In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Зошто ги бакнуваме децата

Солзи сами капат

Пред да му кажеш Да

Цената на долгите нокти

Тоа што очајнички го посакуваме

Како научив физика

Зад секоја успешна жена

Корумпираната држава

Луѓе со кои не се дружиме

Глупавите луѓе

Нептун во Овен

Ако имаше Господ...

Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Знаците на патот

Кога не ни оди според планот

Силикони за мозок

Луѓенца

Струен удар од зборови

Времето е тест за љубовта

Споменар

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Браковите склучени во недела

Само еднаш се љуби?

Трагачи по возбуда

Важно е да ми чури оџачето

Глупава младина - неизвесна иднина

Денови на среќни околности

Се родив прерано, не те сретнав тебе

Кога умира душата?

Колку трае еден ден на секоја планета

Крадци

Светот е глобално ријалити шоу

Луѓето се како очи

Убавите круши...

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Ретрограден Меркур во Риби

Имаш лице какво што заслужуваш

Ѕвезденото небо над светот во декември

Женски Болести

Јами Мами од Мајами

Јупитер во Стрелец

Ѕвезденото небо над светот во ноември

Ако сте родени меѓу два хороскопски знака

Внимавај кого пушташ во својот живот

Пониското и повисокото ниво на секој знак

Ѕвезденото небо над светот во октомври

Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018

Ѕвезденото небо над светот во јули

Исправи се, Викторија!

Ретрограден Марс во Водолија

Ѕвезденото небо над светот во јуни

Уран во Бик

Ѕвезденото небо над светот во мај

Кирон во Овен

Ѕвезденото небо над светот во април

Ретрограден Меркур во Овен

Каков карактер - таква болест

Ѕвезденото небо над светот во март

Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари

Ѕвезденото небо над светот во февруари

Ѕвезденото небо над светот во јануари

Сатурн во Јарец

Небото над Македонија во декември

Марс влегува во Вага

Венера влегува во Вага

Јупитер влегува во Шкорпија

Која изрека е клучна за секој знак

ФБИ откри кои знаци се најопасни

Која е разликата меѓу знакот и подзнакот

Што му недостасува на секој знак

Марс влегува во Девица

Доналд Трамп - Хилари Клинтон

Затемнување на Сонцето

Како ретроградниот меркур ќе влијае

Она што го напишав веќе се остварува

Ретрограден Меркур во Девица

Затемнување на Месечината

Случувањата во следните 15 години

Месечевите Мени и Ритамот на Природата

Деветте заповеди

Светската економска криза

Што е прецесија?

Дали Астрологијата е наука?

Соѕвездијата и знаците на Зодијакот

Астрологијата и магијата

Астрологијата и слободната волја

Дневен хороскоп

Астрологијата и геоцентричниот систем

Венера влегува во Лав

 
Објавено во август 2017

Венера влегува во Лав - што ќе ви донесе?
 

Читајте за да дознаете...

Венера, по месечината, е најсветлото небеско тело на ноќното небо. И, исто така, по месечината, Венера најмногу и се приближува на земјата, во споредба со останатите планети.

Инаку, според митологијата, Венера (Афродита) е божицата на љубовта, убавината, шармот, уметноста и земните задоволства. Таа е родена од морската пена што се создала од семето на Уран, владетелот на Небото, кое се разлеало во морето, откако бил кастриран од својот син Сатурн (Хронос), владетелот на времето. Афродита била омажена за куциот бог Хефест. А, љубовник и бил Марс (Арес), богот на војната, со кој го имала синот Амор. Амор со своите љубовни стрели и помагал на својата мајка да им подари страст и љубовен занес на боговите и леѓето.

Во астрологијата Венера ги има истите карактеристики како и во митологијата. А, кога е во Лав, таа ги поттикнува луѓето да ги изразуваат своите чувства на театрален начин, да бидат во центарот на вниманието, да се однесуваат великодушно и страсно.

Од денес, 27-ми август 2017 година Венера влегува во страсниот и освојувачки расположен Лав. А, таму ќе остане до 21-ви септември 2017.

Каков нов квалитет во животот на секој од вас ќе се обиде да внесе заводливата Венера ќе дознаете подолу во текстот.

Инаку, невозможно е, непрецизно и несериозно ако сите луѓе и целата лепеза на карактери што постојат на земјата ги сместиме во само 12 различни категории претставени со 12-те хороскопски знаци, знаејќи дека секој човек е уникатна креација на Божјата љубов и промисла. Оттаму, само Наталната Карта и помошните хороскопи (Соларен и сл.) можат да покажат како престојот на Венера во Лав ќе делува кај една конкретна личност.

Меѓутоа, ако ја сфатите астрологијата полежерно и ако не барате врвна прециозност, тогаш е доволно да го знаете својот подзнак (Асцендент) за да откриете како би можел патот на Венера низ Лав да се одрази во вашиот живот.

Значи, за да дојдете до најточни информации, би требало да го комбинирате текстот за вашиот подзнак со оној за вашиот знак.

Овен

Кога станува збор за љубовта, вам Венера ќе ви биде најнаклонета од сите знаци во Зодијакот во периодот што следува. Па, на процесот што го започна Соларната Еклипса на 21-ви август, од 27-ми август ќе му се придружи и Венера. Но, додека Еклипсата може да влијае позитивно или негативно, во зависност од вашата способност да им се прилагодите на промените, Венера ќе има за цел да ви помогне, да ви го олесни патот кон љубовта, да ве исполни со позитивни мисли.

Како резултат на нејзиното благопријатно влијание, ќе се намали агресивноста во вашето однесување. А, вие ќе имате потреба од љубов и споделување на чувства со друго човечко суштество, а не само од изживување на сировата страст.

Промените кои ќе се случат со вашите чувства ќе предизвикаат попривлечно да зрачите во очите на другите. Па, постои голема веројатност Аморовата стрела да ве погоди сред срце како гром од ведро небо. По тој момент би требало да следуваат незаборавни физички контакти испреплетени со дива страст и нежност. Посебно ако сте слободни. Истото ќе важи и за оние од вас кои се во врска или брак. Но, тогаш ќе мора да смислувате планови како да ја украдете љубовта, оставајќи го долгогодишниот партнер во блажена состојба на незнаење.

Ако љубовта, заради необјаснета причина, ве одмине, периодот од 27-ми август до 21-ви септември ќе биде барем исполнет со забава, дружење, спорт.

Ако сте жена, во овој период ќе бидат поголеми шансите за забременување. Додека периодот од 15-ти до 21-ви септември 2017 ќе биде идеален за свадба. Но, и за позитивен епилог од некаков судски спор.

Бик

По Соларната Еклипса од 21-ви август, од 27-ми август до 21-ви септември 2017, вашите семејни односи и активностите поврзани со домот ќе ги озрачи опуштената енергија на Венера.

Тоа значи дека ќе посакате да го претворите својот дом во пријатно катче за уживање. Па, веројатно ќе планирате да го освежите со пребојување на ѕидовите, разместување на мебелот, перење на теписите, со купување ново парче мебел, завеса или нов апарат за домаќинството. Па, во така разубавена домашна атмосфера би требало да се опушти и комуникацијата меѓу членовите на вашето семејство. Покрај тоа, во вашиот дом често ќе навраќаат и пријателите и роднините, на кафе и сладок муабет.

Сепак, во периодот од 15-ти до 21-ви септември 2017 би можело да ве вознемири нечие озборување или здравствените проблеми на член од семејството. Во истиот период не би требало ниту да купувате ниту да продавате недвижен имот.

Близнаци

Венера, во периодот од 27-ми август до 21-ви септември 2017 година, ќе ја продолжи тенденцијата што ја започна Соларната Еклипса на 21-ви август.

Тоа значи дека под влијанието на тактичната и дипломатична Венера вие би требало да ја подобрите или обновите комуникацијата со луѓето. Па, можно е неочекувано да се сретнете со некоја стара љубов или да добиете некој денар плус, преку некоја игра на среќа. Посебно во периодот од 15-ти до 21-ви септември 2017.

Исто така, постои можност соседите да ве повикаат на гости или на некаква прослава, да имате пријатни разговори со познаници на улица, на телефон или преку Фејсбук, почесто да бидете во друштво на помлади луѓе. Дури и ако сте во посериозни години.

Ако членувате во политичка партија или во невладина организација, би можеле да добиете пријатни вести во периодот од 15-ти до 21-ви септември 2017.

Рак

Процесот поврзан со парите и инвестициите што го започна Соларната Еклипса на 21-ви август, сега ќе го продолжи, склоната на уживања, Венера, во периодот од 27-ми август до 21-ви септември 2017.

Тоа значи дека е можно да откриете некој полесен начин да дојдете до пари или пак ќе добиете понуда за работа во која би уживале, додека парите ќе се слеваат на вашето конто. А, можно е и некоја дамнешна инвестиција, на која сте заборавиле, сега да почне да ви носи профит или пак да ви бидат вратени некои пари што некому, некогаш, сте ги дале на заем. Ако ништо друго, можно е да добиете некој убав подарок или барем цвеќе.

Затоа пак, во периодот од 15-ти до 21-ви септември 2017 ќе мора да ги ускладите семејните со професионалните обврски, да не избрзувате со купување и продавање недвижности, ниту со изборите што ќе треба да ги направите на професионален план.

Лав

По 21-ви август и Соларната Еклипса која се случи во вашиот знак, Универзумот повторно ќе го впери својот прст во вас со помош на префинетите вибрации на Венера.

Па, под нејзино влијание ќе имате чувство дека се враќате во својот елемент. Темпераментни, заводливи и кокетни, вие ќе освојувате без мака. А, ако некој го привлече вашето внимание, ќе направите се да го имате само за себе, да завладеете со неговите чувства. Ќе сметате дека тоа најлесно ќе го постигнете преку креветот. Меѓутоа, за разлика од друг пат, Венера во периодот од 27-ми август до 21-ви септември ќе ве заштити од туѓиот презир. Од друга страна, под влијанието на Венера би требало да се разубавите во ликот, на природен начин или со помош на чудата во козметологијата.

Во периодот од 15-ти до 21-ви септември 2017 или ќе добиете убави вести од странец или странство или ќе заминете на пат. А, можно е да добиете добри вести од факултетот, да положите некој испит или да се запишете на некаков курс.

Девица

Пред големото расчистување што ви го подготвува Соларната Еклипса од 21-ви август, настапува милозливата Венера која треба да ви донесе разведрување, во периодот од 27-ми август до 21-ви септември 2017.

Меѓутоа, бидејќи процесот на расчистување со менталниот и емотивен отпад што постои во вашата душа е во тек, вашите емоции ќе бидат длабоки, но пригушени. Тоа ќе направи да изгледате мистериозно во очите на одредени личности. Па, можно е да започнете љубовна врска што, заради различни причини, ќе мора да ја криете.

Пишувањето дневник многу би ви помогнало во олеснувањето на душата. Но, за да не се заплеткате и во финансиски проблеми, препорачливо е во периодот од 15-ти до 21-ви септември да не влегувате во непланирани инвестиции и да си ги вратите долговите. Во спротивно, ќе мора да платите тројно, и долговите и каматите и извршителот.

Вага

Венера, вашата владетелка, на својот пат низ пријателскиот Лав, само ќе му даде нова нијанса на стартот на промените што ги започна Соларната Еклипса на 21-ви август.

Така, во периодот од 27-ми август до 21-ви септември 2017, Венера ќе придонесе да се зголемат симпатиите на луѓето кон вас. А, вие ќе се уверите во вистинитоста на поговорката која вели дека убавиот збор и железна врата отвора. Па, колку и време да сте чекале на тоа отворање.

Ваша најголема поддршка ќе бидат пријателите, жените, клубот или организацијата во која членувате. Посебно во периодот од 15-ти до 21-ви септември 2017. На вашата карта ќе заиграат и вашите довчерашни противници, со што ќе се помират разликите меѓу вас. А, на еден службен пат ве очекува интересно познанство кое би можело да заврши со флерт.

Некои од вас ќе бидат изненадени од љубовната изјава на личност што ја сметале само за пријател.

Шкорпија

Во периодот од 27-ми август до 21-ви септември 2017, Венера, планетата на дипломатијата, ќе се надоврзе на влијанието на Соларната Еклипса од 21-ви август, помагајќи ви преку тактички потези и убави гестови да ја унапредите својата кариера.

Па, иако не е ваш стил, овој пат можете да го прекршите принципот и слободно да им ласкате на оние што се хиерархиски над вас. Тоа повеќекратно ќе ви се исплати.

Ако сте јавна личност, постои можност вашата слика да се појави во медиумите или да доживеете вашиот углед да порасне во јавноста. Посебно ако вашата професија има допирни точки со уметноста, дипломатијата и медиумите.

Исто така, постои можност за возбудливи љубовни моменти со колега или со личност што ќе ја запознаете преку работата. Но, ако сте веќе во врска или брак, ќе мора да бидете повнимателни во периодот од 15-ти до 21-ви септември 2017 ако не сакате да дознаат сите.

Стрелец

Пред налетот на промените во вашата филозофија на животот што ги иницираше Соларната Еклипса од 21-ви август, Венера ќе се потруди да ви помогне да го гледате животот од поубавата страна.

Па, во периодот од 27-ми август до 21-ви септември 2017, вие ќе заминете на патување, ќе го обновите контактот со некои странци, ќе се запишете на некаков курс, ќе држите некакви предавања или ќе се заинтересирате за некоја нова духовна дисциплина.

Љубовта ви се смешка некаде оддалеку, со личност што не живее во вашиот град или има поинаква философска или религиска определба. Венера ќе предизвика лесно да букнуваат романси меѓу интелектуалците од вашиот знак, меѓу уметниците, во аулите на факултетите, на патувањата. Посебно во периодот од 15-ти до 21-ви септември 2017. Меѓутоа, „што ќе се случи во Рим, ќе мора да остане во Рим“.

Јарец

Во периодот од 27-ми август до 21-ви септември 2017, суптилната Венера ќе го отвори патот за влијанието на Соларната Еклипса од 21-ви август. Па, за животот, смртта и материјалните вредности би требало да започнете да учите од поубавата страна.

Така, во периодот од 27-ми август до 21-ви септември, постои можност да имате неочекувана добивка преку некоја поранешна инвестиција, преку исплата од осигурителна компанија, преку камата од орочени средства или преку вратен долг. Можно е да почувствувате олеснување ако исплатите некој кредит или друг долг или пак без грижа на совеста ќе уживате да ги трошите парите на партнерот. Но, не е исклучено да добиете подарок од родителите на кој не сте се надевале.

Меѓутоа, во периодот од 15-ти до 21-ви септември ќе треба да ги ускладите обврските меѓу домот и работата и не би требало да избрзувате со купопродажба на недвижности.

Водолија

Промената во вашите партнерски односи што ја започна Соларната Еклипса на 21-ви август, Венера само ќе ја продолжи на поубав начин. И тоа во периодот од 27-ми август до 21-ви септември 2017.

Под влијанието на нејзините љубовни вибрации би требало повторно да се засили љубовта кон вашиот партнер во вашето срце. Па, можно е да започнете да се однесувате потактично и да се трудите да ги помирите разликите што постојат меѓу вас.

Многумина од вас сега ќе го договараат терминот за стапување во брак или медениот месец. Другите ќе имаат средба со роднини кои ќе доаѓаат оддалеку. Додека некои ќе бидат забележани во јавноста по својата личност или по својата работа. А, третите ќе завршат со некој судски спор. Најдобар термин за сите горенаведени активности би бил периодот од 15-ти до 21-ви септември 2017.

Риби

Промените на работното место кои ги означи Соларната Еклипса од 21-ви август, Венера ќе ги продолжи на понежен начин, од убавата страна.

Па, добро е ако периодот од 27-ми август до 21-ви септември 2017 го поминете на годишен одмор. Но, ако одморот ви е искористен, тогаш е можно да направите некакви естетски промени во работниот простор, да внесете слика или цвеќе. Потоа, постои можност да ги подобрите односите со колегите и со нив почесто да одите на afterwork parties. Дури е можно да се случи љубовна хемија меѓу вас и некој/а од колегите.

На план исхрана, Венера ќе ве тера почесто да посегате по слатката храна, колачите и чоколадите и да заборавите на диетата.

Во периодот од 15-ти до 21-ви септември пожелно е да вклучите црвен аларм кога се во прашање парите. Не е поволно да се изложувате на покрупни инвестиции. А, можни се и непланирани трошоци за одржување на здравјето.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.


Ова се вистинските зборови што ја опишуваат наталната карта што ми ја изработивте: Наталната карта на Астроскопиа е шлаканицата што ви е потребна да го направите квантниот скок во вашата судбина. Големо благодарам што ми помогнавте да живеам со ширум отворени очи! 

Сања С., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2025
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби