Говорот на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Зошто ги бакнуваме децата
Солзи сами капат
Пред да му кажеш Да
Цената на долгите нокти
Тоа што очајнички го посакуваме
Како научив физика
Зад секоја успешна жена
Корумпираната држава
Луѓе со кои не се дружиме
Глупавите луѓе
Нептун во Овен
Ако имаше Господ...
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
Знаците на патот
Кога не ни оди според планот
Силикони за мозок
Луѓенца
Струен удар од зборови
Времето е тест за љубовта
Споменар
Зошто китиме елка
Ако нема кој да ве прегрне
Браковите склучени во недела
Само еднаш се љуби?
Трагачи по возбуда
Важно е да ми чури оџачето
Глупава младина - неизвесна иднина
Денови на среќни околности
Се родив прерано, не те сретнав тебе
Кога умира душата?
Колку трае еден ден на секоја планета
Крадци
Светот е глобално ријалити шоу
Луѓето се како очи
Убавите круши...
Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде
Ретрограден Марс во Овен
Најголемата слабост на секој знак
Бони и Клајд
Несудената Фрида Кало
Јуни 2020 - Месец на две Еклипси
Сите бои на Виножитото
Љубов, Ах Љубов
Човекот наречен Надеж
Сатурн во Водолија
Ретрограден Меркур во Риби
Француски бакнеж
Годишен хороскоп за 2020 година
Ни претстои неочекувано среќен период
Во што се крие благословот
Ретрограден Меркур во Шкорпија
Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?
Венера во Вага - Време за Љубов
Млада Црна Месечина на 30 август 2019
Немаш ни благодарам
Ќе ја сретнеш својата судбина
Ни на Небо, ни на Земја
Затемнување на Месечината на 16 јули 2019
Не ја мати водата
Ретрограден Меркур во Лав И Рак
Талентот е Божји дар
Вера, Надеж и Љубов
Сиротата мала богаташка
Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019
Двете Марии
Скршеното огледалце
Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај
Министерот со шешир и темни очила за сонце
Ѕвезденото небо над светот во мај 2019
Љубовта е во воздухот
Нека го фрли првиот камен...
Сатурн коњукција Плутон
Ќерката на офицерот со ружи
Ретроградни планети - што ќе ни донесат?
Ѕвезденото небо над светот во април 2019
Кралот на Троседот
Оној што спасил живот
Ветената Земја
Ретрограден Меркур во Риби
Имаш лице какво што заслужуваш
Ѕвезденото небо над светот во декември
Женски Болести
Јами Мами од Мајами
Јупитер во Стрелец
Ѕвезденото небо над светот во ноември
Ако сте родени меѓу два хороскопски знака
Внимавај кого пушташ во својот живот
Пониското и повисокото ниво на секој знак
Ѕвезденото небо над светот во октомври
Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018
Ѕвезденото небо над светот во јули
Исправи се, Викторија!
Ретрограден Марс во Водолија
Ѕвезденото небо над светот во јуни
Уран во Бик
Ѕвезденото небо над светот во мај
Кирон во Овен
Ѕвезденото небо над светот во април
Ретрограден Меркур во Овен
Каков карактер - таква болест
Ѕвезденото небо над светот во март
Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари
Ѕвезденото небо над светот во февруари
Ѕвезденото небо над светот во јануари
Сатурн во Јарец
Небото над Македонија во декември
Марс влегува во Вага
Венера влегува во Вага
Јупитер влегува во Шкорпија
Која изрека е клучна за секој знак
ФБИ откри кои знаци се најопасни
Која е разликата меѓу знакот и подзнакот
Што му недостасува на секој знак
Марс влегува во Девица
Венера влегува во Лав
Доналд Трамп - Хилари Клинтон
Затемнување на Сонцето
Како ретроградниот меркур ќе влијае
Она што го напишав веќе се остварува
Ретрограден Меркур во Девица
Затемнување на Месечината
Случувањата во следните 15 години
Месечевите Мени и Ритамот на Природата
Деветте заповеди
Светската економска криза
Што е прецесија?
Дали Астрологијата е наука?
Соѕвездијата и знаците на Зодијакот
Астрологијата и магијата
Астрологијата и слободната волја
Дневен хороскоп
Астрологијата и геоцентричниот систем
|
Објавено на 14.02.2022 во 08:55
|
Денот на Свети Валентин - зошто го славиме?
Знаете ли кој е највеличенствениот љубовен подарок на сите времиња, драги мои? Не знаете? Претпоставувате? Никогаш не сте размислувале за тоа? Е па, еве, јас размислував и заклучив дека нема нешто повелелепно од Таџ Махал, палатата што Мумтаз Махал, сопругата на Шах Џахан, никогаш не ја виде, бидејќи умре кога го донесуваше на свет нивното 14-то дете. А, нејзиниот сопруг ја изгради во чест на нивната љубов. Изградбата на палатата траела 22 години, а во неа е вграден трудот, потта и солзите на 20 000 луѓе. Знаете ли која е најстарата честитка што некој ја испратил за Денот на вљубените? Мислам дека одговорот на ова прашање ретко кој го знае, бидејќи настанот се случил во 1415 година. Тогаш војводата од Орлеанс, кој бил затворен во лондонската кула Tower и ја испратил на својата сопруга. Знаете ли кој прв почнал да им поклонува слатки на оние што ги сака, за Денот на Св. Валентин? Замислете, тоа биле првите доселенеци во Америка. А, ако се прашувате:„Како им текнало да подаруваат слатки?“, одговорот е:„Затоа што шеќерот во тоа време бил скапоцен продукт, па ретко кој можел да си го дозволи.“ Значи, оној што некому подарува слатки на тој начин како да вели дека неговата љубов е скапоцена како шеќерот. И конечно доаѓаме до сржта на темата. Знаете ли кој бил Св. Валентин? Можеби знаете, а можеби и се двоумите. Се двоумев и јас додека не ја истражив целата работа. Значи вака, во тоа време, околу 269 година на нашата ера, постоеле тројца свештеници со ова име. Меѓутоа, судејќи според нивните дела, легендата сигурно е поврзана за оној Валентин кој тајно ги венчавал војниците со нивните сакани, пишувал љубовни писма наместо нив, ги смирувал скараните, им подарувал цвеќе на младите жени. Всушност, здушно работел на ширење на љубовта, а тоа е најважното дело во христијанството. Тој носел прстен со Купидон, симболот на љубовта, со цел да им помогне на војниците да го препознаат и делел срца од хартија, за да ги потсети христијаните на љубовта кон Господ. Зошто е толку важна неговата мисија, па заслужил да биде прогласен за светец? Затоа што царот Клаудиј II Готски (268-270), кој владеел со Рим во тоа време, имал увид дека оженетите војници повеќе мислат на сопругата и семејството отколку на царството и борбата, што е нели нормално? Па, со цел да го зачува воинствениот дух, донел закон со кој им забранувал на војниците да стапуваат во брак и ги казнувал со смрт. Кога тој дознал дека свештеникот Валентин ја прекршил неговата наредба, барал од него да се врати на верувањето во римските богови. Имајте на ум дека тоа е во време кога Христијанството било во зародиш, а христијаните биле протерувани и убивани од страна на Римската Империја. Е, во такво време, свештеникот Валентин го одбил барањето на царот, па дури и ги толкувал основните христијански вистини пред судот. Затоа бил осуден на погубување. И тука нашата легенда ја доживува својата КАТАРЗА. Додека го чекал своето погубување во затворската ќелија, во свештеникот се вљубила слепата ќерка на затворскиот чувар. Валентин, кој бил заветуван на целибат, не можел да и ги возврати чувствата. Но, еден ден пред своето погубување, кое намерно било темпирано да се реализира пред римскиот, пагански празник, Луперкалиа, кој ја славел плодноста, Валентин и напишал трогателно писмо на девојката во кое и ги признал своите вистински чувства и се потпишал со (од твојот Валентин). Девојката го добила писмото откако тој веќе бил погубен. И додека, некој од блиските и го читал писмото, се случило ЧУДО. Таа прогледала. Ова чудо придонело Валентин да се прогласи за светец и оттука се родила традицијата да се пишуваат љубовни писма токму на 14 февруари. Откако Рим станал христијански град, овие два настана, смртта на Св. Валентин и празникот Луперкалиа се соединиле во едно и се слават на 14 февруари. Молитвата на Св. Валентин е единствена и неверојатна. Преку неа бараме Господ да ги поврзе нашите срца со срцата на тие што ги љубиме и нашите души да станат едно, за, преку својата преданост во љубовта, ја славиме преданоста кон Господ. Уф, прекрасна порака што тера солзи на очи, ќе признаете? ДА ЖИВЕЕ ЉУБОВТА!!! Виолета С. Марсол
 Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.
“ |
Наталната карта ми помогна да си одговорам на некои дилеми и ми даде смерница за понатаму. ” Данче К., Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|