In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати портрети:

Џакомо Џироламо Казанова

Џон Траволта

Алберт Ајнштајн

Боно Вокс

Волт Дизни

Грета Гарбо

Грејс Кели

Елвис Присли

Карлос Сантана

Катрин Денев

Квентин Тарантино

Леонардо Ди Каприо

Лудвиг Ван Бетовен

Марија Калас

Мајка Тереза

Натали Вуд

Никола Тесла

Нострадамус

Опра Винфри

Пако Рабан

Расел Кроу

Саи Баба

Салвадор Дали

Селин Дион

Шаде Аду


Адолф Хитлер

Адолф Хитлер - Натална карта

Симболика на полињата во хороскопот
 
Прво
 
Поле на личноста, појавноста, индивидуалноста, градбата на телото, животната енергија, егото. Поле на почетокот на животот и симбол за сите почетоци. Природно поле на Овенот.
 
Второ
 
Поле на парите, на способноста за заработување и начинот на богатење. Поле на вредностите, вредносните системи и приоритетите во животот. Природно поле на Бикот.
 
Трето
 
Поле на интелектот, на свесното јас, на основното образование, говорот, пишувањето. Поле на комуникациите, сообраќајот, кратките патувања, писмата и документите. Поле на браќата, сестрите, соседите, роднините. Природно поле на Близнаците.
 
Четврто
 
Поле на потеклото, претците, психата, наследените таленти и болести. Поле на родителите, мајката, домот, детството. Почеток и крај на животот, ембрион и гроб. Природно поле на Ракот.
 
Петто
 
Поле на дадената љубов, еротиката, сексот заради забава, децата. Поле на креативноста, забавата, авантурите, лесната заработувачка, коцкањето, игрите на среќа, шпекулациите, спортот. Природно поле на Лавот.
 
Шесто
 
Поле на работата, должностите, работната просторија, помошниците во работата, потчинетите, слугите. Поле на несвесното јас, навиките, услужните дејности. Поле на здравјето, храната, облеката, домашните животни. Природно поле на Девицата.
 
Седмо
 
Поле на бракот, партнерствата, односите со јавноста, јавните признанија и награди. Поле на јавните непријатели, ривалите, судењата. Природно поле на Вагата.
 
Осмо
 
Поле на смртта, страдањето, ударите на судбината. Поле на сексот, регенерацијата, метаморфозите. Поле на туѓите пари, спонзорства, кредитите, даноците, парите на партнерот, од осигурителните компании, наследствата. Поле на окултното, парапсихологијата, црната магија. Природно поле на Шкорпијата.
 
Деветто
 
Поле на странство и долгите патувања, на високото образование, интелектот. Поле на законот, издавачката дејност, роднините на партнерот. Поле на Божествената мудрост, на духовноста, филозофијата, религијата, метафизиката. Поле на супер егото. Природно поле на Стрелецот.
 
Десетто
 
Поле на угледот, статусот, кариерата, славата, на професиите поврзани со јавноста. Поле на таткото. Природно поле на Јарецот.
 
Единаесетто
 
Поле на интелектот, на плановите, надежите, целите и желбите. Поле на пријателите, врските, протекциите, симпатиите на околината. Поле на социјалната и хуманитарна работа, на околностите кои не зависат од вашата контрола, на добиената љубов. Природно поле на Водолијата.
 
Дванаесетто
 
Поле на несвесното јас, скриената сила, изолациите, тајните, ограничувањата, хроничните болести, психичките проблеми, искушенијата. Поле на затворите, болниците, манастирите, криминалот, измамите, фрустрациите, егзилот, жртвувањата, таинствените непријатели. Природно поле на Рибите.

Адолф Хитлер
 

Една од најконтроверзните личности не само на 20-иот век, туку во целата историја на човештвото, Адолф Хитлер, се роди вечерта на 20-ти април 1889 година во Браунау, мало село на границата меѓу Австрија и Германија. Се роди во моментот кога Сонцето туку што зачекоруваше во делот на еклиптиката што му припаѓа на упорниот, тврдоглав, но мрзлив Бик. Подзнакот се наоѓаше во уметнички надарената Вага. А, Месечината во властољубивиот Јарец. Нејзиниот пак владетел, неподмитливиот Сатурн, беше сместен во близина на Зенитот, што укажува на лош однос со таткото. И навистина неговиот татко знаеше да го понижува малиот Адолф, со што во него го разбуди чувството на помала вредност. Тоа објаснува зошто Хитлер подоцна не можеше да најде мир се додека не се дограби до позицијата од моќ и власт. Но, што е најпарадоксално, тој кој беше лидер на движењето кое најголемо значење му придаваше на потеклото на личноста, имаше многу “заплеткани” корени од кои се срамеше и кои ги криеше целиот свој живот.

Меѓутоа, да тргнеме со ред.

Значи, таткото на Адолф Хитлер, Алојз, беше суров и насилен човек. Тој всушност беше “каменот” од кој постојано се сопнуваа самопочитта и самодовербата на малиот Адолф. Но, Алојз е само уште еден доказ дека зад суровото однесување на речиси секој човек се крие рането срце. Имено, тој беше вонбрачен син на готвачката Марија Шиклгрубер. На времето се зборуваше дека Алојз е можеби син на сиромашниот воденичар Јохан Хидлер. Но, бидејќи Марија Шиклгрубер работеше како готвачка во куќата на богатата еврејска фамилија Франкенбергер, се “шушкаше” дека таа всушност забремени од синот на својот работодавач. Додека воденичарот Хидлер се ожени со неа, за да ја спаси од срамот. Како и да е, Марија Шиклгрубер се омажи за Јохан Хидлер кога Алојз наполни 5 години. А, Адолф Хитлер, нивниот внук и син, никогаш не дозна кој беше навистина неговиот дедо. Можеби и не се интересираше премногу за тоа, уплашен дека ќе дознае и за своите еврејски корени.

– Но, од каде тогаш го доби презимето Хитлер, кое во колективната свест на човештвото ќе остане запаметено како едно од најозлогласените презимиња во човечката историја?

Одговорот е тривијален. Имено, кога наполни 39 години, Алојз Шиклгрубер го зеде презимето на својот очув Хидлер. Но кога се потпишуваше во општина, името беше спелувано како Хитлер. И никој во тој момент не знаеше дека тоа име во следниот век ќе го “тресе светот”. Недовербата, презирот или срамот што Алојз ги чувствуваше кон мајка си подоцна негативно се рефлектираа во неговиот љубовен живот. Така, по бројните афери и двата брака зад себе, 48 годишниот Алојз Хитлер ја забремени внуката на Јохан Хидлер, човекот што го посвои, 24 годишната Клара Ползл. Технички, по промената на презимето од Шиклгрубер во Хидлер, излегуваше дека Клара е и негова внука. Па, бракот беше склучен дури со дозвола од католичката црква. А, Адолф се роди по 4 години и по 3 неуспешни породувања на Клара, во услови на многу “заплеткани корени и неразјаснети гранки” од семејното стебло.

Адолф Хитлер, како дете пееше во црковниот хор, ги обожаваше приказните од дивиот запад и играта каубојци-индијанци, ја проучуваше германската историја, беше одушевен од Бизмарк и Вагнер и сонуваше да стане голем уметник.

Астрологијата би рекла дека тоа не е чудно, ако се знае дека во неговата натална карта е нагласен Бикот, кој има вродено чувство за уметност и естетика. Неговиот Асцендент се наоѓа во рафинираната Вага. Во полето на јавноста (седмо) е сконцентрирана енергијата на Сонцето, симболот за егото, Венера, симболот на уметноста, и воинствениот Марс. Додека Јупитер е во близок контакт со Месечината, што говори за популарност, моќ за убедување на широките народни маси, па дури и за популизам.

И можеби историјата на светот ќе беше сосема поинаква ако Адолф Хитлер не беше 2 години по ред (1907, 1908) одбиван од комисијата за упис на “Академијата на уметностите” во Виена, со образложение дека “неговите цртежи не укажуваат на уметнички таленти и дека е забележлив недостатокот на почит кон човечките форми”.

1909Отфрлен и разочаран, но мрзлив како и секој Бик, тој не прифаќаше да работи било што. Па, изгладнет и измрзнат, зимата 1909 година тој се всели во прифатилиштето за бездомници во Виена и таму остана неколку години. Сето тоа се случуваше додека Сатурн, креаторот на проблемите, транзитираше низ неговото поле на работата (шесто). А, Јупитер, планетата на среќата, минуваше низ полето на болниците и прифатилиштата за бездомници (дванаесетто). Во тој период, Адолф заработуваше за живот цртајќи пејзажи од Виена и продавајќи ги во еврејските продавници.

1921На Германската Работничка Партија, која подоцна го смени името во Национал-Социјалистичка Работничка Партија, тој и се приклучи во 1919 година. А, кога во 1921 година, харизматичниот Нептун минуваше низ неговото поле на кариерата (десетто), додека Кармичкиот Јазол во транзит го допре непредвидливиот Уран и неговиот Асцендент, Хитлер ја завзема лидерската позиција во својата партија. Оттука па натаму, се е веќе историја. За себе тогаш кажа: “Го гледам својот пат со прецизност и сигурност на месечар. Јас не можам да згрешам. Се што ќе кажам и направам има историско значење”. Многу арогантна и самобендисана изјава. Но, и ѕвездите потврдуваат дека станува збор за арогантен и упорен човек, вистински егоцентрик, со претерана желба за афирмација. Имено, Месечината, симболот за чувствата, се наоѓа во властољубивиот Јарец. Сатурн во десеттата куќа, во суетниот Лав, зборува за претерана амбициозност и подготвеност да “гази по трупови”, само за да дојде до позиција од моќ. Додека цврстата прегратка меѓу моќниот Плутон и Нептун, заштитникот на опојните средства, во полето на сексот и метаморфозите (осмо), зборува за чудни сексуални фантазии, опседнатост со магијата и окултното и користење на дрогите за постигнување на состојби на проширена свест. Од друга страна, концентрацијата на планетите во близина на Десцендентот и во седмото поле на хороскопот, и тоа во Бик кој има чувство за естетиката на формите, говори дека можеше тоа да биде и хороскоп на некој уметник. Познато е дека Хитлер ја сакаше архитектурата и ја знаеше вредноста на уметничките дела. Тогаш не е чудно што неговата војска го крадеше уметничкото богатство од земјите кои ги освојуваше и го носеше во Германија. Такви беа наредбите на Фирерот, а Фирерот како и секој Бик, уживаше да прави колекции од уметничките предмети.

Можеби е помалку позната Хитлеровата опседнатост со окултното. На тоа укажува нагласеното природно поле на Шкорпијата и окултното (осмо), а во него се сместени Плутон и Нептун. Веројатно малкумина знаат дека уште како дете Хитлер се интересираше за магијата. Па, се приклучи во редовите на сектата наречена Туле, која се занимаваше со црна магија. Затоа, не случајно, свастиката, религиозниот симбол на ариевците и индо-европејците, што е знак за здравје, среќа и живот, тој го претвори во црн кукаст крст, симбол на нацизмот и деструкцијата. Некои дури сметаат дека инициран од водачите на сектата Туле, тој ги држеше своите говори во транс, под дејство на дрога. Тоа според ѕвездите е сосема веројатно. Но, така можат да се објаснат и промените во неговиот говор, бојата на гласот и изразот на лицето, кога тој зборуваше пред публика. Сведоците тврдеа дека кога Хитлер доживуваше тешки кризи, сите мораа да го напуштат, освен лекарот кој му даваше дроги, а Мартин Борман го носеше во храмот на сектата каде низ магиски ритуали му се повраќаше силата на Фирерот. Дури се мисли дека и уништувањето на илјадници човечки животи во гасните комори е само дел од ритуалите на оваа секта. Од друга страна, Винстон Черчил знаеше колку магијата му значи на Хитлер, па ангажираше чета на гатачи и јасновидци кои требаше да ја намалат моќта на Хитлеровата магија и да ги предвидат неговите идни потези. Хитлер ги мразеше и астролозите. Па, во негово време, во логорите на смртта завршија најпознатите германски астролози, со што прекина работата на германската астролошка школа.

Но, Хитлер ги мразеше и хомосексуалците. Сепак некои биографи тврдат дека тој имаше хомосексуални склоности.

– Што вели астрологијата за неговата сексуалност?

Личностите кај кои што Сатурн се наоѓа во десеттото поле од наталната карта, обично не можат длабоко да ги доживеат машките аспекти од сопствената личност, се сомневаат во својата машкост. Во случајот на Хитлер, тоа може да се објасни со понижувањата што тој ги доживеа од страна на татка си и заради кои не можеше да се идентификува со него во детството. Од друга страна, блискиот контакт меѓу Венера, планетата на љубовта и агресивниот Марс во неговиот хороскоп, открива дека Хитлер беше раздразлив човек, склон на нагли, краткотрајни и бурни реакции, човек со груб говор, без такт во однесувањето кон жените, невротичен во сексот. Всушност тој беше сексуално привлечен само за личностите со слични особини. Во екстремни случаи, оваа врска меѓу Венера и Марс предизвикува бисексуалност. Кога сите овие аспекти ќе се земат во предвид, може да се заклучи дека Хитлер веројатно имаше бизарни сексуални потреби, но не беше хомосексуалец. Додека, хомосексуалците ги мразеше од дното на душата бидејќи несигурен во својата машкост, веројатно се плашеше да не стане еден од нив.

– И што уште да се каже за најконтроверзниот лик од поновата светска историја?

Тој што ги мразеше Евреите, можеби и самиот имаше еврејска крв.

Тој што се сомневаше во инцестуозниот брак на своите родители, одржуваше инцестуозна врска со својата внука Гели Раубал, се до нејзината смрт.

Тој што го мразеше татка си поради неговата суровост, ќе остане запаметен како една од најсуровите личности во историјата.

Тој што избегна да го служи воениот рок во Австрија, се пријави за доброволец во Првата Светска војна, а ја започна Втората.

Тој што по смртта на Гели Раубал, се згрози од месото па стана вегетаријанец поради што требаше да биде мирољубив, секојдневно ја поттикнуваше својата агресија со 500 грама чоколада.

Тој што не го сакаше спортот, заради свој маркетинг прифати Олимписките игри да се одржат во Берлин 1936 година. Но одби да му ја предаде наградата на четирикратниот победник, црнецот Џеси Овенс.

Тој што беше левичар, целиот живот го помина како краен десничар.

1945А, својата животна приказна ја заврши на 56 години, во еден бункер во Берлин. Но, години и години по неговата смрт мислењата на луѓето за начинот и времето на неговото умирање беа поделени. На тоа укажува Нептун, планетата на тајните, илузиите и отровите, сместена во полето на смртта, во неговата карта. Конечно, во 1992 беше дефинитивно потврдено дека двете изгорени тела што беа најдени во бункерот во Берлин, на 30 април 1945 година, навистина беа телата на Адолф Хитлер и Ева Браун, неговата долгогодишна љубовница, со која се ожени два дена пред да зачекорат во смртта. Ѕвездите всушност го претскажаа тоа, бидејќи Венера, владетелка на неговото поле на смртта (осмо), се наоѓа во полето на брачниот партнер (седмо), во жесток контакт со агресивниот Марс. Додека непредвидливиот Уран во тој период минуваше низ неговото поле на смртта.

– Дали историјата на светот ќе беше поинаква ако Хитлер беше примен на академијата на уметностите во 1907 година?

Постои голема веројатност тврдат ѕвездите, бидејќи тогаш ќе ја канализираше енергијата на конструктивен начин, во креативна работа. Доказ за тоа е Чарли Чаплин кој е роден неколку дена пред Хитлер, на 16-ти април 1889 и има слични аспекти во наталната карта, значи и сличен карактер. Но, додека Хитлер навистина си играше со светот, Чаплин тоа го правеше во својата комедија “Диктатор”. Додека Хитлер водеше војна, Чаплин водеше љубов со многу жени. Додека Хитлер сееше бомби, Чаплин “сееше”деца насекаде по светот. Така Чаплин остана запаметен по добро, додека Хитлер сите го поврзуваат со злото. И конечно, ако на светот требаше да му се случи Втората светска војна, тогаш Судбината ќе најдеше друг човек, со слични особини, да ја реализира кармата на човештвото.

А, животот покажува дека се е релативно. Можеби Нострадамус ги именуваше Наполеон и Хитлер како Антихристи. Но, историјата ја пишуваат победниците. Па, Наполеон до ден денешен е славен во Франција како еден од нејзините најголеми императори. Веројатно истото ќе го направеше и Германија, ако победата отидеше во рацете на Адолф Хитлер. Меѓутоа, на оние што ги прекршуваат Вселенските закони Судбината најчесто им дозволува да добијат по некоја битка, ако е тоа во интерес на исполнувањето на нивните кармички задачи. Но, никогаш не им дозволува да ја однесат победата.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Од секогаш сакав да си одговорам на моите големи, длабоки прашања. После средбата со вас и читањето на мојата натална карта сите одговори си дојдоа на своето место... Наталната карта ме разбуди, упати да тргнам по правата патека од мојот живот. 

Р.Б., Штип


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


Симболика на планетите во хороскопот
 

Сонце

 
Симбол за егото, личноста, индивидуалноста, самореализацијата, виталноста, честа. Симбол за таткото, желбата за моќ, лидерските способности.
 

Месечина

 
Симбол за чувствата, љубовта, грижата, навиките, несвесниот ум, интуицијата и инстинктивните реакции. Симбол за женственоста, мајчинството, мајката и сопругата. Симбол за душата и популарноста.
 

Меркур

 
Симбол за интелигенцијата, мисловниот процес, разумот, логиката, начинот на изразување. Симбол за говорот, слухот, пишувањето, комуникациите, брзината и итрината. Симбол за братот.
 

Венера

 
Симбол за убавината, хармонијата, љубовта, задоволствата, уметноста, грациозноста, модата и социјалниот живот. Симбол за сестрата и љубовницата.
 

Марс

 
Симбол за импулсот, иницијативата, акцијата, личната енергија, натпреварувачките пориви, освојувањето, агресивноста, воинственоста. Симбол за машкоста, мажот, за страстите и сексуалноста.
 

Јупитер

 
Симбол за среќата, експанзијата, благосостојбата, богатството, неумереноста. Симбол за правдата, моралот, законот, религијата, духовноста, филозофијата. Симбол за потребата од слобода, за далечните патувања, превземањето ризици. Заштитник на политичарите и високото образование.
 

Сатурн

 
Симбол за маките и искушенијата, за ограничувањата, амбицијата, способноста за тешка работа, дисциплината, реализатор на судбината. Симбол за стрпливоста, концентрацијата, суровоста, аскетизмот, сериозноста, непоткуплив учител.
 

Уран, Нептун и Плутон се трансцендентални планети. Затоа имаат повеќе нивоа на вибрации. Човекот со повисоко ниво на свеста ги користи обично повисоките вибрации.
 

Уран

 
Ниво 1:
Симбол за бунтувањето, неконвенционалноста, слободата, непредвидливоста, ексцентричноста, хазардерството, радикалните промени.
 
Ниво 2:
Симбол за неправолиниската логика, идеализмот, прогресивноста, ослободеноста од предубедувања, за оригиналноста, пронаоѓаштвото, електрицитетот.
 
Ниво 3:
Симбол за Божјата волја, антена за Универзалниот Ум.
 

Нептун

 
Ниво 1:
Владетел на морињата, симбол за мистицизмот, илузиите, конфузијата, лагите, менталните болести, религиозните институции, болниците, затворите. Симбол за слабоста кон алкохолот, лековите и дрогите, за отровите.
 
Ниво 2:
Симбол за харизмата, креативноста, фантазиите, визионерството, инспирацијата, идеализмот, мисионерската работа. Симбол за гламурот, покровител на музиката, заштитник на уметноста и уметниците.
 
Ниво 3:
Антена за Универзалната Љубов.
 

Плутон

 
Ниво 1:
Симбол за подземјето, душите, смртта, насилството, контролата. Симбол за магнетската привлечност, скриената моќ, сексот, храброста, полицијата, таинствените служби, детективската работа, хирургијата, крупниот бизнис.
 
Ниво 2:
Симбол за метаморфозите на личноста, регенерацијата, одговорен за кармичките лекции.
 
Ниво 3:
Симбол за повисоката духовна свест.
 

Северен Месечев Јазол (Кармички Јазол)

 
Симбол за кармата, иницијатор на позитивни пресврти во животот.
 

Кирон

 
Симбол за областа каде што душата била длабоко ранета во минатото. Привлекува искуства кои го засилуваат прималното искуство на болка и отфрлање.
 


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби