In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Зошто ги бакнуваме децата

Солзи сами капат

Пред да му кажеш Да

Цената на долгите нокти

Тоа што очајнички го посакуваме

Како научив физика

Зад секоја успешна жена

Корумпираната држава

Луѓе со кои не се дружиме

Глупавите луѓе

Ако имаше Господ...

Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Знаците на патот

Кога не ни оди според планот

Силикони за мозок

Луѓенца

Струен удар од зборови

Времето е тест за љубовта

Споменар

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Браковите склучени во недела

Само еднаш се љуби?

Трагачи по возбуда

Важно е да ми чури оџачето

Глупава младина - неизвесна иднина

Денови на среќни околности

Се родив прерано, не те сретнав тебе

Кога умира душата?

Колку трае еден ден на секоја планета

Крадци

Светот е глобално ријалити шоу

Луѓето се како очи

Убавите круши...

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Ретрограден Меркур во Риби

Имаш лице какво што заслужуваш

Ѕвезденото небо над светот во декември

Женски Болести

Јами Мами од Мајами

Јупитер во Стрелец

Ѕвезденото небо над светот во ноември

Ако сте родени меѓу два хороскопски знака

Внимавај кого пушташ во својот живот

Пониското и повисокото ниво на секој знак

Ѕвезденото небо над светот во октомври

Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018

Ѕвезденото небо над светот во јули

Исправи се, Викторија!

Ретрограден Марс во Водолија

Ѕвезденото небо над светот во јуни

Уран во Бик

Ѕвезденото небо над светот во мај

Кирон во Овен

Ѕвезденото небо над светот во април

Ретрограден Меркур во Овен

Каков карактер - таква болест

Ѕвезденото небо над светот во март

Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари

Ѕвезденото небо над светот во февруари

Ѕвезденото небо над светот во јануари

Сатурн во Јарец

Небото над Македонија во декември

Марс влегува во Вага

Венера влегува во Вага

Јупитер влегува во Шкорпија

Која изрека е клучна за секој знак

ФБИ откри кои знаци се најопасни

Која е разликата меѓу знакот и подзнакот

Што му недостасува на секој знак

Марс влегува во Девица

Венера влегува во Лав

Доналд Трамп - Хилари Клинтон

Затемнување на Сонцето

Како ретроградниот меркур ќе влијае

Она што го напишав веќе се остварува

Ретрограден Меркур во Девица

Затемнување на Месечината

Случувањата во следните 15 години

Месечевите Мени и Ритамот на Природата

Деветте заповеди

Светската економска криза

Што е прецесија?

Дали Астрологијата е наука?

Соѕвездијата и знаците на Зодијакот

Астрологијата и магијата

Астрологијата и слободната волја

Дневен хороскоп

Астрологијата и геоцентричниот систем

Нептун во Овен

Објавено на 30.03.2025 во 09:37

Огнениот трозабец на Нептун во Овен
 

Од денес, 30 март 2025 година, во 14:01, драги мои, Нептун го менува знакот и од Риби преминува во оној дел на еклиптиката со кој владее Овенот кадешто ќе остане до 22 мај 2038 година. Е сега, мудрите велат „Ако не можеш да го победиш, тогаш придружи му се“. А, бидејќи историјата циклично се повторува, многу е важно да ја знаеме природата на Нептун до срж, за да можеме да предвидиме кои дешаванки тој ни ги подготвува. Voilà :

Од психолошки аспект, Нептун го претставува најдлабокото колективно несвесно на човештвото. Во митологијата, Нептун е едно од децата на Геа и Хронос (Сатурн) што татко им го проголтал веднаш по раѓањето за да го спречи да му го земе престолот како што тврдело пророштвото. Откако Зевс (Јупитер) го убил својот татко, и ги ослободил своите браќа и сестри од неговата утроба, при поделбата на подрачјето на владеењето на Нептун му припаднало владеењето со водата, значи владеењето со сите реки, мориња, океани и со бреговите на копното. Главната алатка што ја поседувал Нептун е трозабецот, кој е и неговиот знак во астрологијата, со кој тој можел да ги разурне карпите или да создаде нов остров. Кога со трозабецот ќе удрел по површината на водата, се создавале невидени бранови, поплави и земјотреси.

На Нептун му се потребни 165 години да го помине целиот Зодијак. Последен пат во Овен беше од 1861 до 1875 година. А, овој период е период на револуции, војни, промена на општествените односи и индустријализација на светот. Само за илустрација: Во периодот од 1861-1865 се случува војната меѓу Северот и Југот во Америка, меѓу поборниците за ропство и оние кои се залагале за човековите права. Во 1863 Анри Динан го формираше Меѓународниот Црвен Крст чија цел беше да им се помага (Нептун) на ранетите во војна (Овен). Од 1860 машини го заменуваат човечкиот труд со што почна индустријализацијата, развојот на железничкиот сообраќај, телефонијата, воената фотографија. Во 1867 Алфред Нобел го откри динамитот... Се само Овновски симболи. Во уметноста пак се појави нов правец наречен импресионизам.

Какви промени би донел Нептун во Овен од 2025 до 2038?

Кога е во Овен, Нептун не фантазира како кога е во Риби, туку тој стапува во акција. Па, горе-долу можеме да очекуваме да се случува некоја варијација на темите наведени погоре.

  1. Како прво, можеме да очекуваме прилично воинствена атмосфера и борба за човековите права.
  2. Раскринкување на ЛАГИТЕ со кои бевме улулкувани од политичарите и медиумите во минатото и дознавање на суровата вистина.
  3. Нова технолошка револуција (веројатно подем на AI и замена на човечкиот труд со роботи).
  4. Создавање нов вид оружја и заштита од нив.
  5. Човечкиот фактор во медицината ќе биде заменет со новите технологии.
  6. Религијата повеќе нема да биде опиум за народот, туку борец за вистината, бидејќи вистината ослободува.
  7. Нашата свест би требало да порасне. Па, наместо да се предаваме на судбината, ќе сакаме самите да ја кроиме сопствената судбина. Наместо да бидеме водени од масите, ќе сакаме да не води сопствениот импулс и ИНТЕРЕС.

За волја на вистината, Нептун пак ќе се врати во Риби на 22 октомври за да провери дали ги завршил сите работи што имал ниет да ги заврши. Во Овен повторно ќе влезе на 26 јануари 2026 и тука ќе остане до 22 мај 2038. А сите ние, конечно, со свои очи ќе видиме дека политиката е местење на неможните случувања така да изгледаат природно.

Што можеме да очекуваме на глобален и личен план додека Нептун транзитира низ Овен, од 30 март 2025 до 22 мај 2038?

Манипулаторите ќе ја „сменат плочата“, за да им успева шашмата. Затоа, треба да бидеме претпазливи со сите оние кои ќе изјавуваат дека работат на наше добро и ќе сакаат да им ги предадеме „уздите од нашиот живот во нивни раце“ за да нѐ спасат. Тука спаѓаат: разните политички и духовни лидери, самопрогласени херои, гуруи, коучови, експерти за „ветер и магла“, ширачи на страв, спасувачи (само на сопствениот задник), месии. За среќа, овој пат и нас искуството нѐ опреми со разни сензори за да ја провалиме лагата и конечно да сфатиме дека никој не може да ни помогне и да го направи подобар нашиот живот, освен ние, самите.

Како ќе го менува Нептун секој од нас?

На најголемо искушение ќе бидат изложени оние кои се родени во знак или со Подзнак во Овен. Тие, или ќе си простат себеси и на другите за грешките направени во минатото и ќе започнат да живеат тука и сега, или ќе продолжат да одбиваат да ја видат реалноста со што ќе ги затворат своите срца за љубов.

Вибрациите на Нептун би требало најпозитивно да влијаат на родените во знак или со Подзнак во Лав и Стрелец. Тие би требало да добиваат креативни идеи за решавање на своите проблеми, да станат поинтуитивни, полесно да ги реализираат своите идеи.

Влијанието на Нептун ќе биде позитивно и за воздушните знаци (Близнаци, Водолија) давајќи им поголема острина во размислувањето и однесувањето, поголема широчина во погледите на светот, а со тоа и поголема прилагодливост.

Меѓутоа, влијанието на Нептун би можело да се покаже како негативно за Вагите, во знак или Подзнак. Бидејќи нивната желба да се допаднат на сите би можела да ги блокира. Посебно во однос на бракот, партнерските односи, јавното мислење, законот или пак ќе привлечат партнер кој има психолошки проблеми или склоност кон алкохол и дроги.

Минувањето на Нептун низ Овен на потежок начин ќе го доживуваат и Раковите и Јарците. Така, Раковите би можеле повеќе да манипулираат со јавното мислење или со колегите и да бидат откриени. Додека Јарците би можеле да претеруваат со пиењето, да прават разни „чирибу-чириба“ поврзани со имотот и да ја загубат почитта од семејството. Рибите, Биковите, Шкорпиите и Девиците ќе бидат „имуни на Нептуновиот шарм“ и не би требало да доживеат поголеми турбуленции.

На глобален план, низ најголеми искушенија би требало да минуваат државите Овни: Британија, Германија, Франција, Данска, Шведска, Полска, Израел, Палестина, Сирија, Венецуела, Австралија.

Темелни промени во својот начин на функционирање ќе треба да направат државите: Ваги (Кина, горен Египет, земјите околу Каспиското Езеро, Тибет), Ракови (Америка, Холандија, Нов Зеланд, Северна и Западна Африка) и Јарци (Индија, државите на Балканот, Авганистан).

За крај ќе искористам една мисла на Кант кој вели: „Чистиот ум е практичен и му дава на човекот еден сеопшт закон кој го нарекуваме морален закон“... Цврц...

Како ќе изгледаат манипулациите?

  1. Играњето со стравот е испробана метода. Но, овој пат можно е да се игра на картата: страв од војна. За разлика од периодот кога Нептун беше во Риби, 2011-2025, кога се играше на картата: страв од болест.
  2. Ќе се креира вештачка реалност со помош на новите технологии и со вештачката интелигенција (AI).
  3. Ќе се нудат инстант решенија за нашите проблеми преку: лажни реклами, „волшебни водички“, едно апче за сите проблеми, еден допир со рака до „просветлување“ и сето тоа ќе се прави на агресивен начин.
  4. Разни групи и хушкачи ќе се обидуваат да ги злоупотребат нашите ИДЕАЛИ за агресивни и екстремни цели. За среќа, овој пат и нас искуството не опреми со разни сензори за да ја „провалиме“ лагата и конечно да сфатиме дека никој не може да ни помогне и да го направи подобар нашиот живот, освен ние, самите.

Како ќе си помогнеме ние, самите?

  1. Ние ќе си помогнеме себеси ако не потпаѓаме на влијанието на какви било„авторитети“.
  2. Треба да бидеме свесни дека нема инстант решенија за ништо, туку:
  • многу работа на себе,
  • поткованост со вистинско знаење (за тоа е потребно време, труд, вистински книги и професори кои не се само папагали што раскажуваат туѓо мислење туку вистински научници),
  • развивање на нашето критичко размислување,
  • разгледување на секој проблем од повеќе агли,
  • морален пристап кон сите работи,
  • развивање на интуицијата,
  • верување само во она што го гледаме со свои очи и слушаме со свои уши, а најмногу во она што ни го кажува нашиот внатрешен глас. Или како што велат нашите северни соседи: „Уздај се у се и у своје кљусе“ (Сметај/верувај само на себеси и на сопствениот коњ).

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Рибите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. 

С. М., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2025
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби (тековен стил)