In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Во потрага по идеален сопруг

Како знаците сакаат и мразат

Знаците и бракот

Знаците и индивидуалноста во врските

Знаците како родители

Знаците и верноста

Знаците и кристалите

Знаците и парите

Знаците и храната

Знаците и забавата

Знаците и изборот на професијата

Знаците и модата

Знаците и возењето

Знаците и спортот

Знаците и Новогодишната ноќ

Знаците и подароците

Знаците и секојдневните обврски

Знаците и традицијата

Знаците, комуникацијата и телефонот

Знаците и изборот на литература

Знаците и летувањето

Знаците и екологијата

Знаците и патувањата

Знаците и патувањата
 

Овен

Заради импулсивноста и авантуристичката природа, вие можете преку ноќ да одлучите да патувате, само ако сте сигурни дека на крајната дестинација ве очекува нешто возбудливо, спортски натпревар или некакво монденско собирање. Најчесто патувате со авион, бидејќи не спаѓате во категоријата на големите штедачи во Зодијакот и бидејќи сте нестрпливи што побргу да стигнете на целта. Речиси секогаш, на аеродромот пристигнувате во последниот миг пред полетувањето. А, нервозата ја смирувате со огромни количини чоколада или раскажувајќи ги приказните за своето богато љубовно минато пред сопатниците од спротивниот пол. Ако пак патувате со семејството, тогаш без око да ви трепне пред непознатите, гласно ќе ја искалите својата нервоза врз неговите членови. Заради тоа што постојано некаде брзате, се случува половина од работите што ви требаат на патувањето да ги заборавите дома.

Бик

Вие ги мразите брзите промени, но ги сакате парите. Затоа, не правите проблем кога треба да се патува во интерес на работата и печалбата. Но, кога треба да патувате сами, за сопствено задоволство, заради вродената потреба за удобност, најчесто се одлучувате за некое место кое добро го познавате. Всушност, избирате место каде ви се допаѓаат природата, кујната и музеите. Заради мрзеливоста и со цел да ги избегнете непријатните изненадувања, честопати се одлучувате за патувања организирани од страна на туристичките агенции. А, туристичките работници ги обожаваат патниците што се како вас, бидејќи вие не “барате преку леб и погача” ако сте задоволни од сместувањето и храната. И што е најважно, ако можете да бирате, сигурно би избрале да патувате со воз или автобус. Така не треба вие да се мачите, а имате и доволно време да отспиете “една тура”. Вашите куфери, за секој случај, се педантно спакувани неколку дена пред тргнувањето на пат.

Близнаци

Вие ги обожавате патувањата. Но, бидејќи се правите во “минута до дванаесет”, редовно се случува нешто да заборавите. Со себе најчесто носите многу непотребни “дрангулии” и погрешна облека. Но тоа не ве загрижува, бидејќи најважна ви е добрата забава, новите познанства и откривањето нови и интересни места. Инаку, вие сте патник кој има вечна насмевка на лицето. Па водени од идејата “важно е да се патува” не се повлекувате ниту пред гужвата, ниту пред чекањето, ниту пред временските непогоди. Затоа, на млади години, сигурно ќе ја пробате авантурата наречена автостопирање. А, бидејќи најубаво ви е патувањето што некој друг ќе го плати, цела година ги играте сите можни наградни игри и барате начин помалку да платите, а да си поминете возбудливо. Меѓутоа, изразот “бакшиш за келнерите” е избришан од вашиот речник.

Рак

Врзани за домот, семејството и родната грутка, вие тешко се одлучувате за пат во непознато, а посебно за пат во странство. Тоа го доживувате болно, како предавство и сечење на папочната врвка. Затоа, како крајни дестинации на вашите патувања се градовите во сопствената татковина. Но, можно е да тргнете и во обиколка на селата, црквите и рибарските населби, бидејќи сте сентиментални и ја почитувате традицијата и корените. Каде и да одите, сакате да се чувствувате како дома. Затоа, вашите патувања честопати завршуваат на истото место, во друштво на истите луѓе. Во вашиот багаж може да се сретне се и сешто, па дури и тенџериња, тавчиња и прибор за јадење. Притоа, најмногу пари трошите на виното, на излетите со кајчиња и на авантурата наречена “ноќен риболов”. А, ако сте слободни, секогаш очекувате од патувањето да се вратите вљубени.

Лав

Кога вие тргнувате на пат, тоа е најчесто во правец на некое монденско место опкружено со дива природа. Со себе “влечкате” багаж достоен на филмска ѕвезда и цела колекција кредитни картички. А, бидејќи на патувањата тргнувате максимално дотерани и накитени, најдобро е кога патувате со авион. Во спротивно, ќе ви пречи се, изгужваната облека, извалканите седишта и нерафинираноста на останатите патници. Но, кога конечно ќе стигнете на целта, првото нешто што ќе го направите е да се спријателите со некој од мештаните или од хотелот, бидејќи така ќе се чувствувате како дел од “големото семејство” и ќе имате од кого да ги дознавате најактуелните случувања во местото. А, бидејќи ваша главна цел е да бидете “во центарот на вниманието”, вие се однесувате бучно и театрално, ги честите новите познајници, а на келнерите им оставате голем бакшиш.

Девица

Вашата џангризавост најмногу се манифестира на патувањата. Така, вие долго се премислувате и подготвувате за пат. Притоа, со себе ќе ги понесете сите познати и непознати лекови, облека за четирите годишни времиња и однапред испланирана сума пари, бидејќи трошите малку и пресметано. Уште на почетокот од патувањето им одите на нерви на сопатниците, бидејќи ако се возите во автобус повраќате. Кога сте во воз чувствувате чудни миризби, но не дозволувате да се отворат прозорците заради провевот. Во авион доживувате комплетно пореметување на организмот, ги избегнувате новите познанства и заради страв од крадци цврсто го стегате паричникот в раце. Во хотелот се однесувате како инспектори и секој ден го планирате однапред до најситниот детаљ, не сакајќи да ги потрошите залудно ниту парите ниту времето.

Вага

Вие ги сакате патувањата. Па дури и кога немате пари одбирате да преспиете во најлуксузниот хотел. Заради вашата неодлучност, предност им давате на патувањата организирани од страна на познатите туристички агенции. Така, не морате да размислувате каде ќе преспиете, што ќе јадете и кои знаменитости ќе ги посетите. А, бидејќи секоја Вага се труди да изгледа убаво и негувано, најголемиот кошмар за вас се случува кога треба да се пакуваат куферите и да се направи селекција меѓу она што не е потребно и она без кое не се може. На крајот, најчесто на пат заминувате со еден куфер повеќе од планираното. Нервозата вешто ја скривате со шармантниот настап и пристојното однесување. Авионот и автобусот ќе мирисаат на вашиот парфем уште долго откако вие ќе излезете од нив.

Шкорпија

Ризиците и опасностите за вас се неопходен зачин на здодевното секојдневие. Па, ако решите некаде да отпатувате, обично не прашувате за цената. Најважно ви е да се опуштите, да можете да правите се што ќе ви “падне на памет” и по можност да “скршите” нечие срце. Со себе не носите многу багаж. А, кога ќе ги земете клучевите од собата, обично од хотелскиот персонал барате да не ве “гњави” за појадок, бидејќи редовно ноќта ја претворате во ден и обратно. Всушност, вие сакате сами да го планирате целото свое време и се ужаснувате од идејата дека хотелскиот персонал би можел да ровари по интимата на вашата територија. Кога стигнувате на крајната дестинација, најчесто изнајмувате апартман, куќа или превозно средство.

Стрелец

Стрелците се познати како најголеми глоптротери во Зодијакот. Затоа вие сте повеќе на пат отколку дома. Но, речиси никогаш не се доживувате себеси како турист, бидејќи патувањето по светот ви е во крвта и на било кое место од Земјината топка се чувствувате како дома. Затоа, вашите куфери никогаш не се целосно распакувани. А, вие ја имате таа способност максимално да го редуцирате багажот, но повторно да понесете со себе се што ви е потребно, од пегла до апарат за кафе. Додека сте млади патувате без цел, само заради патувањето. Со текот на годините, вашиот вкус се формира, па како возрасни најчесто ги сакате егзотичните земји, сафарито и крстосувањата со брод. Кога ќе стигнете на избраната дестинација, деновите ги минувате во истражување на околината и во посета на историските места. Додека навечер одите во казино, делите бакшиш на секој чекор, го честите локалното население, купувате сувенири и лудувате по специјалитетите на местото домаќин. Затоа, кога немате доволно пари се чувствувате како казнети и тогаш сте принудени да патувате во мислите.

Јарец

Кога вие тргнувате на пат, тоа е најчесто заради работата. Но, во состојба сте уста да не отворите додека трае патувањето, пребарувајќи од време на време по актовката. Па кога се возите со автобус не излегувате за време на паузите, а кога се возите со автомобил не застанувате никаде по патот. Во тој случај вашето радио секогаш ќе биде вклучено на станицата што почесто емитува вести. Но, ако патувате со семејството и ако детската смеа стане погласна од радиото, доживувате нервен слом. Меѓутоа, кога патувате заради одмор или задоволство, вие најчесто ги избегнувате пакет-аранжманите и пронаоѓате осамени куќи или апартмани, каде што ќе можете да готвите сами и така да заштедите уште некој денар.

Водолија

Вие ги сакате патувањата, но не спаѓате во категоријата туристи што многу троши. Затоа, најдраг домаќин ќе ви биде пријателот кој нема да ви наплати за престојот. Што се однесува до багажот, не го пакувате до последниот миг, надевајќи се дека некоја “добра душа” ќе ве спаси од таа непријатна обврска. Притоа, малку внимание и посветувате на облеката што ќе ја земете со себе, додека приоритет им давате на книгите и на реквизитите поврзани со вашето омилено хоби. Времето поминато во автобусот, возот или авионот, не го сметате за бадијала потрошено се додека можете да се забавувате прислушувајќи ги туѓите муабети. Исто така, ја користите секоја можност да ги шокирате другите патници со своите погледи на животот или со својот избор на професија.

Риби

Вие патувате само кога сакате да им избегате на работните обврски и на здодевното секојдневие. Честопати носите поголем багаж отколку што навистина ви треба. Во автобусот, возот или авионот, се забавувате правејќи психолошки портрети на сопатниците и грицкајќи суво грозје, овошје и чоколада. Како крајна дестинација најчесто избирате места недопрени од цивилизацијата, покрај море или се одлучувате за некој од градовите на Ориентот. Меѓутоа, честопати сте мета на локалните хохштаплери и измамници, бидејќи делувате беспомошно и изгубено. Додека заради конфузноста и романтичноста, на секое патување по нешто заборавате или губите. Притоа, речиси редовно се вљубувате во некој од мештаните, па го одложувате враќањето дома.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Лавовите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Имам веќе две натални карти и искрено не очекував Оваа да биде нешто многу поразлична од останатите. Сепак многу се изненадив. Многу сум задоволен од одговорите кои ги добив благодарејќи на Вашата натална карта! Искрено Благодарам! 

Гога Поп-Георгиевски, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна |  Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав (тековен стил) Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби