Говорот на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Зошто ги бакнуваме децата
Солзи сами капат
Пред да му кажеш Да
Цената на долгите нокти
Тоа што очајнички го посакуваме
Како научив физика
Зад секоја успешна жена
Корумпираната држава
Луѓе со кои не се дружиме
Глупавите луѓе
Нептун во Овен
Ако имаше Господ...
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
Знаците на патот
Кога не ни оди според планот
Силикони за мозок
Луѓенца
Струен удар од зборови
Времето е тест за љубовта
Споменар
Зошто китиме елка
Ако нема кој да ве прегрне
Браковите склучени во недела
Само еднаш се љуби?
Трагачи по возбуда
Важно е да ми чури оџачето
Глупава младина - неизвесна иднина
Денови на среќни околности
Се родив прерано, не те сретнав тебе
Кога умира душата?
Колку трае еден ден на секоја планета
Крадци
Светот е глобално ријалити шоу
Луѓето се како очи
Убавите круши...
Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде
Ретрограден Марс во Овен
Најголемата слабост на секој знак
Бони и Клајд
Несудената Фрида Кало
Јуни 2020 - Месец на две Еклипси
Сите бои на Виножитото
Љубов, Ах Љубов
Човекот наречен Надеж
Сатурн во Водолија
Ретрограден Меркур во Риби
Француски бакнеж
Годишен хороскоп за 2020 година
Ни претстои неочекувано среќен период
Во што се крие благословот
Ретрограден Меркур во Шкорпија
Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?
Венера во Вага - Време за Љубов
Млада Црна Месечина на 30 август 2019
Немаш ни благодарам
Ќе ја сретнеш својата судбина
Ни на Небо, ни на Земја
Затемнување на Месечината на 16 јули 2019
Не ја мати водата
Ретрограден Меркур во Лав И Рак
Талентот е Божји дар
Вера, Надеж и Љубов
Сиротата мала богаташка
Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019
Двете Марии
Скршеното огледалце
Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај
Министерот со шешир и темни очила за сонце
Ѕвезденото небо над светот во мај 2019
Љубовта е во воздухот
Нека го фрли првиот камен...
Сатурн коњукција Плутон
Ќерката на офицерот со ружи
Ретроградни планети - што ќе ни донесат?
Ѕвезденото небо над светот во април 2019
Кралот на Троседот
Оној што спасил живот
Ветената Земја
Ретрограден Меркур во Риби
Имаш лице какво што заслужуваш
Ѕвезденото небо над светот во декември
Женски Болести
Јами Мами од Мајами
Јупитер во Стрелец
Ѕвезденото небо над светот во ноември
Ако сте родени меѓу два хороскопски знака
Внимавај кого пушташ во својот живот
Пониското и повисокото ниво на секој знак
Ѕвезденото небо над светот во октомври
Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018
Ѕвезденото небо над светот во јули
Исправи се, Викторија!
Ретрограден Марс во Водолија
Ѕвезденото небо над светот во јуни
Уран во Бик
Ѕвезденото небо над светот во мај
Кирон во Овен
Ѕвезденото небо над светот во април
Ретрограден Меркур во Овен
Каков карактер - таква болест
Ѕвезденото небо над светот во март
Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари
Ѕвезденото небо над светот во февруари
Ѕвезденото небо над светот во јануари
Сатурн во Јарец
Небото над Македонија во декември
Марс влегува во Вага
Венера влегува во Вага
Јупитер влегува во Шкорпија
Која изрека е клучна за секој знак
ФБИ откри кои знаци се најопасни
Која е разликата меѓу знакот и подзнакот
Што му недостасува на секој знак
Марс влегува во Девица
Венера влегува во Лав
Доналд Трамп - Хилари Клинтон
Затемнување на Сонцето
Како ретроградниот меркур ќе влијае
Она што го напишав веќе се остварува
Ретрограден Меркур во Девица
Затемнување на Месечината
Случувањата во следните 15 години
Месечевите Мени и Ритамот на Природата
Деветте заповеди
Светската економска криза
Што е прецесија?
Дали Астрологијата е наука?
Соѕвездијата и знаците на Зодијакот
Астрологијата и магијата
Астрологијата и слободната волја
Дневен хороскоп
Астрологијата и геоцентричниот систем
|
Објавено на 20.12.2021 во 00:09
|
Вашиот маж е вашето огледало
Во животот не постојат случајности, драги мои. Затоа, секој маж (тука може да додадеме и секој пријател, непријател, шеф, соработник и слично) кој сте го привлекле и допрва ќе го привлечете во својот живот, е токму оној маж кој совршено ви одговара. Ако на оваа моја констатација започнете да негодувате, значи, на некаков начин, сум ја допрела вашата болна точка. Па, или и вие сте свесни за тој факт или не сакате да си го признаете или пак не ви е јасно што е тоа во вашата личност што секогаш привлекува определен тип на мажи. Како и да е, запаметете дека вашиот маж е вашето огледало кое само го одразува тоа што е во вас. Па, ако неговото однесување не ви одговара не треба да му се лутите на огледалото, треба да смените некои работи кај себеси. Така, ако вашиот партнер е насилен тип, тоа значи дека кога сте го привлекле вие сте се чувствувале, или се уште се чувствувате, како жртва, осамени, несреќни, напуштени од сите. Но, можно е и некој во детството да ве научил дека вашата судбина е да трпите и да страдате. За да го победите проблемот ќе мора да научите самите да се борите за себеси, да му поставувате граници на партнерот кои потоа и самите ќе ги почитувате, да се слушате себеси и да инсистирате, ни помалку ни повеќе, да бидете почитувани. Вакви мажи најчесто привлекуваат жените Риби, Ваги и Ракови. Ако во својот живот сте привлекле алкохоличар или наркоман, тогаш постојат две можности. Или сте се чувствувале како „сирота јас“, ништо не ми оди од рака, немам среќа во животот или сте џангризава жена која постојано го критикува мажот и ја убива неговата машкост. Во првиот случај, ќе ја подобрите својата ситуација со актуелниот партнер, или ќе привлечете нов што повеќе ќе ви одговара, дури откако ќе научите да ја преземате одговорноста за својот живот во свои раце. Во вториот случај, ќе мора да научите да не ја убивате и повеќе да ја истакнувате својата женственост или некој друг важен дел од вашата личност, кои сте ги потиснале поради некои причини. Овие проблеми најчесто се јавуваат кај жените Риби, Ракови и Девици. Ако сте привлекле слаб, неспособен маж, мајкин син, тоа покажува дека сте жена која сака се да држи под контрола и само таа да одлучува. Вие сигурно секогаш знаете се подобро од другите и сакате да ги менувате луѓето според своите замисли. Дури не забележувате дека најголемиот дел од вашите проблеми произлегуваат од тоа што немате доверба во својот партнер или дури немате слух за тоа што тој ви кажува. Проблемот ќе го надминете кога ќе се опуштите, кога ќе покажувате повеќе доверба во својот партнер и ќе ја намалите контролата и над него и над вашите животи. Со вакви проблеми најчесто се соочуваат жените Овни, Лавови и Јарци. Ако пак покрај себе имате љубоморен партнер, тоа покажува дека имате проблем со својата сексуалност. Проблемот ќе го победите откако ќе ја пренасочите својата сексуална енергија во некаква креативна работа. Ова е најчест проблем кај жените Шкорпии, Бикови и Близнаци. Ако покрај себе имате партнер кој си го живее својот живот според сопствените желби, кој е постојано зафатен со работа, со дружење со пријателите, со безбројни патувања, обврски, со своето хоби, а од вас бара да се стрпите и ве залажува со убави зборови и визии за некоја прекрасна иднина, тоа покажува дека сте претолерантна, претерано прилагодлива личност. Со вашето однесување му испраќате порака дека сте подготвена да живеете само според неговите правила, со цел да го задржите. Во основа, ова покажува дека вие не се цените доволно себеси. Ќе започнете да привлекувате друг тип на мажи дури откако ќе научите повеќе да се цените себеси, да се ставате себеси и своите потреби на прво место, да не се прилагодувате на работи кои не ви се допаѓаат, да верувате на дела а не само на зборови, да имате свој живот, интереси и пријатели кои нема да ги делите со партнерот. Овие се најчести проблеми на жените Ваги, Риби, Водолии и Стрелци. И така натаму, и така натаму. Постојат и други случаи, но овие се најчестите. Можеби забележавте дека жените Риби се оние кои најчесто привлекуваат проблематични партнери. Тоа е поради фактот што најлесно влегуваат во улогата на жртва. На ист начин се однесуваат и жените кои имаат Месечина во Риби, завршен печат во Риби или Месечина во близок контакт со Нептун. Но, ајде да се вратиме на почетокот од текстот. Не заборавајте, драги мои, дека вашиот партнер е вашето огледало кое само го одразува тоа што е во вас. Па, ако неговото однесување не ви одговара не треба да му се лутите на огледалото, треба да смените некои работи кај себеси. Виолета С. Марсол
 Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.
“ |
Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. ” С. М., Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|