Говорот на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Зошто ги бакнуваме децата
Солзи сами капат
Пред да му кажеш Да
Цената на долгите нокти
Тоа што очајнички го посакуваме
Како научив физика
Зад секоја успешна жена
Корумпираната држава
Луѓе со кои не се дружиме
Глупавите луѓе
Нептун во Овен
Ако имаше Господ...
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
Знаците на патот
Кога не ни оди според планот
Силикони за мозок
Луѓенца
Струен удар од зборови
Времето е тест за љубовта
Споменар
Зошто китиме елка
Браковите склучени во недела
Само еднаш се љуби?
Трагачи по возбуда
Важно е да ми чури оџачето
Глупава младина - неизвесна иднина
Денови на среќни околности
Се родив прерано, не те сретнав тебе
Кога умира душата?
Колку трае еден ден на секоја планета
Крадци
Светот е глобално ријалити шоу
Луѓето се како очи
Убавите круши...
Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде
Ретрограден Марс во Овен
Најголемата слабост на секој знак
Бони и Клајд
Несудената Фрида Кало
Јуни 2020 - Месец на две Еклипси
Сите бои на Виножитото
Љубов, Ах Љубов
Човекот наречен Надеж
Сатурн во Водолија
Ретрограден Меркур во Риби
Француски бакнеж
Годишен хороскоп за 2020 година
Ни претстои неочекувано среќен период
Во што се крие благословот
Ретрограден Меркур во Шкорпија
Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?
Венера во Вага - Време за Љубов
Млада Црна Месечина на 30 август 2019
Немаш ни благодарам
Ќе ја сретнеш својата судбина
Ни на Небо, ни на Земја
Затемнување на Месечината на 16 јули 2019
Не ја мати водата
Ретрограден Меркур во Лав И Рак
Талентот е Божји дар
Вера, Надеж и Љубов
Сиротата мала богаташка
Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019
Двете Марии
Скршеното огледалце
Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај
Министерот со шешир и темни очила за сонце
Ѕвезденото небо над светот во мај 2019
Љубовта е во воздухот
Нека го фрли првиот камен...
Сатурн коњукција Плутон
Ќерката на офицерот со ружи
Ретроградни планети - што ќе ни донесат?
Ѕвезденото небо над светот во април 2019
Кралот на Троседот
Оној што спасил живот
Ветената Земја
Ретрограден Меркур во Риби
Имаш лице какво што заслужуваш
Ѕвезденото небо над светот во декември
Женски Болести
Јами Мами од Мајами
Јупитер во Стрелец
Ѕвезденото небо над светот во ноември
Ако сте родени меѓу два хороскопски знака
Внимавај кого пушташ во својот живот
Пониското и повисокото ниво на секој знак
Ѕвезденото небо над светот во октомври
Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018
Ѕвезденото небо над светот во јули
Исправи се, Викторија!
Ретрограден Марс во Водолија
Ѕвезденото небо над светот во јуни
Уран во Бик
Ѕвезденото небо над светот во мај
Кирон во Овен
Ѕвезденото небо над светот во април
Ретрограден Меркур во Овен
Каков карактер - таква болест
Ѕвезденото небо над светот во март
Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари
Ѕвезденото небо над светот во февруари
Ѕвезденото небо над светот во јануари
Сатурн во Јарец
Небото над Македонија во декември
Марс влегува во Вага
Венера влегува во Вага
Јупитер влегува во Шкорпија
Која изрека е клучна за секој знак
ФБИ откри кои знаци се најопасни
Која е разликата меѓу знакот и подзнакот
Што му недостасува на секој знак
Марс влегува во Девица
Венера влегува во Лав
Доналд Трамп - Хилари Клинтон
Затемнување на Сонцето
Како ретроградниот меркур ќе влијае
Она што го напишав веќе се остварува
Ретрограден Меркур во Девица
Затемнување на Месечината
Случувањата во следните 15 години
Месечевите Мени и Ритамот на Природата
Деветте заповеди
Светската економска криза
Што е прецесија?
Дали Астрологијата е наука?
Соѕвездијата и знаците на Зодијакот
Астрологијата и магијата
Астрологијата и слободната волја
Дневен хороскоп
Астрологијата и геоцентричниот систем
|
Објавено на 09.12.2020 во 13:52
|
Ако нема кој да ве прегрне
„Знаете како се станува ранет и длабоко сам? Ако нема кој да ве прегрне.“ ~ Тања Бошковиќ Актерка Пред многу години прочитав некое истражување, кога и каде, не ме држете за збор. Но, се сеќавам дека заклучокот беше неверојатен за тоа време. Имено, се предвидуваше дека поради претераното седење, кај луѓето во иднината ќе се зголемува обемот на главата, бидејќи таа најмногу ќе се употребува. А, ќе атрофира долниот дел од телото, посебно нозете. Се сеќавам дека за ова истражување разговаравме со пријателите и се смеевме на помислата како би изгледале со гооолеми глави и „конци“ кои висат од телото. Марсовци. Е, па ѓаволот ја однесе шегата. Тоа време веќе незапирливо доаѓа, ако не не обземало веќе сосема. Со појавата на Гугл, Интернет и социјалните мрежи, го освоивме просторот, она што е предвидено да се случи во ерата на Рибите, која започна, отприлика, во периодот кога се појави Исус. А, својата кулминација ја доживува во последниве десеттина години. Сега не треба да одиме до библиотека, бидејќи со неколку клика на тастатурата можеме да дознаеме се што не интересира. Не мора да патуваме во далечните земји, бидејќи со неколку клика можеме виртуелно да отпатуваме на која било точка од светот, да ги дознаеме обичаите на таа земја, навиките на луѓето, да ги видиме познатите знаменитости. Не треба да излегуваме во кафиќот каде што излегува тој што ни се допаѓа, ниту да се распрашуваме кај неговите другари за него. Доволно е да го отчукаме неговото име на ФБ, Инстаграм и можеме да дознаеме се. Со кого се дружи, што сака да јаде, дали има девојка, каде ќе оди на одмор. Па, дури и веднаш можеме да стапиме во контакт со него. Ќе му пратиме барање за пријателство, ќе му напишеме порака на Месинџер и готово. Работата е завршена. Ама не е така. Знаете зошто? Затоа што техниката е добар слуга, ама лош господар. Во човечката природа е човек да го сака тоа околу кое се труди. Во тоа што го сака, човекот се внесува себеси, својата енергија, време и чувства. Или можеби важи обратното, човек да го засакува тоа во кое ја вложил својата енергија, време и чувства? Она во кое не се дал себеси лесно го заборава, ништо не му значи, бидејќи сеуште, барем за сега, на тој начин функционира човековата природа. Така што зачудувачки голем е бројот на „врските“, особено меѓу младите, кои започнале преку социјалните мрежи. Па, тие се вљубиле, воделе љубов, зборувале за венчавки, планирале колку деца ќе имаат и како тие ќе се викаат, се скарале и ја прекинале „врската“, а воопшто да не се виделе „во живо“ и да не се допреле реално, со личноста од другата страна на лаптопот или телефонот. Замислете, се вљубиле без да го почувствуваат мирисот на неговата кожа. Без да ја протнат својата рака во нејзината коса. Без да почувствуваат како мириса неговиот здив. Без да ги вкрстат прстите од рацете во неговиот џеб додека надвор е -20 степени Целзиусови. Без прегрнати да прошетаат на дождот по празните улици на градот. Без заедно да ги вкусат првите есенски печени костенчиња на Плоштадот или мирисот на липите на кејот на Вардар. Без реално да водат љубов...Без...Без... И потоа, кога ја читав јас студијата од Светската Федерација за Ментално Здравје во 2012 година, која велеше дека во 2030 депресијата ќе биде најраспространетата болест на светот, се чудев: „Како е тоа можно? На кој начин ќе се случи? Како некој може да предвиди за дваесет години однапред?“ Не верував дека депресијата може да биде болест број еден во светот, пред срцевите заболувања и пред ракот. Денес, посебно после појавата на короната, се ми е појасно. Социјалната дистанца, стравот од болеста и изолацијата се само некои од камчињата во мозаикот на оддалечувањето на луѓето едни од други. Па, како што кучето кое долго време е врзано на ланец не оди подалеку од куќарката и кога е одврзано, се плашам дека така ќе биде и со луѓето во иднина. И после депресијата ќе била најчестата болест? Секако дека ќе биде, драги мои, ако нема кој да ве прегрне. Прашањето е:„ Што направивме и што сеуште можеме да направиме да ги свртиме случувањата од правец на дехуманизацијата во правец на поголемо очовечување на луѓето?“ Јас мислам дека допирите, галењето, гушкањето, цврсто, приспивно или заштитничко, имаат посилно влијание и од зборовите. Затоа, драги мои, гушкајте ги своите деца што почесто можете. Времето брзо лета. Па, утре тие ќе си заминат од вашиот дом. А, не се знае кога ќе „заминете“ и вие. Гушкајте ги тие што ги сакате, разгалете ги. Бидејќи не знаете кога судбината ќе ве раздели. Искористете го слободното време да се сретнете со пријателите, наместо да седите дома и да им ги лајкувате постовите. Бидејќи, раните најбрзо зацелуваат кога се чувствуваме поврзани со другите и кога има кој да не прегрне. Виолета С. Марсол
 Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.
“ |
Навистина овој хороскоп не е клише како многу други. Овој хороскоп баш ти дава одговори за тоа кој си бил, каков си и што треба да правиш за да станеш подобра личност. ” Деја З.К. |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|