In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Зошто ги бакнуваме децата

Солзи сами капат

Пред да му кажеш Да

Цената на долгите нокти

Тоа што очајнички го посакуваме

Како научив физика

Зад секоја успешна жена

Корумпираната држава

Луѓе со кои не се дружиме

Глупавите луѓе

Нептун во Овен

Ако имаше Господ...

Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Знаците на патот

Кога не ни оди според планот

Силикони за мозок

Луѓенца

Струен удар од зборови

Времето е тест за љубовта

Споменар

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Браковите склучени во недела

Само еднаш се љуби?

Трагачи по возбуда

Глупава младина - неизвесна иднина

Денови на среќни околности

Се родив прерано, не те сретнав тебе

Кога умира душата?

Колку трае еден ден на секоја планета

Крадци

Светот е глобално ријалити шоу

Луѓето се како очи

Убавите круши...

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Ретрограден Меркур во Риби

Имаш лице какво што заслужуваш

Ѕвезденото небо над светот во декември

Женски Болести

Јами Мами од Мајами

Јупитер во Стрелец

Ѕвезденото небо над светот во ноември

Ако сте родени меѓу два хороскопски знака

Внимавај кого пушташ во својот живот

Пониското и повисокото ниво на секој знак

Ѕвезденото небо над светот во октомври

Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018

Ѕвезденото небо над светот во јули

Исправи се, Викторија!

Ретрограден Марс во Водолија

Ѕвезденото небо над светот во јуни

Уран во Бик

Ѕвезденото небо над светот во мај

Кирон во Овен

Ѕвезденото небо над светот во април

Ретрограден Меркур во Овен

Каков карактер - таква болест

Ѕвезденото небо над светот во март

Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари

Ѕвезденото небо над светот во февруари

Ѕвезденото небо над светот во јануари

Сатурн во Јарец

Небото над Македонија во декември

Марс влегува во Вага

Венера влегува во Вага

Јупитер влегува во Шкорпија

Која изрека е клучна за секој знак

ФБИ откри кои знаци се најопасни

Која е разликата меѓу знакот и подзнакот

Што му недостасува на секој знак

Марс влегува во Девица

Венера влегува во Лав

Доналд Трамп - Хилари Клинтон

Затемнување на Сонцето

Како ретроградниот меркур ќе влијае

Она што го напишав веќе се остварува

Ретрограден Меркур во Девица

Затемнување на Месечината

Случувањата во следните 15 години

Месечевите Мени и Ритамот на Природата

Деветте заповеди

Светската економска криза

Што е прецесија?

Дали Астрологијата е наука?

Соѕвездијата и знаците на Зодијакот

Астрологијата и магијата

Астрологијата и слободната волја

Дневен хороскоп

Астрологијата и геоцентричниот систем

Важно е да ми чури оџачето

Објавено на 18.11.2020 во 02:07

Важно е да ми чури оџачето
 

Пред неколку недели, додека беше уште топло времето надвор, стоев во понижувачкиот ред пред една од нашите банки. Не бевме многу луѓе, но замислете, работеше само еден шалтер. Само еден шалтер во цела банка!!!

Какво малтретирање за клиентите од кои живее банката и треба да ги третира со почит. Дури мислам дека е тоа смислена игра на банките, со цел да ни се смачи чекањето и сите да се префрлиме на електронско плаќање. Но, тоа е друга приказна. А, јас сакав да споделам со вас искуство од поинаков вид.

Нејсе, пред мене во редот беа две жени на околу пеесетина години кои тука се сретнаа, а очигледно се знаеја и приватно. Едната висока и слаба, облечена во класичен канцелариски костум. А, другата ниска, повеќе широка отколку висока, облечена во неодредено парче облека што веројатно требаше да претставува фустан. И бидејќи чекавме речиси саат време, жените се опуштија, заборавија каде се наоѓаат и дека има луѓе околу нив и си започнаа кафе-муабет, ама стоечки и без кафе.

„Што има ново?“, праша високата.

„Се по старо, освен што почнав да работам од дома“, одговори пониската.

„Како е маж ти, најде ли работа?“, го продолжи муабетот високата.

„Неее, кој го прима на 59 години на работа и тоа без еден ден работно искуство“, резигнирано одговари жената на која модата не и беше приоритет.

„Го видов пред некој ден оддалеку, одеше по улица со некоја убава, плава, висока женска. Можеби роднина ви е?“, продолжи да гази на идејата високата.

„Не, немаме таква роднина. Кога било тоа? Прошлата недела? Не знам каде бил. И да ти кажам, баш ми е гајле со кого бил. Со која сака нека биде додека мене дома ми чури оџачето.“

На неа и чурело оџачето со маж што никогаш не работел и кој брка други жени. Не можев да поверувам што слушам. Тоа ме натера да се потсетам на повеќе искуства кои ги имам со моите клиенти. Често пати знаат да ми се пожалат дека сопругот не ги забележува, некои се жалат дека е мрзлив, некои се жалат на мажите кои пијат, кои се насилни и така натаму. Но, кога ќе ги прашам што би направиле по тоа прашање, редовно добивам одговор дека никаде не било подобро, дека имаат врзани раце заради децата, дека имало и бетер, дека дури носел пари дома не било важно што прави тој надвор. Или со други зборови, важно е да им чури оџачето, другото не е важно.

На овие дами јавно ќе им кажам: „Не драги мои дами. Вам не ви чури оџачето, вам ви чури главата. Бидејќи не чури оџак кој е саѓосан од невнимание, непочитување, омраза или насилство. Може само да ви го враќа чадот назад и сите дома да се задушите од истиот. Прво вие, па партнерот, а ќе ги задушите и децата. Дури и кучињата и мачињата, ако ги имате.“

Јас сум свесна дека во годините наназад, а посебно во последниве години, се случуваат драматични промени во машко-женските односи. Но, чурењето на оџакот е константа. Се знае што значи и како изгледа кога оџакот навистина чури.

Затоа, ако сакаме навистина да чури, ќе треба да си ги засукаме ракавите, да се качиме на покривот на куќата и да го исчистиме, со тоа што ќе ја повратиме комуникацијата со партнерот, ќе покажеме повеќе љубов, разбирање, внимание и почит. Ние први, затоа што сме жени. Ако тоа не ни успее или не знаеме како се прави, тогаш ќе треба да си викнеме оџачар наречен брачен советник или психолог и тој, со неговите професионални иљачи, ќе направи се од себе нашиот оџак да стане чичка нов.

Но, ако и тоа не успее, се знае, подобро ужасен крај отколку ужас без крај. Изразот „Важно е да ми чури оџакот“ е показател дека сме немоќни да ја смениме ситуацијата во која се наоѓаме, но не сакаме тоа да си го признаеме. Прашувате зошто? Затоа што во тој случај ќе треба да делуваме во некоја насока, или да ги поправаме односите со партнерот, ако воопшто можат да се поправат, или да ја прекинеме врската или бракот. Затоа избираме да живееме во димната завеса што ја произведува затнатиот оџак од која ништо не гледаме пред себеси и можеби така си ја пропуштаме среќата. За една врска да опстане не е толку важно партнерите да гледаат еден во друг, туку во ист правец.

И тука ќе завршам со една мисла на британскиот теолог и писател Clive Steples Lewis кој вели: „Не можете да се вратите назад и да го смените почетокот. Но можете да започнете од таму каде што сте и да го смените крајот.“

Е, па што чекаме? Четката во раце и правец оџак.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.


Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. 

С. М., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2025
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби