In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Зошто ги бакнуваме децата

Солзи сами капат

Пред да му кажеш Да

Цената на долгите нокти

Тоа што очајнички го посакуваме

Како научив физика

Зад секоја успешна жена

Корумпираната држава

Луѓе со кои не се дружиме

Глупавите луѓе

Нептун во Овен

Ако имаше Господ...

Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Знаците на патот

Кога не ни оди според планот

Силикони за мозок

Луѓенца

Струен удар од зборови

Времето е тест за љубовта

Споменар

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Браковите склучени во недела

Само еднаш се љуби?

Трагачи по возбуда

Важно е да ми чури оџачето

Глупава младина - неизвесна иднина

Денови на среќни околности

Се родив прерано, не те сретнав тебе

Кога умира душата?

Колку трае еден ден на секоја планета

Крадци

Светот е глобално ријалити шоу

Луѓето се како очи

Убавите круши...

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Ретрограден Меркур во Риби

Имаш лице какво што заслужуваш

Ѕвезденото небо над светот во декември

Женски Болести

Јами Мами од Мајами

Јупитер во Стрелец

Ѕвезденото небо над светот во ноември

Ако сте родени меѓу два хороскопски знака

Внимавај кого пушташ во својот живот

Пониското и повисокото ниво на секој знак

Ѕвезденото небо над светот во октомври

Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018

Ѕвезденото небо над светот во јули

Исправи се, Викторија!

Ретрограден Марс во Водолија

Ѕвезденото небо над светот во јуни

Уран во Бик

Ѕвезденото небо над светот во мај

Кирон во Овен

Ѕвезденото небо над светот во април

Ретрограден Меркур во Овен

Каков карактер - таква болест

Ѕвезденото небо над светот во март

Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари

Ѕвезденото небо над светот во февруари

Ѕвезденото небо над светот во јануари

Сатурн во Јарец

Небото над Македонија во декември

Марс влегува во Вага

Венера влегува во Вага

Јупитер влегува во Шкорпија

Која изрека е клучна за секој знак

ФБИ откри кои знаци се најопасни

Која е разликата меѓу знакот и подзнакот

Што му недостасува на секој знак

Марс влегува во Девица

Венера влегува во Лав

Доналд Трамп - Хилари Клинтон

Како ретроградниот меркур ќе влијае

Она што го напишав веќе се остварува

Ретрограден Меркур во Девица

Затемнување на Месечината

Случувањата во следните 15 години

Месечевите Мени и Ритамот на Природата

Деветте заповеди

Светската економска криза

Што е прецесија?

Дали Астрологијата е наука?

Соѕвездијата и знаците на Зодијакот

Астрологијата и магијата

Астрологијата и слободната волја

Дневен хороскоп

Астрологијата и геоцентричниот систем

Затемнување на Сонцето

 
Објавено во август 2017

Затемнување на Сонцето и 12-те хороскопски знаци
 

Вселенски портал кон нов почеток
или
„Додека на некого не му се стемни, на друг нема да му се раздени“

Во астрономска смисла, затемнувањето на Сонцето или Соларната Еклипса се случува кога меѓу Сонцето и Земјата ќе се испречи Месечината, затскривајќи ја сончевата светлина.

Инаку, затемнувањата на Соцето можат да бидат делумни или потполни. А, видливи се на онаа страна од земјината полутопка каде што е ден.

На 21-ви август 2017 година ќе се случи целосно затемнување на Сонцето кое ќе трае 2 минути и 40 секунди. Затемнувањето ќе може да се види во САД, почнувајќи од Орегон, па се до јужна Каролина.

Инаку, интересно е да се спомене дека ваков спектакл на тотално затемнување на американското небо последен пат бил забележан пред 99 години.

Во народот пак од секогаш се верувало дека Еклипсите или затемнувањата на Сонцето и Месечината имаат лош предзнак. А, истиот став го има и класичната астрологија.

Во современата астрологија, Еклипсите не се третираат ниту позитивно ниту негативно. Тие претставуваат само еден миг во кој еден тек на енергија запира и започнува некој друг. Оттаму, можеме да ги сватиме како сигнал за промена и за креативно насочување на нашите потенцијали. Но, можеме и само пасивно да му се препуштиме на текот на настаните и да и дозволиме на енергијата на Еклипсата стихијно да не води. Добро е да се разбере дека какво ќе биде влијанието на Соларната Еклипса, генерално, врз луѓето и поединечно, врз секој од нас, зависи исклучиво од нас.

Во принцип, влијанието на Соларната Еклипса не се чувствува ниту доживува во деновите кога таа се случува, туку тогаш само започнува процесот на промени. Тој процес се протегнува во еден подолг период (од 6 месеци до 3 години), во кој полека, „невидливите случувања“ се редат едно по едно и ја формираат конечната слика.

До каде ќе се протега влијанието на една Соларна Еклипса зависи од тоа дали затемнувањето било делумно или целосно и од тоа колку траело.

Соларната Еклипса на 21-ви август ќе се случи во Лав, знак кој се карактеризира со страственост, драматичност, потреба од моќ и владеење над другите. Но, од друга страна, Лавот е знак кому му е важно семејството, децата и честа.

Еклипсата ќе се случи над фиксната ѕвезда Регулус, која се смета за ѕвезда на кралевите, бидејќи има доминантна позиција во Наталните Карти на моќните и богати луѓе. Во аспект со добра планета, Регулус носи големи признанија, високи позиции, богатство и власт. А, за личноста што ја поседува на добра позиција и со добри аспекти во својата Натална Карта, се вика дека „ќе биде крунисана наспроти кралот.“

Симболиката на ваквата констелација на 21-ви август ни порачува да го искористиме мигот, да се ослободиме од се што е непотребно, од се што ја има загубено својата смисла, да го искористиме бранот на промени што ќе настапи, случувањата да ги прилагодиме на нашите потреби и да го извлечеме најдоброто за секој од нас. Всушност, на секој од нас ќе му биде дадена шанса да стане владетел на некој аспект од сопствениот живот.

Искористувањето на Соларната Еклипса на позитивен начин, за некаков вид на квалитетна трансформација на себеси и на сопствениот живот, за жал, ќе им успее само на повисоко еволуираните претставници на човечкиот род. Овој пат, таа можност ќе биде најсилно изразена кај родените на 20-ти, 21-ви и 22-ри август. Тие ќе ја имаат ретката привилегија да доживеат успех поголем и од нивните најсмели очекуваања. Меѓутоа, дали и како ќе ја искористат таа можност, или пак ќе ја претворат во сопствена штета, ќе зависи само од нив самите и од степенот на нивниот еволутивен развој. Но, ќе зависи и од кармата што ја имаат направено во овој или во некој од нивните минати животи.

За повеќето луѓе кои се плашат од промени (посебно од промена на својата закоравена ментална матрица), за луѓето кои се врзуваат за минатото или за другите луѓе, потоа за луѓето кои се задоволни од status quo ситуацијата, како и за луѓето кои немаат доблест да ги победат недостатоците во својот карактер и за своите промашувања ги обвинуваат другите, Соларната Еклипса би можеле да претставува негативна промена, загуба или непогода. Па, ако се случи тие подолг период да гајат негативни чувства во својата душа, би можеле самите да си испровоцираат проблеми со здравјето или несвесно да си предизвикаат несреќни случаи.

Како соларната еклипса во лав ќе влијае на секој хороскопски знак

Невозможно е, непрецизно и несериозно ако сите луѓе и целата лепеза на карактери што постојат на земјата ги сместиме во само 12 различни категории претставени со 12-те хороскопски знаци, знаејќи дека секој човек е уникатна креација на Божјата љубов и промисла. Оттаму, само Наталната Карта и помошните хороскопи (Соларен и сл.) можат да покажат како Соларната Еклипса ќе делува кај една конкретна личност.

Меѓутоа, ако ја сфатите астрологијата полежерно и ако не барате врвна прециозност, тогаш е доволно да го знаете својот подзнак (Асцендент) за да откриете како би можела Соларната Еклипса да се одрази во вашиот живот.

Повторувам, треба да го прочитате текстот што одговара на вашиот подзнак и информациите да ги комбинирате со текстот што одговара на вашиот знак.

Овен

Промените што Соларната Еклипса ќе ги иницира, почнувајќи од сега па во следните 18 месеци, ќе го зафатат првенствено вашиот љубовен живот. А, кај некои од вас ќе го разбудат и чувството за родителство.

Тоа значи дека ве очекуваат новини на љубовен план, само доколку го смените аголот на гледање на нештата и своето однесување во љубовните врски. Тогаш, освен нова љубов, би можело да ви се случи да станете и родители. Ова важи дури и за Овните кои се во врска или брак. А, ако сте во посериозни години, можеби ќе се радувате на децата на своите деца.

Во спротивно, ако продолжите со егоизмот и со потребата секогаш вие да бидете најпаметни и вие да бидете во право, ризикувате вашиот љубовен живот да отиде во правец што нема да ви се допадне.

Бик

Соларната Еклипса на 21-ви август 2017 година би требала да ги раздвижи случувањата поврзани со вашиот дом и да донесе промени во вашите односи со членовите на семејството, во период од 18 месеци.

Со цел да го искористите влијанието на Еклипсата на позитивен начин ќе мора да заборавите на својата инертност и на својот комодитет и повеќе енергија да вложувате во сите сегменти од семејниот живот, почнувајќи од грижата за блиските, па се до промена на домот, негово реновирање или инвестирање пари во недвижен имот.

Во спротивно, односите со членовите на вашето семејство ќе бидат вашата Ахилова петица. А, хипотеките на недвижниот имот би можеле да се активираат.

Близнаци

Соларната Еклипса ќе бара од вас да го поедноставите начинот на кој што комуницирате со другите луѓе и да научите да правите разлика меѓу важните и неважните информации, кои постојано ќе ве бомбардираат од сите страни.

Ако успеете во тоа, во периодот од следните 18 месеци ќе успеете во разговорот што ќе го водите со една личност од авторитет да добиете нови увиди за себеси, за својот живот и за својата иднина.

Исто така, би можеле да посакате да полагате возачки испит или да го смените автомобилот. А, и учењето нешто ново ќе биде добра опција за конструктивно канализирање на вашата љубопитност.

Но, ако продолжите да се однесувате по старо, тогаш е можно да ги расипете односите со оние што ви се најблиски.

Рак

Затемнувањето на Сонцето на 21-ви август 2017 ќе го насочи фокусот на случувањата во вашиот живот и вашите интереси кон парите. Па, ако сакате влијанието на Еклипсата да го искористите на позитивен начин, во следните 18 месеци бидете подготвени да ја прифатите промената на околностите поврзана со финансиите, бидете отворени за нови информации, за соработка со нови луѓе и за изнаоѓање на нови извори на заработка.

Ако пак сте нестрпливи и сакате да се збогатите што е можно побргу, постои опасност да загубите пари на наивен или ризичен начин.

Лав

Вие сте таргетот на оваа Соларна Еклипса. Па, промените што таа ќе ги испровоцира во следните 18 месеци најмногу ќе влијаат на претставниците на вашиот знак.

Посебно ќе бидат „на мета“ родените на 20-ти, 21-ви и 22-ри август.

Не заборавајте дека ова ќе биде исклучително моќен период за вас, кој ќе ви го овозможи Вселената за нов и величествен почеток.

Сакале вие или не, вашата трансформација на личен план е веќе започната, а нејзина цел ќе биде да се променат вашите погледи на светот и животот, а со тоа и вашите односи со луѓето.

Влијанието на Еклипсата ќе можете позитивно да го искористите ако станете помалку нарцисоидни и суетни. Тогаш ќе можете да ги остварите вашите планови поврзани со статусот и имиџот во јавноста. А, ако сте родени на 20-ти, 21-ви и 22-ри август само небото би можело да биде вашиот лимит.

Ако пак продолжите со старото однесување, со претераната гордост која се граничи со смешна помпезност, ако ги билдате амбициите без солидно покритие и ако и дозволите на суетата да раководи со вашите реакции, тогаш би можеле да доживеете социјален пад и јавен срам. Од тоа најмногу ќе настрада вашето его. А, повреденото его, во вашиот случај, е причина и за здравствени проблеми.

Девица

Почнувајќи од 21-ви август 2017 година, па во следните 18 месеци, Соларната Еклипса ќе го активира вашето поле на потсвеста, тајните и непознатите непријатели. Тоа значи дека на површина ќе излезат некои тајни од вашето минато што психички ве оптоваруваат.

Влијанието на Еклипсата позитивно ќе го искористите ако се соочите со своите најдлабоки стравови, ако си ја признаете вистината првенствено пред себеси а потоа и пред другите. Таа постапка ќе ве ослободи и ќе ви даде нова енергија да се соочите со реалноста и да започнете да создавате нов живот, како за себе, така и за оние кои ги сакате.

Во спротивно, се што сте криеле и потиснувале во себеси, сега ќе биде подготвено да еруптира и со својата содржина да го загади вашиот живот. Но, од тоа ќе страда и вашето психичко здравје. Па, постои можност извесен период да поминете во лечење или во изолација.

Вага

Затемнувањето на Сонцето на 21-ви август 2017 ќе предизвика да направите ревизија на своите пријателства, на професионалните контакти, на вашите планови за иднината. Овој процес ќе биде најсилен во следната половина година. А, ќе потрае 18 месеци.

Влијанието на Соларната Еклипса ќе можете позитивно да го искористите ако бидете реални во проценката на пријателите, на професионалните контакти и на своите очекувања од иднината. Тогаш ќе можете да се ослободите од сите оние со кои некогаш ве поврзувале заеднички ставови и интереси, а денес се токсични за вашата добробит или ве дружат само од интерес.

Што се однесува до вашите планови, успех ќе имате само ако ги сообразите со променетите услови и околности. Како и да е, улогата на една личност во вашиот живот ќе биде значително намалена.

Шкорпија

Под влијанието на Соларната Еклипса во периодот од 21-ви август 2017, па во следните 18 месеци, би требало да се менува ситуацијата поврзана со вашата кариера, статус, углед или комуникација со претпоставените.

Со цел да ги искористите вибрациите на Еклипсата на позитивен начин, ќе треба похрабро да настапите во реализацијата на своите амбиции. Без лажна скромност, истакнувајќи ги своите лидерски способности, ќе треба да покажете дека имате и потреба и капацитет да бидете на врвот од хиерархијата на моќта.

Доколку се колебате, но и доколку со непочитување се однесувате кон авторитетите а со презир кон потчинетите, ризикувате да го загубите и тоа што го имате.

Стрелец

Соларната Еклипса кај вас ќе ја потенцира здодевноста од секодневниот живот и од секојдневните обврски. Па, во периодот од 21-ви август 2017 во следните 18 месеци е пожелно да започнете да го исполнувате својот живот со нови, инспиративни искуства. На тој начин влијанието на Еклипсата ќе го пренасочите во ваша корист.

За таа цел можеби ќе биде потребно да отпатувате некаде, да го продолжите школувањето, да се запознаете со некоја нова духовна дисциплина, да обучувате луѓе на вештините што ги поседувате. А, ако имате задоволителна животна километража и минат труд, ќе бидете во ситуација да ги освоите и највисоките академски олимпи.

Но,ако го побарате полесниот начин за просперитет, можно е да се соочите со законски ограничувања.

Јарец

Соларната Еклипса би требало да предизвика промени во вашиот сексуален живот, промени на вашата финасиска состојба и можност за длабока физичка и психичка регенерација. Па, дури ќе имате и шанса да ги победите болестите што одамна ве мачат.

И тоа почнувајќи од 21-ви август 2017 во период од следните 18 месеци.

Со цел промените да бидат позитивни, би требало да ја намалите строгоста што ја покажувате кон себеси и кон потенцијалните партнери и повеќе да ја манифестирате сексуалната страна на вашата природа, наместо истата да ја потиснувате.

А, што се однесува до парите, би требало да се отворите за идејата дека до пари може да се дојде и без многу труд, ако се има добра идеја. Но, до пари се доаѓа и преку камати, осигурувања, преку наследства од родителите или преку успешниот партнер.

Меѓутоа, ако ги прецените своите можности, наместо добивка, ќе се соочите со загуба на пари или недвижен имот. Кредитите не се опција за вас.

Водолија

Во вашиот случај, Соларната Еклипса од 21-ви август ќе се обиде да внесе промени во вашите односи со партерот. Посебно ако сте во брак. Во тој случај, начинот на кој до сега сте функционирале со партнерот ќе биде веќе неодржлив. Тоа значи дека ќе треба радикално да го смените вашиот однос кон бракот, вашиот став кон партнерот и кон вашите потреби, со цел да го продолжите заедничкиот живот.

Но, ако сте отворени за новото и за новите форми на партнерски односи, би можеле да добиете понуда за заеднички живот или за брак од личност што ќе ја запознаете во следните 18 месеци.

Ако се држите за старите навики и немате слух за потребите на вашиот партнер, можно е да се соочите со разделба и/или поделба на имотот.

Риби

Работата и здравјето ќе бидат сегментите во вашиот живот во кои Соларната Еклипса од 21-ви август ќе испровоцира промени. А, промените ќе бидат позитивни за вас ако ги искористите вибрациите на Еклипсата и ако свесно се ослободите од штетните навики и направите промена во начинот на исхраната.

Ако веќе имате здравствени проблеми кои не се подобруваат, би требало да го смените лекарот, да направите нови испитувања и да испробате некој нов начин за лечење на вашата болест.

Некои од вас можеби ќе треба да направат диета за редукција на килограмите. А, другите ќе треба да ги отфрлат производите кои штетно се одразуваат на нивното здравје.

Од друга страна, влијанието на Еклипсата на работното место би требало да го искористите за да ја свртите ситуацијата во своја корист.

Меѓутоа, ако ви е тешко да го менувате животот и ако продолжите по старо, ризикувате да се соочите со сериозни здравствени проблеми и со проблеми на работното место.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Од секогаш сакав да си одговорам на моите големи, длабоки прашања. После средбата со вас и читањето на мојата натална карта сите одговори си дојдоа на своето место... Наталната карта ме разбуди, упати да тргнам по правата патека од мојот живот. 

Р.Б., Штип


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2025
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби