In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати портрети:

Џакомо Џироламо Казанова

Џон Траволта

Адолф Хитлер

Алберт Ајнштајн

Боно Вокс

Волт Дизни

Грета Гарбо

Елвис Присли

Карлос Сантана

Катрин Денев

Квентин Тарантино

Леонардо Ди Каприо

Лудвиг Ван Бетовен

Марија Калас

Мајка Тереза

Натали Вуд

Никола Тесла

Нострадамус

Опра Винфри

Пако Рабан

Расел Кроу

Саи Баба

Салвадор Дали

Селин Дион

Шаде Аду


Грејс Кели

Грејс Кели - Натална карта

Симболика на полињата во хороскопот
 
Прво
 
Поле на личноста, појавноста, индивидуалноста, градбата на телото, животната енергија, егото. Поле на почетокот на животот и симбол за сите почетоци. Природно поле на Овенот.
 
Второ
 
Поле на парите, на способноста за заработување и начинот на богатење. Поле на вредностите, вредносните системи и приоритетите во животот. Природно поле на Бикот.
 
Трето
 
Поле на интелектот, на свесното јас, на основното образование, говорот, пишувањето. Поле на комуникациите, сообраќајот, кратките патувања, писмата и документите. Поле на браќата, сестрите, соседите, роднините. Природно поле на Близнаците.
 
Четврто
 
Поле на потеклото, претците, психата, наследените таленти и болести. Поле на родителите, мајката, домот, детството. Почеток и крај на животот, ембрион и гроб. Природно поле на Ракот.
 
Петто
 
Поле на дадената љубов, еротиката, сексот заради забава, децата. Поле на креативноста, забавата, авантурите, лесната заработувачка, коцкањето, игрите на среќа, шпекулациите, спортот. Природно поле на Лавот.
 
Шесто
 
Поле на работата, должностите, работната просторија, помошниците во работата, потчинетите, слугите. Поле на несвесното јас, навиките, услужните дејности. Поле на здравјето, храната, облеката, домашните животни. Природно поле на Девицата.
 
Седмо
 
Поле на бракот, партнерствата, односите со јавноста, јавните признанија и награди. Поле на јавните непријатели, ривалите, судењата. Природно поле на Вагата.
 
Осмо
 
Поле на смртта, страдањето, ударите на судбината. Поле на сексот, регенерацијата, метаморфозите. Поле на туѓите пари, спонзорства, кредитите, даноците, парите на партнерот, од осигурителните компании, наследствата. Поле на окултното, парапсихологијата, црната магија. Природно поле на Шкорпијата.
 
Деветто
 
Поле на странство и долгите патувања, на високото образование, интелектот. Поле на законот, издавачката дејност, роднините на партнерот. Поле на Божествената мудрост, на духовноста, филозофијата, религијата, метафизиката. Поле на супер егото. Природно поле на Стрелецот.
 
Десетто
 
Поле на угледот, статусот, кариерата, славата, на професиите поврзани со јавноста. Поле на таткото. Природно поле на Јарецот.
 
Единаесетто
 
Поле на интелектот, на плановите, надежите, целите и желбите. Поле на пријателите, врските, протекциите, симпатиите на околината. Поле на социјалната и хуманитарна работа, на околностите кои не зависат од вашата контрола, на добиената љубов. Природно поле на Водолијата.
 
Дванаесетто
 
Поле на несвесното јас, скриената сила, изолациите, тајните, ограничувањата, хроничните болести, психичките проблеми, искушенијата. Поле на затворите, болниците, манастирите, криминалот, измамите, фрустрациите, егзилот, жртвувањата, таинствените непријатели. Природно поле на Рибите.

Грејс Кели
 

Грејс Кели се роди во богато семејство. Беше исклучително убава. За кратко време успеа да заблеска на Холивудското ѕвездено небо. Го сретна “принцот на белиот коњ” и докажа дека животот е само филм, а филмот е илузија бидејќи е ограничен со простор и време. А, во времето додека се одмотуваше нејзината животна лента, таа живееше како принцеза, не страдаше од тешки болести, не дочека тешка старост. И кога нејзината убавина започна да венее, таа доживеа сообраќајна несреќа. Почина на истиот начин и на истото место, каде што го снимаше својот последен филм. Филозофите тука би рекле дека никој не умира додека од длабочината на душата не го посака тоа. А, ние овој пат ќе се обидеме да допреме до причините за таквата желба.

Грејс Кели се роди на 12-ти ноември 1929 година во Филаделфија, САД. Се роди во знак и со подзнак во таинствената и магнетски привлечна Шкорпија. А, со Месечина во меланхоличните, но уметнички надарени Риби. Од овие податоци, астрологијата би рекла дека се работи за личност со челична волја комбинирана со длабоки и меланхолични чувства.

Уште веднаш, во нејзината натална карта, се забележува доминантната позиција на магот на илузијата, Нептун, кој зад превезот на блескавоста ја криеше нејзината вистинска природа. Но, и подари и магнетска привлечност со која таа го привлекуваше и одржуваше вниманието на публиката уште од мали нозе, па дури и по смртта. За нејзиното прво појавување пред публика, главен виновник беше нејзиниот татко, Џон Брендан Кели, кого сите го викаа Џек. Тој беше син на ирски емигрант и член на “Демократската партија” на Рузвелт. Така, во интерес на својата политичка кариера, Џек Кели позираше со семејството пред камерите, со цел во својата политичка кампања да се претстави себеси како семеен човек. Луѓето пак што го познаваа тврдеа дека е тој исклучително суетен. А, тој го докажа тоа многу пати. Посебно кога одбиваше да носи очила, со цел да не го расипе имиџот, иако имаше проблеми со видот.

– Но, каков беше односот на Грејс Кели кон татка си?

Картата покажува дека се работеше за човек кој не знаеше да ги покаже вистинските чувства, па дури и потценувачки се однесуваше кон неа. Тука Нептун ја направи главната илузија. Пречувствителната душа на малата Грејс, со цел да се заштити од суровата реалност започна да гради нереална, разубавена слика за него. Па дури му беше и приврзана и се трудеше да ја заслужи неговата љубов, задоволувајќи ги неговите желби. И токму од овој момент, таа започна да гради нереална слика за сите мажи во нејзиниот живот. Започна да трага по “принцот на белиот коњ”, со цел да ја задоволи суетата на татко и. До каде одеше неговата ароганција и бесчувствителност може да се види од моментот кога Грејс Кели во 1954 година го доби Оскарот за најдобра женска улога во филмот “Провинцијалка”. На прашањето на новинарите : “Дали се радува на успехот на својата ќерка?” Џек Кели одговори: “И дозволивме да биде актерка, бидејќи не знаевме која професија да ја одбере.”

1951Навистина потценувачко однесување, ако се знае дека на Грејс и беа потребни само неколку години, од 1951 до 1956, да стане холивудска ѕвезда. Можеби нејзиниот успех делумно се должеше на помошта од страна на чичко и Џорџ Кели, кој работеше како драматург. Но, најголемиот дел од успехот сепак се должеше на нејзиниот талент, убавина и секако на ѕвездите. Имено, на почетокот на 1951 година Кармичкиот Јазол транзитираше низ нејзиното поле на креативноста (петто) и ја допре наталната Месечина, симболот на популарноста. А, влијателниот Плутон транзитираше низ нејзиното поле на угледот и кариерата (десетто). Додека кон средината на истата година, Јупитер, планетата на среќата, минуваше низ нејзиното поле на работата (шесто). 1954Во 1954 година, кога Грејс Кели го доби Оскарот, преку нејзиниот Асцендент поминуваше Сатурн, реализаторот на судбината, кој во нејзиното поле на личноста (прво) остана до 1956 година.

– Меѓутоа, каква навистина беше Грејс Кели?

Харизматичниот Нептун во полето на угледот во нејзината карта и Венера во рафинираната Вага, сместена во близина на Асцендентот, ја скриваа нејзината вистинска личност зад превезот на убавината и харизматичноста. Така Грејс Кели на публиката и делуваше рафинирано, воздржано, гламурозно, кршливо, незаштитено и нежно. Но, ѕвездите тврдат дека е тоа само привид. Сонцето во Шкорпија, Асцендентот и воинствениот Марс повторно во силната и таинствена Шкорпија и сето тоа во полето на личноста (прво), откриваат дека се работи за силна личност, за челична волја и доследност. Истовремено, Меркур, планетата на разумот, во близина на Асцендентот, говори за исклучителна рационалност, пресметливост и таинственост. Можеби токму затоа никогаш не е забележан скандал во нејзиниот приватен живот. Па, дури ниту еден фотограф не успеа да ја “улови” со здолниште подигнато од ветрот. Додека оние кои работеа со неа тврдеа дека таа имаше љубовни врски речиси со сите партнери од филмовите: со Вилијам Холден, Бинг Крозби, Кери Грант, Клерк Гејбл, Гари Купер, Дејвид Нивен, Спенсер Траси. Па дури и со иранскиот шах, Реза Пахлави.

– Тогаш, каде ја трошеше огромната енергија што ја поседуваше, откако престана со снимањето филмови?

1955Сигурно во градењето на својот лик на принцеза, што го сфати како своја животна улога. Имено, додека таа го снимаше филмот “Држете го крадецот” во Кан и Монако, во 1955 година, стариот лисец, режисерот Алфред Хичкок, го покани принцот Рение Грималди да присуствува на снимањето. А веќе седум месеци подоцна, Грејс го напушти светот на филмот, својот љубовник Олег Касини, ја напушти Америка за да стане принцеза на кнежевството Монако. Ништо чудно ако се знае дека таа ’55 година, магот на илузиите Нептун, во транзит ја допре нејзината натална Венера, планетата на љубовта. Тоа открива дека Грејс Кели не го доживеа принцот Рение реално, на нивната прва средба. Во тој момент во нејзината глава започнаа да се создаваат розови слики за животот како принцеза. Затоа, под дејство на магијата на Нептун, таа во принцот со просечни карактеристики виде нешто посебно. Тогаш на блиските им се довери: “Мислам дека е шармантен. Ги сакам неговите очи. Можам со часови да гледам во нив.”

– Дали бракот со принцот Рение од Монако беше брак од интерес или исполнување на моминските соништа?

Веројатно и едното и другото. И тоа од обете страни. Имено, Месечината, симболот за чувствата и душата, во Риби, говори за длабока романтичност и копнеж кон возвишена љубов. Но, истакнатата позиција на рационалниот Меркур и позицијата на Сатурн во полето на парите, говорат за една реална природа која што знаеше дека животот не е лесен. Па дури беше силно исплашена од сиромаштијата. Веројатно тоа пресуди во одлуката да се омажи за принцот Рение, по само кратко познанство и да ја прекине нејзината сериозна врска со Олег Касини, руски аристократ, стилист и плејбој, кого нејзините родители не го поднесуваа. Меѓутоа, малкумина знаат дека Грејс не отиде во Монако со празни раце. Таа однесе мираз во вредност од два милиони долари, што и ги подари татко и Џек Кели.

– Како се снајде во новата улога?

Денот на свадбата, 19 април 1956 година, навистина беше кралски, како од бајките. Тоа го потврдуваат дури три планети, Месечината, Јупитер и Плутон, што тој ден се наоѓаа во кралскиот Лав, во полето на угледот, во нејзиниот хороскоп. Додека магот на илузиите Нептун, во транзит целосно ја поклопи нејзината натална Венера, придонесувајќи таа целиот настан да го доживее како нестварен. Но, од денот на свадбата, па натаму, детските соништа на Грејс Кели за “принцот на белиот коњ”, започнаа да се распрскуваат како меури од сапуница. Прво, под влијанието на Нептун во нејзиното поле на угледот, таа го смени името во Грација Патриција. Потоа, не беше прифатена од семејството Грималди. Сомневајќи се во чистотијата на нејзиниот холивудски живот и со снобизмот на европската аристократија, тие не можеа како што велеа “да прифатат да живеат под ист покрив со една актерка”.

– Дали беа во право?

Нагласената Шкорпија во нејзината карта зборува за силниот сексапил со кој таа зрачеше и кој не можеше да го сокрие. Венера во полето на тајните (дванаесетто) открива дека таа вешто ги криеше случувањата од својата спална соба. Додека ексцентричниот Уран во полето на љубовта зборува за подготвеност да се експериментира во сексот, за љубовни врски со разни ексцентрици, со мажи кои беа во брак или имаа чудни сексуални фантазии. Значи, воздржаната и студена убавица на филмското платно, во кревет се претвораше во вулкан од страсти. Гари Купер, еден од нејзините партнери на филмот, искуствата со Грејс Кели ги опиша на следниот начин: “Кон мажите е студена како смрзната лигња, се додека не и ги соблечете гаќичките. Тогаш експлодира.” Многу неџентлменски од страната на големиот љубовник. Во секој случај, сето ова говори дека таа имаше несреден, но интензивен љубовен живот. Па, можеби непријатното лично искуство подоцна, во неа го оживеа стравот за љубовниот живот на нејзините деца. Но, во животот се случува токму она од кое најмногу се плашиме.

– Што велат ѕвездите за нејзините деца?

Во полето на децата (петто) се наоѓа Месечината, симболот на емоциите, во знакот Риби. Но, тука е и Уран, планетата на ексцентричноста, кој владее со Водолијата. Тоа зборува дека нејзината прва бременост веројатно заврши со абортус, пред да влезе во брак со Рение. Но, Месечината и Уран во полето на децата откриваат дека нејзините деца ќе бидат ексцентрични и ќе се родат во знаците Водолија и Риби. Од друга страна, мајките Шкорпии најчесто се однесуваат премногу заштитнички кон своите деца. Инаку, принцезите Каролина и Стефани се родени во знакот Водолија, додека принцот Алберт во знакот Риби. Но, ако можеме да им веруваме на преданијата, тие велат дека во 1297 година, Франсоа Грималди, прадедото на принцот Рение, ја освои тврдината Монако преоблечен во свештеник, и на тоа место создаде сврталиште за гусарите и за другите морски разбојници. Па, оттогаш наваму, според преданијата, семејството Грималди го следи проклетството на богот на морињата Нептун, што се манифестира преку несредениот љубовен живот на децата на принцезата Грејс. Сите тие имаат или имаа проблеми да создадат свое семејство, а уште повеќе истото да го одржат. Веројатно тоа проклетство го победи за сега само Каролина, дури во последниов брак.

– Дали Грејс беше задоволна од својата улога на принцеза?

Ѕвездите говорат за силно чувство на должност, па тоа веројатно и помогна до крај да ја игра улогата што се очекуваше од неа. Но, од денот на својата свадба, па натаму, Грејс Кели, повеќе не заигра на филмот. Во 1962 година, таа доби понуда од Алфред Хичкок да игра во неговиот филм “Марни”. Но, Ватикан протестираше, сметајќи дека снимањето филм не е достојна работа за владетелката на една од последните католички монархии. Петнаесет години подоцна, Грејс доби уште една понуда за снимање на филмот “Пресвртница”.

Одбивањето на понудата се обиде да го објасни велејќи: “Позицијата на глумците во Европа сосема се разликува од онаа во Америка. Во Америка, глумците можат да имаат и јавен и приватен живот. А јас, како сопруга на еден принц, имав само еден избор, јавниот живот, животот на принцеза.” Меѓутоа, нејзината нежна душа, гладна за уметност, исполнување бараше во организирањето на културниот живот на Монако. Па, таа ја основаше школата за класичен танц, театарот, правеше изложби на суво цвеќе, организираше вечери на поезијата во Европа и Америка. Дури започна да ја проучува и астрологијата. Но, потајно сонуваше дека еден ден ќе му се врати на филмот. За тоа кажа: “Се уште го чувам несесерот со филмска шминка од времето кога студирав глума. Тој се наоѓа во еден од плакарите на палатата и сигурно е покриен со прав. Можеби еден ден ќе го земам од таму, а можеби не...”

– Каква беше врската со принцот Рение?

Веројатно една длабокоумна Шкорпија не пронајде многу допирни точки со еден променлив и површен Близнак. Меѓутоа, заедничката желба да му го повратат угледот на кнежевството и заедничката љубов кон децата ги држеше во заедница.

А, ѕвездите велат дека можеби измачена од постојаните проблеми во животите на нејзините деца, можеби чувствувајќи празнина во својот живот или чувствувајќи дека го постигнала максимумот и не може да даде ништо повеќе, таа како да си ја предизвика сообраќајната несреќа на 13 септември 1982 година. Тој ден, агресивниот Марс во транзит го допре нејзиниот натален Марс, во полето на личноста. А, Јупитер минуваше преку нејзиниот Асцендент, затворајќи на тој начин едно поглавје од нејзиниот живот и отворајќи ново. Уште повеќе што нејзиниот натален Јупитер, планетата на експанзијата, е сместен во полето на смртта. Тоа открива дека таа веројатно со олеснување го дочекала ослободувањето на душата од телото. Бидејќи смртта не е крај, туку само врата што води до друга форма на постоење.

А, бајката не исчезна ниту по нејзината смрт. Весниците и понатаму пишуваат за неа. Монако стана Мека на светскиот џет-сет. Една роза го доби нејзиното име. Едно време дури и Ватикан размислуваше да ја прогласи за светица. А нејзината приказна е само доказ дека животот е како филмот. А филмот е илузија, бидејќи е ограничен со просторот и времето.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.


Имам веќе две натални карти и искрено не очекував Оваа да биде нешто многу поразлична од останатите. Сепак многу се изненадив. Многу сум задоволен од одговорите кои ги добив благодарејќи на Вашата натална карта! Искрено Благодарам! 

Гога Поп-Георгиевски, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


Симболика на планетите во хороскопот
 

Сонце

 
Симбол за егото, личноста, индивидуалноста, самореализацијата, виталноста, честа. Симбол за таткото, желбата за моќ, лидерските способности.
 

Месечина

 
Симбол за чувствата, љубовта, грижата, навиките, несвесниот ум, интуицијата и инстинктивните реакции. Симбол за женственоста, мајчинството, мајката и сопругата. Симбол за душата и популарноста.
 

Меркур

 
Симбол за интелигенцијата, мисловниот процес, разумот, логиката, начинот на изразување. Симбол за говорот, слухот, пишувањето, комуникациите, брзината и итрината. Симбол за братот.
 

Венера

 
Симбол за убавината, хармонијата, љубовта, задоволствата, уметноста, грациозноста, модата и социјалниот живот. Симбол за сестрата и љубовницата.
 

Марс

 
Симбол за импулсот, иницијативата, акцијата, личната енергија, натпреварувачките пориви, освојувањето, агресивноста, воинственоста. Симбол за машкоста, мажот, за страстите и сексуалноста.
 

Јупитер

 
Симбол за среќата, експанзијата, благосостојбата, богатството, неумереноста. Симбол за правдата, моралот, законот, религијата, духовноста, филозофијата. Симбол за потребата од слобода, за далечните патувања, превземањето ризици. Заштитник на политичарите и високото образование.
 

Сатурн

 
Симбол за маките и искушенијата, за ограничувањата, амбицијата, способноста за тешка работа, дисциплината, реализатор на судбината. Симбол за стрпливоста, концентрацијата, суровоста, аскетизмот, сериозноста, непоткуплив учител.
 

Уран, Нептун и Плутон се трансцендентални планети. Затоа имаат повеќе нивоа на вибрации. Човекот со повисоко ниво на свеста ги користи обично повисоките вибрации.
 

Уран

 
Ниво 1:
Симбол за бунтувањето, неконвенционалноста, слободата, непредвидливоста, ексцентричноста, хазардерството, радикалните промени.
 
Ниво 2:
Симбол за неправолиниската логика, идеализмот, прогресивноста, ослободеноста од предубедувања, за оригиналноста, пронаоѓаштвото, електрицитетот.
 
Ниво 3:
Симбол за Божјата волја, антена за Универзалниот Ум.
 

Нептун

 
Ниво 1:
Владетел на морињата, симбол за мистицизмот, илузиите, конфузијата, лагите, менталните болести, религиозните институции, болниците, затворите. Симбол за слабоста кон алкохолот, лековите и дрогите, за отровите.
 
Ниво 2:
Симбол за харизмата, креативноста, фантазиите, визионерството, инспирацијата, идеализмот, мисионерската работа. Симбол за гламурот, покровител на музиката, заштитник на уметноста и уметниците.
 
Ниво 3:
Антена за Универзалната Љубов.
 

Плутон

 
Ниво 1:
Симбол за подземјето, душите, смртта, насилството, контролата. Симбол за магнетската привлечност, скриената моќ, сексот, храброста, полицијата, таинствените служби, детективската работа, хирургијата, крупниот бизнис.
 
Ниво 2:
Симбол за метаморфозите на личноста, регенерацијата, одговорен за кармичките лекции.
 
Ниво 3:
Симбол за повисоката духовна свест.
 

Северен Месечев Јазол (Кармички Јазол)

 
Симбол за кармата, иницијатор на позитивни пресврти во животот.
 

Кирон

 
Симбол за областа каде што душата била длабоко ранета во минатото. Привлекува искуства кои го засилуваат прималното искуство на болка и отфрлање.
 


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби