In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Зошто ги бакнуваме децата

Солзи сами капат

Пред да му кажеш Да

Цената на долгите нокти

Тоа што очајнички го посакуваме

Како научив физика

Зад секоја успешна жена

Корумпираната држава

Луѓе со кои не се дружиме

Глупавите луѓе

Нептун во Овен

Ако имаше Господ...

Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Знаците на патот

Кога не ни оди според планот

Силикони за мозок

Луѓенца

Струен удар од зборови

Времето е тест за љубовта

Споменар

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Браковите склучени во недела

Само еднаш се љуби?

Трагачи по возбуда

Важно е да ми чури оџачето

Глупава младина - неизвесна иднина

Денови на среќни околности

Се родив прерано, не те сретнав тебе

Кога умира душата?

Колку трае еден ден на секоја планета

Крадци

Светот е глобално ријалити шоу

Луѓето се како очи

Убавите круши...

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Ретрограден Меркур во Риби

Имаш лице какво што заслужуваш

Ѕвезденото небо над светот во декември

Женски Болести

Јами Мами од Мајами

Јупитер во Стрелец

Ѕвезденото небо над светот во ноември

Ако сте родени меѓу два хороскопски знака

Внимавај кого пушташ во својот живот

Пониското и повисокото ниво на секој знак

Ѕвезденото небо над светот во октомври

Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018

Ѕвезденото небо над светот во јули

Исправи се, Викторија!

Ретрограден Марс во Водолија

Ѕвезденото небо над светот во јуни

Уран во Бик

Ѕвезденото небо над светот во мај

Кирон во Овен

Ѕвезденото небо над светот во април

Ретрограден Меркур во Овен

Каков карактер - таква болест

Ѕвезденото небо над светот во март

Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари

Ѕвезденото небо над светот во февруари

Ѕвезденото небо над светот во јануари

Сатурн во Јарец

Небото над Македонија во декември

Марс влегува во Вага

Венера влегува во Вага

Јупитер влегува во Шкорпија

Која изрека е клучна за секој знак

ФБИ откри кои знаци се најопасни

Која е разликата меѓу знакот и подзнакот

Што му недостасува на секој знак

Венера влегува во Лав

Доналд Трамп - Хилари Клинтон

Затемнување на Сонцето

Како ретроградниот меркур ќе влијае

Она што го напишав веќе се остварува

Ретрограден Меркур во Девица

Затемнување на Месечината

Случувањата во следните 15 години

Месечевите Мени и Ритамот на Природата

Деветте заповеди

Светската економска криза

Што е прецесија?

Дали Астрологијата е наука?

Соѕвездијата и знаците на Зодијакот

Астрологијата и магијата

Астрологијата и слободната волја

Дневен хороскоп

Астрологијата и геоцентричниот систем

Марс влегува во Девица

 
Објавено во септември 2017

Марс влегува во Девица - што ќе ви донесе
 

Планетата на која што живееме, Земјата, се наоѓа помеѓу две планети кои се сосема спротивни по својата природа. Од една страна се наоѓа Венера, нежна, заводлива, симбол за љубовта и хармонијата. А, од другата страна е храбриот и импулсивен Марс, симбол за воинственоста, силата, нагонот и натпреварувачкиот дух.

Ако бараме објаснување во митологијата, таа открива дека Марс (Арес), богот на војната, е син на Јупитер (Зевс), богот на громовите и Јуно (Хера), божицата на бракот. Јупитер и Јуно немале убаво мислење за својот син, Марс. Го сметале за најгрозниот од сите богови, за лудак кој не го почитува законот.

А, бидејќи спротивностите најчесто се привлекуваат, незаузданиот Марс ја маѓепсал женствената Венера со својата мажевност толку силно, што таа го изневерила својот маж Хефест. Од оваа страсна љубовна врска се родиле три деца: Хармонија, Ерос (Амор) и Антерос.

Во астрологијата, Марс ги задржува истите карактеристики како во митологијата. Па, се смета за планета чии што вибрации даваат физичка енергија и ги поттикнуваат луѓето на акција, натпреварување, освојување и борба. Кога е во Девица станува поагресивен на ментален и вербален план. Бара претерана точност и прецизност, ситничав е, бара „влакно во јајцето.“

Како Марс на својот пат низ Девица ќе влијае на секој од вас, ќе откриете подолу во текстот.

Но, пред тоа треба да знаете дека предвидувањата се правени само со следење на една планета, Марс. Затоа, сликата не може да биде целосна ниту толку прецизна. Вистинската слика за тоа што ве очекува би ја дознале кога би ги изработиле вашите Петгодишни Предвидувања или Соларниот (Годишен) Хороскоп.

Упатство за читање: Прво прочитајте го текстот што важи за вашиот подзнак. А, потоа комбинирајте ги информациите со текстот што се однесува на вашиот знак.

Овен

Под влијанието на агресивниот Марс, во периодот од 6-ти септември до 23-ти октомври 2017, би требало да се зголеми стресот во вашето секојдневие. А, посебно на вашето работно место.

Ако немате работа, ќе се истоштувате во обидите да најдете достоинствен професионален ангажман што би ја подобрил вашата финансиска состојба и би ви ја поткренал самодовербата.

Ако сте во работен однос, веројатно ќе бидете претоварени со работа, ќе останувате да работите прекувремено. Но, и покрај тоа, не ќе можете да ги завршите сите обврски. Тоа ќе ве прави нервозни. Па, ако бесот го потиснете во себеси, на врата ќе ви чукнат проблемите со здравјето. Ако пак го кажете она што го мислите, сигурно ќе се фатите за гуша со некои од колегите.

Моја препорака би била да најдете издувен вентил за акумулираното незадоволство и бес. Тоа може да биде некаков спорт, јога вежби, медитации или само обично, но долготрајно пешачење во природа.

Ако сте на функција, внимавајте кои луѓе ги вработувате. Колегите кои се на пониска позиција би можеле да ви подготват бунт или ќе работат на ваше сменување.

Во периодот од 19-ти до 22-ри септември можно е да имате проблеми поради алкохол или лекови, воспаление, главоболки, висок притисок, проблеми со варењето на храната. Но, можно е да направите и некакви грешки на работното место поради брзање.

Во периодот од 26-ти септември до 14-ти октомври, постои можност за флерт на работното место. Но, овој податок би можеле да го искористат вашите непријатели во периодот од 29-ти септември до 2-ри октомври.

Бик

Марс ќе биде пријателски настроен кон вас во периодот од 6-ти септември до 23-ти октомври. Па, благодарение на неговите поттикнувачки вибрации, вие ќе почувствувате зголемен наплив на сексуална енергија, која ќе морате некако да ја потрошите.

Ако сте слободни, водени од слепата страст, можно е да заборавите на вашите критериуми и да легнете со првата личност што ќе ве привлече со својот сексапил. Посебно во периодот од 26-ти септември до 14-ти октомври. Но, откако страста ќе помине, конфликтите во вашиот љубовен живот ќе бидат неизбежни. Тоа ќе биде најизразено во периодот од 5-ти до 12-ти октомври 2017.

Ако сте во врска или брак, водени од сексуалниот порив, можно е да направите излет надвор од бракот. А, за тоа јавноста би можела да дознае преку вашите пријатели, во периодот меѓу 29-ти септември и 2-ри октомври. Но, ако сте потрадиционални по природа и сакате да останете верни, тогаш или ќе уживате во погруб секс со постојаниот партнер или ќе се обидувате да доминирате во врската.

Ако имате деца и ако не сте ги научиле на почит, тие би можеле да манифестираат агресивност кон вас, да се однесуваат тврдоглаво, насилнички. Посебно во периодот од 19-ти до 22-ри септември.

Меѓу 29-ти септември и 2-ри октомври можно е да имате проблеми со срцето.

Близнаци

На својот пат низ педантната Девица, агресивниот Марс нема да биде многу благонаклонет кон вас, во периодот од 6-ти септември до 23-ти октомври.

Марс би можел да предизвика конфликти во вашето семејство. Причината би била недисциплината или непедантниот однос на некои од неговите членови. Вербалниот конфликт би можел да прерасне во физичка пресметка ако не ги контролирате своите постапки и ако дозволите да ве обземе омразата. Посебно во периодот од 26-ти септември до 14-ти октомври.

Под влијание на потиснатата агресија би можеле да се активираат здравствени проблеми поврзани со желудникот. Но, вашата агресија би можела да се манифестира и на работното место, во комуникацијата со колегите. Посебно во периодот од 19-ти до 22-ри септември 2017.

Додека во периодот од 5-ти до 12-ти октомври 2017 би можеле да се почувствувате предадено од страна на брачниот партнер.

Внимателно ракувајте со електричните апарати со цел подолго да ви траат и да се поштедите од пожари.

Рак

Ви претстојат многу активни и динамични пеесетина дена (од 6-ти септември до 23-ти октомври 2017) под влијанието на неуморниот Марс.

Тоа значи дека ќе имате исполнета дневна агенда со активности, многу движење, комуникација со луѓето, многу средби, состаноци, патувања. Луѓето ќе се интересираат за она што го работите или за искуствата што сте ги стекнале. Па, можно е, на некаква трибина, да раскажувате за вашето искуство. Можеби ќе планирате да се проширите на професионален план или пак ќе држите работилници или предавања на теми што ви се блиски. Па, на некоја од овие средби со луѓе, вашите очи можеби ќе откријат нечиј поглед што ќе ве стаписа. Посебно во периодот од 26-ти септември до 14-ти октомври.

Во периодот од 19-ти до 22-ри септември е можно да добиете неповолни вести од странство или суд. И тогаш не е препорачливо да полагате испити. Во сообраќајот треба да бидете внимателни од 5-ти до 12-ти октомври и да не оставате вредни работи во автомобилот.

Лав

Борбениот Марс ќе ја загрози вашата финансиска стабилност во периодот од 6-ти септември до 23-ти октомври.

Тоа значи дека веројатно многу ќе работите. Но, парите, некако, ќе ви се измолкнуваат од рацете. Препорачливо е да ја зауздате вашата ненаситност за луксузни и непотребни нешта. Но, дали тоа ќе ви помогне да ги избегнете непланираните трошоци, времето ќе покаже.

Имајте во предвид дека во овој период ќе ве следат малери на финансиски план. Но, можни се и кавги, закани и физички пресметки заради пари со партнерот или децата. Посебно во периодот од 5-ти до 12-ти октомври. Додека, во периодите од 19-ти до 22-ри септември и од 29-ти септември до 2-ри октомври, не би требало да позајмувате пари, бидејќи тешко дека ќе ги видите назад.

Но, ако некому вие должите, на човек, на банка или друга институција, веројатно ќе си платите со камата.

Девица

На својот пат низ вашиот знак, од 6-ти септември до 23-ти октомври 2017, Марс ќе ви подари огромен енергетски набој. Но, како ќе ракувате со него ќе зависи само од вас.

Со други зборови кажано, вие ќе имате физичка сила, храброст, енергија и мотив да тргнете во акција. Па, ако имате некој план или идеја за кои размислувате, сега е време да започнете со нивна реализација. Но, ако и понатаму се колебате, ако одложувате, ќе се почувствувате неуспешни. А, тоа чувство ќе ве фрустрира и ќе прави да бидете нервозни во комуникацијата со луѓето. Па, веројатно често ќе барате празнење на агресијата преку предизвикување конфликти, преку викање, карање, насилни реакции.

Во тој случај бидете сигурни дека би можеле да го извлечете подебелиот крај. Па, дури и да одговарате пред законот. Посебно во периодот од 19-ти септември до 2-ри октомври. Но, би можеле да имате и здравствени проблеми со синусите, чести главоболки, повреда на главата. Посебно во периодот од 5-ти до 12-ти октомври.

Вага

Марс нема да биде пријателски расположен кон вас во периодот од 6-ти септември до 23-ти октомври 2017.

Тоа значи дека веројатно често ќе чувствувате дека вашиот љубезен и тактичен настап не ви ги донесува саканите резултати и дека не можете секогаш да го добиете тоа што го посакувате. Меѓутоа, не смеете да му дозволите на вашиот страв од губењето на сигурноста да ве блокира. Бидејќи, на тој начин ќе стоите во место и ќе се чувствувате фрустрирани.

Постои можност да оформите некои тајни односи со извесни луѓе или ќе се согласите на професионална соработка за која нема да се знае во јавноста. Најлошо од се што ќе предизвикаат агресивните вибрации на Марс е тоа што ќе бидете како мета за секаков вид на негативна енергија. Па, можно е некои луѓе негативно расположени кон вас да ви подготвуваат завера или пак ќе добивате закани од насилници. Ова посебно би било изразено во периодот од 19-ти септември до 2-ри октомври. Тогаш се можни и здравствени проблеми.

А, во периодот од 5-ти до 12-ти октомври би требало да бидете повнимателни во сообраќајот.

Шкорпија

Иако Марс е агресивен по својата природа, кога е во Девица нема да биде непријатен за вас. Па, во периодот од 6-ти септември до 23-ти октомври 2017, би требало да почувствувате силна доза на активизам.

Под влијание на Марс би требало да посакате да смените нешто во општеството во кое живеете. Па, таа желба би можела да ве однесе во редовите на некоја политичка партија, невладина организација или ќе делувате како самостоен фејсбук активист.

Во исто време ќе кроите многу планови, ќе сметате на помошта од пријателите и ќе градите мрежа на истомисленици со кои подоцна би можеле и професионално да соработувате. Всушност, полека ќе учите како да го зауздате своето его во името на некоја повисока цел или интерес. Тоа ќе ви помогне да го проширите кругот на познаници, да оформите нови пријателства.

Во периодот од 19-ти септември до 2-ри октомври ќе треба да се отворите за примањето и давањето. А, во периодот од 5-ти до 12-ти октомври не смеете да дозволите да бидете во загуба заради пријателите.

Стрелец

Воинствениот Марс, во периодот од 6-ти септември до 23-ти октомври 2017 ќе предизвика да ве заплисне нов бран енергија и да се зголемат вашите амбиции на професионален план.

Но, имајте во предвид дека се што ќе остварите и добиете ќе биде извојувано во жестока битка. Ако вашата професија е поврзана со војската, полицијата, хирургијата, градежништвото, занаетчиството и механизацијата, би можеле на полесен начин да дојдете до целта. Но, и покрај тоа, ќе мора да го контролирате своето его, долгиот јазик и желбата да им солите памет на другите. Така би го избегнале конфликтот со претпоставените.

Во периодот од 19-ти септември до 2-ри октомври ќе мора да најдете начин да ја одржите хармонијата во домот и на работа. А, од 5-ти до 12-ти октомври, можни се здравствени проблеми со забите, зглобовите или коските.

Јарец

Пријателскиот Марс во Девица ќе биде како создаден за вашата натпросечна амбиција. Па, во периодот од 6-ти септември до 23-ти октомври 2017 би требало пред вас да се отворат нови шанси поврзани со странство и странци или професионална соработка со други центри и градови.

Периодот ќе биде исклучително поволен за стручно усовршување и образование. Затоа е пожелно да ги искористите сите можности (семинари, курсеви, обуки) за доедукација, која ќе ви донесе просперитет во иднина. А, ако вашата професија е поврзана со образованието, можно е некакво напредување.

Единствено би требало да избегнувате ситуации кои би можеле да ве донесат во судир со законот во периодот од 19-ти септември до 2-ри октомври. Посебно ако патувате во странство. А, од 5-ти до 12-ти октомври можно е да имате здравствени проблеми со црниот дроб или дишните патишта.

Водолија

Под влијанието на Марс, вие ќе почувствувате дека нагло се зголемува вашата сексуална енергија и интересот за сексот во периодот од 6-ти септември до 23-ти октомври.

Па, ако немате адекватен партнер кој ќе ви овозможи длабоко и интензивно да уживате во сексот, ќе бидете подготвени да се согласите и на половични односи, само да ја задоволите својата глад за физички контакт. Посебно во периодот од 26-ти септември до 14-ти октомври 2017.

Паралелно со ова, ќе тече и процесот на расчистување со старите долгови, кредити, алиментации, наследство. Притоа, добро е да знаете дека во периодот од 19-ти септември до 2-ри октомври, би требало да бидете исклучително внимателни со парите и инвестициите. Додека од 5-ти до 12-ти октомври не би требало да дадете пари на заем на пријателите.

Исто така, би требало да бидете внимателни во ракувањето со остри предмети. А, за некои од вас можеби ќе биде потребен и хируршки зафат.

Риби

Во периодот од 6-ти септември до 23-ти октомври 2017, Марс ќе ви предизвика многу турбуленции и на приватен и на професионален план.

Добро е да знаете дека случувањата низ кои ќе поминува вашиот партнер ќе се одразат и на вашиот однос. Ако на тоа се надоврзе и нетрпението поради разликата во карактерите и неспоивите интерси, се исцртуваат причините за кризата во вашиот брак. За да не дојде до раздвојување, ќе треба одлуките да ги донесувате рационално, со студена глава.

Ако сте слободни, некои од вас може преку ноќ да одлучат да стапат во брак, во периодот од 26-ти септември до 14-ти октомври. Но, не смеете да избрзувате. Другите пак нагло ќе прекинат со една врска и ќе започнат нова. А, некои ќе се мачат, ќе водат војна со партнерот, но ќе останат во врска.

Генерално, ве очекуваат разни перипетии. Вашите пријатели и непријатели ќе ги сменат местата, ќе отпочнете или прекинете едно професионално партнерство, можни се и судски процеси. Посебно во периодот од 19-ти септември до 2-ри октомври.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Наталната карта ми помогна да си одговорам на некои дилеми и ми даде смерница за понатаму. 

Данче К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2025
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби