Говорот на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Зошто ги бакнуваме децата
Солзи сами капат
Пред да му кажеш Да
Цената на долгите нокти
Тоа што очајнички го посакуваме
Како научив физика
Зад секоја успешна жена
Корумпираната држава
Глупавите луѓе
Нептун во Овен
Ако имаше Господ...
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
Знаците на патот
Кога не ни оди според планот
Силикони за мозок
Луѓенца
Струен удар од зборови
Времето е тест за љубовта
Споменар
Зошто китиме елка
Ако нема кој да ве прегрне
Браковите склучени во недела
Само еднаш се љуби?
Трагачи по возбуда
Важно е да ми чури оџачето
Глупава младина - неизвесна иднина
Денови на среќни околности
Се родив прерано, не те сретнав тебе
Кога умира душата?
Колку трае еден ден на секоја планета
Крадци
Светот е глобално ријалити шоу
Луѓето се како очи
Убавите круши...
Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде
Ретрограден Марс во Овен
Најголемата слабост на секој знак
Бони и Клајд
Несудената Фрида Кало
Јуни 2020 - Месец на две Еклипси
Сите бои на Виножитото
Љубов, Ах Љубов
Човекот наречен Надеж
Сатурн во Водолија
Ретрограден Меркур во Риби
Француски бакнеж
Годишен хороскоп за 2020 година
Ни претстои неочекувано среќен период
Во што се крие благословот
Ретрограден Меркур во Шкорпија
Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?
Венера во Вага - Време за Љубов
Млада Црна Месечина на 30 август 2019
Немаш ни благодарам
Ќе ја сретнеш својата судбина
Ни на Небо, ни на Земја
Затемнување на Месечината на 16 јули 2019
Не ја мати водата
Ретрограден Меркур во Лав И Рак
Талентот е Божји дар
Вера, Надеж и Љубов
Сиротата мала богаташка
Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019
Двете Марии
Скршеното огледалце
Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај
Министерот со шешир и темни очила за сонце
Ѕвезденото небо над светот во мај 2019
Љубовта е во воздухот
Нека го фрли првиот камен...
Сатурн коњукција Плутон
Ќерката на офицерот со ружи
Ретроградни планети - што ќе ни донесат?
Ѕвезденото небо над светот во април 2019
Кралот на Троседот
Оној што спасил живот
Ветената Земја
Ретрограден Меркур во Риби
Имаш лице какво што заслужуваш
Ѕвезденото небо над светот во декември
Женски Болести
Јами Мами од Мајами
Јупитер во Стрелец
Ѕвезденото небо над светот во ноември
Ако сте родени меѓу два хороскопски знака
Внимавај кого пушташ во својот живот
Пониското и повисокото ниво на секој знак
Ѕвезденото небо над светот во октомври
Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018
Ѕвезденото небо над светот во јули
Исправи се, Викторија!
Ретрограден Марс во Водолија
Ѕвезденото небо над светот во јуни
Уран во Бик
Ѕвезденото небо над светот во мај
Кирон во Овен
Ѕвезденото небо над светот во април
Ретрограден Меркур во Овен
Каков карактер - таква болест
Ѕвезденото небо над светот во март
Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари
Ѕвезденото небо над светот во февруари
Ѕвезденото небо над светот во јануари
Сатурн во Јарец
Небото над Македонија во декември
Марс влегува во Вага
Венера влегува во Вага
Јупитер влегува во Шкорпија
Која изрека е клучна за секој знак
ФБИ откри кои знаци се најопасни
Која е разликата меѓу знакот и подзнакот
Што му недостасува на секој знак
Марс влегува во Девица
Венера влегува во Лав
Доналд Трамп - Хилари Клинтон
Затемнување на Сонцето
Како ретроградниот меркур ќе влијае
Она што го напишав веќе се остварува
Ретрограден Меркур во Девица
Затемнување на Месечината
Случувањата во следните 15 години
Месечевите Мени и Ритамот на Природата
Деветте заповеди
Светската економска криза
Што е прецесија?
Дали Астрологијата е наука?
Соѕвездијата и знаците на Зодијакот
Астрологијата и магијата
Астрологијата и слободната волја
Дневен хороскоп
Астрологијата и геоцентричниот систем
|
Објавено на 11.04.2025 во 12:22
|
Луѓе со кои не треба да се дружиме
Се сеќавате ли на Бриџит Џоунс и на новогодишните одлуки со коишто таа го започна својот Дневник? Ако сте заборавиле, ќе ве потсетам дека таа си вети себеси дека нема да започнува врска со ниту еден од набројаниве: алкохоличари, воркохоличари, луѓе кои имаат фобија да се посветат на една личност, воајери, мегаломанијаци, емоционално зафркнати, перверзни. И ова е одличен список на 7-те типа луѓе што треба да ги избегнуваме кога почнуваме љубовна врска. Меѓутоа, кога станува збор за пријателствата, јас го видоизменив овој список и тврдам дека не треба да се дружиме со вакви луѓе: Волци во јагнешка кожа, Вејки на Ветерот, Драма Квин, Радознало Маче, Зомби, Сите четири во вис, На Господ Бељата. Одиме по ред: - Волци во јагнешка кожа
„Чувајте се од оние што сакаат да ви наметнат вина, бидејќи сакаат да имаат власт над вас“ - Конфучие Овие луѓе се како паразити кои напаѓаат тело на кое му е намален имунитетот (системот за одбрана). Тие во вас гледаат тоа што вие имате, тие го немаат, а би сакале да го имаат. Како на пример: изглед, статус, пари, знаење, социјални контакти. Па, со цел да ви се приближат, на почеток ве „бомбардираат“ со комплименти, ви прават ситни услуги што можеби не сте ги ни барале, ви се јавуваат секој ден божем се интересираат како сте, ве канат на кафиња и ручеци што после ќе ви излезат на нос. Полека ќе гледаат да „пуштат пипци“ меѓу вашите пријатели, да станат дел од вашето секојдневие. Ако сте доволно наивни или порано сте немале контакт со такви луѓе, додека го запоседнуваат вашиот „систем“, ќе ви „пуштаат водичка“, со цел да ве анестезираат и да не преземете ништо да им се оттргнете од канџите. Нивната крајна цел е да се дограбаат до она што е ваше (име, моќ, позиција, знаење, маж, жена, социјални контакти), а ним им треба и да ве истиснат од вашиот живот заземајќи го вашето место. - Вејки на Ветерот
„Ако ме излажеш еднаш, срам да ти е. Ако ме излажеш втор пат, срам да ми е. Ако ме излажеш трет пат, да се засрамиме и двајцата“ - Стивен Кинг, „Сеќавање на занаетот“ Темелот врз кој се гради секоја подлабока релација меѓу луѓето, пријателска или емотивна, е довербата. А, овие луѓе се како вејки на ветрот, денес се со вас, утре се со некој друг. Сега ги интересира една работа, утре веќе се загреани за нешто друго. Забавни се, познаваат многу луѓе, имаат многу „пријатели“. Но, сето тоа е површно, бидејќи немаат време да ги продлабочат односите. Ветуваат работи што не можат или не сакаат да ги исполнат, за да си дадат на значење, а потоа не се сеќаваат на ветеното. Всушност тие, поради забава или за да се претстават дека се „некој и нешто“, си играат со вашите надежи и така покажуваат бесчувствителност, а тоа е лоша основа за дружење. Бидејќи, оној кој не води грижа за нашите чувства не може да биде наш пријател. А, според една Вавилонска поговорка, најголема казна за лажговците е тоа што не си веруваат ниту себеси дури и тогаш кога ја кажуваат вистината. - Драма Квин
„Малото поточе скока и жубори, додека големата река замислено молчи“ - Михаил Шолохов Овие луѓе од мува прават слон, во јајце наоѓаат влакно, гласни се и нападни, на негативен начин го привлекуваат туѓото внимание, познати се како скандал мајстори. Со нив никогаш ќе немате мир. Вашите потреби ќе бидат ставени на последно место. Ќе трошите енергија на тривијални работи. Ќе се срамите во разни пригоди, пред разни луѓе, поради нивна вина. Тие ќе ви го „крадат шоуто“, со разни драми и хистеризирања, тогаш кога вие треба да бидете во фокусот на туѓото внимание. А некаде, богами, би можеле да „попиете“ и некој бокс поради нив. - Радознало Маче
„Чувајте се од оние што ви доверуваат ситни тајни. Тоа го прават за да ги измамат од вас големите“ - анонимен автор Тие се луѓе кои се длабоко несреќни или незадоволни од својот живот. Но, немаат храброст, знаење или желба да поработат на себеси и да ја сменат ситуацијата, туку компензација бараат во несреќата на другите. Зошто? Бидејќи така се залажуваат дека не се тие неспособни да си го средат животот, кога, ене, има и полоши од нив. Како функционираат? Овие луѓе ќе ве испрашуваат за вашиот живот до „најситни црвца“ толку професионално, што и ЦИА би им позавидела. Тајно ќе ве следат на социјалните мрежи и ќе ја „мерат“ секоја ваша поза и насмевка. Ќе роварат и меѓу вашите пријатели за да оценат кои се тие и какви се вашите односи со нив. Ќе се распрашуваат за вашето семејство до 7-мо колено наназад за да откријат некој сочен детаљ. Ама за себе не кажуваат речиси ништо, само неколку безболни информации, колку да ја стекнат вашата доверба и да добијат легитимитет за своето љубопитство. Ваквите луѓе не се искрени, секогаш кријат некој „Џокер во ракав“. А, информациите до кои ќе дојдат потоа со апетит ќе ги раскажуваат и на другите. Колку сте вие попозната и поетаблирана личност во општеството, толку нивните рекла-казала добиваат на вредност и нивната фрустрација со сопствениот живот се амортизира. - Зомби
„Рамнодушноста е парализа на душата, предвремена смрт“ – Чехов Секоја здрава релација меѓу луѓето, без разлика дали е пријателска или љубовна, подразбира подеднакво давање и земање (љубов, време, поддршка, помош, разбирање). Но, ако другата страна секогаш е нерасположена, ако секогаш е во емотивна криза и ѝ треба вашето рамо за плачење, таа зема од вас време, емоции, поддршка, разбирање. Но, кога вие се наоѓате во криза, таа не реагира на истиот начин. Нема време за вашите жалопојки, не сочувствува со вас, ве „гледа бледо“ и рамнодушно. Значи, не сака емоционално да се поврзе со вас. Тогаш немате пријателска врска, драги мои, туку имате енергетски „вампир“ кој ви ја цица енергијата и прави да се чувствувате празно и фрустрирано. Никогаш не заборавајте ја Кинеската мудрост која вели дека меѓу тебе и другата личност има точно 10 чекори. Ако ти си ги изодел своите 5 и никого не си сретнал по патот, време е да се свртиш и да си заминеш. - Сите четири во вис
„Во куќата на мрзливоста се множат само сонови“ - Корејска поговорка Да, мрзливите луѓе имаат најмногу сонови, бидејќи животот го поминуваат во спиење. А, ако се прашувате: „Како таквите пријатели би можеле да ви наштетат?“, одговорот е: Со тоа што ќе ви го трошат времето, ќе ви ги префрлаат нивните обврски вам, ќе ви ја префрлаат и одговорноста за многу работи, негативно ќе влијаат на вашата мотивираност за акција. Всушност, добро забележал Хан Ксиангзи дека со помагање на мрзливите луѓе им помагате да ви седат на врат. - На Господ Бељата
„Никој не се осмелува да се раздели од својата навика. Многу самоубијци на прагот на смртта ги спречило сеќавањето на кафеаната во која доаѓале секој вечер да одиграат партија домино“ - Балзак Кога доминото создава ваква зависност, драги мои, тогаш што да кажеме за алкохолот, дрогата, сексот? А, знаеме дека лошото друштво ги расипува добрите навики како што една скапана јабука ја расипува целата кошница здрави плодови. Затоа, подалеку од овие луѓе, бидејќи, во најмала рака, несакајќи, ќе ви украдат енергија, ќе ви ја спуштат вибрацијата, ќе ве направат депресивни. А, скраја да е, во ситуации кога се во апстиненцијална криза и им фалат пари, би можеле и со глава да платите.
Текстов ќе го завршам со едно многу луцидно согледување на Божидар Кнежевиќ кој вели дека луѓето се како пари. Најголемиот дел се само ситни пари кои најмногу се трошат, најмногу требаат и ги има најмногу. Додека големите вредности се повлекуваат од животот и од оптекот. Виолета С. Марсол
 Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.
“ |
Многу сум задоволна. Пред да го добијам хороскопот и да се сретнам со тебе, не знаев што да очекувам и морам да признам дека податоците и објаснувањата беа шокантно вистинити. Ми понуди многу објективна слика на мојата личност и случувањата во мојот живот. Хороскопот ми е како една од оние “self-help” книги, но скроена само за мене.
” Ана, Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|