In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Зошто ги бакнуваме децата

Солзи сами капат

Пред да му кажеш Да

Цената на долгите нокти

Тоа што очајнички го посакуваме

Како научив физика

Зад секоја успешна жена

Корумпираната држава

Луѓе со кои не се дружиме

Глупавите луѓе

Нептун во Овен

Ако имаше Господ...

Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Знаците на патот

Кога не ни оди според планот

Силикони за мозок

Луѓенца

Струен удар од зборови

Времето е тест за љубовта

Споменар

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Браковите склучени во недела

Само еднаш се љуби?

Трагачи по возбуда

Важно е да ми чури оџачето

Глупава младина - неизвесна иднина

Денови на среќни околности

Се родив прерано, не те сретнав тебе

Кога умира душата?

Колку трае еден ден на секоја планета

Крадци

Светот е глобално ријалити шоу

Луѓето се како очи

Убавите круши...

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Ретрограден Меркур во Риби

Имаш лице какво што заслужуваш

Ѕвезденото небо над светот во декември

Женски Болести

Јами Мами од Мајами

Јупитер во Стрелец

Ѕвезденото небо над светот во ноември

Ако сте родени меѓу два хороскопски знака

Внимавај кого пушташ во својот живот

Пониското и повисокото ниво на секој знак

Ѕвезденото небо над светот во октомври

Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018

Ѕвезденото небо над светот во јули

Исправи се, Викторија!

Ретрограден Марс во Водолија

Ѕвезденото небо над светот во јуни

Уран во Бик

Ѕвезденото небо над светот во мај

Кирон во Овен

Ѕвезденото небо над светот во април

Ретрограден Меркур во Овен

Каков карактер - таква болест

Ѕвезденото небо над светот во март

Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари

Ѕвезденото небо над светот во февруари

Ѕвезденото небо над светот во јануари

Сатурн во Јарец

Небото над Македонија во декември

Марс влегува во Вага

Венера влегува во Вага

Јупитер влегува во Шкорпија

Која изрека е клучна за секој знак

ФБИ откри кои знаци се најопасни

Која е разликата меѓу знакот и подзнакот

Што му недостасува на секој знак

Марс влегува во Девица

Венера влегува во Лав

Затемнување на Сонцето

Како ретроградниот меркур ќе влијае

Она што го напишав веќе се остварува

Ретрограден Меркур во Девица

Затемнување на Месечината

Случувањата во следните 15 години

Месечевите Мени и Ритамот на Природата

Деветте заповеди

Светската економска криза

Што е прецесија?

Дали Астрологијата е наука?

Соѕвездијата и знаците на Зодијакот

Астрологијата и магијата

Астрологијата и слободната волја

Дневен хороскоп

Астрологијата и геоцентричниот систем

Доналд Трамп и Хилари Клинтон

 
Објавено во август 2017

Доналд Трамп - Хилари Клинтон: Играта на троновите сѐ уште трае
 

Многу луѓе во САД и ширум светот го обожаваат. Голем дел го мразат. Но, едно е сигурно, Доналд Трамп никого не остава рамнодушен.

Роден во знакот Близнаци (14.06.1946), со подзнак на кралскиот степен од Лав и со Месечина во Стрелец, тој е сѐ само не е здодевен.

Сонцето во Близнаци го прави забавен, интересен, силен на јазик, со виспрен дух. Додека блискиот контакт меѓу Сонцето и Уран во моментот на неговото раѓање го направил да биде со визионерски дух. Посебно на професионален план. Па, тој може да види профит онаму каде што другите луѓе не го забележуваат. Но, од друга страна, коњукцијата меѓу Сонцето и Уран направила Доналд Трамп да биде своеглав, противречен и упорен. Па, дури и кога греши.

Овој аспект, од астролошка смисла, не е поволен кога човек се занимава со бизнис и банкарство, бидејќи тој е коцкар во душата кој ужива во адреналинот што му го предизвикува ризикувањето со парите и инвестициите. Поради тоа постои можност енормно да се збогати за кусо време. Но, исто така, тој, преку ноќ може да загуби сѐ што има. Значи, додека обичните смртници уживаат да се коцкаат во Лас Вегас, Доналд Трамп ужива кога истото го прави на повисоко ниво. Тој ризикува со големи идеи, многу пари и милионски инвестиции.

Во политиката, прегратката меѓу неговото Сонце и Уран ќе предизвика тој да ужива кога ги шокира другите, посебно своите опоненти. Но, Сонцето и Уран се одговорни и за храброста на Трамп да зборува гласно за работи кои што другите се плашат да ги споменат и да има визии за својата држава кои ќе бидат пред времето. Па, луѓето не ќе можат да ги сфатат. Но, тој нема да се плаши да ги каже.

Кога на сето ова се надоврзе и неговиот Марс во Лав, полека се исцртуваат контурите на профилот на Доналд Трамп како човек кој има силна и центрирана енергија. Но, и како човек кој лесно избувнува и е склон на театрални постапки и бучно однесување. Тој сака сите очи да бидат вперени во него и тоа го прави на незграпен начин.

Негови предности би биле упорноста, високиот праг на издржливост на надворешните притисоци, неговата недофатливост поради брзото прилагодување на промените и храброста да се впушти во ризик. Додека негови недостатоци би биле брзоплетоста и неистрајноста во борбата со ривалите, како карактеристика за Близнаците, и хировитоста и непредвидливоста, како влијание на Уран.

Фиксната ѕвезда Регулус над неговиот Асцендент во Лав во моментот на неговото раѓање укажувала на тоа дека тој ќе стане богат и моќен човек и дека ќе биде „крунисан наспроти кралот“. Значи, дури и да потекнувал од најсиромашно семејство судбината му наменила на Доналд Трамп да постигне професионален успех и богатство. И како јаготка врз шлагот, да стане претседател на една од најмоќните држави на светот.

Важно е да се потенцира дека Соларната Еклипса од 21-ви август 2017 година ќе се случи директно над Асцендентот и над Марс, кој се наоѓа во полето на тајните и на таинствените моќни непријатели, во Наталната Карта на Доналд Трамп. Тоа значи дека Трамп го очекуваат 18 пресудни месеци кога небото му дава шанса да ја докаже својата надмоќ и како Феникс да се издигне над влијанието на своите моќни непријатели. За да ја искористи оваа шанса тој ќе треба мудро да ги влече своите потези во следните 18 месеци. Никакво брзање, непромислени изјави ниту лаги не смеат да му се случат. Бидејќи само така ќе успее да си обезбеди симпатии кај народот. А, поддршката од народот би бил негов адут во борбата со своите противници.

Меѓутоа, ако Трамп не одигра филигрански прецизно во случувањата што следуваат во следните 18 месеци, тој ќе ја загуби битката и ќе мора да се повлече. Но, во тој случај, можно е да заврши во некаков вид на изолација (болница, затвор).

Мудрите велат: „Чувај ги пријателите блиску до себе, а непријателите уште поблиску.“ Во случајот на Доналд Трамп најмногу проблеми би можеле да му создадат оние кои што ги смета за пријатели, а кои се родени во знакот на Овенот и Шкорпијата. Посебно ако се вработени во шпиунските служби и полицијата.

И тука повторно на сцена се појавува Хилари Клинтон. Дали таа ќе биде најголемата закана за задржување на мандатот на Трамп?

Хилари Клинтон е родена во знакот на Шкорпијата (26.10.1947), со подзнак во Шкорпија и Месечина во Риби. Моќна комбинација која покажува дека станува збор за личност која е непоколеблива, строга и безмилосна за светот и за соработниците. Но, лесно повредлива, прилагодлива и попустлива кон луѓето со кои е емотивно блиска.

Под влијанието на ограничувачките вибрации на Сатурн кој од октомври 2012 година го започнал својот транзит низ нејзиниот знак, Шкорпија, нејзе и требало двојно повеќе сила отколку обично за остварување на било кој план. Сѐ се местело против неа, енергијата и била на долната граница. А, биле можни и проблеми со здравјето. Иако Сатурн од септември 2015 година конечно го напушти знакот на Шкорпијата и премина во Стрелец, тој ќе продолжи да ја саботира Клинтон до ноември 2017. Тогаш Јупитер, планетата на среќата, кој од октомври 2017 ќе влезе во Шкорпија, наталниот знак на Хилари Клинтон, ќе може да настапи со сиот свој сјај.

Тоа значи дека ѕвездата на Хилари Клинтон би можела повторно да блесне, на овој или оној начин, во периодот од ноември 2017 до ноември 2019 година.

Дали Хилари Клинтон е најголемата закана за Доналд Трамп? Дали е тоа некоја друга личност родена во знакот Шкорпија или можеби во Овен? Кој ќе победи во оваа игра на троновите? Времето ќе покаже.

 
П.С. Оваа анализа е точна доколку се точни податоците (датум, час и место на раѓање) за Доналд Трамп и Хилари Клинтон кои ги најдов на интернет.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Наталната карта ми помогна да си одговорам на некои дилеми и ми даде смерница за понатаму. 

Данче К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2025
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби