In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Случувањата на светската сцена во следните петнаесетина години

 
Објавено во јануари 2011

Случувањата на светската сцена во следните петнаесетина години
(Влијанието на Нептун во Риби)
 

Ако човек подлабоко ја проучува астрологијата и има време да согледа како нејзините предвидувања се реализираат во пракса, тогаш би можел самиот да се увери во веродостојноста на астролошките тврдења дека движењето на Сонцето, Месечината, Меркур, Венера и Марс (т.н. лични планети ) навистина имаат поголемо влијание врз случувањата во животот на поединецот. Јупитер и Сатурн влијаат врз промените што се случуваат од една до друга генерација и затоа се сметаат за генерациски планети. Додека Уран, Нептун и Плутон влијаат врз светските текови и тенденции. Тие покажуваат во кој правец ќе се движи светската историја, укажуваат на промени во општествените системи, показател се за тоа во кој правец ќе се движи науката, уметноста, модата, општествените сили и општествените односи.

Од април 2011 до февруари 2026 г., Нептун ќе минува низ знакот Риби. Од 2008 до 2024 г., Плутон минува низ Јарец, а Уран низ Овен од јуни 2010 до мај 2018 г. Тоа ќе доведе до големи промени во светот и на политички и на културен и на економски план. Како ќе влијае Плутон, можете подетално да се запознаете на страната Светската економска криза, реалност или мит? А, за да сфатиме како ќе влијае Нептун врз промените во светската историја прво ќе треба да се запознаеме со неговите особини.

Каква планета е Нептун и какви се неговите вибрации?

Ако го разгледуваме Нептун од аспект на митологијата, која го претставува најдлабокото колективно несвесно на човештвото, Нептун е едно од децата на Геа и Хронос, кој татко му го проголтал веднаш по раѓањето за да го спречи да му го земе престолот како што тврдело пророштвото. Откако Зевс (Јупитер) го убил својот татко, и ги ослободил своите браќа и сестри од неговата утроба, при поделбата на подрачјето на владеењето на Нептун му припаднало владеењето со водата, значи владеењето со сите реки, мориња, океани и со бреговите на копното. Главната алатка што ја поседувал Нептун е трозабецот, кој е и неговиот знак во астрологијата, со кој тој можел да ги разурне карпите или да создаде нов остров. Кога со трозабецот ќе удрел по површината на водата, се создавале невидени бранови, поплави и земјотреси.

Ако го разгледуваме Нептун од аспект на астрономијата, тој е планета изградена од гасови, по големина сличен на Уран, со температура од -200 степени, оддалечен од Сонцето околу 4,5 милиони км, кому му требаат околу 164 години да направи цел круг околу Сонцето.

Во Астрологијата Нептун, покрај Уран и Плутон се смета за една од трансценденталните планети кои имаат повеќе, квалитетно различни, степени на вибрација. Па, додека неговите најниски вибрации го поттикнуваат пониските страсти кај луѓето, повисоките вибрации овозможуваат човек да се соедини со Универзалната Љубов од која е изграден Универзумот и повторно да го доживее чувството дека е едно со сѐ.

Астрологијата отсекогаш го третирала Нептун како планета на тајните, фантазијата и соништата, како Маг на илузиите. Дека тој е навистина таинствен и како прекриен со илјадници велови, како што отсекогаш тврдела астрологијата, докажаа и снимките од првото пристигнување на Вселенскиот брод Војаџер 2 на Нептун, во 1989 г. Сликите на Нептун чија што површина е магловита и не го покажува неговиот вистински обрис го обиколија светот и им дадоа на астролозите потврда за нивното учење. Заради тоа што е таинствен и недофатлив, Нептун владее (неговите вибрации одговараат) со сите подрачја со кои науката сѐ уште не владее и каде што не се доволни рационалните аргументи. Тоа посебно се однесува на работите и науките кои се поврзани со психата и душата.

Како што цврстите форми потопени во вода ги губат јасните обриси и стануваат лелеави, таква е и реалноста која се креира под влијанието на Нептун. Затоа, тој не бадијала владее со алкохолите, дрогите и седативите кои ја менуваат сликата за стварноста. Но, владее и со медиумите кои имаат моќ да ја претстават реалноста во поинакво светло, како и со глумците, музичарите и сите креативни луѓе кои умеат да создадат чувство за некоја друга реалност, различна од онаа во која се случува дејствието.

На психолошко ниво елементот вода одговара на емоциите и душата. А, Нептун заедно со Венера и Месечината, од психолошки аспект, ја симболизира женската страна во човековата душа. Но, во астрологијата го сметаме како повисока октава на Венера. Бидејќи, додека Венера ја претставува љубовта кон друг со цел да се постигне чувство на исполнетост, Нептун ја претставува безусловната љубов ослободена од сексуални претензии кон сѐ што постои во Вселената. Затоа, вибрациите на Нептун ја зголемуваат сочувствителноста и разбирањето за сите што на некаков начин страдаат, дали емотивно, физички или материјално. Па како резултат на тоа, Нептун владее и со медицината, социјалната работа, религијата.

Како трансцендентална планета Нептун има 3 нивоа на вибрации. Пониските вибрации на Нептун во човековиот ум предизвикуваат лаги, илузии, самозалажување и нестабилност во сите сфери од животот. Можат да предизвикаат психички проблеми, халуцинации. Меѓутоа, луѓето кои се занимаваат со активности со кои што владее Нептун, несвесно успеваат неговите вибрации да ги претворат во нешто креативно и конструктивно. Не случајно тие луѓе во моменти на креативна криза посегаат по средства кои на вештачки начин ќе им ја разобличат сликата за реалноста како што се алкохолот и дрогите. Некои од нив можеби ќе научат да ги користат соништата кои според аналитичката психологија се посредници меѓу свесното и несвесното, јазик преку кој душата комуницира со егото.

Сепак, разочарувањата кои ги предизвикува Нептун во животот на секој човек (на кој план и како покажува наталната карта на тој човек) имаат за цел да го натераат човекот да посака да се симне во длабочината на сопствената душа и таму да го побара одговорот за сите свои незадоволства и страдања. Затоа, морските бури што ги создава богот Нептун при ударот со својот трозабец по површината на морето во астрологијата одговараат на несвесните конфликти во човековата душа кои бараат од човекот да се ослободи од сопственото его за да може да ги прими вибрациите што доаѓаат од повисоката свест на Универзумот. На почеток, за да се постигне таа цел, одлично би можеле да помогнат молитвите и медитацијата. Меѓутоа, лекцијата што ја носат душевните кризи обично успеваат да ја научат само оние луѓе кои кога ќе го достигнат врвот на кризата ја прифаќаат ситуацијата без барање на виновници и се одрекуваат од своите себични световни желби и емоции кои им изгледале неопходни за среќа. Но, правејќи ја таа доброволна жртва, човекот е благословен со тоа што може да ја искуси Божјата љубов и чувството дека е едно со сѐ. Човекот што го достигнал ова ниво, како што е случајот со Исус Христос, со Мајка Тереза и со многу други непознати примери, станува спроводник на Божјата Љубов, станува спасител, исцелител, помагач на несреќните и обесправените.

А, бидејќи Нептун владее со знакот Риби, неговите особини се потенцирани на секои 164 години, додека тој поминува низ својот знак. Додека Христос е симбол на ерата на Рибите која започнува нешто пред неговото раѓање и трае до денешен ден.

Што се случувало во минатото кога Нептун минувал низ знакот Риби?

За да го увидиме делувањето на Нептун би требало да ги согледаме случувањата кои се одвивале на светската сцена во последните три циклуси на Нептун. Погоре веќе кажав дека еден циклус на Нептун, времето што е потребно тој да направи цел круг околу Сонцето изнесува околу 164 години. Кога тоа ќе се подели со 12 знаци на Зодијакот излегува дека во еден знак тој останува од 12-15 години. Така, тој во знакот Риби веќе престојувал во периодот од 1520 до 1534 г. Потоа, од 1684 до 1698 г. А, последен пат минувал низ знакот Риби од 1847 до 1862 г. Следниот пак циклус му започнува од пролетта 2011 до 2026 г.

Да видиме што било карактеристично за периодот од 1520 до 1534 г.

Дали ви изгледа случајно дека токму тоа е времето на ренесансата, времето на Микеланџело кој имал најмногу нарачки токму од католичката црква, времето на Тицијан.

Во литературата, тоа е време на хуманистот и теолог Еразмо Ротердамски и неговото прочуено дело „Пофалба на лудоста“.

Во науката тоа е времето на астрономот Никола Коперник.

Тогаш се создава и протестантското движење на Мартин Лутер и Жан Калвин. Додека кралот Хенри Осми, таткото англиската кралица Елизабета Прва, во 1531 г. ги прекина сите дипломатски контакти со римскиот папа Клемент Седми, бидејќи папата одбиваше да го поништи неговиот развод со Катерина Арагонска, и се прогласи себеси за врховен поглавар на англиската црква.

Во овој период се случуваат новини и во бродоградбата. Конструиран е бродот галија и Фернандо Магелан (1520 г.) за прв пат го обиколува светот со брод и стигнува до најјужната точка на Ј. Америка, што денес го носи името Магеланов проток.

Сега кога знаете дека Нептун владее со водите, дали ве изненадува сознанието дека токму во период кога неговото влијание е потенцирано со неговиот транзит низ знакот Риби, Мишел д Нотрдам, денес попознат како Нострадамус, кој по професија беше лекар, а потоа и астролог, беше меѓу првите кои против епидемијата од чума се бореше со водата (со која владее Нептун), оцетот и лукот. Додека во 1529 г. започна со работа Амброаз Паре, таткото на модерната хирургија.

Што се случуваше на светската сцена кога Нептун повторно го правеше својот транзит низ Риби во периодот од 1684 до 1698 г.?

Во книжевноста доминира Лафонтен со неговите басни, кои со поезијата спаѓаат во книжевен род кој е под доминација на креаторот на илузиите Нептун.

Во филозофијата значаен е Џон Лок чија политичка теорија се темели на либерализмот и правната држава. Тој смета дека при раѓањето духот на човекот е како табула раза која се полни со искуството.

Во архитектурата доминира архитектот пејзажист на Луј Четиринаесетти, Андре Л’ Нотр, кој ги смислил и изградил познатите француски градини на Версај.

Во науката доминира Исак Њутн и се формира Британското кралско друштво.

Во Франција е донесен првиот закон за трговија.

Додека во медицината овој период е познат по пронаоѓањето на акушерските штипки (форцепс).

Периодот од 1847 од 1862 г.

Откриена е планетата Нептун во 1846 г. во очи на револуционерните случувања од 1848 г. Тоа е време на социјални немири поради незадоволството на работничката класа со својата положба во општеството. Понижените, несреќните, експлоатираните, болните го бараат својот спасител. Затоа, социјалната работа и мисионерството ја доживуваат својата експанзија. Се јавуваат многу комунистички и утописки идеи за преобразба на општеството засновани на принципите на раното христијанство. Тогаш Маркс и Енгелс го пишуваат „Комунистичкиот манифест“. Но, како што обично бива кога е во прашање Нептун, по првичниот општ занес, многумина се чувствуваат измамени и се разочаруваат. Тука треба да се споменат и Чарлс Дикенс, Виктор Иго, Емил Зола, кои пишуваат романи инспирирани со животот на сиромашните и бездомниците. Достоевски ги поставува основите на психолошкиот роман.

Во овој период расте интересот за разните мистериозни појави, спиритизам, окултизам, хипноза.

На глобален политички план се случува втората опиумска војна меѓу Кина и В. Британија. А, тоа можеби влијаеше Бодлер да ги напише своите дела „Вино и хашиш“, „Вештачки раеви“, „Цвеќето на злото“. Додека Ханс Кристијан Андерсен ги пишува своите бајки, а браќата Грим своите басни. Но, тоа е и време на еманципација на жените што ја предводи француската писателка Жорж Санд, додека во Англија своите дела ги создаваат сестрите Бронте.

Нептуновата инспирација најмногу доаѓа до израз во музиката каде што настапува периодот на романтизам преку делата на Жорж Бизе, Шопен, Брамс, Чајковски. Додека во сликарството е воведен импресионизмот преку Сезан, Мане, Дега.

На Американскиот континент во тек е калифорниската златна треска, а Мормоните ја населуваат Јута. Додека меѓу Африка и Азија се гради Суецкиот Канал.

Во науката заживува теоријата за потеклото на видовите и еволуцијата од Чарлс Дарвин.

А, во медицината се усовршува анестезијата и започнуваат да се користат дериватите на опиумот за лечење. Иако пеницилинот официјално се употребува во медицината од 1928 г., Луј Пастер прв пат го употребува токму во овој транзит на Нептун низ Риби, во 1841 г. Исто така, иако за лековитата моќ на бањите се знаело уште од Римско време, под влијанието на некои религии, имало прекин на нивното користење од 4 век на нашата ера сѐ до половината на 18 век. Меѓутоа, најголем подем има околу 1850 г., посебно во Франција и Германија. Исто така, во овој циклус на Нептун, во 1843 г. умира и творецот на хомеопатијата, Семјуел Ханеман. Но, неговата сопруга, синови, а посебно ќерка му и зет му, продолжиле да ја практикуваат и прошируваат неговата наука.

Знаејќи го сето ова и знаејќи дека при повторниот транзит на Нептун во Риби би требало водата да одигра најголемо влијание во светот, размислував што јас знам за водата. Се сетив дека мојата професорка по биологија во средното училиште, а уште повеќе мојата професорка по ботаника на факултетот велеше : „Колеги, запаметете дека водата значи живот. Првиот живот настанал во вода. Затоа, и во сред ноќ да ве разбудат треба да знаете да ги кажете трите основни функции на водата. Водата растворува, гради и транспортира.“

Потоа, се интересирав за најновите истражувања поврзани со водата. За среќа, денес го имаме интернетот и можеме да дознаеме сѐ што нѐ интересира само со еден клик. Можам само да си замислам колку би се радувале моите професорки кога би дознале дека е откриена нова, и за сега најважна функција на водата, а тоа е да прима и памети информации.

Што велат најновите откритија за делувањето на водата?

Имено, во 1976 г. повеќе научници од различни држави, независно еден од друг, доаѓаат до сознанието дека водата има памет, дека таа ги прима и запаметува сите дејствија што се случуваат околу неа. А, при тој процес водата добива нови својства, но не го менува својот состав. Дисциплината која се занимава со ова тврдење се вика дигитална биологија, чиј творец е др. Жак Бенвенисте. На тој начин научниците доаѓаат до заклучокот дека за примање и чување на информациите е поважна структурата на водата, а не нејзиниот хемиски состав.

На кој начин водата ги прима и памети информациите?

Водата е составена од два атоми водород и еден кислород и има биполарна и бимолекуларна природа, поради која има неверојатна способност за впивање на сѐ со кое што доаѓа во контакт. Заради својата природа, молекулите на водата се поврзуваат меѓу себе и прават гроздови. И токму тие гроздови, според научниците, се клетките на меморијата во кои се запишува сѐ што водата гледа, слуша и чувствува.

На тој начин научниците доаѓаат до впечатокот дека водата е можеби првиот компјутер кој чува и пренесува информации, што некако се поклопува и со тврдењата во книгата на постанокот. Меѓутоа, за да може да се користи тој компјутер или способностите на водата, потребно е да се знае нејзиниот јазик, потребно е да се знаат буквите од нејзината азбука. Молекуларната структура на водата е нејзината азбука. Значи, доаѓаме до колосалното откритие дека ако ја знаеме молекуларната структура на водата, можеме да ѝ дадеме наредби или истите да ги смениме.

Како пример за ова тврдење, научниците ги користат податоците од бродскиот дневник на капетанот Нејл Кери. Тој во зимата 1881 г. патувал од Ливерпул до Сан Франциско. Но, се случува пожар на бродот. Сепак, тие што се спасиле по 3 недели живи стигнале на брегот иако немале ниту капка вода за пиење. Капетанот во својот дневник го запишал следното : „Толку копнеевме за вода за пиење што почнавме да си замислуваме дека сината солена вода која нѐ опкружуваше се претворила во зелена и питка. Тогаш со шаката нацрпив од океанската вода и кога ја пробав таа навистина беше слатка.“

Овој случај не може да биде доказ дека водата ја примила информацијата и го сменила својот состав, бидејќи без денови со вода луѓето можеби биле доведени до состојба на халуцинација. Меѓутоа, експериментите што ги прави Константин Коротков, академик на Руската академија за природни науки, покажуваат нешто друго. Имено, академик Коротков за да утврди кои фактори имаат најголемо влијание на водата, истата ја третирал со магнетни, електрични полиња и со емоции. Утврдил дека најголемо влијание на водата всушност имаат емоциите. Така, кога ѝ се упатуваат чувства на љубов, тој измерил дека нејзината енергија се зголемува, додека при агресија реско се намалува.

Експерименти правел и Јапонецот Масару Емото. Тој на водата и давал различни информации, убави и лоши зборови, имиња на позитивни и негативни личности, ѝ пуштал музика. А, потоа впечатоците што водата ги добила ги запазувал со брзо замрзнување во криогена комора. Притоа, убавите зборови како љубов, благодарам и класичната музика на Бах, Моцарт, Бетовен, како и зборовите ангел, Мајка Тереза предизвикувале прекрасни кристали во водата, додека лошите зборови како будало, ќе те убијам и хард-рок музиката создавале аморфни творби. Емото направил и друг експеримент, во 3 стаклени сада ставил ориз кој го потопил во вода. Во тек на 30 дена тој на првиот сад му велел благодарам, на вториот будало, а третиот се правел дека не го забележува. По еден месец, оризот на кој му благодарел почнал да ферментира и да испушта силна пријатна арома. Оризот на кој му викал будало поцрнел, додека оној што не го забележувал почнал да гние. Овој експеримент според Емото би требало да ни покаже како да се однесуваме при воспитувањето на децата.

Испитувајќи ја водата научниците дошле и до заклучокот дека структурата на водата на различни места во светот е различна. Но, дека структурата на водата во организмот на човекот е иста со структурата на водата од местото каде што се родил. Ова откритие објаснува на кој начин целиот живот остануваме поврзани со местото каде што сме родени, но објаснува и поради што во хомеопатијата препаратите направени со состојки земени од местото каде што човекот е роден имаат најголем позитивен ефект врз него.

Заклучокот до кој дошол професорот по биофизика на Универзитетот во Казахстан, Виктор Инјушин, оди во прилог и само ги потврдува принципите на хомеопатијата. Професорот Инјушин инсистира повеќе да се проучуваат ефектите на разредувањето. Бидејќи тој дошол до заклучок дека при големо разредување, меморијата на водата започнува да влијае посилно отколку при малото.

Како овие сознанија ми помогнаа да сфатам што ќе се случува во периодот кога Нептун ќе транзитира во Риби од 2011 до 2026 г.?

Според сето погоре кажано, и имајќи во предвид дека во истото време Плутон, планетата на разурнувањата, потсвеста и метаморфозите, додека минува низ Јарец, ќе влијае врз промената на односот на силите во светот и промена на општествените системи, додека непредвидливиот Уран ќе минува низ воинствениот Овен, сам од себе ми се наметна заклучокот дека живееме во значајно историско време кога ќе се случуваат големи историски промени. Нешто слично како што било кога пропаѓало Римското Царство или кога феудалниот систем се менувал во капиталистички.

Притоа, додека Нептун минува низ Риби веројатно ќе предизвика скандали во политичкиот и јавниот живот, креирање на смислени измами за широките народни маси и лажни ветувања кои ќе треба да делуваат како „опиум за народот“. За таа цел ќе се користат средствата кои се под влијанието на Нептун, како што се радиото, а посебно телевизијата. Секој дом ќе има телевизор кој ќе го доловува чувството на тродимензионалност.

Луѓето со послаба психа тешко ќе го поднесуваат притисокот предизвикан од несигурноста и брзиот начин на живеење. Па, ќе се зголеми бројот на луѓе со психолошки проблеми, кои спасот ќе го бараат во алкохолот, дрогите и седативите. Посебно болен ќе биде здравствениот сектор, кој нема да се колне во Хипократ туку во профитот. Затоа, луѓето ќе бараат алтернативни начини на лечење. Уште повеќе што алопатските лекови, а посебно антибиотиците, сѐ повеќе ќе ја губат својата моќ.

Притоа, бидејќи Рибата е воден и духовен знак, би требало повеќето истражувања да се водат во правец на откривање на лековитите способности на водата и молитвата и масовно програмирање на водата за лечење. Па, веројатно ќе порасне интересот за лековитите бањи, хидротерапијата, сауните, спа центрите и хомеопатијата. Исто така, на цена ќе бидат и изворите со чиста вода за пиење, како и земјите што ги поседуваат.

Фармацевтската индустрија би можела да пронајде нов начин како некој од досегашните наркотици или нивните деривати да се користат во лечењето. Тоа нема да ја намали можноста за зголемување на бројот на наркоманите, бидејќи ќе живееме во несигурно време, во време на промени. Па, луѓето ќе станат пречувствителни и спасот ќе го бараат во вештачкиот рај на дрогите и седативите. Заради тоа што Рибата е двоен знак, постои можност да се зголеми и бројот на оние кои ќе сакаат да го сменат својот пол по хируршки пат.

Во музиката после разорното речиси дводецениско влијание на техно музиката, музичарите ќе бидат инспирирани да создаваат поромантични и носталгични дела или пак ќе прават римејк на делата од познатите класици.

Постои голема можност да се открие местото каде што се наоѓала митската Атлантида и некои информации пронајдени таму да бидат исклучително значајни за развојот на човештвото.

Ќе се појавуваат нови учења кои ќе ги поврзуваат претскажувањата во Библијата со реалниот живот и ќе го освестуваат народот дека сите негативни работи во човештвото, сите болести и проблеми се предизвикани поради тоа што Љубовта олади во срцата на луѓето. Така, голем број од луѓето би требале да се свртат кон религијата или да трагаат по нови форми на духовност. Уште повеќе заради тоа што Нептун како духовна планета ќе се најде во духовниот знак Риби и тоа во своето седиште. Па, постои можност да се појави некој нов облик на религија, нов духовен водач или пак ќе се водат разговори за обединување на сите религии во една. Меѓутоа, не е исклучена ниту можноста за војни меѓу различни верски заедници.

Притоа, во овој период, интуитивните луѓе сѐ почесто ќе добиваат пророчки визии. Меѓутоа, ќе порасне и бројот на лажните пророци, на оние кои ќе мислат дека се медиуми, а всушност ќе бидат психички болни или измамници.

Креативните луѓе полесно ќе се поврзуваат со креативните вибрации и ќе доаѓаат до неповторливи дела и до генијални пронајдоци. Можно е да се открие нов начин на користење на водата како гориво или нов начин за нејзино прочистување, како и за користење на отпадните води за добивање некаков вид енергија.

Ќе се раѓаат деца со талент за музика и поезија.

Бидејќи, Нептун е поврзан со женската страна на личноста, жените ќе стануваат сѐ посилни од мажите и ќе ги завземаат доминантните места во бизнисот, банките и политиката.

Човештвото ќе започне да покажува интерес и сомилост кон сиромашните.

За кого влијанието на Нептун во Риби ќе биде позитивно, а за кого негативно?

Заради фактот што највисоките вибрации на Нептун одговараат на вибрациите на Универзалната Љубов која е ослободена од сексуалниот копнеж и желбата за поседување, минувањето на Нептун низ Риби ќе има за цел да ја засили љубовта во срцата на луѓето кои имаат капацитет да сакаат и простуваат.

Притоа, на најголемо искушение ќе бидат ставени оние кои се родени во знакот Риби, чиј подзнак или поголемиот број планети во наталната карта се наоѓа во знакот Риби. Тие, или ќе си простат себеси и на другите за грешките направени во минатото и ќе започнат да живеат тука и сега, или ќе продолжат да одбиваат да ја видат реалноста со што ќе ги затворат своите срца за повисоките вибрации на Нептун.

Па додека првите ќе се претворат во канал низ кој ќе протекува милоста и љубовта Божја, со што ќе се зголеми нивниот креативен потенцијал, вторите ќе ги обвинуваат другите за своите неуспеси и проблеми. На тој начин ќе се приклучат на пониските вибрации на Нептун, ќе консумираат алкохол, дрога или седативи за да можат да ја затапат болката во душата и да ја исполнат емотивната празнина.

Вибрациите на Нептун би требало позитивно да влијаат на родените во знакот Рак и Шкорпија и на оние чиј подзнак или поголемиот број планети во наталната карта се наоѓаат во Рак или Шкорпија. Тие би требало да добиваат креативни идеи за решавање на своите проблеми, да станат поинтуитивни, полесно да ги реализираат своите идеи, да чувствуваат дека нивните реакции се во хармонија со нивните чувства.

Влијанието на Нептун ќе биде позитивно и за земните знаци (Бик и Јарец), давајќи им поголема мекост во размислувањето и однесувањето, поголема широчина во погледите на светот, а со тоа и поголема прилагодливост. Меѓутоа, влијанието на Нептун би можело да се покаже како негативно за Девиците, бидејќи нивниот рационален ум кој ги анализира сите чувства може да ги блокира во активностите. Затоа Девиците ќе бидат принудени да ја прошират својата свест за да ги сфатат случувањата околу нив и да направат комплетна трансформација на нивните погледи на светот.

Минувањето на Нептун низ Риби на потежок начин ќе го доживуваат Близнаците и Стрелците и оние во чија што натална карта доминираат овие знаци. Така, Близнаците би можеле повеќе да лажат и да се соочат со јавен срам и професионални проблеми. Додека Стрелците би можеле да претеруваат со јадењето и пиењето и водени од својата ароганција да направат погрешен избор со што ќе загубат дел од својот имот.

На глобален план, влијанието на Нептун би требало да биде позитивно за сите држави кои излегуваат на море или пак имаат големи резерви на вода за пиење. Тука спаѓаат следните држави, региони и градови: Куба, Мексико, Норвешка, Холандија, Малезија, Кина, Алжир, Тунис, Нов Зеланд, Виетнам, Шкотска, Токио, Ливерпул, Амстердам, Истанбул, Милано, Њујорк, Џенова, Венеција.

На искушение ќе бидат ставени Исланд, Уругвај, Панама, Колумбија.

Темелни промени во својот начин на функционирање ќе треба да направат Швајцарија, Македонија, Хрватска, Грција, Бразил, Европскиот дел на Турција, Ерусалим, Париз, Ница, Лион, Базел, Бостон, Лос Анџелес.

Со јавен срам би можеле да се соочат САД, Канада, Белгија, Англија, Нигерија, Ерменија, Сардинија, Северна Африка, Лондон, Сан Франциско, Версај.

Заради претерување во трошењето пари и погрешните избори, финансиски и политички проблеми би можеле да имаат Шпанија, Португалија, Унгарија, Саудиска Арабија, Мадагаскар, Далмација, Калкута, Пекинг, Келн, Штутгарт, Нарбон, Авињон.

Индивидуално, како Нептун ќе влијае во вашиот случај, најдобро ќе дознаете преку вашата натална карта.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Вагите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.


Ова се вистинските зборови што ја опишуваат наталната карта што ми ја изработивте: Наталната карта на Астроскопиа е шлаканицата што ви е потребна да го направите квантниот скок во вашата судбина. Големо благодарам што ми помогнавте да живеам со ширум отворени очи! 

Сања С., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага (тековен стил) Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби