Говорот на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Зошто ги бакнуваме децата
Солзи сами капат
Пред да му кажеш Да
Цената на долгите нокти
Тоа што очајнички го посакуваме
Како научив физика
Зад секоја успешна жена
Корумпираната држава
Луѓе со кои не се дружиме
Глупавите луѓе
Нептун во Овен
Ако имаше Господ...
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
Знаците на патот
Кога не ни оди според планот
Силикони за мозок
Луѓенца
Струен удар од зборови
Времето е тест за љубовта
Споменар
Зошто китиме елка
Ако нема кој да ве прегрне
Браковите склучени во недела
Само еднаш се љуби?
Трагачи по возбуда
Важно е да ми чури оџачето
Глупава младина - неизвесна иднина
Денови на среќни околности
Се родив прерано, не те сретнав тебе
Кога умира душата?
Колку трае еден ден на секоја планета
Крадци
Светот е глобално ријалити шоу
Луѓето се како очи
Убавите круши...
Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде
Ретрограден Марс во Овен
Најголемата слабост на секој знак
Бони и Клајд
Несудената Фрида Кало
Јуни 2020 - Месец на две Еклипси
Сите бои на Виножитото
Љубов, Ах Љубов
Човекот наречен Надеж
Сатурн во Водолија
Ретрограден Меркур во Риби
Француски бакнеж
Годишен хороскоп за 2020 година
Ни претстои неочекувано среќен период
Во што се крие благословот
Ретрограден Меркур во Шкорпија
Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?
Венера во Вага - Време за Љубов
Млада Црна Месечина на 30 август 2019
Немаш ни благодарам
Ќе ја сретнеш својата судбина
Ни на Небо, ни на Земја
Затемнување на Месечината на 16 јули 2019
Не ја мати водата
Ретрограден Меркур во Лав И Рак
Талентот е Божји дар
Вера, Надеж и Љубов
Сиротата мала богаташка
Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019
Двете Марии
Скршеното огледалце
Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај
Министерот со шешир и темни очила за сонце
Ѕвезденото небо над светот во мај 2019
Љубовта е во воздухот
Нека го фрли првиот камен...
Сатурн коњукција Плутон
Ќерката на офицерот со ружи
Ретроградни планети - што ќе ни донесат?
Ѕвезденото небо над светот во април 2019
Кралот на Троседот
Оној што спасил живот
Ветената Земја
Ретрограден Меркур во Риби
Имаш лице какво што заслужуваш
Ѕвезденото небо над светот во декември
Женски Болести
Јами Мами од Мајами
Јупитер во Стрелец
Ѕвезденото небо над светот во ноември
Ако сте родени меѓу два хороскопски знака
Внимавај кого пушташ во својот живот
Пониското и повисокото ниво на секој знак
Ѕвезденото небо над светот во октомври
Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018
Ѕвезденото небо над светот во јули
Исправи се, Викторија!
Ретрограден Марс во Водолија
Ѕвезденото небо над светот во јуни
Уран во Бик
Ѕвезденото небо над светот во мај
Кирон во Овен
Ѕвезденото небо над светот во април
Ретрограден Меркур во Овен
Каков карактер - таква болест
Ѕвезденото небо над светот во март
Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари
Ѕвезденото небо над светот во февруари
Ѕвезденото небо над светот во јануари
Сатурн во Јарец
Небото над Македонија во декември
Марс влегува во Вага
Венера влегува во Вага
Јупитер влегува во Шкорпија
Која изрека е клучна за секој знак
ФБИ откри кои знаци се најопасни
Која е разликата меѓу знакот и подзнакот
Што му недостасува на секој знак
Марс влегува во Девица
Венера влегува во Лав
Доналд Трамп - Хилари Клинтон
Затемнување на Сонцето
Како ретроградниот меркур ќе влијае
Она што го напишав веќе се остварува
Ретрограден Меркур во Девица
Затемнување на Месечината
Случувањата во следните 15 години
Месечевите Мени и Ритамот на Природата
Светската економска криза
Што е прецесија?
Дали Астрологијата е наука?
Соѕвездијата и знаците на Зодијакот
Астрологијата и магијата
Астрологијата и слободната волја
Дневен хороскоп
Астрологијата и геоцентричниот систем
|
Текст објавен во јуни 2009
|
Деветте заповеди за преживување во услови на светска економска криза
Писателот, авантурист и политичар, Андре Малро (1901-1976), човек со богато животно искуство, кој дури два пати беше министер на Франција, еднаш за пропаганда и информации а друг пат за култура, во 1955 година изјави дека “Дваесет и првиот век ќе биде век на духовноста или нема да постои.” Тука Малро сигурно не мислел дека лудата трка по духовноста која владее некаде од 90-тите години на минатиот век е тоа што ќе го спаси светот. За волја на вистината, периодот од 1995 до 2008 година, кога Плутон, планетата на метаморфозите, транзитираше низ авантуристичкиот Стрелец, трагачот по духовното, навистина кај повеќето луѓе предизвика зголемување на интересот за духовна литература. Во потрага по егзотика или по смислата на животот, многу луѓе започнаа да посетуваат разни курсеви и семинари кои нудеа инстант просветлување за време на викендот. Другите практикуваа различни духовни техники и дисциплини за подобрување на здравјето и животот. Некои се интересираа за алтернативната медицина, за астрологијата, за фенг шуи, за ји џинг. Но, со чест на исклучоците, најголемиот број луѓе тоа го правеше заради потрага по нови содржини за исполнување на својот празен живот, некои со цел да бидат во чекор со времето, другите заради мода. Сепак, идејата на Малро е многу подлабока и посериозна од тоа кокетирање со духовноста. Тоа го покажува вториот дел од реченицата “Дваесет и првиот век ќе биде век на духовноста или нема да постои.” Значи, човештвото се наоѓа пред крстопат. Па или ќе ги сфатиме на вистински начин пораките од древните текстови, пораките за љубов, братство и давање, или ќе се самоуништиме. Луѓето од 21-виот век или ќе ја откријат моќта на љубовта или не ќе можат да опстанат. Првиот посериозен чекор во тој правец, барем од она што мене ми е познато, го направи рускиот исцелител Сергеј Николаевич Лазарев. Тој на човештвото му го подари рецептот за самоисцелување. Во серијата свои дела под наслов “Дијагностика на кармата” Лазарев ја открива тајната моќ на љубовта и вербата во Господ во лечењето и на најтешките болести. Инспирирана од неговите текстови, од Библијата и од уште многу бисери на духовната литература ги составив следните девет заповеди кои ќе ни помогнат да преживееме во годините на неизвесност и на длабоки промени кои не очекуваат. - Однесувајте се како да 1.000 години ќе живеете во изобилие, но бидете подготвени дека економската криза уште утре ќе затропа и на вашата врата.
За таа цел не е умно 100% да се потпираме само на една точка, па изворот на сигурноста да го бараме само во парите, работата или семејството, бидејќи ако таа се измести лесно ќе ја загубиме рамнотежата. Значи, не чекајте да ја загубите работата, туку на време размислувајте за дополнителни извори на приходи! Размислете за своите скриени таленти! Можеби знаете да шиете, да смените гумичка во чешмата, да правите одлични колачи, да сликате, можеби сте добри во некој спорт, знаете математика, физика, странски јазици. Обидете се своето хоби да го претворите во бизнис. Од друга страна ќе мора да сфатите дека потпорната точка не може да ви биде ништо што е материјално, бидејќи тоа секогаш можете да го загубите, да ви го одземат, да се уништи. Затоа, потпорната точка префрлете ја на нешто што е вечно и непроменливо како што е вербата во Господ. Меѓутоа, добро е да знаете дека постои разлика меѓу тоа да му верувате на Господ и да верувате во Господ. Кога човек му верува на Бога, тогаш тој не може да се плаши од иднината. - Бидете отворени за новото и не жалете за старото.
Плутон во Јарец во следните 14 години ќе предизвика тектонски промени во нашиот досегашен начин на живеење, работење, во функционирањето на семејствата. Затоа, за полесно да ги преживееме промените што ќе се случуваат во светот, а кои се неизбежни, би требало да се ослободиме од досегашните ментални концепции, планови, размислувања, желби и очекувања. Кога ќе почувствувате дека во себе повеќе немате никакви очекувања од другите луѓе, тоа е знак дека сте на вистинскиот пат. Неприфаќањето на трауматизирачките ситуации раѓа агресија кон себеси и кон другите и затворање на својот информативен систем што доведува до деградација и самоуништување. - Изградете правилен став кон животот. Учете се на прилагодување и скромност.
Само оној што има правилен став кон животот е способен да им одолее на искушенијата. Во годините што доаѓаат промените (на климата, политичката состојба, финансиите) ќе бидат чести и неочекувани. Тоа ќе можат да го издржат само оние кои лесно и брзо ќе се прилагодуваат на новонастанатите ситуации. Затоа, на животот треба да гледаме како на синџир од постојани загуби на земните вредности за кои што се врзува нашата душа. Но, од еволуциска гледна точка тоа е неопходно со цел да научиме да ја акумулираме љубовта во нашите души која ќе ни помогне во исцелувањето. Истовремено ќе треба да прифатиме дека ние самите ја креираме нашата реалност со помош на нашите мисли. Кога размислуваме позитивно, привлекуваме позитивни луѓе и случувања. Затоа, бидете свесни за своите мисли. Сосечете ги во корен негативните мисли за другите луѓе, за себеси, за светот што ве опкружува, за иднината. Човекот на иднината во исто време ќе треба да биде и бизнисмен и светец. - Не одговарајте на злото со зло.
Тоа значи дека во првите моменти кога ќе ви се случи нешто непријатно, најдобро е да ја задржите присебноста, да не кревате паника, да не барате виновници, да не живеете во омраза или со чувство на вина, да не се осудувате себеси, ниту пак другите. Тоа оди полесно ако умееме во се да ја видиме Божјата волја. А, луѓето велат дека добродушниот човек и Господ го чува. - Бидете понизни, откажете се од желбата да ја контролирате ситуацијата.
Колку повеќе човек ја прифаќа ситуацијата од внатре, толку тој поактивно може да се спротивстави од надвор, бидејќи заштедил енергија која ќе може да ја потроши за планирање на утрешниот ден и за негова промена во физичка смисла. Значи, внатрешното прифаќање на ситуацијата во сегашноста тоа е умешност за управување со иднината. Ако човек се обидува да ја контролира ситуацијата, нагло се зголемуваат неговата раздразливост и агресија, кои за кусо време резултираат со болести. - Простете им на оние што сметате дека ви згрешиле. Одржувајте хигиена на душата и обидете се да го корегирате вашиот неправилен однос кон материјалните вредности.
Неправилно е тоа што, ние, луѓето, со текот на времето започнуваме од парите и материјалните вредности да правиме своја цел во животот, свој Бог. Но, до Божественото не се доаѓа преку трката по материјалното, туку тогаш кога ги губиме земните богатства. Сите ние знаеме дека за да бидеме здрави е неопходно да одржуваме хигиена на телото, но малкумина знаат дека уште повеќе треба да ја одржуваме хигиената на душата. Тоа се постигнува кога постојано работиме на себе. Првиот чекор во работата на себеси е простувањето на сите оние кои што некогаш, на било каков начин, не повредиле. Тоа ќе ви оди полесно ако знаете дека оној што ги повредува другите и самиот на некаков начин бил повреден. Меѓутоа, простувањето не значи дека мора да бидеме повторно со тие што не повредиле. Вториот и потежок чекор е да си простиме себеси за сите грешки што сме ги направиле во минатото, за сите ситуации кога сме ги повредиле другите или себеси, за сите пропуштени шанси кога сме можеле да покажеме љубов. Тоа полесно ќе го постигнеме ако прифатиме дека не сме совршени, но сме доволно свесни да не ги повторуваме грешките и во иднина. Човекот кој на овој начин ја чисти својата душа, често ги избегнува несреќите што му биле предодредени, а за тоа и да не е свесен. - Помагајте им на другите секогаш кога можете и притоа не го условувајте помагањето ниту со материјална, ниту со духовна благодарност. Дружете се со луѓето, не се затварајте во себе!
Кога се трудиме да му помогнеме на некој друг, тогаш во нас се отвораат оние резерви на сила и енергија кои инаку никогаш не би можеле да се отворат ако човекот е свртен само кон себеси. Значи, спасувајќи ги другите, ние се спасуваме себеси. А, од друга страна вистински среќни се чувствуваме само кога сме облагородени со љубов. Но, љубовта е желба за давање, а не за земање. - Секојдневно одвојте си доволно време за разговор со себеси и за постигнување на внатрешен мир.
За парите да дојдат до нас, ние во душата мораме да се ослободиме од нив. Затоа, бидете внимателни во трошењето, но не претерано штедливи. Бидејќи како што крвта треба слободно да тече во телото на човекот за тој да биде здрав, така и парите треба несметано да циркулираат во општеството. Од друга страна, хармонијата со себеси нè прави поинтуитивни. Тоа ни помага полесно да го видиме “излезот од тунелот” и да станеме поефикасни во решавањето на проблемите. Ако за нешто размислуваме тоа значи дека истото е присутно и во потсвеста на другите. Идејата се создава прво во умот, а потоа се создаваат и техничките можности за истата да се реализира. - Почувствувајте дека секој момент ви е даден како можност некому да му покажете љубов.
Во секој миг од животот ние правиме мали или големи одлуки. А, секоја одлука е мотивирана или од Љубовта или од Стравот. Тоа најдобро, во само две реченици, го има опишано ирскиот писател и универзитетски професор Клајв Степлс Луис (1898 - 1963). Тој вели : “Во Вселената не постои неутрална територија. Секој квадратен метар, секој дел од секундата или е во рацете на Господ или во рацете на Ѓаволот.” Затоа, ако сакате да бидете во хармонија со Вселенските закони, во секоја ситуација изберете го она што ви го кажува вашата интуиција, а не интелектот. Интуицијата зборува со јазикот на љубовта, а интелектот со јазикот на стравот. Значи, во било која ситуација, надворешно можеме да искажуваме жал, тага, незадоволство, лутина, но длабоко во душата имаме право само на љубов. Бидејќи кога ќе ги снема материјалното и духовното и кога ќе го снема и самиот живот, останува само љубовта. Дури тогаш кога секој човек ќе ја почувствува оваа вистина во себеси може да дојде до промена на глобалната ситуација во светот. Во спротивно, процесот на самоуништување кој е во тек ќе продолжи. Всушност, какви сме во сегашноста, таква ни е и иднината.
 Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Рибите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.
“ |
Навистина овој хороскоп не е клише како многу други. Овој хороскоп баш ти дава одговори за тоа кој си бил, каков си и што треба да правиш за да станеш подобра личност. ” Деја З.К. |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|