In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Во потрага по идеален сопруг

Како знаците сакаат и мразат

Знаците и бракот

Знаците и индивидуалноста во врските

Знаците како родители

Знаците и верноста

Знаците и кристалите

Знаците и парите

Знаците и храната

Знаците и забавата

Знаците и изборот на професијата

Знаците и модата

Знаците и патувањата

Знаците и спортот

Знаците и Новогодишната ноќ

Знаците и подароците

Знаците и секојдневните обврски

Знаците и традицијата

Знаците, комуникацијата и телефонот

Знаците и изборот на литература

Знаците и летувањето

Знаците и екологијата

Знаците и возењето

Знаците и возењето
 

Велат дека современиот свет е конфликтен бидејќи луѓето не сакаат, не можат или не знаат да комуницираат едни со други. А, однесувањето во сообраќајот, како еден од видовите на комуникација, е вистинска лупа која ги зголемува сите недостатоци и доблести на нашиот карактер. И сигурно, многу конфликти би можеле да се избегнат, ако преку начинот на возењето и однесувањето во сообраќајот, би можеле да ги одгатнеме туѓите и сопствените пориви и реакции.

Овен

Додека возите низ град, забележувате дека возачот во црвениот спортски автомобил до вас е нервозен пред семафорите, стартува нагло уште пред сосема да се отвори зеленото светло и држејќи ја раката постојано на сирената, се труди да ги претекне сите пред себе. Притоа, “пет пари” не дава за купот прекршоци што во меѓувреме ги прави. Бидете сигурни дека станува збор за претставник на импулсивниот, агресивен, но бестрашен Овен. Но, ако некогаш ја имате таа среќа да седите на совозачкото место до Овенот, тогаш ќе сфатите како се чувствуваат учесниците на релито во Монца. Под услов да не го нервирате суфлирајќи му како треба да вози. Но, ако некој таков примерок на човечкиот род некогаш ве претекнува и ви се “криви” во ретровизорот, не ни помислувајте да му вратите со истата мерка. Претерано суетен и навредлив, Овенот не може да го проголта поразот, па вие би можеле да “заработите” скршен нос.

Бик

Бавни и тврдоглави во секојдневниот живот, тие се бавни и тврдоглави и во сообраќајот. А, ако уште се и гладни, Биковите нема да се загрижат што предизвикуваат застој во сообраќајот, додека го “делкаат” огромниот сендвич зад воланот. Но, не е чудно ако потоа задремат пред семафорот. Во опасните ситуации се смирени, но не смее да се заборави дека таквите ситуации токму тие ги предизвикуваат. Па, ако им свирите за да ви се тргнат од патот или да ја зголемат брзината, тогаш инаетчии од раѓање, тие нема да се поместат ниту за центиметар и ќе започнат да возат уште побавно. За среќа, одбираат посигурни возила, бидејќи удобноста им е на “прво место” во списокот на вредности.

Близнаци

Се наоѓате на автопат, а пред вас е автомобил со отворен покрив, од кој “трешти” музика и купот луѓе во него се клати и вреска по нејзиниот ритам. Возачот потскокнува во седиштето, воланот го држи со едната рака и разговара на мобилниот. Не тријте ги очите, не е сон, тоа само дружељубивиот и дрдорлив Близнак се забавува со пријателите. И не грижете се бидејќи иако сакаат да се надигруваат при возењето и непромислено да влетуваат во опасни ситуации, Близнаците се едни од највештите учесници во сообраќајот. Ним им успева да се извлечат недопрени и од најголемата сообраќајна мешаница. Брзи и променливи, Близнаците без автомобил се чувствуваат како “без нозе”. Затоа веднаш ги поправаат “дефектите” на својот автомобил. А, ако се во финансиска можност често го менуваат со нов.

Рак

Додека го чекате зеленото светло на семафорот, до вас застанува еден стар, но сочуван автомобил. Тој наликува на дневна соба на четири тркала, со рачно изработени перничиња на задното седиште. Не двоумете се, неговиот возач е сигурно роден во знакот на штедливиот Рак, кој емотивно се врзува за работите. Затоа, еднаш купениот автомобил тој го вози целиот живот и во наследство им го остава на децата и внуците. Но, ако не се наоѓате на отворен пат, тогаш бидете подготвени дека во првата сообраќајна мешаница, Ракот ќе го фати паника и ќе започне да се однесува неконтролирано. Потоа, грешките ќе се нижат, а чувството на немоќ и депресија ќе се зголемува. Затоа, ако сте вљубени во Рак, доделете му ја улогата на совозач.

Лав

Во луксузниот автомобил што е пред вас, возачот постојано се гледа во ретровизорот и се одушевува на својот лик. Притоа, очекува останатите учесници во сообраќајот постојано да му даваат предност и да му се “тргаат од патот”, за да може да застане на чело на колоната. А, кога црвеното светло ќе ги осуети неговите намери, тој ќе пцуе до изнемоштеност. Тогаш се е јасно, станува збор за неговото височество, Лав. Но, ако судбината ви го додели местото на совозач до Лавот и ако не сте расположени да го фалите неговиот автомобил или сте незадоволни од неговите возачки способности, тогаш подобро молчете. Кои сте вие да го критикувате кралот? Во спротивно, додека изброите до пет, можно е да се најдете на улица.

Девица

Вашиот сосед по цели денови го мие и гланца својот мал и економичен автомобил, го дезинфицира и од надвор и од внатре, не им дозволува на оние што се возат со него да пушат. Да, нема дилема, станува збор за претставник на знакот Девица. Како човек од ред, тој стриктно ќе се придржува до правилата при возењето и ќе ги почитува сообраќајните знаци. Но, не опуштајте се ако сте негов совозач. Занесен во деталите, тој киксовите најчесто ги прави во чисти ситуации. Посебно ако вози ноќе и кога излегува од споредниот на главниот пат. Сепак, при сообраќајните незгоди, Девиците се првите што ќе им помогнат на повредените, што ќе ги одвезат до најблиската болница.

Вага

За нив никогаш не се знае како ќе се однесуваат во дадена ситуација, но се знае дека сакаат убаво дизајнирани возила. Па, во редовите на Вагите се наоѓаат и најдрските и најпресретливите возачи. Меѓутоа, Вагите се најчесто луѓе кои внимаваат каков впечаток оставаат на околината. Затоа, не сакајќи да се замерат со другите, тие речиси никогаш не претекнуваат и ги пропуштаат останатите автомобили пред себе. И што е највпечатливо, имаат потреба од друштво додека возат, затоа често ги примаат автостоперите во својот автомобил. А, ако ви се случи некаква незгода на патот, тогаш молете Господ оттука да помине некоја Вага. Таа нема да ве “прошиша” без да ви помогне.

Шкорпија

Во улога на пешак низ градскиот метеж, забележувате дека возачот на еден ист автомобил свири по секое здолниште што ќе му излезе пред очи. А, кога подобро ќе погледнете и ќе сфатите дека автомобилот воопшто не му одговара на возачот ниту по стил, ниту по години, тогаш еден е заклучокот: “се работи за претставник на таинствената и опседната со секс, Шкорпија”. Шкорпиите се луѓе што ги обожаваат брзините, а на побавните возачи од себе гледаат како на “опасност на патот” која треба да се прегази. Сепак, важат за едни од најлуцидните и најладнокрвни возачи кои умеат да најдат излез од секоја ситуација. Затоа, следете ги, тие ќе ве извадат од сообраќајниот метеж.

Стрелец

Тие се авантуристи кои ги обожаваат џиповите, па додека возат низ град се однесуваат како да се на “Камел Трофи”. Стрелците не знаат да ја тргнат ногата од гасот и во гаража влегуваат со 200 на час. Притоа, најсмелите и најдуховитите од нив ќе смислат начин да ја намамат и да се пошегуваат со сообраќајната полиција. Но, и покрај се, Стрелците се најголемите џентлмени во сообраќајот, кои знаат да ви отстапат место за паркирање и да ве пропуштат кога ви се брза. А, ако тргнувате на долг пат тогаш, за совозач изберете некој Стрелец. Тој ќе ужива во патувањето, секогаш ќе ви биде при рака, постојано ќе ве засмејува и забавува.

Јарец

Вашиот сосед ги обожава олдтајмерите. А, кога купува нов автомобил и покрај сите аларми не се дели од него, уплашен дека некој ќе му го украде. Нема сомнеж, тој сигурно е роден во знакот Јарец. Тогаш не е чудно што тој сам си ги поправа дефектите на автомобилот и сам го мие, бидејќи автомеханичарските услуги за штедливиот Јарец се вистински луксуз. Како возачи, Јарците се нестрпливи и безобразно се уфрлуваат во сообраќајот. Но, истовремено се едни од ретките кои учат на сопствените грешки и имаат добар преглед врз ситуацијата на патот. Сепак, ако сакате да ја сочува присебноста не смеете да му кажувате на својот Јарец што да прави.

Водолија

Индивидуалисти и оригинални, Водолиите или го сакаат или не го сакаат возењето. Но, ако си постават задача, можат да бидат и одлични возачи. Сепак, правилата во сообраќајот ги почитуваат само до некаде, а гужвите ги мразат. И можеби слободата за нив е императив, но друштвото е вториот збор за среќа. Затоа, Водолиите уживаат кога се возат во друштво и први се кои знаат да запрат и да им ја понудат својата помош на останатите учесници во сообраќајот, па дури и кога тоа никој од нив не го бара. А, Водолиите визионери се подготвени целиот свој живот да го минат во гаражата, обидувајќи се да создадат возило кое ќе личи како она од филмот “Враќање во иднината”.

Риби

Секогаш во удобен автомобил, Рибите се подготвени да заплачат пред семафорот кога пред нив се пали црвеното светло, а тие брзаат. Но, ако со нив се затекнете во сообраќаен метеж, тогаш тие ќе се однесуваат како што се однесува мнозинството возачи. Значи, Рибите му подлегнуваат на туѓото однесување и честопати забегуваат во својот внатрешен свет. На тој начин го губат контактот со реалноста, реагираат автоматски и можат да предизвикаат проблеми во сообраќајот. За среќа, кога не се задоволни од својот автомобил, а кога немаат пари, доволно е да се потпрат на фантазијата. Таа ќе го претвори нивниот автомобил во онакво возило какво што во моментот посакуваат.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Раковите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Наталната карта ми помогна да си одговорам на некои дилеми и ми даде смерница за понатаму. 

Данче К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна |  Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак (тековен стил) Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби