долари и 95 центи. Вториот судбински настан што влијаеше врз формирањето на неговата личност беше селидбата на Прислиеви во црнечкиот дел на Тупело. Беше тоа несфатливо за околината. Но, тие не размислуваа дали на тој начин ги кршат непишаните расни закони, се додека за истите пари можеа да добијат поголем стан. Таму Елвис, освен кантри, започна да ја слуша и музиката на црнците, ритам и блуз и госпел.

1948А, кога во 1948 година, Јупитер, планетата на среќата, транзитираше преку неговиот Асцендент и низ полето на личноста (прво), тој го означи новиот 12 годишен циклус во неговиот живот. Во тој период Прислиеви се преселија во Мемфис, а Елвис работеше ситни работи со цел да му помогне на семејниот буџет. Пушти да му растат залистоците, што за тогашните поими значеше долга коса. Почна да се облекува во црнечките продавници, што тогаш делуваше екстравагантно. И што е најважно, прв пат слушна дека “некој Сем Филипс” отворил студио за снимање плочи и дискографска продукција Сан во Мемфис.

Кога во 1953 година, Јупитер минуваше низ неговото поле на работата (шесто), харизматичниот Нептун низ неговото поле на угледот, а Кармичкиот Јазол во транзит ја допре неговата натална Венера и Северниот Месечев Јазол, во полето на парите, Елвис се вработи како возач. Тогаш за четири долари сними плоча која и ја подари на мајка си за роденден. Подоцна често навраќаше во студиото на Сем Филипс, со цел тој да го забележи и да го ангажира за некој од составите кои снимаа за Сан. Но, ништо немаше да биде од тоа, бидејќи на првите снимки Елвис звучеше лошо и несигурно, ако во тоа не се вмеша Судбината. Мерион Кискер, секретарката и љубовница на Сем Филипс, беше освоена од мешавината на срамежливост и самоувереност на Елвис. Таа го натера својот шеф да му даде шанса. Меѓутоа, кога снимањето почна, Елвис беше се понесигурен и се полошо пееше. Тогаш Сем Филипс викна двајца локални музичари да му помогнат на младиот пејач. Кога при крајот на снимањето, за да се опуштат, тие започнаа да свират забрзана верзија на ритам и блуз хитот “That’s All Right Mama”, Сем беше одушевен. Ѕвездата беше родена. Но, беше тоа и раѓање на рокенролот.

– Меѓутоа, од каде доаѓаше несигурноста и срамежливоста на Елвис?

Заради вроденото чувство на помала вредност, Јарците обично се однесуваат воздржано и се чувствуваат несигурно се додека не успеат во животот, додека не станат некој и нешто. Во случајот на Елвис, уште поголема причина е цврстата прегратка меѓу Месечината, показателот на чувствата, и студениот Сатурн, во моментот на неговото раѓање. Тоа зборува дека растејќи во средина сиромашна со љубов или со пари, каде што акцентот беше ставан на обврските, работата и должностите, тој започна да се срами од своите чувства и да ги потиснува. Така, местото на животната радост го завзема тагата. Додека самодовербата исчезна пред чувството дека не вреди. Од тој момент Елвис се трудеше да биде совршен во се, со цел да биде прифатен. Доказ за чувството на помала вредност кај Елвис се големите и бизарни парчиња накит што тој ги носеше подоцна кога стана славен.

Меѓутоа, до славата и успехот не дојде лесно. Зад сето тоа се криеше огромен труд, работа до изнемоштеност, барање перфекција во музичката изведба, но и во својот имиџ. Па иако Сем Филипс знаеше да каже дека ќе заработи милиони кога ќе најде “белец кој ќе пее како црнец”, тој за да ги отплати своите долгови во ноември 1955 година го продаде договорот со Елвис на дискографската куќа RCA, за 35.000 долари. Така, нов менаџер на Елвис Присли стана полковникот Том Паркер. Тоа се случуваше во исто време кога Кармичкиот Јазол во транзит го допре неговиот Асцендент, а Кирон неговиот натален Северен Месечев Јазол, во полето на парите. Елвис го сними својот прв сингл за RCA, “Heartbreak Hotel”, кој беше продаден во милионски примероци. А, веќе следната година, тој потпиша договор со Paramount Pictures за снимање на седум филма.

март 1957А кога во март 1957 година транзитниот Јупитер влезе во неговото поле на угледот, а Кармичкиот Јазол го допре неговиот натален Јупитер, планетата на благосостојбата, Елвис го купи големиот имот наречен Грејсленд и раскошно го уреди, не знаејќи дека тоа ќе биде неговиот златен кафез до крајот на животот. Тогаш, пред Божиќ ‘57 година, во екот на својата популарност, Сатурн, реализаторот на судбината, во транзит го допре неговиот Асцендент, обидувајќи се да го приземји и да испита што до тогаш научил од животот. Божиќ ‘57Затоа, токму тогаш, пред Божиќ ‘57, Елвис доби повик за служење на воениот рок. Сатурн во полето на неговата личност (прво), престојуваше до март ’60 година. И навистина тие три години за Елвис беа пеколни. Тој прекина со пеењето. Воениот рок го служеше далеку од дома, во Германија. А, дното го допре во август ‘58 година, кога почина неговата мајка од хепатитис, на само 46 години.

– Дали навистина беше мамин син, како што тогаш многумина зборуваа?

Астрологијата го потврдува тоа. Растејќи покрај татко кој постојано беше намрштен и молчалив, Елвис силно се врза за мајка си. Па со цел да ја задоволи и да ја обезбеди нејзината љубов, тој се обидуваше да биде примерен во се. Оттаму перфекционизмот во неговото однесување и потребата да направи нешто спектакуларно, повеќе од другите. Имено, Сонцето, симболот за таткото и егото, во неговата карта е нападнато од Марс и Плутон. Додека Месечината, симболот за мајката и чувствата, е задушена од Сатурн.

И како што ѕвездите претскажаа, Елвис се врати во Америка во март 1960 година. За среќа, неговата слава беше се уште незамаглена, бидејќи неговиот менаџер од време на време, додека тој беше во војска, објавуваше по некоја од песните што Елвис ги сними како “резерва” пред заминување. Меѓутоа, за неговата огромна популарност беше заслужен и оригиналниот начин на кој што тој ги изведуваше песните и неговиот сексапил. Ќе остане запаметен по своето еротско движење со колковите, кое до тогаш беше изразно средство на црнците во музиката. На тој начин, преку својата музика, свесно или не, тој придонесе за бришење на разликите меѓу расите, класите, половите и верата. А, бидејќи музиката е начин на комуникација, тој беше прифатен во целиот свет. За тоа еднаш рече: “Додека бев на сцената и пеев побрзи работи сите врескаа. Се прашував што тоа им правам. Кога се симнав од сцената, менаџерот ми рече дека реакциите на публиката беа бурни поради тоа што ги нишав колковите. А јас не чувствував дека моето тело се движи. Тоа за мене беше толку природно.”

Што се однесува до неговиот љубовен живот, Елвис Присли својата врска со Присцила Болије ја круниса со брак во 1967 година, кога Кармичкиот Јазол минуваше низ неговото поле на љубовта и децата (петто). Една година подоцна тие добија ќерка. Но, низ неговиот кревет продефилира цела река непознати жени и речиси сите тогаш актуелни убавици на Холивуд, почнувајќи од Ен Маргарет, преку Урсула Андрес, до Натали Вуд.

– Дали Елвис беше енергичен во кревет како што беше на сцената?

Напротив, ѕвездите откриваат дека тој беше воздржан љубовник, без многу фантазија и иницијатива. Тоа го потврдуваат Венера во студениот Јарец и Месечината во близок контакт со студениот Сатурн, владетелот на Јарецот. Всушност, тој од жените бараше само присуство, компензација за мајка си, а не вистински партнерки во животот. Но, тоа не значи дека немаше бурен сексуален живот. Ексцентричниот Уран во полето на љубовта зборува за необични случувања на тој план и перверзии. Една од неговите љубовници, Натали Вуд, на прашањето на сестра си “Каков е Елвис?” и призна: “Елвис навистина знае да пее, но не знае речиси ништо друго.”

– Што беше причината за неговото деструктивно однесување, за претерувањето со храната, алкохолот и дрогите?

Сонцето нападнато од агресивниот Марс и Плутон во неговата карта, говори за недостаток на самоконтрола, за неумереност и потреба од постојано докажување. Уште повеќе што Асцендентот се наоѓа во хедонистички расположениот Стрелец, а Јупитер, неговиот владетел, во порочната Шкорпија. Така, Елвис ќе остане запаметен по неговата пасија кон автомобилите, по тоа што направи возен парк од Кадилаци. Меѓу нив отскокнуваше оној што беше украсен со дијаманти и ориентални теписи.

Но, Елвис ќе остане запаметен и по неговиот невкус во облекувањето, по претераното китење со крупни парчиња накит, со кои го криеше чувството на помала вредност. Сепак, имаше тој и позитивни фази, кога вишокот енергија го трошеше преку јавањето, фудбалот и каратето, каде што дојде до црн појас. Можеби затоа, неговото его претрпе уште поголем удар, кога по пет години брак, Присцила го напушти заради учителот по карате. А, формално се разведоа во октомври ‘73 година, кога Сатурн транзитираше низ неговото поле на бракот.

Тогаш неговиот вешто сокриван страв од осаменоста започна да се претвора во реалност. Тука не можеа да помогнат ниту настапите пред публика, ниту лековите, ниту младите љубовници. Од нив бараше само да бидат со него во кревет, но немаше сила за секс. Осаменоста течеше по неговите жили, му удираше во ушите, го плашеше од секој агол, го оддалечи од пријателите. Тогаш се случи она што лекарите одамна го најавуваа. Кралот почина на 16 август 1977 година, од срцев удар. Но, за иронијата да биде поголема, кралот не почина на трон, туку на WC шолја. Во тој момент, Кармичкиот Јазол и Плутон во транзит го допреа неговиот натален Марс во полето на угледот. Марс минуваше низ неговото поле на јавноста, додека Нептун транзитираше низ Асцендентот. Тоа покажува дека веста за неговата смрт одекна како бомба и му даде нова димензија на неговиот живот.

Грејсленд, неговиот дом, е претворен во музеј и стана место на кое што доаѓаат на поклонение луѓе од целиот свет. Некои од нив дури се убедени дека тој се уште е жив. Како и да е, неговите плочи и денес се продаваат во милиони примероци. А, времето ги разубавува спомените на минатото. Па денес никој не го помни Елвис како зависник од лекови, ниту го помни случајот кога тој во бес искрши дузина телевизори. Малкумина се сеќаваат дека тој со авион одеше дури до Лас Вегас, само да купи хамбургер. Дури и најголемиот број жени што поминаа низ неговиот кревет само една ноќ, денес велат дека тој беше џентлмен.

И покрај молскавичниот подем од сиромашен до богат човек, Елвис и понатаму наликуваше на обично момче од Мемфис. Затоа, неговиот трагичен крај и начинот на кој се загуби во светот на возрасните, го однесоа во легенда.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Водолиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.


Наталната карта ми помогна да си одговорам на некои дилеми и ми даде смерница за понатаму. 

Данче К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


Симболика на планетите во хороскопот
 

Сонце

 
Симбол за егото, личноста, индивидуалноста, самореализацијата, виталноста, честа. Симбол за таткото, желбата за моќ, лидерските способности.
 

Месечина

 
Симбол за чувствата, љубовта, грижата, навиките, несвесниот ум, интуицијата и инстинктивните реакции. Симбол за женственоста, мајчинството, мајката и сопругата. Симбол за душата и популарноста.
 

Меркур

 
Симбол за интелигенцијата, мисловниот процес, разумот, логиката, начинот на изразување. Симбол за говорот, слухот, пишувањето, комуникациите, брзината и итрината. Симбол за братот.
 

Венера

 
Симбол за убавината, хармонијата, љубовта, задоволствата, уметноста, грациозноста, модата и социјалниот живот. Симбол за сестрата и љубовницата.
 

Марс

 
Симбол за импулсот, иницијативата, акцијата, личната енергија, натпреварувачките пориви, освојувањето, агресивноста, воинственоста. Симбол за машкоста, мажот, за страстите и сексуалноста.
 

Јупитер

 
Симбол за среќата, експанзијата, благосостојбата, богатството, неумереноста. Симбол за правдата, моралот, законот, религијата, духовноста, филозофијата. Симбол за потребата од слобода, за далечните патувања, превземањето ризици. Заштитник на политичарите и високото образование.
 

Сатурн

 
Симбол за маките и искушенијата, за ограничувањата, амбицијата, способноста за тешка работа, дисциплината, реализатор на судбината. Симбол за стрпливоста, концентрацијата, суровоста, аскетизмот, сериозноста, непоткуплив учител.
 

Уран, Нептун и Плутон се трансцендентални планети. Затоа имаат повеќе нивоа на вибрации. Човекот со повисоко ниво на свеста ги користи обично повисоките вибрации.
 

Уран

 
Ниво 1:
Симбол за бунтувањето, неконвенционалноста, слободата, непредвидливоста, ексцентричноста, хазардерството, радикалните промени.
 
Ниво 2:
Симбол за неправолиниската логика, идеализмот, прогресивноста, ослободеноста од предубедувања, за оригиналноста, пронаоѓаштвото, електрицитетот.
 
Ниво 3:
Симбол за Божјата волја, антена за Универзалниот Ум.
 

Нептун

 
Ниво 1:
Владетел на морињата, симбол за мистицизмот, илузиите, конфузијата, лагите, менталните болести, религиозните институции, болниците, затворите. Симбол за слабоста кон алкохолот, лековите и дрогите, за отровите.
 
Ниво 2:
Симбол за харизмата, креативноста, фантазиите, визионерството, инспирацијата, идеализмот, мисионерската работа. Симбол за гламурот, покровител на музиката, заштитник на уметноста и уметниците.
 
Ниво 3:
Антена за Универзалната Љубов.
 

Плутон

 
Ниво 1:
Симбол за подземјето, душите, смртта, насилството, контролата. Симбол за магнетската привлечност, скриената моќ, сексот, храброста, полицијата, таинствените служби, детективската работа, хирургијата, крупниот бизнис.
 
Ниво 2:
Симбол за метаморфозите на личноста, регенерацијата, одговорен за кармичките лекции.
 
Ниво 3:
Симбол за повисоката духовна свест.
 

Северен Месечев Јазол (Кармички Јазол)

 
Симбол за кармата, иницијатор на позитивни пресврти во животот.
 

Кирон

 
Симбол за областа каде што душата била длабоко ранета во минатото. Привлекува искуства кои го засилуваат прималното искуство на болка и отфрлање.
 


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија (тековен стил) Риби