Говорот на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Зошто ги бакнуваме децата
Солзи сами капат
Пред да му кажеш Да
Цената на долгите нокти
Тоа што очајнички го посакуваме
Како научив физика
Зад секоја успешна жена
Корумпираната држава
Луѓе со кои не се дружиме
Глупавите луѓе
Нептун во Овен
Ако имаше Господ...
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
Знаците на патот
Кога не ни оди според планот
Силикони за мозок
Луѓенца
Времето е тест за љубовта
Споменар
Зошто китиме елка
Ако нема кој да ве прегрне
Браковите склучени во недела
Само еднаш се љуби?
Трагачи по возбуда
Важно е да ми чури оџачето
Глупава младина - неизвесна иднина
Денови на среќни околности
Се родив прерано, не те сретнав тебе
Кога умира душата?
Колку трае еден ден на секоја планета
Крадци
Светот е глобално ријалити шоу
Луѓето се како очи
Убавите круши...
Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде
Ретрограден Марс во Овен
Најголемата слабост на секој знак
Бони и Клајд
Несудената Фрида Кало
Јуни 2020 - Месец на две Еклипси
Сите бои на Виножитото
Љубов, Ах Љубов
Човекот наречен Надеж
Сатурн во Водолија
Ретрограден Меркур во Риби
Француски бакнеж
Годишен хороскоп за 2020 година
Ни претстои неочекувано среќен период
Во што се крие благословот
Ретрограден Меркур во Шкорпија
Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?
Венера во Вага - Време за Љубов
Млада Црна Месечина на 30 август 2019
Немаш ни благодарам
Ќе ја сретнеш својата судбина
Ни на Небо, ни на Земја
Затемнување на Месечината на 16 јули 2019
Не ја мати водата
Ретрограден Меркур во Лав И Рак
Талентот е Божји дар
Вера, Надеж и Љубов
Сиротата мала богаташка
Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019
Двете Марии
Скршеното огледалце
Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај
Министерот со шешир и темни очила за сонце
Ѕвезденото небо над светот во мај 2019
Љубовта е во воздухот
Нека го фрли првиот камен...
Сатурн коњукција Плутон
Ќерката на офицерот со ружи
Ретроградни планети - што ќе ни донесат?
Ѕвезденото небо над светот во април 2019
Кралот на Троседот
Оној што спасил живот
Ветената Земја
Ретрограден Меркур во Риби
Имаш лице какво што заслужуваш
Ѕвезденото небо над светот во декември
Женски Болести
Јами Мами од Мајами
Јупитер во Стрелец
Ѕвезденото небо над светот во ноември
Ако сте родени меѓу два хороскопски знака
Внимавај кого пушташ во својот живот
Пониското и повисокото ниво на секој знак
Ѕвезденото небо над светот во октомври
Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018
Ѕвезденото небо над светот во јули
Исправи се, Викторија!
Ретрограден Марс во Водолија
Ѕвезденото небо над светот во јуни
Уран во Бик
Ѕвезденото небо над светот во мај
Кирон во Овен
Ѕвезденото небо над светот во април
Ретрограден Меркур во Овен
Каков карактер - таква болест
Ѕвезденото небо над светот во март
Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари
Ѕвезденото небо над светот во февруари
Ѕвезденото небо над светот во јануари
Сатурн во Јарец
Небото над Македонија во декември
Марс влегува во Вага
Венера влегува во Вага
Јупитер влегува во Шкорпија
Која изрека е клучна за секој знак
ФБИ откри кои знаци се најопасни
Која е разликата меѓу знакот и подзнакот
Што му недостасува на секој знак
Марс влегува во Девица
Венера влегува во Лав
Доналд Трамп - Хилари Клинтон
Затемнување на Сонцето
Како ретроградниот меркур ќе влијае
Она што го напишав веќе се остварува
Ретрограден Меркур во Девица
Затемнување на Месечината
Случувањата во следните 15 години
Месечевите Мени и Ритамот на Природата
Деветте заповеди
Светската економска криза
Што е прецесија?
Дали Астрологијата е наука?
Соѕвездијата и знаците на Зодијакот
Астрологијата и магијата
Астрологијата и слободната волја
Дневен хороскоп
Астрологијата и геоцентричниот систем
|
Објавено на 29.01.2021 во 23:23
|
Струен удар од зборови (Ретрограден Меркур во Водолија)
Нови шокови на повидок, драги мои. Меркур, кој на 8 јануари зачекори во наелектризираната Водолија, од денес, 30 јануари, тргнува во ретроградно движење и тоа ќе трае до 20 февруари 2021. На 13 март ќе излезе од ретроградната сенка, а на 15 март ќе влезе во Риби. Што значи ова? Како што веќе знаете, кога Меркур е ретрограден, нашите планови обично не се одвиваат според нашите замисли, бидејќи Меркур е несериозен и ужива да не задева. Ние ќе се трудиме да му се спротивставиме, ќе жонглираме со ситуациите, ќе ги преземеме сите мерки да не бидеме изненадени и да не останеме со „прстот во уста“. Ама, кога играта нема правила, тешко дека ќе го надмудриме. Уште повеќе што секој ќе се обидува да ги прекрши кревките правила, да се оттргне од контролата, да надитри, надмудри, да ги избегне обврските, да го истера својот хир, да откаже послушност, да се инаети и бунтува. Почнувајќи од луѓето преку животните, па се до техниката. Затоа, техничките помагала и домашните миленичиња почесто ќе ни откажуваат послушност. Децата ќе си тераат своја шема. Нашите мисли ќе меандрираат како делтата на Нил. Јазикот ќе ни биде побрз од умот. Ќе скокаме од тема на тема. Повеќе ќе зборуваме одошто ќе правиме. Ќе доцниме со исполнувањето на обврските и со роковите. Ќе се разбудиме и ќе ни текне дека баш тој ден сакаме да отпатуваме некаде, подалеку од сите. Гостите ќе ни ја откажат посетата во пет до дванаесет или ќе ни ѕвонат кога ќе бидат пред нашата врата... итн. Меркур во Водолија е свртен кон иднината, инсистира на вистината, на расветлувањето на тајните, го интересираат најновите технички откритија, сака да знае што ќе биде во иднината. Па, ние повеќе ќе бидеме заинтересирани за тоа дали има вода на Марс, каков е биохемискиот состав на вакцините, што рекла баба Ванѓа за 2021, отколку што ќе имаме за ручек и дали имаме пари да си ги платиме сметките. Затоа, нашите разговори би можеле да бидат возбудливи. Можно е да се здружуваме со луѓето во остварувањето на некакво општо добро. Ќе се интересираме дали е подобар Хуавеј или Ајфон? Каква е улогата на Хаарп и кемтрејлс? Дали постои телепатија, телекинеза и што е тоа синхроницитет? Колку можеме да и веруваме на астрологијата? И конечно, ова ќе биде време на демаскирање на многу луѓе и откривање на многу тајни. Како ретроградниот Меркур ќе влијае на секој знак? Начин на читање: Прво за Подзнакот, дополнително за знакот. Својот Подзнак ќе го дознаете ако направите бесплатна Натална Карта на оваа страна. ОВЕН - Ќе биде потребно да ги одложите вашите планови или ќе треба да направите драстична промена на приоритетите во животот. Пожелно е да бидете претпазливи во комуникацијата со пријателите, со луѓето со кои членувате во ист клуб, организација или политичка партија. БИК - Иако вашиот процес на мислење е бавен, во овој период ќе биде попрофитабилно за вас ако го филтрирате она што им го кажувате на луѓето и ако потезите на професионален план и во јавноста ги влечете со голема доза на смиреност и старечка мудрост. БЛИЗНАЦИ - Постои можност да биде одложено некое ваше патување поради професионални или поради здравствени причини, да имате компликации поврзани со визите, да загубите багаж на патување во странство. Но, можно е да се соочите и со правна разврска на некоја ваша ситуација. РАК - Испружете си ги нозете колку што ви е долга чергата. Воздржете се од давање или барање пари на заем. Проверете дали сте ги платиле сите сметки и дали сте ги подмириле сите рати од кредитите. Така ќе ги тргнете извршителите од врат. ЛАВ - Очекувајте нестабилност во вашите партнерски односи. Посебно ако сте во брак и ако односите со брачниот партнер се веќе нарушени. Во тој случај, судирот на мислења е речиси неизбежен. Исто така, внимавајте како се однесувате на јавни места. Така ќе ја избегнете осудата за јавно изречен збор или постапка. ДЕВИЦА - Би можеле да се соочите со проблеми на работното место. Можно е да ви недостасува концентрација и самоконтрола. А, вашата слаткоречивост ќе служи за креирање на византиски игри во професионалните кругови. Она што ќе очекувате на професионален план веројатно нема да се оствари, што дополнително ќе ве фрустрира. ВАГА - Би требало да имате проблеми во љубовниот живот или со децата. Внимавајте што зборувате и како се однесувате кон нив. Можно е да кажете или направите работи кои никогаш нема да ви бидат заборавени. Не ризикувајте со парите. ШКОРПИЈА - Ќе се активираат вашите стари, неразрешени проблеми, во односите со членовите на семејството. Повеќе не ќе можете да молчите и да чекате проблемите да поминат сами од себе, додека вие ја држите „главата во песок“. Ќе бидете агресивни, ќе си ги барате своите права, ќе го браните својот имот. Сепак, паметно е да не купувате, продавате или делите имот до 20 февруари. СТРЕЛЕЦ - Би требало да внимавате каде одите, со кого се дружите, што им кажувате на оние што ги сметате за блиски. Посебно на социјалните мрежи. Тоа ќе биде начинот да се заштитите од кражби и манипулации. Не ставајте свој потпис на важни договори и бидете внимателни во сообраќајот. ЈАРЕЦ - Постои опасност непријатно да се изненадите поради некои трошоци што не сте ги планирале ниту сте ги очекувале. А, се поврзани со местото на живеење, домот или со членовите на семејството. Непланираните трошоци би можеле да бидат резултат и на вашата желба за луксуз. ВОДОЛИЈА - Ќе бидете поагресивни во откривањето на туѓите тајни и во комуникацијата. Во суштина, луѓето ќе ви одат на нерви, а и вие ним. Како и да е, внимавајте како се однесувате и што зборувате пред другите, бидејќи тоа би можело да му наштети на вашиот имиџ. РИБИ - Ќе вриете од лутина и гнев. Но, тоа нема да го покажувате јавно. Често ќе се случува во важни моменти да бидете отсутни со духот, обземени од анализата на вашите постапки во минатото и од прашањата дали, каде и колку згрешивте? Претераното размислување ќе ви го намали квалитетот на сонот. Виолета С. Марсол
 Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Рибите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.
“ |
Понекогаш ни самата незнам дали ќе ги направев вистинските животни избори, ако ја немав наталната карта. Мое огледало во минатото и мое лично упатство за подобра иднина. ” Ивона Талевска, Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|