Говорот на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Зошто ги бакнуваме децата
Солзи сами капат
Пред да му кажеш Да
Цената на долгите нокти
Тоа што очајнички го посакуваме
Како научив физика
Зад секоја успешна жена
Корумпираната држава
Луѓе со кои не се дружиме
Глупавите луѓе
Нептун во Овен
Ако имаше Господ...
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
Знаците на патот
Кога не ни оди според планот
Силикони за мозок
Луѓенца
Струен удар од зборови
Времето е тест за љубовта
Споменар
Зошто китиме елка
Ако нема кој да ве прегрне
Браковите склучени во недела
Само еднаш се љуби?
Важно е да ми чури оџачето
Глупава младина - неизвесна иднина
Денови на среќни околности
Се родив прерано, не те сретнав тебе
Кога умира душата?
Колку трае еден ден на секоја планета
Крадци
Светот е глобално ријалити шоу
Луѓето се како очи
Убавите круши...
Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде
Ретрограден Марс во Овен
Најголемата слабост на секој знак
Бони и Клајд
Несудената Фрида Кало
Јуни 2020 - Месец на две Еклипси
Сите бои на Виножитото
Љубов, Ах Љубов
Човекот наречен Надеж
Сатурн во Водолија
Ретрограден Меркур во Риби
Француски бакнеж
Годишен хороскоп за 2020 година
Ни претстои неочекувано среќен период
Во што се крие благословот
Ретрограден Меркур во Шкорпија
Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?
Венера во Вага - Време за Љубов
Млада Црна Месечина на 30 август 2019
Немаш ни благодарам
Ќе ја сретнеш својата судбина
Ни на Небо, ни на Земја
Затемнување на Месечината на 16 јули 2019
Не ја мати водата
Ретрограден Меркур во Лав И Рак
Талентот е Божји дар
Вера, Надеж и Љубов
Сиротата мала богаташка
Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019
Двете Марии
Скршеното огледалце
Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај
Министерот со шешир и темни очила за сонце
Ѕвезденото небо над светот во мај 2019
Љубовта е во воздухот
Нека го фрли првиот камен...
Сатурн коњукција Плутон
Ќерката на офицерот со ружи
Ретроградни планети - што ќе ни донесат?
Ѕвезденото небо над светот во април 2019
Кралот на Троседот
Оној што спасил живот
Ветената Земја
Ретрограден Меркур во Риби
Имаш лице какво што заслужуваш
Ѕвезденото небо над светот во декември
Женски Болести
Јами Мами од Мајами
Јупитер во Стрелец
Ѕвезденото небо над светот во ноември
Ако сте родени меѓу два хороскопски знака
Внимавај кого пушташ во својот живот
Пониското и повисокото ниво на секој знак
Ѕвезденото небо над светот во октомври
Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018
Ѕвезденото небо над светот во јули
Исправи се, Викторија!
Ретрограден Марс во Водолија
Ѕвезденото небо над светот во јуни
Уран во Бик
Ѕвезденото небо над светот во мај
Кирон во Овен
Ѕвезденото небо над светот во април
Ретрограден Меркур во Овен
Каков карактер - таква болест
Ѕвезденото небо над светот во март
Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари
Ѕвезденото небо над светот во февруари
Ѕвезденото небо над светот во јануари
Сатурн во Јарец
Небото над Македонија во декември
Марс влегува во Вага
Венера влегува во Вага
Јупитер влегува во Шкорпија
Која изрека е клучна за секој знак
ФБИ откри кои знаци се најопасни
Која е разликата меѓу знакот и подзнакот
Што му недостасува на секој знак
Марс влегува во Девица
Венера влегува во Лав
Доналд Трамп - Хилари Клинтон
Затемнување на Сонцето
Како ретроградниот меркур ќе влијае
Она што го напишав веќе се остварува
Ретрограден Меркур во Девица
Затемнување на Месечината
Случувањата во следните 15 години
Месечевите Мени и Ритамот на Природата
Деветте заповеди
Светската економска криза
Што е прецесија?
Дали Астрологијата е наука?
Соѕвездијата и знаците на Зодијакот
Астрологијата и магијата
Астрологијата и слободната волја
Дневен хороскоп
Астрологијата и геоцентричниот систем
|
Објавено на 21.11.2020 во 10:13
|
Трагачи по возбуда
„Имам тешки моменти поврзани со моралот. Знам кога работите ги правам исправно. Уште поважно е да бидеш искрен околу тоа кој си. Многу се занимавам со моралот.“ ~ Brad Pitt Се сеќавате ли на Бред Пит во филмот „Легенди за есента“, драги мои? Млад, згоден, со долга брановидна коса, нескротлив, див. Mаж кој не подлегнува на моралните вредности кои ги наметнува општеството и времето во кое живее, современ кентаур. Е, во овој филм јас се убедив дека Бред Пит (18.12.1963) е навистина глумец, а не само убава фаца која парадира на филмското платно. Но, откако дознав дека е роден во знакот Стрелец се најдов во недоумица. Дали Бред Пит ја одигра улогата на Тристан толку добро и автентично поради тоа што е добар глумец или улогата се залепи за Бред Пит како латекс ракавици за кожа бидејќи тоа е неговата природа? Како и да е, кога сакате да си замислите како би изгледал типичниот маж Стрелец, потсетете се на Тристан од „Легенди за есента.“ И веќе погодувате, нели? Почнува сезоната на Стрелците, бидејќи токму денес Сонцето го менува знакот. Излегува од интензивната Шкорпија и влегува во авантуристички расположениот Стрелец. И можеби Бред Пит не би се оптоварувал толку со моралот, ако владетел на неговиот знак не беше Јупитер или Зевс, во грчката митологија. Е, токму тој Јупитер, го свргнува од престолот својот татко Сатурн (Хронос), Богот на времето и создава нова хиерархија на Богови кои се покорувале на неговите закони. Оттогаш, Јупитер (Зевс) го симболизира владеењето на духот и редот наметнат однадвор. А, вибрациите на Стрелецот поттикнуваат на отворено зборување за она што се мисли, окупирање на себеси со прашања поврзани со моралот, спроведување на правдата и почитување на законите. Доказ за тоа дека Стрелците немаат влакна на јазикот, па дури се и брутални во изразувањето, е прекрасната Ким Бесинџер (8.12.1953). Таа вели: „Чувствувам дека двајца живеат во мене - јас и мојата интуиција. Кога одам против неа, таа ме заебува секој пат. А, кога ја следам, ние се согласуваме доста добро.“ Но, моралот и правдољубивоста се само едната страна на медалот. Графичкиот приказ на Стрелецот е кентаурот, митолошко суштество кое до половина е човек, од половина надолу коњ. Тоа покажува дека во секој Стрелец постои борба меѓу божественото и човечкото, меѓу духот и телото, меѓу желбата да се биде духовен и праведен и ниските пориви по кои копнее телото. Типичен пример за оваа двојна природа на Стрелецот е познатиот американски интелектуалец, режисер, актер и саксофонист Вуди Ален (1.12.1935), кој го шокираше светот кога се ожени со посвоената ќерка на неговата партнерка, Миа Фароу, и имаше деца со неа. Доказ за неговата двојна, Стрелечка природа, се неговите изјави: „Универзумот е само идеја што му светнала на Господ во умот“, па додава: „Сите луѓе ја знаат истата вистина. Нашите животи се составени од тоа како истата ја изобличуваме.“ И завршува со прашањето и одговорот: „Дали сексот е валкан? Само кога е направен на вистински начин.“ Немам коментар, сите Стрелечки особини собрани во еден човек. Е, сега доаѓаме до моментот на вистината. Пред да се удирате в гради дека сте Стрелци и да постирате текстови за овој знак, во кои се наведени само неговите најдобри особини, треба да знаете дека само 1-3% од Стрелците ги поседуваат. Најголемиот процент припаѓаат на духовно понеразвиеното ниво на знакот. Како да знаете на кое ниво на знакот му припаѓаат Стрелците што прв пат ги запознавате? И покрај нивното пријателско однесување и покрај тоа што се забавни, и покрај тоа што ќе ве освојат со своите интересни муабети, и покрај тоа што ќе ви зборуваат за морал, закон и духовност, ви препорачувам повеќе да ги набљудувате што прават, а не што ви зборуваат. Тие се интелигентни и ќе ви се претставуваат онака како што ќе оценат дека сакате да ги видите. Но, вистината за нив би можела да биде сосема поинаква. Па, ако забележите дека им е тешко, речиси невозможно, да ја контролираат својата анимална природа, ако не знаат да речат „не“ на секој повик за авантура, на се што им изгледа поинакво и необично. Ако се насилни, зборуваат што ќе им падне на памет, непријатни се за дружење, неумерени се во јадењето, пиењето и сексот. Ако не обрнуваат внимание на хигиената, немаат работни навики, наивно се залетуваат по се што им изгледа привлечно и забавно без да размислуваат за последиците. Тогаш бидете сигурни дека вашите соговорници му припаѓаат на најниското ниво на овој знак. А, такви се околу 70% од Стрелците. За жал, тие никогаш не учат од своите грешки и секогаш одново и одново ги повторуваат. Не сакаат да се мачат во животот, само да се забавуваат. Можеби, на шега, ќе ви речат дека оние што работат се глупави, а тие се попаметни од сите и ќе успеат да заработат пари без мака и труд. Тоа не е шега, тие веруваат во таа идеја и затоа меѓу нив често ќе сретнете коцкари. Но, можат да бидат и верски фанатици, да покажуваат интерес и за музиката, најчесто за дувачките инструменти или оргулите. Додека жените се најлесните, во цел Зодијак. Стрелците од повисокото ниво ќе ги препознаете по нивната ведрина и оптимизам. Тие ќе ги знаат мааните на својот карактер и ќе се трудат да ја држат под контрола анималната страна од својата природа. Ја ценат својата и туѓа слобода, имаат либерални погледи на светот и ослободени се од секаков вид предрасуди. Не се мешаат во туѓите животи и не озборуваат. Ќе ги препознаете по достоинственото држење, по благородните постапки, по дружељубивоста и образованоста. Тие се посакувани гости во отмените и интелектуални кругови. На оваа група и припаѓаат околу 20-30% од Стрелците. Стрелците од повисоко ниво често ќе патуваат или судбината ќе ги однесе во непознати и странски предели, во кои тие ќе пливаат како риби во вода. Секаде каде што ќе одат ќе го остават својот печат и вистински се амбасадори на својата култура. Истовремено тие ќе бидат и одлични репрезенти на туѓата култура во својата земја. Одлични се и во улога на правници, професори и дипломати. Но, ќе ја обожаваат и философијата и музиката. Додека спортот и престојот во природа им се потребни како воздухот што го дишат. И та-та-та-тааам...Стигнуваме до претставниците на највисокото ниво на Стрелецот. Само 1-3% од Стрелечката популација. Нив ќе ги препознаете по тоа што тие ќе покажуваат свест дека сите работи во Универзумот се поврзани меѓу себе. Ќе бидат посветени на духовната работа и најчесто ќе ги сретнете во улога на учители за некоја духовна дисциплина или писатели на философска и духовна литература. Е сега, до каде сте во анализите? Ги најдовте ли вашите блиски во некоја од овие групи? А, вие Стрелци, се препознавте ли во некој од описите? Во која група припаѓате? Ама без лажење и препишување. Ако сакате да добиете најверодостојна слика за себеси, прашајте ги вашите блиски каде би ве сместиле. Текстов ќе го завршам со две изјави на британскиот аристократ и политичар Винстон Черчил (30.11.1874) од кој, во голема мера, зависел текот и крајот на Втората Светска Војна. Во една своја изјава тој вели: „Тактот е способност да се каже некому да оди во пеколот на таков начин што тој ќе се радува на патувањето“. Додека во другата признава: „Јас сум љубител на свињи. Кучињата нѐ гледаат оддолу. Мачките нѐ гледаат од високо. Свињите нѐ третираат како еднакви.“ Што мислите на кое ниво од знакот му припаѓа? Виолета С. Марсол
 Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.
“ |
Наталната карта која ја направив кај вас е рефлексија на мојата душа, на суштината на она што сум јас или на она што се нарекува битие!!! Благодарам што ми ја покажавте вратата кон другите скриени димензии на креацијата наречена живот! ” Димитар Луневски-Чипо, Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|