Говорот на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Зошто ги бакнуваме децата
Солзи сами капат
Пред да му кажеш Да
Цената на долгите нокти
Тоа што очајнички го посакуваме
Како научив физика
Зад секоја успешна жена
Корумпираната држава
Луѓе со кои не се дружиме
Глупавите луѓе
Нептун во Овен
Ако имаше Господ...
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
Знаците на патот
Кога не ни оди според планот
Силикони за мозок
Луѓенца
Струен удар од зборови
Времето е тест за љубовта
Споменар
Зошто китиме елка
Ако нема кој да ве прегрне
Браковите склучени во недела
Само еднаш се љуби?
Трагачи по возбуда
Важно е да ми чури оџачето
Глупава младина - неизвесна иднина
Денови на среќни околности
Се родив прерано, не те сретнав тебе
Кога умира душата?
Колку трае еден ден на секоја планета
Крадци
Светот е глобално ријалити шоу
Луѓето се како очи
Убавите круши...
Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде
Ретрограден Марс во Овен
Најголемата слабост на секој знак
Бони и Клајд
Несудената Фрида Кало
Јуни 2020 - Месец на две Еклипси
Сите бои на Виножитото
Љубов, Ах Љубов
Човекот наречен Надеж
Сатурн во Водолија
Ретрограден Меркур во Риби
Француски бакнеж
Годишен хороскоп за 2020 година
Ни претстои неочекувано среќен период
Во што се крие благословот
Ретрограден Меркур во Шкорпија
Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?
Венера во Вага - Време за Љубов
Млада Црна Месечина на 30 август 2019
Немаш ни благодарам
Ќе ја сретнеш својата судбина
Ни на Небо, ни на Земја
Затемнување на Месечината на 16 јули 2019
Не ја мати водата
Ретрограден Меркур во Лав И Рак
Талентот е Божји дар
Вера, Надеж и Љубов
Сиротата мала богаташка
Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019
Двете Марии
Скршеното огледалце
Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај
Министерот со шешир и темни очила за сонце
Ѕвезденото небо над светот во мај 2019
Љубовта е во воздухот
Нека го фрли првиот камен...
Сатурн коњукција Плутон
Ќерката на офицерот со ружи
Ретроградни планети - што ќе ни донесат?
Ѕвезденото небо над светот во април 2019
Кралот на Троседот
Оној што спасил живот
Ветената Земја
Ретрограден Меркур во Риби
Имаш лице какво што заслужуваш
Ѕвезденото небо над светот во декември
Женски Болести
Јами Мами од Мајами
Јупитер во Стрелец
Ѕвезденото небо над светот во ноември
Ако сте родени меѓу два хороскопски знака
Внимавај кого пушташ во својот живот
Пониското и повисокото ниво на секој знак
Ѕвезденото небо над светот во октомври
Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018
Ѕвезденото небо над светот во јули
Исправи се, Викторија!
Ретрограден Марс во Водолија
Ѕвезденото небо над светот во јуни
Уран во Бик
Ѕвезденото небо над светот во мај
Кирон во Овен
Ѕвезденото небо над светот во април
Ретрограден Меркур во Овен
Каков карактер - таква болест
Ѕвезденото небо над светот во март
Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари
Ѕвезденото небо над светот во февруари
Ѕвезденото небо над светот во јануари
Сатурн во Јарец
Небото над Македонија во декември
Марс влегува во Вага
Венера влегува во Вага
Јупитер влегува во Шкорпија
Која изрека е клучна за секој знак
ФБИ откри кои знаци се најопасни
Која е разликата меѓу знакот и подзнакот
Што му недостасува на секој знак
Марс влегува во Девица
Венера влегува во Лав
Доналд Трамп - Хилари Клинтон
Затемнување на Сонцето
Како ретроградниот меркур ќе влијае
Она што го напишав веќе се остварува
Ретрограден Меркур во Девица
Затемнување на Месечината
Случувањата во следните 15 години
Месечевите Мени и Ритамот на Природата
Деветте заповеди
Светската економска криза
Што е прецесија?
Дали Астрологијата е наука?
Соѕвездијата и знаците на Зодијакот
Астрологијата и магијата
Астрологијата и слободната волја
Дневен хороскоп
Астрологијата и геоцентричниот систем
|
Објавено на 22.09.2022 во 13:15
|
QUO VADIS MACEDONIA? (Во Македонија се потребни само 2 вакцини, против лоповлук и против предавство)
Каде одиш Македонијо? Со години избегнувам да ја погледнам Наталната Карта на Македонија, бидејќи знам дека би можела да видам настани кои не сум подготвена ниту да ги преџвакам, а камоли да ги голтнам. Па, бидејќи јас, како единка, не можам да ги сменам, си олеснувам со тоа што барем не ги носам со себе во својата меморија. Меѓутоа, кога пред извесно време го пишував текстот за ретроградниот Меркур и неговите особености, помислив: „Ха, некои од читателите можеби ќе кажат дека во Македонија ситуацијата е секогаш таква, еден чекор напред-два чекори назад, а не само кога Меркур е ретрограден.“ Тогаш ми падна на памет дека веројатно Меркур навистина е ретрограден во Наталната Карта на Македонија и решив да проверам. Сакала или не, тогаш добив увид и во настаните кои ќе се одвиваат во блиска иднина и тоа не ми дава мир. Од една страна, не би сакала да влијаам врз создавањето страв и негативен егрегор меѓу народот. Но, од друга страна, знам дека информиран човек е наполу спасен човек. Тоа преовлада со мојата одлука да зборувам на оваа тема. Што покажуваат планетите за иднината на Македонија? Аспектите во Наталната Карта на Македонија се доста нехармонични и неповолни, што само по себе покажува дека повеќе време ќе трошиме во борбата за нејзин опстанок отколку на развојот. Ако на тоа се надоврзе и транзитот на некој малифик, тоа доведува до ситуација падни-стани, која често ќе се повторува. Да не одиме подалеку, ќе зборувам за блиското минато. На пример, во периодот од јануари 2013 до февруари 2019, кога Плутон, планетата на подземјето, уништувањата, смртта и трансформацијата, во транзит, започна да прави нехармонични односи со Уран, Нептун и СМЈ (сите до еден ретроградни во Наталната Карта на Македонија) и тоа токму во полето на законот, судството, дипломатијата, односот со странските држави и црквата (деветто), резултатот беше следен: Имавме проблеми речиси со сите наши соседи по различни основи, проблеми со признавањето на Македонската Православна Црква. Потоа, се случи „Диво насеље“ во Куманово во 2015, бегство на бившиот премиер во Унгарија во ноември 2018, судење на шефицата на Специјалното Јавно Обвинителство, итн. И покрај пресудата на судот во Хаг, од 5 декември 2011, во корист на Македонија во спорот со Грција, другата страна не ја испочитува пресудата, имавме промена на името на државата на 17 јуни 2018 со преспанскиот договор. Значи, не е случајно што сите мачни настани во Македонија, во периодот од јануари 2013 до февруари 2019, беа поврзани со законот, странство, судовите, црквата. Така ни било запишано таму, горе. А сега замислете чудо! Преспанскиот договор беше потпишан на 17 јуни 2018, токму тогаш кога на Плутон во деструктивната игра поврзана со законот, судството, односот со странските држави и црквата, во Наталната Карта на Македонија, му се придружи уште еден лош дечко, Сатурн, планетата на злото (физичко, морално и материјално) и реализатор на кармата, во периодот од јануари 2018 до јануари 2020. Хммм... двојна неволја. Со тоа што Плутон од февруари 2019 го напушти полето на законот, судовите, односот со странските држави и црквата, се сменија и околностите. Така, оваа година, 2022, Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија ја доби својата автокефалност. Премногу е за да биде плод на коинциденција, нели? Уште повеќе што оној кој верува во случајности не верува во Бога. Меѓутоа, Плутон и Сатурн продолжија и понатаму да се движат. Па, од февруари 2019 Плутон се движи низ полето на угледот, честа, владата и владетелот на државата во Наталната Карта на Македонија (Плутон во десетто). Каква фасцинантна усогласеност на настаните на небото со оние во нашата земја!? И што се случува во такви моменти? Настаните во Македонија ќе ни покажат. Така на пример, иако се потпиша на 17 јуни 2018, преспанскиот договор, всушност стапи во сила токму на 12 февруари 2019?!?! Во исто време кога Плутон го започна својот транзит токму низ полето на угледот на државата. Неверојатно, нели? Во завереничкиот танц на смртта меѓу Вселенските Хитлер (Плутон) и Сталин (Сатурн), Плутон уште еднаш ја имаше сесрдната поддршка од Сатурн, во периодот од јануари 2020 до февруари 2022, со акцент на април, мај, јуни 2020 и јануари 2021 (транзитен Сатурн коњукција натален Сатурн во десетто поле). Тогаш, минувајќи низ полето на честа и угледот на државата, креиран од лицата што ја раководат истата (влада, претседател, премиер, елити), овој деструктивен комплот Сатурн-Плутон почна да им го разорува рационалното расудување на нејзините репрезенти и тие, свесно или несвесно, спроведуваа активности кои го разградуваа она што како-така, беше градено изминатите триесеттина години. Да не спомнувам што сѐ се случуваше во периодот од јануари 2020 до февруари 2022, кога тандемот Сатурн-Плутон беше на врвот на својата моќ: ковид криза, многу мртви и болни, проблем со набавката на вакцини (иако во Македонија се потребни само 2 вакцини: против лоповлук и против предавство), пожарот во болницата во Тетово, разговорите на комисијата за историски прашања со Бугарија (Плутон во Јарец), срам за државата предизвикан од недоветното однесување на нејзините дипломати во странство, итн. На што треба да обрнеме внимание во иднина? Добра вест е таа дека од февруари 2022, Сатурн го напушти полето на угледот, владата и владетелот на државата (десетто). Лоша вест е што таму останува Плутон и тоа ќе трае до 20 март 2033. Да, да добро прочитавте, до 20 март 2033 година. Со тоа што ситуацијата ќе биде најсложена во периодот од 14 февруари до 22 декември 2024, кога Плутон ќе се движи напред-назад над точката (07°45’ Водолија) каде се наоѓаше Сатурн во моментот кога е прогласена независноста на Македонија...Тан-тан-тааааан... Што значи тоа? Таа ситуација на небото ќе биде слична како онаа кога почна светската ковид криза, само што ќе биде фокусирана на план влада на Македонија, претседател, премиер, елити, углед и чест (транзитен Плутон 0° натален Сатурн во десетто поле на Наталната Карта на Македонија). Во најмала рака, оваа средба меѓу Сатурн и Плутон, би можела да предизвика опасност од неразрешливи проблеми во државата, криза во владата, распаѓање на истата и нејзина присилна трансформација, постапки на елитите поради кои државата ќе го изгуби угледот и националната гордост, опасности по значајните фигури во државата (болест, смрт) кои би можеле да предизвикаат нестабилност и внатрешни немири. А, кој би бил најмногу засегнат од неповолните случувања ќе покаже Наталната Карта на дотичната личност. И сето ова ќе го забибери Уран, планетата на шоковите и непредвидливите настани, кој во периодот од 4 јули 2020 до 24 мај 2028 ќе транзитира низ полето на народот, општата состојба на секое поле во државата, јавното здравје, со што би можел да предизвика непредвидливи реакции на народот кои не ќе можат да се контролираат ниту канализираат. Како да ги свртиме планетарните вибрации во наша корист? Ако не можеш да го победиш, тогаш придружи му се. Ова е стара изрека која не упатува каков би требало да биде нашиот однос кон посилниот противник. А, планетите ем се посилни од нас, ем нивното движење не зависи од нас ниту можеме да ја смениме нивната однапред зададена траекторија. Што можеме да направиме? Да ја искористиме природата на нивните вибрации како ветер во грбот во остварувањето на нашите цели. Тоа значи: - Пожелно е да се вратиме на своите корени, бидејќи така ќе ја зацврстиме својата индивидуалност, ќе стекнеме самосвест, бидејќи ќе знаеме дека оној што владее со минатото, владее и со иднината.
- Повеќе внимание да му обрнуваме на семејството, бидејќи е тоа основна клетка на секоја држава и да ги обновиме социјалните контакти, бидејќи шанса за опстанок имаат само цивилизациите кои имаат култ кон семејството и се обновуваат самите себеси.
- Во интеграцијата со другите мора да го задржиме сопствениот идентитет и самостојност. Зошто?
Ако го споредиме ова правило со законите во биологијата, тогаш секој човек е клетка од едно ткиво (држава), а ткивата го градат целиот организам (сојузи од држави, свет). За ткивото да биде здраво и функционално, секоја клетка работи за себе, но работи и за клетките околу себе. Ако се одметне и почне да живее по свои правила, станува клетка на ракот. Ако пак има премногу порозни клеточни ѕидови, тогаш целата храна ќе ја препушта на клетките околу себе, всушност ќе се дезинтегрира и претопи во средината. Истото правило важи и за функционирањето на државите и општествата. - Да бидеме постојано свесни дека секоја држава работи само за сопствените интереси и да најдеме НЗС меѓу нашите и интересите на другите. Но, никако „не“ на наша штета. Секоја работа која не е во рамнотежа, ризикува да се уништи со текот на времето.
- Да сфатиме дека еден човек (влада) не е во состојба да одлучува за цел народ. Па, со цел државата да биде успешна и функционална, за најважните прашања поврзани со нејзиниот опстанок, владата треба да ја послуша волјата на народот. И тука повторно можеме да направиме споредба меѓу клетката (влада) и организмот (народ).
- Да ја контролираме роботизацијата, бидејќи машините треба да бидат наш слуга, не господар.
- И конечно, секој од нас да се труди да стане подобар човек. Бидејќи, секој сака да живее со добар човек. А добриот човек, и покрај сите перипетии на кои ќе наиде во текот на својот живот, на крајот е успешен.
Виолета С. Марсол
 Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.
“ |
Наталната карта која ја направив кај вас е рефлексија на мојата душа, на суштината на она што сум јас или на она што се нарекува битие!!! Благодарам што ми ја покажавте вратата кон другите скриени димензии на креацијата наречена живот! ” Димитар Луневски-Чипо, Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|