In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Во потрага по идеален сопруг

Како знаците сакаат и мразат

Знаците и бракот

Знаците и индивидуалноста во врските

Знаците како родители

Знаците и верноста

Знаците и кристалите

Знаците и парите

Знаците и храната

Знаците и забавата

Знаците и изборот на професијата

Знаците и модата

Знаците и патувањата

Знаците и возењето

Знаците и спортот

Знаците и Новогодишната ноќ

Знаците и секојдневните обврски

Знаците и традицијата

Знаците, комуникацијата и телефонот

Знаците и изборот на литература

Знаците и летувањето

Знаците и екологијата

Знаците и подароците

Знаците и подароците
 

Овен

Натпреварувачки расположени, со спортски дух, Овните го сакаат непознатото и изненадувањата, па затоа ги обожаваат подароците. Сметаат дека подарокот го изразува туѓиот вкус и индивидуалноста. Па, со цел да не “паднат ниско” во очите на другите, подаруваат скапи нешта. И нормално, се чувствуваат вреднувани ако добијат скапи подароци. Значи, вашите Овни ќе бидат навистина задоволни, ако им подарите скап парфем, квалитетна спортска облека и опрема, долна облека во еротска црвена боја, ексклузивни парчиња златен накит со вградени дијаманти или рубини, ракавици и шапки од префинети материјали, нови прекривки за седиштата на автомобилот, ранец во кој ќе го скриете вокменот со ЦД-то од нивната омилена група. А, ако и покрај сето ова не можете да одлучите што да му подарите на својот Овен, тогаш следете што подарува тој. Тоа што Овенот им го подарува на другите, всушност го сака и за себе.

Бик

Како поданици на Венера, Биковите уживаат во земните задоволства, имаат чувство за естетика и умеат да ја оценат вредноста на нештата. Но, кога се во прашање подароците, тие најчесто се наоѓаат во улогата на оние што ги добиваат, а не ги подаруваат. Но, ако се уште се надевате дека има време вашиот Бик да се смени и ако сакате да го израдувате, тогаш подарете му скапа козметика, некаков уметнички предмет или слика, убаво изработен ремен, вратоврска, паричник, марама, елегантна чанта или “Готвач со нови рецепти”. А, ако вашата љубов е “на почеток” и се уште не го познавате доволно, тогаш сигурно ќе му го “завртите умот” со некое познато и квалитетно вино или со кутија од најпознатите рачно изработени чоколадни бонбони. Жената Бик ќе остане без зборови пред убавиот примерок на собно цвеќе.

Близнаци

Вечните деца на Зодијакот, Близнаците, ги сакаат и празниците и подароците. Но, не залажувајте се дека вашите Близнаци сакаат да го добијат она што го подаруваат. Имено, додека под “маската на духовитост” тие подаруваат евтини подароци во вид на симпатични куклички и играчки со духовити натписи, кога добиваат подароци сакаат да е тоа нешто скапо и убаво. Па, ако до сега сте му простиле на вашиот Близнак за неговата површност, тогаш среќен ќе го направите ако му подарите скап часовник со цел да го потсетите повеќе да не доцни, патна торба, фотоапарат, прстенчиња или обетки кои одат во пар, прибор за пишување, најновиот бестселер, некаква игра како домино, шах или “Не лути се човеку”. А, вашиот Близнак дефинитивно ќе ви “јаде од рацете” ако му организирате некакво патување во странство.

Рак

Како деца на Месечната која влијае врз разгорувањето на чувствата, Раковите ги избираат подароците за своите блиски со љубов и внимание. И нормално, затреперуваат пред вниманието на оној што се сетил да им подари нешто. Па, ако се уште и вљубени, нивните подароци ќе бидат во симболот на љубовта, како бонбониера или приврзок во вид на срце, црвени рози или збирка стихови од Жак Превер. А, вашиот Рак сигурно ќе биде трогнат до солзи ако му подарите парче мебел, кутија за накит или друг предмет избран од продавницата за антиквитети, постелнина во бел вез, нешто за домаќинството, сребрен накит со бисери, албум за вашите заеднички фотографии, папучи. И не заборавајте, со подарокот е задолжителна и посвета, која на Ракот ќе треба да му покаже што ви лежи на срцето.

Лав

Помпезни и театрални, Лавовите не жалат пари кога се во прашање подароците, бидејќи е најважно нивниот подарок да се види и чуе. И нормално, ним не им е сеедно како на тоа ќе им биде возвратено. Па, ако сакате да ги освоите симпатиите на еден Лав, тогаш не заборавајте дека тој “паѓа” на се што сјае и што е од најдобар квалитет во својата категорија. Значи, ако подарувате цвеќе, букетот мора да биде богат и исклучителен во секој поглед. Но, самобендисаниот Лав ги обожава и огледалата, свилените кошули и марами, прекривките со ориентални шари на кои доминира златната боја, позлатените запалки и приврзоци за клучеви и секако крупните парчиња златен накит. Меѓутоа, ни во лудило не помислувајте на Лавот да му подарите кремови за лице и тело. Суетен по природа, тој ќе помисли дека не го сметате за доволно привлечен. И уште нешто, Лавот ќе започне да “преде како маче” ако на подарокот ги најде изгравирани своите иницијали.

Девица

Најдобар доказ дека подароците се израз на индивидуалноста потврдуваат Девиците. Нивните подароци се како нив самите, рационални и практични. Но, исто такви нешта посакуваат и за себе. Па, ако се наоѓате пред дилемата што да и подарите на својата Девица, тогаш слушајте ја внимателно. Таа веројатно во деновите пред празниците, божем случајно ќе нафрлува, што е тоа што и недостасува или би била среќна да го има. Сепак, подарокот треба да биде со конкретна употребна вредност. Значи, сигурно нема да остане рамнодушна пред прецизниот но ненападен часовник, пред беспрекорно изработената чанта, паричник или роковник. Сигурно ќе и се допаднат пакетчињата со некој редок чај или миризливи растенија, се што може да и послужи во домаќинството. Жената пак Девица ќе биде задоволна ако и подарите интересна шапка, дискретни обетки, свилени марами. А, нема да погрешите ниту со подароците што асоцираат на хигиената, како миризливите сапуни, соли или мантил за капење. Но, не заборавајте дека иако штедлива, Девицата не подарува ништо ефтино и краткотрајно.

Вага

Рафинирани и со нагласено чувство за естетика, Вагите уживаат во подароците. Па, колку подарокот е поскап, толку нивната неодолива насмевка е поширока. Но, ако се обидувате да ја изненадите вашата Вага со некаков подарок, тогаш верувајте дека се наоѓате пред тешка задача, бидејќи мора да го задоволите нејзиното силно развиено чувство за естетика. Вашата суетна Вага сигурно ќе биде освоена од парчето облека со потпис на некој познат креатор или од исто таквата линија козметички производи. Притоа, не заборавајте дека се треба да биде обоено во некоја од пастелните бои и дека Вагата ќе води сметка и за начинот на кој сте го спакувале подарокот. Па, дури ќе ја чува и хартијата во која е тој спакуван, бидејќи никој не знае кога таа може да и затреба. Значи, не штедете пари на ништо, но не помислувајте да ја изненадите со некој парфем. Вагата секогаш го става само својот мирис, па ако не ви е позната неговата марка, тогаш побарајте друг подарок.

Шкорпија

Можеби се тие интелигентни, остроумни,сестрани и магнетски привлечни, но не заборавајте дека Шкорпиите се и најголеми злопамтила во Зодијакот. Тие и по десет години точно ќе знаат кога и што сте им подариле. Инаку, Шкорпијата “се пали” на се што е таинствено. Тогаш сигурно ќе ја “погодите” со некаква книга од областа на езотеријата, окултното, шпионажата или религијата. Мажот Шкорпија со гаранција ќе занеми пред збирката старо оружје, а жената пред крзното и долната облека од црна чипка. Но, Шкорпиите ја почитуваат и облеката од црна кожа, свилената постелнина во темна боја, букетот бели цвеќиња и накитот со аметист и опал. Притоа никако, ни на шега, не осмелувајте се да и подарите на сексапилната Шкорпија папучи со насликани цветови или со животинки. Таа тоа ќе го доживее како лична навреда.

Стрелец

Секогаш ведри, гурмани и со спортски дух, Стрелците се најголемите патници во Зодијакот. А, кога се подароците во прашање, тие имаат прилично “широка рака”, но можат да се појават и со празни раце. Па, во таквите ситуации, со цел да се отсрамат, Стрелците ќе посегнат по своите “златни резерви” донесени од бројните патувања, по фигурите од слонова коска, африканските маски, шпанските лепези и кинеските вазни. И можеби ќе ви делува дека немате со што да го импресионирате својот Стрелец. Но, тој секогаш го цени шишето добро вино, егзотичната храна и кавијарот. Никогаш не останува рамнодушен на сликите со мотиви од ловењето, на картите кои личат на оние од казината. На Стрелецот никогаш не му се доволни ранците, патните торби и опремата за лов, риболов и јавање. Од компасот нема да се дели ниту на спиење, а разумот дефинитивно ќе го загуби кога ќе му организирате патување во “земјата на фараоните” или во некој друг егзотичен предел.

Јарец

Практични, штедливи и амбициозни, Јарците на подароците гледаат како на бадијала потрошени пари. Но, кога веќе подарува, Јарецот или ќе купи нешто вредно или воопшто нема да ви излезе пред очи, бидејќи се води од идејата дека сигурно е повредно она што е поскапо. А тоа што потоа “сон нема да го фати” е веќе друга приказна. Значи, ако размислувате што да му подарите на вашиот Јарец, тогаш потсетете се дека нему му е најважна работата, па нема да погрешите ако му подарите нешто што ќе му се најде при работењето. А, бидејќи станува збор за амбициозни луѓе, тогаш сигурно со љубопитност ќе ги прочитаат книгите од типот “Најголемиот трговец на светот”, “Патот до успехот”, “Како станав милионер”, “Размислувај и збогати се”. Исто така, не заборавајте дека Јарците се вљубеници и во планините. Затоа, секогаш ќе им биде добредојдена новата ветровка, везовите за скии, дебелите чорапи. А, ако вашиот избор е сепак накитот, тогаш определете се за некое парче во кое е вграден оникс.

Водолија

Оригинални и непредвидливи, Водолиите се однесуваат на ист начин и кога нешто подаруваат. Значи, бидете внимателни кога добивате подарок од некоја Водолија., бидејќи таа е подготвена на се. Па, може нешто да ви прсне во око или да се распрсне во вашите раце додека дарителот ќе “се гази” од смеење. Но, спротивно од очекувањата, кога добиваат подароци, Водолиите не поднесуваат кога некој ги користи нивните “штосови”. Затоа, подарете и на својата Водолија нешто убаво и вредно. Вљубеници во техниката, тие ќе “одлепат” пред новата компјутерска програма, пред музичкиот систем, пред најсовремениот фотоапарат. Сигурно ќе уживаат во некој научно-фантастичен роман. А, заради слабата циркулација, ќе му се израдуваат и на новото парче волнена облека. Жената Водолија ќе ви биде благодарна за постелнината изработена во стилот на крпеници и за црните бисери или накитот од аквамарин.

Риби

Креативни и занесени, Рибите долго ќе го набљудуваат и ослушнуваат оној кому ќе му го наменат подарокот, бидејќи ним им е најважно човекот да биде задоволен. Затоа, не барајте некоја голема материјална вредност во нивните подароци, бидејќи тоа никогаш не ги мотивира Рибите. Па, ако сакате да им возвратите на истиот начин, но ви е тешко да им “влезете во системот”, ѕвездите откриваат дека алкохолот и цигарите се вистински предизвик за претставниците на овој знак. Значи, нема да згрешите ако одлучите да им подарите шише скапо вино, запалка со несекојдневен изглед, елегантно дизајнирана кутија за цигари. А, бидејќи Рибите ја обожаваат водата и капењето, сигурно ќе умеат да го ценат и убавиот сапун, квалитетниот сунѓер, миризливите масла, комплетот крпи. Додека ЦД-то со шпански гитари и аквариумот како замена за морето, сигурно ќе ја разгорат романтичната жичка кај вашите Риби.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Раковите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Вистината што извираше од првите страници на мојата натална карта ме скамени. Цела недела ми беше страв да продолжам со читањето. Сепак, љубопитноста победи. Имав што да научам за себеси. 

Борис П., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна |  Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак (тековен стил) Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби