Говорот на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Зошто ги бакнуваме децата
Солзи сами капат
Пред да му кажеш Да
Цената на долгите нокти
Тоа што очајнички го посакуваме
Како научив физика
Зад секоја успешна жена
Корумпираната држава
Луѓе со кои не се дружиме
Глупавите луѓе
Нептун во Овен
Ако имаше Господ...
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
Знаците на патот
Кога не ни оди според планот
Силикони за мозок
Луѓенца
Струен удар од зборови
Времето е тест за љубовта
Споменар
Зошто китиме елка
Ако нема кој да ве прегрне
Браковите склучени во недела
Само еднаш се љуби?
Трагачи по возбуда
Важно е да ми чури оџачето
Глупава младина - неизвесна иднина
Денови на среќни околности
Се родив прерано, не те сретнав тебе
Кога умира душата?
Колку трае еден ден на секоја планета
Крадци
Светот е глобално ријалити шоу
Убавите круши...
Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде
Ретрограден Марс во Овен
Најголемата слабост на секој знак
Бони и Клајд
Несудената Фрида Кало
Јуни 2020 - Месец на две Еклипси
Сите бои на Виножитото
Љубов, Ах Љубов
Човекот наречен Надеж
Сатурн во Водолија
Ретрограден Меркур во Риби
Француски бакнеж
Годишен хороскоп за 2020 година
Ни претстои неочекувано среќен период
Во што се крие благословот
Ретрограден Меркур во Шкорпија
Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?
Венера во Вага - Време за Љубов
Млада Црна Месечина на 30 август 2019
Немаш ни благодарам
Ќе ја сретнеш својата судбина
Ни на Небо, ни на Земја
Затемнување на Месечината на 16 јули 2019
Не ја мати водата
Ретрограден Меркур во Лав И Рак
Талентот е Божји дар
Вера, Надеж и Љубов
Сиротата мала богаташка
Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019
Двете Марии
Скршеното огледалце
Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај
Министерот со шешир и темни очила за сонце
Ѕвезденото небо над светот во мај 2019
Љубовта е во воздухот
Нека го фрли првиот камен...
Сатурн коњукција Плутон
Ќерката на офицерот со ружи
Ретроградни планети - што ќе ни донесат?
Ѕвезденото небо над светот во април 2019
Кралот на Троседот
Оној што спасил живот
Ветената Земја
Ретрограден Меркур во Риби
Имаш лице какво што заслужуваш
Ѕвезденото небо над светот во декември
Женски Болести
Јами Мами од Мајами
Јупитер во Стрелец
Ѕвезденото небо над светот во ноември
Ако сте родени меѓу два хороскопски знака
Внимавај кого пушташ во својот живот
Пониското и повисокото ниво на секој знак
Ѕвезденото небо над светот во октомври
Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018
Ѕвезденото небо над светот во јули
Исправи се, Викторија!
Ретрограден Марс во Водолија
Ѕвезденото небо над светот во јуни
Уран во Бик
Ѕвезденото небо над светот во мај
Кирон во Овен
Ѕвезденото небо над светот во април
Ретрограден Меркур во Овен
Каков карактер - таква болест
Ѕвезденото небо над светот во март
Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари
Ѕвезденото небо над светот во февруари
Ѕвезденото небо над светот во јануари
Сатурн во Јарец
Небото над Македонија во декември
Марс влегува во Вага
Венера влегува во Вага
Јупитер влегува во Шкорпија
Која изрека е клучна за секој знак
ФБИ откри кои знаци се најопасни
Која е разликата меѓу знакот и подзнакот
Што му недостасува на секој знак
Марс влегува во Девица
Венера влегува во Лав
Доналд Трамп - Хилари Клинтон
Затемнување на Сонцето
Како ретроградниот меркур ќе влијае
Она што го напишав веќе се остварува
Ретрограден Меркур во Девица
Затемнување на Месечината
Случувањата во следните 15 години
Месечевите Мени и Ритамот на Природата
Деветте заповеди
Светската економска криза
Што е прецесија?
Дали Астрологијата е наука?
Соѕвездијата и знаците на Зодијакот
Астрологијата и магијата
Астрологијата и слободната волја
Дневен хороскоп
Астрологијата и геоцентричниот систем
|
Објавено на 30.09.2020 во 11:06
|
Луѓето се како очи
„Секоја личност мора да избере онолку вистина колку што може да поднесе“ ~ Irvin Yalom Ова е еден од најголемите животни увиди кажан во неколку зборови од познатиот американски психијатар. Секој од нас мора да избере онолку вистина колку што може да поднесе во дадениот момент. Јас пак, од моето лично искуство и од долгогодишната работа со луѓе, знам дека најголемиот процент од нас, драги пријатели, не можеме да ја согледаме вистината поврзана со нашите животи, нашето однесување, нашите родители и блиски, иако таа вистина е повеќе од очигледна за сите други околу нас, освен за нас самите. Иво Андриќ, кој беше непогрешлив аналитичар и познавач на човековата душа, одлично забележал дека луѓето се како очи, бидејќи гледаат се освен себеси. Така, секојдневно сум сведок на ситуации кога луѓето ми велат:„Да, тоа и тоа од Наталната Карта е точно за мене...за мојата мајка...за мојот татко, ама во другите делови не се препознавам“. А, Наталната Карта е само „тенџерето“ во кое се содржани сите состојки за „турлитавата“ наречена нечиј карактер. Каков ќе биде вкусот на јадењето на крајот зависи од тоа кој ги подготвува состојките (односот со родителите), колку долго се крчка турлитавата (возраста на личноста) и на каков оган (средината, воспитувањето и образованието). Во секое време може да се интервенира и турлитавата може да го подобри својот вкус. А, може и да загори, да се пеплоса. Но, сепак, тоа што ќе го добиеме на крајот првенствено зависи од состојките што сме ги имале на почетокот. За себеси можам да кажам дека на еден начин сум ги доживувала своите родители и односот со блиските како дете. Поинаку ги гледав како тинејџер. Моите согледувања претрпеа повеќекратни длабоки промени како јас се менував, созревав и создавав простор во себеси да можам да поднесам се поголемо и поголемо количество вистина. Многу често денес си помислувам: „Па, како ова не сум го видела тогаш, толку е очигледно, дури боде очи?“. Но, ете, во некој даден миг во минатото, поради превезите од воспитувањето, традицијата, средината и предубедувањата со кои, несвесно градиме заштита од болката што ја создава вистината, ние ги гледаме работите од поинаков агол и тие, во тој миг, ни личат како да се најголемите вистини на светот. Никој не може да не разубеди во спротивното. И навистина. Се чини дека е полесно и помалку боли кога светот го гледаме низ розови очила. Но, лажејќи се себеси ние ги лажеме и другите околу себе. А, најстрашно е дека, додека лажеме, никогаш нема да ја осознаеме вистината. Мал број од нас се тргнати да одат по потешкиот, но единствен пат, патот кој подразбира работа на себе. Овие луѓе можат да потврдат дека како ги отстранувале превезите од лаги од своите очи, така во првиот миг се соочувале со уште поголема, понекогаш дури и неиздржлива, болка. Но, потоа таа болка полека отапувала и се заменувала со поголем прилив на светлина до нивните огледала на душата. А, колку повеќе светлина допира до нашата душа, толку се разбиструва и нашиот ум. Па, увидите за себеси и за другите се појасни и поточни. Така се осознаваме себеси. А, со тоа можеме да го подобриме и својот живот. Сепак, благословени се само оние кои имале храброст, умешност и среќа во еден миг да ги тргнат сите превези од своите прозорци кон светот, и директно, со очи и уши широко отворени, да го гледаат животот околу себе, другите луѓе и себеси во оригинал, не преку разубавувачките филтри. Е, нив ги нарекуваме просветлени.
 Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.
“ |
Ова се вистинските зборови што ја опишуваат наталната карта што ми ја изработивте: Наталната карта на Астроскопиа е шлаканицата што ви е потребна да го направите квантниот скок во вашата судбина. Големо благодарам што ми помогнавте да живеам со ширум отворени очи! ” Сања С., Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|