Говорот на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Зошто ги бакнуваме децата
Солзи сами капат
Пред да му кажеш Да
Цената на долгите нокти
Тоа што очајнички го посакуваме
Како научив физика
Зад секоја успешна жена
Корумпираната држава
Луѓе со кои не се дружиме
Глупавите луѓе
Нептун во Овен
Ако имаше Господ...
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
Знаците на патот
Кога не ни оди според планот
Силикони за мозок
Луѓенца
Струен удар од зборови
Времето е тест за љубовта
Споменар
Зошто китиме елка
Ако нема кој да ве прегрне
Браковите склучени во недела
Само еднаш се љуби?
Трагачи по возбуда
Важно е да ми чури оџачето
Глупава младина - неизвесна иднина
Денови на среќни околности
Се родив прерано, не те сретнав тебе
Кога умира душата?
Колку трае еден ден на секоја планета
Крадци
Светот е глобално ријалити шоу
Луѓето се како очи
Убавите круши...
Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде
Ретрограден Марс во Овен
Најголемата слабост на секој знак
Бони и Клајд
Несудената Фрида Кало
Јуни 2020 - Месец на две Еклипси
Сите бои на Виножитото
Љубов, Ах Љубов
Човекот наречен Надеж
Сатурн во Водолија
Ретрограден Меркур во Риби
Француски бакнеж
Годишен хороскоп за 2020 година
Ни претстои неочекувано среќен период
Во што се крие благословот
Ретрограден Меркур во Шкорпија
Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?
Венера во Вага - Време за Љубов
Млада Црна Месечина на 30 август 2019
Немаш ни благодарам
Ќе ја сретнеш својата судбина
Ни на Небо, ни на Земја
Затемнување на Месечината на 16 јули 2019
Не ја мати водата
Ретрограден Меркур во Лав И Рак
Талентот е Божји дар
Вера, Надеж и Љубов
Сиротата мала богаташка
Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019
Двете Марии
Скршеното огледалце
Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај
Министерот со шешир и темни очила за сонце
Ѕвезденото небо над светот во мај 2019
Љубовта е во воздухот
Нека го фрли првиот камен...
Сатурн коњукција Плутон
Ќерката на офицерот со ружи
Ретроградни планети - што ќе ни донесат?
Ѕвезденото небо над светот во април 2019
Кралот на Троседот
Оној што спасил живот
Ветената Земја
Ретрограден Меркур во Риби
Имаш лице какво што заслужуваш
Ѕвезденото небо над светот во декември
Женски Болести
Јами Мами од Мајами
Јупитер во Стрелец
Ѕвезденото небо над светот во ноември
Ако сте родени меѓу два хороскопски знака
Внимавај кого пушташ во својот живот
Пониското и повисокото ниво на секој знак
Ѕвезденото небо над светот во октомври
Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018
Ѕвезденото небо над светот во јули
Исправи се, Викторија!
Ретрограден Марс во Водолија
Ѕвезденото небо над светот во јуни
Уран во Бик
Ѕвезденото небо над светот во мај
Кирон во Овен
Ѕвезденото небо над светот во април
Ретрограден Меркур во Овен
Каков карактер - таква болест
Ѕвезденото небо над светот во март
Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари
Ѕвезденото небо над светот во февруари
Ѕвезденото небо над светот во јануари
Сатурн во Јарец
Небото над Македонија во декември
Марс влегува во Вага
Венера влегува во Вага
Јупитер влегува во Шкорпија
Која изрека е клучна за секој знак
ФБИ откри кои знаци се најопасни
Која е разликата меѓу знакот и подзнакот
Што му недостасува на секој знак
Марс влегува во Девица
Венера влегува во Лав
Доналд Трамп - Хилари Клинтон
Затемнување на Сонцето
Како ретроградниот меркур ќе влијае
Она што го напишав веќе се остварува
Ретрограден Меркур во Девица
Затемнување на Месечината
Случувањата во следните 15 години
Месечевите Мени и Ритамот на Природата
Деветте заповеди
Светската економска криза
Што е прецесија?
Дали Астрологијата е наука?
Соѕвездијата и знаците на Зодијакот
Астрологијата и магијата
Астрологијата и слободната волја
Дневен хороскоп
Астрологијата и геоцентричниот систем
|
Објавено на 15.03.2022 во 22:47
|
Тест за пријателство
Ако почувствуваат дека ни се потребни, луѓето стануваат аздисани и арогантни. ~ Шопенхауер Сте го почувствувале ли ова на своја кожа, драги мои? Можеби, да. Но, сигурна сум дека ви било тешко да го дефинирате. Прашувате: „Од каде знам?“. Па, секако од мое, лично искуство. Имајте на ум дека луѓето речиси никогаш нема ви кажат што навистина мислат за вас. Но, секогаш ќе го покажат тоа со некаков гест. Затоа, ќе треба да внимаваме како се однесуваат кон нас, а не што ни зборуваат. Како да знаеме кој ни е вистински пријател, а кој не? Вистинските пријатели треба да го поминат тестот на седумте Библиски гревови. Ако, паднат на некој од нив, ќе знаете дека не ви се вистински пријатели. Вие можете и понатаму да се дружите со нив, но секогаш ќе треба да внимавате на грмушката во која се крие зајакот. А, ако еднаш ви згрешат, јас не би им дала втора шанса, бидејќи тоа е исто како да му дадете нов куршум на некој кој еднаш стрелал во вас и ве промашил. Кои се 7-те чекори од тестот? 1. Потрудете се да дознаете колку се алчни? И тоа не со вас, бидејќи пред вас можеби ќе глумат. Потрудете се да дознаете како се однесуваат со своите роднини, со останатите пријатели? Дали кога имаат корист од нив го менуваат однесувањето, стануваат услужливи, насмеани? Дали коваат планови да им го земат имотот на некој од роднините или веќе имале такви епизоди во минатото? Ако одговорот е „да“, тогаш тоа ќе го направат и со вас, кога ќе имате нешто вредно за земање. 2. Утврдете дали се завидливи? Ако им завидуваат на другите, ако се трудат да ги омаловажат за нивниот успех, изглед, среќа, истото го чувствуваат и кон вас и сигурно ве озборуваат кога не сте присутни. А, зависта е енергија што влече надолу и такви личности не ви требаат во вашето опкружување. 3. Дали се мрзливи? Нивната мрзливост, сама по себе, не ве погаѓа вас, лично. Но, тоа е статична енергија која би можела да ве успорува или да прави да се чувствувате виновни ако сакате да го забрзате темпото и да одите напред. 4. Дали се горди? Ако постојано се удираат в гради за тоа што тие го направиле, колку се тие способни, со кого тие се познаваат, што поседуваат, ако, во скриена или директна форма, навестуваат дека се подобри од вас, тоа, на почетокот, би можело да ви биде смешно или забавно. Но, имајте на ум дека таквите луѓе не ве третираат како да сте рамноправни. А, кога нема рамнотежа во размената нема вистинско пријателство. Бидејќи, тој што се претставува себеси како господар, ќе очекува да му бидете роб. 5. Како се однесуваат кога се лути? Согледајте дали умеат да го контролираат својот бес? Ако не умеат, кажете му „збогум“ на пријателството, иако можеби уште не ни почнало. Бидејќи, во мигот кога вашиот пријател повторно ќе се разјари можно е вашата дружба да заврши со вкрстени тупаници. 6. Дали се скржави? Оној кој е научен да ги стиска парите, тој го стиска и своето срце и не ќе умее да сподели со вас ниту убави чувства, ниту зборови на утеха. 7. Дали се однесуваат блудно? Каков е нивниот сексуален живот не би требало да ве интересира. Но, блудниот карактер покажува дека човекот не умее да ги контролира своите страсти, дека мисли дека му е дозволено да си земе се што ќе види и посака. Всушност покажува дека му недостасува морал. Тоа значи дека, еден ден, би можел да посегне и по нешто што е ваше, ако му се допадне. Па, дури и по вашиот сопруг или сопруга. Да, да. Имало еден куп такви примери околу нас. А, да не зборуваме за тоа дека лошото друштво ги расипува добрите навики. И на крај да заклучам: Кога луѓето се однесуваат кон нас како да не им значиме ништо, драги мои, треба да им веруваме и секогаш да имаме на ум дека тие стануваат аздисани и арогантни ако почувствуваат дека ни се потребни. Виолета С. Марсол (Текстот е авторски труд и не е дозволено да се копира и реобјавува без дозвола од В.С.Марсол)
 Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.
“ |
Вистината што извираше од првите страници на мојата натална карта ме скамени. Цела недела ми беше страв да продолжам со читањето. Сепак, љубопитноста победи. Имав што да научам за себеси. ” Борис П., Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|