Говорот на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Облеката не го прави човекот
Особините на отмената жена
Девојките се нудат како пиперки во вреќа
Ако линиите на дланката прават „М“
Секоја жена би требало да знае
Како да провериме кој е човек?
Ѕвездите укажуваат
Зошто ги бакнуваме децата
Солзи сами капат
Пред да му кажеш Да
Цената на долгите нокти
Тоа што очајнички го посакуваме
Како научив физика
Зад секоја успешна жена
Корумпираната држава
Луѓе со кои не се дружиме
Глупавите луѓе
Нептун во Овен
Ако имаше Господ...
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
Знаците на патот
Кога не ни оди според планот
Силикони за мозок
Луѓенца
Струен удар од зборови
Времето е тест за љубовта
Споменар
Зошто китиме елка
Ако нема кој да ве прегрне
Браковите склучени во недела
Само еднаш се љуби?
Трагачи по возбуда
Важно е да ми чури оџачето
Глупава младина - неизвесна иднина
Денови на среќни околности
Се родив прерано, не те сретнав тебе
Кога умира душата?
Колку трае еден ден на секоја планета
Крадци
Светот е глобално ријалити шоу
Луѓето се како очи
Убавите круши...
Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде
Ретрограден Марс во Овен
Најголемата слабост на секој знак
Бони и Клајд
Несудената Фрида Кало
Јуни 2020 - Месец на две Еклипси
Сите бои на Виножитото
Љубов, Ах Љубов
Човекот наречен Надеж
Сатурн во Водолија
Ретрограден Меркур во Риби
Француски бакнеж
Годишен хороскоп за 2020 година
Ни претстои неочекувано среќен период
Во што се крие благословот
Ретрограден Меркур во Шкорпија
Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?
Венера во Вага - Време за Љубов
Млада Црна Месечина на 30 август 2019
Немаш ни благодарам
Ќе ја сретнеш својата судбина
Ни на Небо, ни на Земја
Затемнување на Месечината на 16 јули 2019
Не ја мати водата
Ретрограден Меркур во Лав И Рак
Талентот е Божји дар
Вера, Надеж и Љубов
Сиротата мала богаташка
Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019
Двете Марии
Скршеното огледалце
Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај
Министерот со шешир и темни очила за сонце
Ѕвезденото небо над светот во мај 2019
Љубовта е во воздухот
Нека го фрли првиот камен...
Сатурн коњукција Плутон
Ќерката на офицерот со ружи
Ретроградни планети - што ќе ни донесат?
Ѕвезденото небо над светот во април 2019
Кралот на Троседот
Оној што спасил живот
Ветената Земја
Ретрограден Меркур во Риби
Имаш лице какво што заслужуваш
Ѕвезденото небо над светот во декември
Женски Болести
Јами Мами од Мајами
Јупитер во Стрелец
Ѕвезденото небо над светот во ноември
Ако сте родени меѓу два хороскопски знака
Внимавај кого пушташ во својот живот
Пониското и повисокото ниво на секој знак
Ѕвезденото небо над светот во октомври
Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018
Ѕвезденото небо над светот во јули
Исправи се, Викторија!
Ретрограден Марс во Водолија
Ѕвезденото небо над светот во јуни
Уран во Бик
Ѕвезденото небо над светот во мај
Кирон во Овен
Ѕвезденото небо над светот во април
Ретрограден Меркур во Овен
Каков карактер - таква болест
Ѕвезденото небо над светот во март
Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари
Ѕвезденото небо над светот во февруари
Ѕвезденото небо над светот во јануари
Сатурн во Јарец
Небото над Македонија во декември
Марс влегува во Вага
Венера влегува во Вага
Јупитер влегува во Шкорпија
Која изрека е клучна за секој знак
ФБИ откри кои знаци се најопасни
Која е разликата меѓу знакот и подзнакот
Што му недостасува на секој знак
Марс влегува во Девица
Венера влегува во Лав
Доналд Трамп - Хилари Клинтон
Затемнување на Сонцето
Како ретроградниот меркур ќе влијае
Она што го напишав веќе се остварува
Ретрограден Меркур во Девица
Затемнување на Месечината
Случувањата во следните 15 години
Месечевите Мени и Ритамот на Природата
Деветте заповеди
Светската економска криза
Што е прецесија?
Дали Астрологијата е наука?
Соѕвездијата и знаците на Зодијакот
Астрологијата и магијата
Астрологијата и слободната волја
Дневен хороскоп
Астрологијата и геоцентричниот систем
|
Објавено на 24.05.2025 во 09:15
|
Сатурн во Овен
Се сеќавате ли што се случуваше во вашиот живот, а што на светската сцена, во периодот од 7 април 1996 до 9 јуни 1998 година, драги мои? Ајде да ве потсетам. Во 1996 СЗО отвори канцеларија во Македонија, а Кофи Анан ја посети државата. Се воспоставија дипломатски односи со ЕУ. Потпишан е меморандум за отворање британски информативен центар. Во Њујорк официјално започна со работа генералниот Конзулат на Република Македонија. Почна со работа македонската берза. Државата доби прв мобилен оператор. На светско ниво, беше клонирано прво живо битие, овцата Доли, што предизвика верски, морални и научни дилеми. Во 1997 година, во февруари, се одржуваа големи студентски и средношколски протести. Штедилницата ТАТ е ставена под принудна управа. Генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана допатува во прва официјална посета. Претседателот Киро Глигоров беше во официјална посета на Кина и на САД. Во 1998 година претседателот Глигоров ја посети Русија, по покана на неговиот колега, Борис Елцин. Беа подметнати бомби и експлозивни направи на повеќе места. Европската комисија за човековите права ја разгледа и ја прифати тужбата на ОМО Илинден против Република Бугарија и ја упати до Европскиот суд во Стразбур. Дејтонскиот договор со кој се стави крај на војната во Босна, a беше потпишан во 1995, се реализираше во периодот 1996-1998. Зошто ве потсетувам на овие историски настани? Бидејќи, во периодот од 7 април 1996 до 9 јуни 1998 година, Сатурн на небото престојуваше во оној дел од еклиптиката со кој владее Овенот и ја постави сцената за настаните на Земјата, исто како што ќе биде во периодот од 14 февруари 2026 до 12 април 2028. Додека од утре, 25 мај, до 1 септември 2025, Сатурн за кусо ќе влезе во Овен, за да направи генерална проба, оставајќи ни доволно време да се подготвиме за промените. Какви би биле промените? Кога е во Овен, Сатурн не се чувствува свој на своето бидејќи е во пад. Тогаш тој се однесува како воен ветеран кој се враќа од фронтот со зарѓана сабја. Може колку сака да мавта со неа, ама нема ниту сила ниту сабјата му е спремна за борба. Па, ако сака да победи, мора да ја користи мудроста стекната преку животното искуство. Оваа метафора преведена на наш јазик би значела дека на глобално ниво во следните 3 години воените жаришта полека ќе згаснуваат. Лидерите од секаков маштаб ќе бидат ставени на тест. А, тестот ќе го поминат оние кои ќе покажат старечка мудрост наместо напаленост карактеристична за тинејџери. Оние, кои ќе покажат одговорност кон својата држава и народ наместо задоволување на потребите на своето его. Оние кои ќе покажат храброст фаќајќи се во костец со проблемите на својата држава наместо да манифестираат мускули на послаби од себе. Оние кои ќе покажат дисциплина борејќи се со слабостите во својот карактер. Како ние, обичните смртници, да го искористиме периодот додека Сатурн ја прави генералната проба? Оние што се родени во периодот од април 1996 до јуни 1998 година ќе минуваат низ некаква животна криза преку која ќе го полагаат својот прв тест за зрелост. Оние што се родени во периодот од март 1967 до мај 1969 година ќе се соочат со случувања кои нема да им се допаѓаат, но не ќе можат да ги избегнат, со што Универзумот ќе ги тестира дали научиле нешто од животот и што би требало да сменат за да им биде подобра иднината. Сите останати ќе треба да научиме како да се дисциплинираме себеси и да ја преземеме одговорноста за сопствениот живот во свои раце наместо да ја префрламе на други, на партнерот, децата, родителите, на државата. Наместо да се силиме по социјалните мрежи и да чекаме друг да ни ги реши проблемите, ќе треба енергијата да ја искористиме во зачистување на сопствениот двор. Наместо да бараме начин како да добиеме нешто муфте, да си ги засукаме ракавите и сами да си заработиме за „муфтето“ што го очекуваме. Наместо да бараме начин да ја оствариме целта на сила, да си поработиме на канализирање на бесот оти тој му пречи на нашето здравје. Наместо да го саботираме нашиот успех, да откриеме поради кои причини се саботираме себеси и да поработиме на надминување на истите, итн. Најчувствителниот период за светот во целина би требало да биде периодот од мај 2025 до март 2026 година, кога Сатурн ќе се израмни (коњукција) со Нептун во Овен, слично како во 1918 кога тие се израмниле во Лав и кога светот се справувал со ужасите предизвикани од шпанскиот грип. На кои лекции сатурн во овен ќе го учи секој знак? „Додека не го освестите несвесното, тоа ќе ви го насочува животот, а вие ќе го нарекувате судбина. Познавањето на сопствената темнина е најдобриот метод за справување со темнините на другите луѓе“ - Карл Густав Јунг Да, драги мои. Секој од нас има своја „ѕвезда што го прати дур е жив“. Но, секој од нас си носи и темна страна исткајана од нашите стравови, слабости, пороци, комплекси, од потиснати информации поврзани со нашата карма и со долговите на нашите предци. И токму овие неосвестени работи раководат со нашите реакции надвор од наша контрола, па ние ги доживуваме како сила на која не можеме да влијаеме, како судбина („кога свети јако има среќа, кога гасне судбина“). Една од планетите поврзана со судбината е токму Сатурн. И како тој се движи на небото „фрла сенка“ на одредени сфери од нашиот живот со цел да ги освестиме и да научиме нова лекција. Кои сфери од нашиот живот ќе ги „замрачи“ Сатурн во периодот од мај 2025 до април 2028 и кои лекции ќе треба да ги научиме? Очекувано, во следните 3 години Сатурновите вибрации најмногу ќе ги допрат родените во знак Овен и оние што имаат подзнак во Овен, создавајќи им судбински настани од кои ќе треба да научат некоја лекција за себеси и да освестат некоја страна од својот карактер за која не знаеле дека постои. Потоа, на ред ќе дојдат сите оние кои во своите Натални Карти имаат планети во Овен. Посебно ако тоа е Сонцето, Месечината, Венера, Сатурн, СМЈ или Асцендентот. Потоа, на ред ќе дојдеме сите ние. Како? Следува во продолжение: Оние кои имаат знак или подзнак во Овен ќе се соочат со некаква криза на личен план (здравје, брак, незадоволство од животот, проблеми што другите ќе им ги создадат, но на нив не ќе можат да влијаат). А, лекцијата што ќе треба да ја научат е дека тие се одговорни за својот живот и дека конечно треба таа одговорност за себеси, за своите постапки, за случувањата во својот живот да ја преземат во свои раце и да не очекуваат ништо од никого. Оние со подзнак во Бик ќе се соочат со ситуации кога ќе треба да ги откријат своите кармичките долгови и кармичките долгови на своите предци. А, лекцијата што ќе треба да ја научат е да не потиснуваат ништо во себеси ако сакаат да го сочуваат здравјето. Оние со подзнак во Близнаци ќе имаат проблеми со околината, со пријателите, во љубовта. Лекцијата што ќе треба да ја научат е да не се однесуваат површно и бесчувствително кон другите, бидејќи би можеле да загубат некои вистински пријатели и некој што вистински ги сака. Оние со подзнак во Рак би требало да имаат проблеми на работа, со претпоставените и со едниот родител. Лекцијата што ќе треба да ја научат е да ги почитуваат авторитетите ако сакаат да бидат почитувани и тие од нив. Оние со подзнак во Лав би требало да имаат искушенија поврзани со нивните филозофски, политички или верски убедувања, а некои и со дипломите. Лекцијата што ќе треба да ја научат е да ги прифаќаат различностите и поинаквите погледи на светот. А, ако го прекршиле законот следува реперкусија, правна и морална. Оние со подзнак во Девица би требало да се соочат со проблеми поврзани со парите (долгови, даноци, заеми), со љубовниот живот, со децата или со хроничните здравствени проблеми. Лекцијата што ќе треба да ја научат е да се опуштат и да престанат да се обидуваат да го контролираат животот на другите. Оние со подзнак во Вага ќе минуваат низ искушенија поврзани со бракот и бизнисот, посебно ако тој е ортачки. Би можело да дојде до заладување на односите во бракот, дистанцирање, отфрлање. Оние кои не се во брак би можеле да се вљубат во помлад или постар партнер. А, оние со јавни професии би можеле да доживеат јавен срам. Лекцијата што ќе треба да ја научат е да не им го прават на другите тоа што не сакаат ним да им се прави. Оние со подзнак во Шкорпија ќе бидат исправени пред проблеми на работното место. А, доколку не водат здрав живот би можеле да се соочат и со здравствени проблеми. Лекцијата што ќе треба да ја научат е како да се справат со стресот, со бесот и да сфатат дека здравјето влегува и на уста. Оние со подзнак во Стрелец ќе се справуваат со проблеми во љубовниот живот или во односот со децата. Слободните Стрелци би можеле да обноват некоја стара љубов или ќе сретнат личност од минатиот живот. Жените Стрелци би можеле да имаат проблеми со бременоста. Лекцијата што ќе треба да ја научат е дека го сакаме само оној кој го прифаќаме со сите доблести и маани. Оние со подзнак во Јарец би требало да имаат немири во домот, несакана преселба, болест на член од семејството, проблеми при поделба на имотот. Лекцијата што ќе треба да ја научат е дека членовите на семејството живеат во иста куќа, ама никогаш не растат под ист покрив. Оние со подзнак во Водолија ќе решаваат проблеми во најблиското опкружување, со браќата, сестрите, роднините и соседите. Помладите Водолии би можеле да стагнираат во учењето или да имаат проблем со некоја диплома. Лекцијата што ќе треба да ја научат е дека секој е креатор на својата судбина и секој сам одговара за своите постапки. Оние со подзнак во Риби ќе имаат проблем со парите. Затоа ќе мора да бидат штедливи и да не се залетуваат во поголеми инвестиции. Лекцијата што ќе треба да ја научат е дека парите ни покажуваат колку мислиме дека вредиме и заслужуваме. Ако е за аир доста беше. А, сега памет во глава, отворени четири очи и учење, учење и само учење. Виолета С. Марсол
 Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Рибите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.
“ |
Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. ” С. М., Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|