In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Зошто ги бакнуваме децата

Солзи сами капат

Пред да му кажеш Да

Цената на долгите нокти

Тоа што очајнички го посакуваме

Како научив физика

Зад секоја успешна жена

Корумпираната држава

Луѓе со кои не се дружиме

Глупавите луѓе

Нептун во Овен

Ако имаше Господ...

Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Знаците на патот

Кога не ни оди според планот

Силикони за мозок

Луѓенца

Струен удар од зборови

Времето е тест за љубовта

Споменар

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Браковите склучени во недела

Само еднаш се љуби?

Трагачи по возбуда

Важно е да ми чури оџачето

Глупава младина - неизвесна иднина

Денови на среќни околности

Се родив прерано, не те сретнав тебе

Кога умира душата?

Колку трае еден ден на секоја планета

Крадци

Светот е глобално ријалити шоу

Луѓето се како очи

Убавите круши...

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Ретрограден Меркур во Риби

Имаш лице какво што заслужуваш

Ѕвезденото небо над светот во декември

Женски Болести

Јами Мами од Мајами

Јупитер во Стрелец

Ѕвезденото небо над светот во ноември

Ако сте родени меѓу два хороскопски знака

Внимавај кого пушташ во својот живот

Пониското и повисокото ниво на секој знак

Ѕвезденото небо над светот во октомври

Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018

Ѕвезденото небо над светот во јули

Исправи се, Викторија!

Ретрограден Марс во Водолија

Ѕвезденото небо над светот во јуни

Уран во Бик

Ѕвезденото небо над светот во мај

Кирон во Овен

Ѕвезденото небо над светот во април

Ретрограден Меркур во Овен

Каков карактер - таква болест

Ѕвезденото небо над светот во март

Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари

Ѕвезденото небо над светот во февруари

Ѕвезденото небо над светот во јануари

Сатурн во Јарец

Небото над Македонија во декември

Марс влегува во Вага

Венера влегува во Вага

Јупитер влегува во Шкорпија

Која изрека е клучна за секој знак

ФБИ откри кои знаци се најопасни

Која е разликата меѓу знакот и подзнакот

Што му недостасува на секој знак

Марс влегува во Девица

Венера влегува во Лав

Доналд Трамп - Хилари Клинтон

Затемнување на Сонцето

Како ретроградниот меркур ќе влијае

Она што го напишав веќе се остварува

Ретрограден Меркур во Девица

Затемнување на Месечината

Случувањата во следните 15 години

Месечевите Мени и Ритамот на Природата

Деветте заповеди

Светската економска криза

Што е прецесија?

Дали Астрологијата е наука?

Соѕвездијата и знаците на Зодијакот

Астрологијата и магијата

Астрологијата и слободната волја

Дневен хороскоп

Астрологијата и геоцентричниот систем

Господарот во матни води

Објавено на 30.03.2023 во 11:10

Господарот на времето ќе плива во матни води
(Сатурн во Риби)
 

Денес, 7 март, во 14:35 часот, на небото ќе се случи крупен настан, драги мои. По скоро 30 години, Сатурн, небескиот учител и мачител, ќе го смени знакот и ќе влезе во Риби.

Зошто е важно за нас дека ќе го смени знакот?

Ако го замислиме животот како едно бескрајно училиште, тогаш престојот на една планета во еден знак е како училница за одреден предмет. Во училницата се учат поважни и помалку важни лекции. А, на крајот од една школска година доаѓа инспекторот за образование кој ги тестира учениците за да оцени колку научиле. Некој ќе добие петка, некој двојка, некој ќе ја повторува годината. Е, па улогата на тој инспектор, на вселенски план, ја има токму Сатурн. А, кога тој се движи низ Риби, кои се покровители на религијата и симбол на христијанството, можни се испити на таа тематика.

Како влијаат вибрациите на Сатурн во Риби на нас, Земјаните?

Ако сте повозрасни од 30 години, ајде потсетете се низ какви искушенија минувавте во периодот од 20 мај 1993 до 7 април 1996? Беше ли тоа на личен план? Имавте ли проблеми на училиште? Во бракот? Со здравјето? Со парите?

Оние кои не ги научиле тогашните лекции, во периодот од 7 март 2023 до 25 мај 2025 (за волја на вистината, Сатурн ќе излезе од Риби на 25 мај 2025, но ќе се двоуми, ќе се враќа назад и конечно ќе ги напушти на 14 февруари 2026), ќе треба да поминуваат низ слични искуства како во периодот од мај 1993 до април 1996, за конечно да ги апсолвираат. Оние пак кои биле вредни ученици, во периодот од 7 март 2023 до 25 мај 2025, имајќи го претходно искуство, ќе умеат правилно да се постават во слични ситуации и да излезат како победници. А, победникот зема се (The winner takes it all), нели?

Што се случуваше на глобален план во минатото кога Сатурн транзитираше низ Риби?

За полесно да сфатиме какви искушенијата не очекуваат, и како поединци и на глобален план, добро е да имаме претстава што се случуваше во светот кога Сатурн за последен пат транзитираше низ Риби, од 20 мај 1993 до 7 април 1996. Еве, јас ќе ве потсетам. Тогаш беше во тек братоубиствената војна во СФРЈ и потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор во декември 1995 (белки ова е добар предзнак за потпишување мировен договор меѓу Украина и Русија).

Во Македонија, во јуни 1993 година беше донесен Закон за трансформација на претпријатија со општествен капитал, со што почна пљачката на општествениот имот (ненаучена лекција). Во февруари 1994 Грција воведе ембарго против Македонија кое беше укинато 15 октомври 1995, беа воспоставени дипломатски односи со повеќе земји меѓу кои Русија, САД, Турција, Киро Глигоров победи на изборите за претседател, „Пред дождот“ го освои Златниот Лав во Венеција, осветени и обновени се многу цркви со што зашивеа монаштвото. Во 1996 е отворена канцеларија на СЗО, склучена е спогодбата за безбедносни аранжмани со НАТО, Македонија стана потписник на Париската повелба.

Во 1994 во Ирска е потпишан мировниот договор меѓу ирските националисти и унионисти. Истата година, 1994, во периодот од 7 април до 15 јули, се случи граѓанската војна во Руанда, кога за само 100 дена, вооруженото племе Хуту изврши геноцид врз племето Тутси и умерените Хуту и Туа, убивајќи околу 800.000 луѓе. А, во 1995 започна со работа Амазон.

Одиме 30 години уште поназад, кога Сатурн повторно транзитираше низ Риби. Тоа е периодот од март 1964 до март 1967 година. Во ек е грозоморната војна на САД во Виетнам, која го поттикна граѓанскиот отпор кај сиот слободољубив свет, беше причина за многу протести против војната низ цел свет, како и инспирација за многу уметници. Додека во 1966 година започна Кинеската Културна Револуција која траеше до 1976. Ајде да видиме поради која причина, овој пат, ќе бидат протестите и каде ќе се случат културни и друг вид револуции?

Одиме уште поназад во историјата, кога Сатурн транзитирал низ Риби од февруари 1935 до јануари 1938. Во овој период Европа се спрема за нова војна. Расте популарноста на Хитлер и Мусолини, во Германија се изгласани расни закони кои забрануваат влегување во брак на ариевци со евреи. Во 1936 во Шпанија започнува граѓанската војна. Во Америка, Рузвелт започнува со програмата на економски реформи и интервенции од страна на владата, кои ги пропишуваат минималните услови за работа и минималната плата, со цел да се намалат последиците од Големата Економска Криза. Зарем не сме и сега во една слична Голема Економска Криза?

Ако ме прашувате: „На кои лекции Сатурн ќе сака да не научи?“. Одговорот е: „На зрел однос кон случувањата што ќе ни ги сервира животот“, без разлика на каква животна возраст сме. А, зрелоста подразбира дисциплиниран однос и одговорност, кон себеси и кон другите. Таквите луѓе се свесни дека самите се кројачи на својата Судбина со изборите што ги прават и со своите постапки.

Бидејќи, во училиштето на животот не можете да бегате од часови (да бегате од проблеми), да се исмевате со другите ученици (луѓето со кои живеете и работите) ниту да бидете насилни кон нив, не можете да препишувате на тестови (да крадете, лажете, манипулирате) ниту да дозволувате другите да препишуваат од вас (да ве манипулираат и искористуваат) и да очекувате дека ќе го завршите училиштето со успех. Да, на куси патеки можеби и нешто ќе ќарите. Но, Сатурн игра на долги патеки и ќе најде начин да ви го земе тоа што не го заслужувате и не ви припаѓа или ќе ве награди за вложениот труд и правилните избори.

На кој план ќе бидат лекциите?

Тоа најточно ќе го покаже вашата Натална Карта. Ако зборуваме генерално, Сатурн во Риби на најголем тест на зрелоста ќе ги стави родените во знак Риби или со Подзнак во Риби (ќе ги постави во ситуации кога ќе треба да ја преземат одговорноста за својот живот во свои раце и ќе ги тестира нивните навики од кои зависи доброто здравје). Потоа, на ред се оние кои имаат Месечина во Риби (тест на план емоции) или друга лична планета во Риби. Потоа на искушенија ќе бидат изложени Девиците во знак или Подзнак (на план брак), Близнаците во знак или Подзнак (на план углед и кариера) и Стрелците во знак или Подзнак (на план дом и семејство). Благонаклонет ќе биде кон Биковите, Јарците, Раковите и Шкорпиите, во знак или Подзнак. Додека најнеутрален ќе биде кон Овните, Водолиите, Вагите и Лавовите, во знак или во Подзнак. Секако тоа е општа констатација, а дали ќе биде така зависи од распоредот на планетите во вашата Натална Карта.

Моево обраќање до вас ќе го завршам со една мисла од Шопенхауер кој вели дека најголема од сите лудости е да го жртвуваш своето здравје поради што било; поради стекнувањето имот, поради напредување во работата, поради ученост, поради слава, а за сласта од краткотрајните задоволства да не зборуваме.

Виолета С. Марсол
(Текстот е авторски, сите права се задржани)

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Рибите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Понекогаш ни самата незнам дали ќе ги направев вистинските животни избори, ако ја немав наталната карта. Мое огледало во минатото и мое лично упатство за подобра иднина. 

Ивона Талевска, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2025
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби (тековен стил)