In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Зошто ги бакнуваме децата

Солзи сами капат

Пред да му кажеш Да

Цената на долгите нокти

Тоа што очајнички го посакуваме

Како научив физика

Зад секоја успешна жена

Корумпираната држава

Луѓе со кои не се дружиме

Глупавите луѓе

Нептун во Овен

Ако имаше Господ...

Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Знаците на патот

Кога не ни оди според планот

Силикони за мозок

Луѓенца

Струен удар од зборови

Времето е тест за љубовта

Споменар

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Браковите склучени во недела

Само еднаш се љуби?

Трагачи по возбуда

Важно е да ми чури оџачето

Глупава младина - неизвесна иднина

Денови на среќни околности

Се родив прерано, не те сретнав тебе

Кога умира душата?

Колку трае еден ден на секоја планета

Крадци

Светот е глобално ријалити шоу

Луѓето се како очи

Убавите круши...

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Ретрограден Меркур во Риби

Имаш лице какво што заслужуваш

Ѕвезденото небо над светот во декември

Женски Болести

Јами Мами од Мајами

Јупитер во Стрелец

Ѕвезденото небо над светот во ноември

Ако сте родени меѓу два хороскопски знака

Внимавај кого пушташ во својот живот

Пониското и повисокото ниво на секој знак

Ѕвезденото небо над светот во октомври

Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018

Ѕвезденото небо над светот во јули

Исправи се, Викторија!

Ретрограден Марс во Водолија

Ѕвезденото небо над светот во јуни

Уран во Бик

Ѕвезденото небо над светот во мај

Кирон во Овен

Ѕвезденото небо над светот во април

Ретрограден Меркур во Овен

Каков карактер - таква болест

Ѕвезденото небо над светот во март

Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари

Ѕвезденото небо над светот во февруари

Ѕвезденото небо над светот во јануари

Сатурн во Јарец

Небото над Македонија во декември

Марс влегува во Вага

Јупитер влегува во Шкорпија

Која изрека е клучна за секој знак

ФБИ откри кои знаци се најопасни

Која е разликата меѓу знакот и подзнакот

Што му недостасува на секој знак

Марс влегува во Девица

Венера влегува во Лав

Доналд Трамп - Хилари Клинтон

Затемнување на Сонцето

Како ретроградниот меркур ќе влијае

Она што го напишав веќе се остварува

Ретрограден Меркур во Девица

Затемнување на Месечината

Случувањата во следните 15 години

Месечевите Мени и Ритамот на Природата

Деветте заповеди

Светската економска криза

Што е прецесија?

Дали Астрологијата е наука?

Соѕвездијата и знаците на Зодијакот

Астрологијата и магијата

Астрологијата и слободната волја

Дневен хороскоп

Астрологијата и геоцентричниот систем

Венера влегува во Вага

 
Објавено во октомври 2017

Венера влегува во Вага - кому ќе му донесе љубов?
 

Од денес, 14-ти октомври, до 7-ми ноември 2017 година Венера ќе поминува низ знакот Вага. Тој нејзин од низ одмерената Вага би требало да донесе суптилни промени во животот на секој човек. Но, за да можеме да ја сфатиме суштината на тие промени треба прво да се запознаеме со карактерот и симболиката, митолошка и астролошка, на божицата Венера чие име го носи и планетата.

Според митологијата, Венера (Афродита) е божица на љубовта, убавината, шармот, уметноста и земните задоволства. Таа е родена од морската пена што се создала од семето на Уран, владетелот на Небото, кое се разлеало во морето, откако бил кастриран од својот син Сатурн (Хронос), владетелот на времето. Афродита била омажена за куциот бог Хефест. А, љубовник и бил Марс (Арес), богот на војната, со кој го имала синот Амор. Амор со своите љубовни стрели и помагал на својата мајка да им подари страст и љубовен занес и на боговите и на луѓето.

Во астрологијата Венера ги има истите карактеристики како и во митологијата. А, кога е во Вага, таа ги поттикнува луѓето да бараат хармонија во своето опкружување и во своите љубовни врски, да имаат потреба од почитување и докажување на правдата, да посакуваат да се изразат себеси на креативен начин, да покажуваат поголем интерес кон убавата храна, кон модерната облека, кон уметноста. Но, Венера во Вага влијае врз луѓето да се однесуваат и порафинирано отколку обично. Додека во љубовта повеќе внимание да обрнуваат кон надворешните манифестации на љубов, како што се гестовите, вниманието, љубезноста, отколку на сировиот секс.

Каков нов квалитет во животот на секој од нас ќе се обиде да внесе Венера за време на нејзиниот од низ Вага, ќе дознаете подолу во текстот.

Но, пред тоа треба да знаете дека предвидувањата се правени само со следење на една планета, Венера. Затоа, сликата не може да биде ниту целосна ниту прецизна. Вистинската слика за тоа што ве очекува би ја дознале кога би ги изработиле вашите Петгодишни Предвидувања или Соларниот (Годишен) Хороскоп.

За таа цел одете на оваа страна.

Упатство за читање: Прво прочитајте го текстот што важи за вашиот подзнак. А, потоа комбинирајте ги информациите со текстот што се однесува на вашиот знак.

Овен

Под влијанието на љубовните вибрации на Венера би требало повторно да се засили љубовта кон вашиот партнер во вашето срце, во периодот меѓу 14-ти октомври и 7-ми ноември 2017. Па, можно е да започнете да се однесувате потактично од обично и да се трудите да ги помирите разликите што постојат меѓу вас. Но, колку ќе ве држи ова чувство ќе зависи од степенот на истрошеност на вашата врска и од тоа дали партнерот го доживувате како веќе освоена тврдина околу која не треба додатно да се ангажирате.

Ако сте во понова врска каде страста се уште гори, постои можност да го договарате терминот за стапување во брак или медениот месец. Ако сте во брак, можно е да ве весели помислата за средба со роднините кои живеат подалеку. Но, по 23-ти октомври, кога и Марс ќе се вмеша со своето агресивно влијание, можно е да имате почести и пожестоки конфликти со партнерот. Додека периодот од 1-ви до 4-ти ноември 2017 ќе биде најризичен за опстанокот на вашите врски и бракови. Тогаш воздржете се од импулсивни реакции.

Ако вашата професија е јавна или поврзана со правото и законот, ќе се истакнувате меѓу луѓето со својата личност или со својата работа до 23-ти октомври. По овој датум, ќе им одите на нерви на луѓето. А, ако сте во некој судски спор, би можело да биде нервозно и неизвесно по 23-ти октомври. Додека во периодот од 1-ви до 4-ти ноември можно е да предизвикате судски спор или да загубите некој судски спор. Најризично ќе биде за Овните чија што професија е поврзана со правото, законот и судовите.

Бик

Во периодот од 14-ти октомври до 7-ми ноември 2017 ќе почувствувате некакви поубави вибрации на работното место и во вашите секојдневни, рутински активности. Тоа значи дека е можно да направите некакви естетски промени во работниот простор, да внесете слика или цвеќе. Потоа, постои можност да добиете нови, дружељубиви колеги или да ги подобрите односите со старите колеги. Дури е можно да се случи љубовна хемија меѓу вас и некој/а од колегите.

Сепак, во периодот од 1-ви до 4-ти ноември можни се непланирани случувања на работното место. За да не го извлечете вие подебелиот крај, не ги предизвикувајте колегите и не се впуштајте во одбрана на оние за кои не знаете што точно прават. А, „добронамерните“ колеги посебно држете ги на око, за да ги спречите да ви работат зад грб.

На план исхрана, Венера ќе ве тера почесто да посегате по слатката храна, колачите и чоколадите и да заборавите на диетата.

А, кога од 23-ти октомври на Венера ќе и се придружи и Марс, тогаш е можно да се соочите и со здравствени непријатности поради некоја настинка, инфекција или поради покачен притисок.

Близнаци

Кога станува збор за љубовта, вам Венера ќе ви биде најнаклонета од сите знаци во Зодијакот, во периодот од 14-ти октомври до 7-ми ноември 2017. Венера ќе има за цел да ве исполни со позитивни мисли, да ви помогне да ги средите своите чувства и да се средите на емотивен план. Всушност, Венера ќе треба да ви го олесни патот кон љубовта.

По 23-ти октомври во тој ангажман ќе и се приклучи и Марс. Па, нивниот заеднички танц до 7-ми ноември гарантира дека нема да ви биде здодевно и дека страста ќе започне да живее и на ваша адреса. Додека во периодот од 29-ти октомври до 3-ти ноември постои можност да ви се случат судбински средби со личности кои ги знаете уште од минатиот живот.

Промените кои ќе се случуваат во вашите чувства ќе предизвикаат попривлечно да зрачите во очите на другите. Па, постои голема веројатност Аморовата стрела да ве погоди сред срце како гром од ведро небо. По тој момент би требало да следуваат незаборавни физички контакти испреплетени со дива страст и нежност. Посебно ако сте слободни. Истото ќе важи и за оние од вас кои се во врска или брак. Но, тогаш ќе мора да смислувате планови како да ја украдете љубовта, оставајќи го долгогодишниот партнер во блажена состојба на незнаење. Ваквите маневри ќе ви биде тешко да ги изведувате во периодот од 1-ви до 4-ти ноември.

Ако љубовта, заради необјаснета причина, ве одмине, периодот од 14-ти октомври до 7-ми ноември 2017 ќе биде барем исполнет со забава, дружење, спорт.

Ако сте жена, во овој период ќе бидат поголеми шансите за забременување.

Рак

Во периодот од 14-ти октомври до 7-ми ноември 2017 вашите семејни односи и активностите поврзани со домот ќе ги озрачи опуштената енергија на Венера.

Тоа значи дека ќе посакате да го претворите својот дом во пријатно катче за уживање. Па, веројатно ќе планирате да го освежите со пребојување на ѕидовите, разместување на мебелот, перење на теписите, со купување ново парче мебел, завеса или нов апарат за домаќинството. Па, во така разубавена домашна атмосфера би требало да се опушти и комуникацијата меѓу членовите на вашето семејство. Покрај тоа, во вашиот дом често ќе навраќаат и пријателите и роднините, на кафе и сладок муабет. Сепак, вашите односи со членовите на семејството би можеле да бидат нарушени во периодот од 1-ви до 4-ти ноември, заради вашата нестрпливост.

Потоа, откако на Венера ќе и се придружи и Марс, во периодот од 23 ти октомври до 7-ми ноември 2017 би можело да ве вознемири насилното однесување или здравствените проблеми на член од семејството. Во истиот период не би требало ниту да купувате ниту да продавате недвижен имот. Посебно „не“ меѓу 1-ви и 4-ти ноември.

Затоа пак, во периодот од 14-ти октомври до 1-ви ноември постои можност да ви се подобри финансиската состојба или да започнете бизнис што носи пари. Додека во деновите меѓу 29-ти октомври и 3-ти ноември би можеле да доживеете кармичка љубовна средба.

Лав

Под влијанието на тактичната и дипломатична Венера вие би требало да ја подобрите или обновите комуникацијата со луѓето, во периодот од 14-ти октомври до 7-ми ноември 2017. Па, можно е неочекувано да се сретнете со некоја стара љубов, да бидете поканети на гости или на некаква прослава кај соседите, да имате пријатни разговори со познаници на улица, на телефон или преку Фејсбук, почесто да бидете во друштво на помлади луѓе. Дури и ако сте во посериозни години.

Но, по 23-ти октомври, откако ќе се вмешаат и вибрациите на Марс, ќе мора да бидете посвесни за своите коментари и реакции пред другите луѓе со цел да се поштедите од конфликти. Но, исто така, ќе мора да бидете повнимателни како возите и каде се паркирате, со цел да ги избегнете сообраќајните казни и непланираните трошоци поврзани со возилото. Најнезгодни и непланирани настани поврзани со роднините, соседите, патувањата и сообраќајот би можеле да ви се случат во периодот од 1-ви до 4-ти ноември.

Затоа пак, во периодот меѓу 29-ти октомври и 3-ти ноември можно е да ја сретнете личноста што цел живот ја посакувате.

Девица

Склоната на уживања, Венера, во периодот од 14-ти октомври до 7 ми ноември 2017 би можела да ви помогне да откриете некој полесен начин да дојдете до пари или пак ќе добиете понуда за работа во која би уживале, додека парите ќе се слеваат на вашето конто. А, можно е и некоја дамнешна инвестиција, на која сте заборавиле, сега да почне да ви носи профит или пак да ви бидат вратени некои пари што некому, некогаш, сте ги дале на заем. Ако ништо друго, можно е да добиете некој убав подарок или барем цвеќе.

Меѓутоа, по 23-ти октомври вибрациите на Венера ќе се измешаат со оние на Марс и тогаш ќе бидете склони да трошите повеќе од обично, на луѓе и работи што ви причинуваат задоволство. Но, ќе има и одлив на пари кои не сте го планирале ниту очекувале. Посебно во периодот од 1-ви до 4-ти ноември.

Додека во периодот од 29-ти октомври до 3-ти ноември судбината би можела да ви ги вкрсти патиштата со вашата кармичка љубов.

Вага

Префинетите вибрации на вашата владетелка Венера, ќе ве направат најсензуалниот и најпривлечниот знак, во периодот од 14-ти октомври до 7-ми ноември 2017.

Па, под нејзино влијание ќе имате чувство дека се враќате во својот елемент. Дури е можно да посакате да се разубавите, на природен начин или со помош на чудата во козметологијата. Вториот чекор ќе биде разубавеното тело да се запакува во отмена гардероба и да се заокружи стилот со нова фризура.

Така разубавени, заводливи и кокетни, вие ќе освојувате без мака со вашето префинето однесување, со истенчениот вкус, со чувството за мерка. А, ако некој го привлече вашето внимание, ќе направите се да го имате само за себе, да завладеете со неговите чувства. Тоа посебно ќе биде нагласено кога на нежните вибрации на Венера, Марс ќе им влее страст, по 23-ти октомври. Па, ако сте родени на 10 и 11-ти октомври, на 28 октомври би можеле да доживеете силна страст, да покажете опсесивни реакции и да извршите прељуба. Додека во периодот од 29-ти октомври до 3-ти ноември можно е повторно да ја сретнете својата најголема љубов од минатиот живот. Но, тогаш постои и најголемиот ризик по опстанокот на вашите бракови и долгогодишни врски.

Професионално, периодот ќе биде најуспешен за Вагите јавни личности, за оние кои се занимаваат со модата и за дипломатите. А, рака под рака со успехот оди и поголемата заработувачка. Посебно во периодот до 1-ви ноември. Додека, меѓу 1-ви и 4-ти ноември очекувајте непријатни настани поврзани со судовите и судските спорови. Посебно ако работите како правници, адвокати, судии или веќе сте во судски спор.

Шкорпија

Процесот на расчистување со менталниот и емотивен отпад што постои во вашата душа е во тек и тој му претходи на моментот од кој ќе ве прифати и понесе позитивниот бран на Јупитер. Тоа е причината поради која во периодот од 14-ти октомври до 7-ми ноември 2017 година вашите емоции ќе бидат длабоки, но пригушени. Тоа ќе направи да изгледате уште помистериозно отколку обично и попривлечно во очите на одредени личности. Па, можно е да започнете љубовна врска што, заради различни причини, ќе мора да ја криете. Пишувањето дневник многу би ви помогнало во олеснувањето на душата.

Меѓутоа, добро е да знаете дека на 27 и 28-ми октомври ѕвездите ќе ви подготват пријатни, но неочекувани изненадувања. Во најмала рака, вашиот партнер би можел да ве изненади на пријатен начин. Но, сепак, најголемиот број од вас на 27 и 28-ми октомври ќе ја сретнат вистинската љубов, со која за кусо време би можеле да стапат во брак. Ова се однесува и на Шкорпиите кои се веќе во брак со партнер кој не ги исполнува.

Професионално, периодот до 1-ми ноември ќе биде одличен за отпочнување со некој нов ангажман, но ќе ви донесе и повеќе пари. А, ѕвездите ќе им бидат посебно наклонети на Шкорпиите лекари, научни работници, писатели, режисери, театарски и хуманитарни работници.

Меѓутоа, треба да имате во предвид да не влегувате во никаков вид на соработка со сомнителни типови, ниту да си создавате непријатели од луѓето кои имаат некаква моќ. Бидејќи, по 23-ти октомври, а посебно меѓу 1-ви и 4-ти ноември, агресивните вибрации на Марс би можеле да ве претворат во жртва на туѓи интереси.

Стрелец

Во периодот од 14-ти октомври до 7-ми ноември 2017, Венера ќе придонесе да се зголемат симпатиите на луѓето кон вас. А, вие ќе се уверите во вистинитоста на поговорката која вели дека убавиот збор и железна врата отвора. Дури и по долго време на тропање и чекање.

Ваша најголема поддршка ќе бидат пријателите, жените, клубот или организацијата во која членувате. Но, во периодот меѓу 1-ви и 4-ти ноември не сметајте на нивната поддршка, бидејќи би можеле да ве разочараат. Несекојдневен момент ќе биде оној кога на вашата карта ќе заиграат и вашите довчерашни противници, со што ќе се помират разликите меѓу вас. Но, во периодот меѓу 1-ви и 4-ти ноември тоа може да биде само привид и некои што ви се волци да ви глумат пријатели преоблечени во јагнешки кожи.

Кога станува збор за љубовта, некои Стрелци ќе тргнат во освојување на личноста што им се допаѓа претворајќи се дека сакаат да бидат пријатели со неа. Додека други пак ќе бидат изненадени од љубовната изјава на личност што ја сметале само за пријател/ка. Овие пријателско-љубовни односи би можеле да бидат посебно непријатни за вас во периодот меѓу 1-ви и 4-ти ноември 2017.

Јарец

Во периодот од 14-ти октомври до 7-ми ноември 2017, Венера, планетата на дипломатијата, ќе ви помогне преку тактички потези и убави гестови да ја унапредите својата кариера.

Па, иако не е ваш стил, овој пат можете да го прекршите принципот и слободно да им ласкате на оние што се хиерархиски над вас. Тоа повеќекратно ќе ви се исплати. Посебно по 23-ти октомври. А, најмногу меѓу 1-ви и 4-ти ноември, кога агресивните вибрации на Марс ќе се закануваат да ви ги нарушат коректните односи со колегите. А, најмногу со претпоставените. Тогаш, само ласкањето и лактањето ќе можат да ве вратат во стабилна положба.

Ако сте јавна личност, постои можност вашата слика да се појави во медиумите или да доживеете вашиот углед да порасне во јавноста. Посебно ако вашата професија има допирни точки со уметноста, дипломатијата и медиумите. Исто така, постои можност за возбудливи љубовни моменти со колега или со личност што ќе ја запознаете преку работата. Но, меѓу 1-ви и 4-ти ноември, постои опасност да го загубите угледот заради некоја непланирана работа или заради вашите активности со колегите.

Сепак, добро е да знаете дека ако сте родени на 7 и 8-ми јануари, на 28-ми октомври е можно да ве обземе силна страст, да се однесувате опсесивно или да извршите прељуба. Додека останатите Јарци би можеле да ја сретнат својата кармичка љубов во периодот меѓу 29-ти октомври и 3-ти ноември.

Водолија

Во периодот од 14-ти октомври до 7-ми ноември 2017, Венера ќе се потруди да ви помогне да го гледате животот од поубавата страна.

Па, постои можност да заминете на патување, да го обновите контактот со некои странци, да се запишете на некаков курс, да држите некакви предавања или обука. А, можно е да се заинтересирате и за некоја нова духовна дисциплина. Но, ако патувате по 23-ти октомври можно е да имате законски проблеми во земјата домаќин заради виза, пасош, не познавање на тамошната легислатива. Додека, ако планирате да патувате меѓу 1-ви и 4-ти ноември можно е патувањето да се одложи. Ако не патувате, чувајте го паричникот и важните документи од крадци.

Од друга страна, не заборавајте дека љубовта ќе ви се смешка некаде оддалеку, со личност што не живее во вашиот град или има поинаква философска или религиска определба. Венера ќе предизвика и лесно да букнуваат романси меѓу интелектуалците од вашиот знак, меѓу уметниците, во аулите на факултетите, на патувањата. Меѓутоа, не заборавајте дека она „што ќе се случи во Рим, ќе мора да остане во Рим“. А, она што би требало да се случува во периодот меѓу 29-ти октомври и 3-ти ноември ќе биде некоја незавршена љубовна приказна со вашата кармичка сродна душа, која ќе треба да ја продолжите во овој живот.

Риби

Во периодот од 14-ти октомври до 7-ми ноември 2017, под влијанието на убавите вибрации на Венера, постои можност да имате неочекувана добивка преку некоја поранешна инвестиција, преку исплата од осигурителна компанија, преку камата од орочени средства или преку вратен долг. Исто така, можно е да почувствувате олеснување ако успеете да исплатите некој кредит или друг долг. Во најмала рака, без грижа на совеста ќе уживате да ги трошите парите на партнерот. А, нема да биде чудно ако добиете подарок од родителите на кој не сте се надевале. Сепак, по 23-ти октомври би можеле да се создадат нови долгови. Посебно во периодот од 1-ви до 4-ти ноември. Тогаш бидете повнимателни во ракувањето со парите.

Професионално, периодот ќе биде одличен за Рибите банкари, за вработените во осигурителните компании, за Рибите политичари. Нив ги очекува поголем паричен прилив во периодот од 14-ти октомври до 1-ви ноември, како и нови можности за бизнис и зголемување на приходите.

На љубовен план, ќе копнеете по доживување на силни сексуални искуства. Посебно по 23-ти октомври. Па, можно е да се впуштите во секс за една ноќ. Дури и кога ќе знаете дека на другата страна сте и интересни заради парите, а не заради вас самите.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.


Наталната карта што ја добив е фантастична!
Ви благодарам многу што ми го подаривте огледалото на мојот живот :) 

Виктор К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2025
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби