Говорот на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Зошто ги бакнуваме децата
Солзи сами капат
Пред да му кажеш Да
Цената на долгите нокти
Тоа што очајнички го посакуваме
Како научив физика
Зад секоја успешна жена
Корумпираната држава
Луѓе со кои не се дружиме
Глупавите луѓе
Нептун во Овен
Ако имаше Господ...
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
Знаците на патот
Кога не ни оди според планот
Силикони за мозок
Луѓенца
Струен удар од зборови
Времето е тест за љубовта
Споменар
Зошто китиме елка
Ако нема кој да ве прегрне
Браковите склучени во недела
Само еднаш се љуби?
Трагачи по возбуда
Важно е да ми чури оџачето
Глупава младина - неизвесна иднина
Се родив прерано, не те сретнав тебе
Кога умира душата?
Колку трае еден ден на секоја планета
Крадци
Светот е глобално ријалити шоу
Луѓето се како очи
Убавите круши...
Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде
Ретрограден Марс во Овен
Најголемата слабост на секој знак
Бони и Клајд
Несудената Фрида Кало
Јуни 2020 - Месец на две Еклипси
Сите бои на Виножитото
Љубов, Ах Љубов
Човекот наречен Надеж
Сатурн во Водолија
Ретрограден Меркур во Риби
Француски бакнеж
Годишен хороскоп за 2020 година
Ни претстои неочекувано среќен период
Во што се крие благословот
Ретрограден Меркур во Шкорпија
Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?
Венера во Вага - Време за Љубов
Млада Црна Месечина на 30 август 2019
Немаш ни благодарам
Ќе ја сретнеш својата судбина
Ни на Небо, ни на Земја
Затемнување на Месечината на 16 јули 2019
Не ја мати водата
Ретрограден Меркур во Лав И Рак
Талентот е Божји дар
Вера, Надеж и Љубов
Сиротата мала богаташка
Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019
Двете Марии
Скршеното огледалце
Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај
Министерот со шешир и темни очила за сонце
Ѕвезденото небо над светот во мај 2019
Љубовта е во воздухот
Нека го фрли првиот камен...
Сатурн коњукција Плутон
Ќерката на офицерот со ружи
Ретроградни планети - што ќе ни донесат?
Ѕвезденото небо над светот во април 2019
Кралот на Троседот
Оној што спасил живот
Ветената Земја
Ретрограден Меркур во Риби
Имаш лице какво што заслужуваш
Ѕвезденото небо над светот во декември
Женски Болести
Јами Мами од Мајами
Јупитер во Стрелец
Ѕвезденото небо над светот во ноември
Ако сте родени меѓу два хороскопски знака
Внимавај кого пушташ во својот живот
Пониското и повисокото ниво на секој знак
Ѕвезденото небо над светот во октомври
Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018
Ѕвезденото небо над светот во јули
Исправи се, Викторија!
Ретрограден Марс во Водолија
Ѕвезденото небо над светот во јуни
Уран во Бик
Ѕвезденото небо над светот во мај
Кирон во Овен
Ѕвезденото небо над светот во април
Ретрограден Меркур во Овен
Каков карактер - таква болест
Ѕвезденото небо над светот во март
Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари
Ѕвезденото небо над светот во февруари
Ѕвезденото небо над светот во јануари
Сатурн во Јарец
Небото над Македонија во декември
Марс влегува во Вага
Венера влегува во Вага
Јупитер влегува во Шкорпија
Која изрека е клучна за секој знак
ФБИ откри кои знаци се најопасни
Која е разликата меѓу знакот и подзнакот
Што му недостасува на секој знак
Марс влегува во Девица
Венера влегува во Лав
Доналд Трамп - Хилари Клинтон
Затемнување на Сонцето
Како ретроградниот меркур ќе влијае
Она што го напишав веќе се остварува
Ретрограден Меркур во Девица
Затемнување на Месечината
Случувањата во следните 15 години
Месечевите Мени и Ритамот на Природата
Деветте заповеди
Светската економска криза
Што е прецесија?
Дали Астрологијата е наука?
Соѕвездијата и знаците на Зодијакот
Астрологијата и магијата
Астрологијата и слободната волја
Дневен хороскоп
Астрологијата и геоцентричниот систем
|
Објавено на 06.11.2020 во 20:19
|
Денови на среќни околности
Дали се сеќавате на поговорката „Со кого си, таков си“? Или можеби повеќе ви ѕвонат во уши советите од типот: „Лошото друштво ги расипува добрите навики“? Или пак сте од оние луѓе кои, како добриот стар Јунг, сметаат дека средбата меѓу две личности наликува на контакт меѓу две хемиски супстанци: ако има некаква реакција, двете излегуваат од неа променети? Во која група и да припаѓате, драги мои, имате право. Но, ајде сега овие правила да ги пренесеме на глобално ниво. Ако имаме две планети, едната е Јупитер, планетата на среќата и благосостојбата, а другата е Плутон, планетата на моќта, потсвеста, подземниот свет и трансформациите, во периодот од 7 до 25 ноември, кога тие ќе имаат близок контакт (ќе бидат во иста линија), на површина ќе излезе само најдоброто од двете. Конечно...Ураааа... Испреплетеноста на вибрациите на Јупитер и Плутон би требало да не направат пофокусирани на целта. Па, и покрај негативното опкружување и неповолното влијание на останатите чинители, и на небото и на Земјата, сите ние ќе имаме ситуации, шанси или средби со луѓе, кои би можеле да предизвикаат позитивен пресврт во некој аспект од нашите животи или пак ќе ни помогнат во реализацијата на нашите дамнешни планови и желби. Со еден збор кажано, во деновите од 7 до 25 ноември 2020, ќе можеме да се издишеме, да уживаме во животот, да го добиеме тоа што сме го заслужиле, да почнеме нешто ново, да се почувствуваме без причина среќни, да имаме финансиска добивка, поддршка и помош од пријателите, остварување на некој наш дамнешен сон или барем ќе имаме пооптимистички погледи на светот и на иднината. Притоа, би требало да бидеме посебно будни на 12 ноември, бидејќи тогаш поволното влијание меѓу Јупитер и Плутон ќе биде најголемо. Ако ме прашувате на кој план поточно? Тоа најдобро ќе го покаже вашата Натална Карта, посебно знакот во кој се наоѓа вашиот Асцендент (Подзнак). Ако не го знаете, ќе го дознаете кога ќе направите бесплатна Натална Карта на оваа страна. Во принцип, најмногу благодет би требало да доживеат земните и водените знаци. На пример, Јарците би требало да доживеат некоја лична победа. Биковите среќен пресврт во некој судски процес, во учењето или во комуникацијата со странство и странци. Девиците во љубовта, преку децата или преку креативната работа и во игрите на среќа. Шкорпиите ќе имаат среќа во учењето, пишувањето, ќе добијат покана за патување или ќе имаат среќни настани во кругот на роднините. Раковите ќе имаат шанса за средување на ситуацијата во бракот и во судските процеси. Рибите би можеле да напредуваат преку помошта што ќе ја добијат од страна на пријателите и да ги сменат плановите за иднината. Овните ќе имаат шанса да извојуваат некоја Пирова победа на план кариера или да добијат сила да се судрат со некој моќен. Вагите, после низа перипетии, би можеле да дојдат до решение за проблемите поврзани со домот, просторот за живеење и членовите на семејството. Близнаците ќе имаат шанса да решат некој финансиски проблем или ќе добијат финансиска поддршка од трети лица. Водолиите би требало да најдат решение за некој проблем од минатото, да се ослободат од тежината, да победат некоја болест. Лавовите би требало да имаат среќни околности на работа, со колегите или со здравјето. А, Стрелците ќе имаат шанса за значително подобрување на нивната финансиска состојба. Само за споредба, овој аспект во Наталната Карта на Бил Гејтс се наоѓа во полето на парите. Па, видете вие сега за што станува збор. Меѓутоа, секогаш има нешто „мало што момку фали, а баш то девојци среќу квари“. Има еден услов. Поволните шанси најмногу ќе имаат можност да ги искористат оние од нас кои веќе работеле на себеси, кои ја зауздале својата себичност, ниските страсти, оние кои ги победиле пороците, а најмногу оние кои веќе смело чекорат по патот на духовниот развој. Што сакам да кажам? Плутон е опасен играч кој умее да награди и казни. Кај духовно неразвиените личности може да предизвика демонски пориви и желба да се злоупотребат другите за свои цели. Па, нели Плутон е Бог на подземјето во грчката митологија? Затоа, сакам да ви порачам до успехот да одите по чисти патишта и да се служите само со морални средства. Вие можете и да не ме послушате. И во тој случај би имале првичен успех. Но, лошата карма што на тој начин ќе ја направите, за кусо време ќе ви се врати како бумеранг одземајќи ви го она што сте го стекнале. Со љубов во срцето, памет во глава и со среќа на патот, напред... Виолета С. Марсол
 Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.
“ |
Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. ” С. М., Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|