In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Зошто ги бакнуваме децата

Солзи сами капат

Пред да му кажеш Да

Цената на долгите нокти

Тоа што очајнички го посакуваме

Како научив физика

Зад секоја успешна жена

Корумпираната држава

Луѓе со кои не се дружиме

Глупавите луѓе

Нептун во Овен

Ако имаше Господ...

Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Знаците на патот

Кога не ни оди според планот

Силикони за мозок

Луѓенца

Струен удар од зборови

Времето е тест за љубовта

Споменар

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Браковите склучени во недела

Само еднаш се љуби?

Трагачи по возбуда

Важно е да ми чури оџачето

Глупава младина - неизвесна иднина

Денови на среќни околности

Се родив прерано, не те сретнав тебе

Кога умира душата?

Колку трае еден ден на секоја планета

Крадци

Светот е глобално ријалити шоу

Луѓето се како очи

Убавите круши...

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Ретрограден Меркур во Риби

Имаш лице какво што заслужуваш

Ѕвезденото небо над светот во декември

Женски Болести

Јами Мами од Мајами

Јупитер во Стрелец

Ѕвезденото небо над светот во ноември

Ако сте родени меѓу два хороскопски знака

Внимавај кого пушташ во својот живот

Пониското и повисокото ниво на секој знак

Ѕвезденото небо над светот во октомври

Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018

Ѕвезденото небо над светот во јули

Исправи се, Викторија!

Ретрограден Марс во Водолија

Ѕвезденото небо над светот во јуни

Уран во Бик

Ѕвезденото небо над светот во мај

Кирон во Овен

Ѕвезденото небо над светот во април

Ретрограден Меркур во Овен

Каков карактер - таква болест

Ѕвезденото небо над светот во март

Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари

Ѕвезденото небо над светот во февруари

Ѕвезденото небо над светот во јануари

Сатурн во Јарец

Небото над Македонија во декември

Венера влегува во Вага

Јупитер влегува во Шкорпија

Која изрека е клучна за секој знак

ФБИ откри кои знаци се најопасни

Која е разликата меѓу знакот и подзнакот

Што му недостасува на секој знак

Марс влегува во Девица

Венера влегува во Лав

Доналд Трамп - Хилари Клинтон

Затемнување на Сонцето

Како ретроградниот меркур ќе влијае

Она што го напишав веќе се остварува

Ретрограден Меркур во Девица

Затемнување на Месечината

Случувањата во следните 15 години

Месечевите Мени и Ритамот на Природата

Деветте заповеди

Светската економска криза

Што е прецесија?

Дали Астрологијата е наука?

Соѕвездијата и знаците на Зодијакот

Астрологијата и магијата

Астрологијата и слободната волја

Дневен хороскоп

Астрологијата и геоцентричниот систем

Марс влегува во Вага

 
Објавено во октомври 2017

Марс влегува во Вага - кому ќе влее сила, кому ќе донесе проблеми?
 

Во периодот од 23-ти октомври до 9-ти декември 2017 година, на својот пат по еклиптиката, Марс, црвената планета, ќе поминува низ знакот Вага. Вагата е всушност единствениот предмет во зодијачкиот круг составен од 12 знаци кои се претставени со животни и луѓе.

Што значи кога Марс поминува низ Вага и како тоа се одразува на нас, луѓето?

Ако бараме објаснување треба да тргнеме од почетокот, од митологијата. Според митологијата, Марс (Арес), богот на војната, е син на Јупитер (Зевс), богот на громовите и Јуно (Хера), божицата на бракот. Јупитер и Јуно немале убаво мислење за својот син, Марс. Го сметале за најгрозниот од сите богови, за лудак кој не го почитува законот.

А, бидејќи спротивностите најчесто се привлекуваат, незаузданиот Марс ја маѓепсал нежната и женствена Венера со својата мажевност толку силно, што таа го изневерила својот маж Хефест. Од оваа страсна љубовна врска се родиле три деца: Хармонија, Ерос (Амор) и Антерос.

Во астрологијата, Марс ги задржува истите карактеристики како во митологијата. Па, се смета за планета чии што вибрации даваат физичка енергија и ги поттикнуваат луѓето на акција, натпреварување, освојување и борба.

Но, кога се наоѓа во Вага, Марс е во егзил (изгон) и неговите вистински карактеристики не доаѓаат до израз. Напротив, тој, додека престојува во Вага, шири вибрации на неодлучност, непостојаност, мекост, помала истрајност во реализацијата на плановите, приклонување кон желбите и барањата на другите. Но, од друга страна, го потпомогнува решавањето на проблемите преку дипломатски средства, а не со меч и борба. Бидејќи, под влијание на Вагата, суровата енергија на Марс до некаде се култивира и добива доза на тактичност, шарм и префинетост.

Како Марс во Вага ќе влијае на случувањата во општеството

Заради тоа што клучниот збор за Марс во Вага би бил „златна средина“, под неговото влијание во периодот од 23-ти октомври до 9-ти декември 2017 година би требало во центарот на вниманието на јавноста да се најдат меѓучовечките односи, бракот, правото и задоволувањето на правдата, случувањата од областа на уметноста. Но, под влијанието на Марс во Вага под лупата на јавноста ќе се најдат и партнерствата од секаков вид, како што се бизнис партнерствата и политичките коалиции.

Па, додека разблажената енергија на Марс поволно ќе делува на сите јавни манифестации поврзани со музиката, сликарството, театарот, филмот, модата. Кога станува збор за задоволувањето на правдата, таа или ќе се спроведува половично (можни се полурешенија, полутајни договори, полувистини) или ќе се бараат дипломатски механизми за „и волкот да биде сит и овците да бидат на број“.

На планот на политиката, би требало повторно да се актуелизираат некои коалиции меѓу партиите, но ќе се создаваат и нови партии, политички здруженија, сојузи и коалиции. Меѓутоа, до 9-ти декември 2017 сите активности поврзани со политиката и спроведувањето на правдата би требало да се одвиваат во „свилени ракавици“, на зелена маса. За по 9-ти декември, со влегувањето на Марс во Шкорпија, да се покаже кој е кој и активностите да добијат на брзина и сила.

Како Марс на својот пат низ Вага ќе влијае на секој од вас, ќе откриете подолу во текстот.

Но, пред тоа треба да знаете дека предвидувањата се правени само со следење на една планета, Марс. Затоа, сликата за тоа што ќе се случува во важите животи не може да биде ниту целосна ниту толку прецизна. Вистинската слика за тоа што ве очекува би ја дознале кога би ги изработиле вашите Петгодишни Предвидувања или Соларниот (Годишен) Хороскоп. За таа цел одете на оваа страна. Упатство за читање: Прво прочитајте го текстот што важи за вашиот подзнак. А, потоа комбинирајте ги информациите со текстот што се однесува на вашиот знак.

Овен

Во периодот од 23-ти октомври до 9-ти 2017, Марс ќе ви предизвика многу турбуленции и на приватен и на професионален план.

Добро е да знаете дека случувањата низ кои ќе поминува вашиот партнер ќе се одразат и на вашиот однос. Ако на тоа се надоврзе и нетрпението поради разликата во карактерите и неспоивите интерси, се исцртуваат причините за кризата во вашиот брак. За да не дојде до раздвојување, ќе треба одлуките да ги донесувате рационално, со студена глава.

Ако сте слободни, некои од вас можеби преку ноќ ќе одлучат да стапат во брак, во периодот до 7-ми ноември. Но, не смеете да избрзувате.

Другите пак нагло ќе прекинат со една врска и ќе започнат нова. Посебно во периодот од 24-ти ноември до 9-ти декември 2017. А, некои ќе се мачат, ќе водат војна со партнерот, но ќе останат во врска.

Генерално, ве очекуваат разни перипетии. Вашите пријатели и непријатели ќе ги сменат местата. Ќе отпочнете или прекинете едно професионално партнерство или ќе имате проблеми со претпоставените и воопшто со прифаќањето дека некој друг има моќ над вас. Посебно во периодот од 11-ти до 27-ми ноември. Но, можни се и судски процеси во периодот од 24-ти ноември до 9-ти декември.

Најтешко ќе си поминат Овните чија професија е поврзана со правото, судовите, политиката и Овните кои во различни својства се појавуваат во јавноста. Тие со своата тврдоглавост и неможноста да се прилагодат на новонастанатата ситуација ризикуваат да го навлечат туѓиот гнев и да се судрат со законот.

Бик

Под влијанието на агресивниот Марс, во периодот од 23-ти октомври до 9-ти декември 2017, би требало да се зголеми стресот во вашето секојдневие. А, посебно на вашето работно место.

Ако немате работа, ќе се истоштувате во обидите да најдете достоинствен професионален ангажман што би ја подобрил вашата финансиска состојба и би ви ја поткренал самодовербата.

Ако сте во работен однос, веројатно ќе бидете претоварени со работа, ќе останувате да работите прекувремено. Но, и покрај тоа, не ќе можете да ги завршите сите обврски. Тоа ќе ве прави нервозни. Па, ако бесот го потиснете во себеси, на врата ќе ви чукнат проблемите со здравјето (бубрези, мочен меур, тироида). Ако пак го кажете она што го мислите, сигурно ќе се фатите за гуша со некои од колегите.

Моја препорака би била да најдете издувен вентил за акумулираното незадоволство и бес. Тоа може да биде некаков спорт, јога вежби, медитации или само обично, но долготрајно пешачење во природа.

Ако сте на функција, внимавајте кои луѓе ги вработувате. Колегите кои се на пониска позиција би можеле да ви подготват бунт или ќе работат на ваше сменување.

Во периодот од 11-ти до 27-ми ноември можно е да направите некакви грешки на работното место поради брзање. Посебно ако работите со странство, со законот или во високообразовните институции.

Во периодот од 23-ти октомври до 6-ти ноември, постои можност за флерт на работното место. Но, овој податок би можеле да го искористат вашите непријатели во периодот од 24-ти ноември до 9-ти декември.

Периодот од 27-ми ноември до 18-ти декември би требало да биде добар на финансиски план.

Близнаци

Марс ќе биде пријателски настроен кон вас во периодот од 23-ти октомври до 9-ти декември. Па, благодарение на неговите поттикнувачки вибрации, вие ќе почувствувате зголемен наплив на сексуална енергија, која ќе морате некако да ја потрошите.

Ако сте слободни, водени од слепата страст, можно е да заборавите на вашите критериуми и да легнете со првата личност што ќе ве привлече со својот сексапил. Посебно во периодот до 7-ми ноември. Но, откако страста ќе помине, конфликтите во вашиот љубовен живот ќе бидат неизбежни. Тоа ќе биде најизразено во периодот од 24-ти ноември до 9-ти декември 2017.

Ако сте во врска или брак, водени од сексуалниот порив, можно е да направите излет надвор од бракот. А, за тоа јавноста би можела да дознае преку вашите пријатели, во периодот меѓу 24-ти ноември и 9-ти декември. Но, ако сте потрадиционални по природа и сакате да останете верни, тогаш или ќе уживате во погруб секс со постојаниот партнер или ќе се обидувате да доминирате во врската.

Ако имате деца и ако не сте ги научиле на почит, тие би можеле да манифестираат агресивност кон вас, да се однесуваат тврдоглаво, насилнички. А, постои и можност да претрпите и финансиски загуби заради партнерот или децата. Посебно во периодот од 11-ти до 27-ми ноември.

Меѓу 27-ми ноември и 18-ти декември можно е да ви порасне популарноста ако се занимавате со јавна или креативна работа или работите со деца.

Рак

На својот пат низ рафинираната Вага, агресивниот Марс нема да биде многу благонаклонет кон вас, во периодот од 23-ти октомври до 9-ти декември 2017.

Марс би можел да предизвика конфликти во вашето семејство. Причината би била неправедниот или неморалниот однос на некои од неговите членови. Вербалниот конфликт би можел да прерасне во физичка пресметка меѓу вас, брачниот партнер и родителите, ако не ги контролирате своите постапки и ако дозволите да ве обземе омразата. Но, можно е да започнете и судска постапка поврзана со некој недвижен имот. Посебно во периодот од 11-ти до 27-ми ноември 2017.

Под влијание на потиснатата агресија би можеле да се активираат здравствени проблеми поврзани со вашиот дигестивен систем. Но, вашата агресија би можела да се манифестира и на работното место, во комуникацијата со колегите. Посебно во периодот од 24-ти ноември до 9-ри декември. А, во истиот период би можеле да се почувствувате предадено од страна на брачниот партнер.

Внимателно ракувајте со електричните апарати со цел подолго да ви траат, да заштедите пари за мајстор, а и да се поштедите од пожари.

Лав

Ви претстојат многу активни и динамични педесеттина дена (од 23-ти октомври до 9-ти декември 2017) под влијанието на неуморниот Марс.

Тоа значи дека ќе имате исполнета дневна агенда со активности, многу движење, комуникација со луѓето, многу средби, состаноци, патувања. Луѓето ќе се интересираат за она што го работите или за искуствата што сте ги стекнале. Па, можно е, на некаква трибина, да раскажувате за вашето искуство. Можеби ќе планирате да се проширите на професионален план или пак ќе држите работилници или предавања на теми што ви се блиски. Па, на некоја од овие средби со луѓе, вашите очи можеби ќе го откријат погледот на некоја ваша стара љубов што ќе ве стаписа. Посебно во периодот од 11-ти до 27-ми ноември.

Во периодот од 24-ти ноември до 9-ти декември е можно да добиете неповолни вести од странство или од суд.

Во текот на целиот период од 23-ти октомври до 9-ти декември 2017 би требало повнимателно да се однесувате во сообраќајот. Додека од 27-ми ноември до 18-ти декември можно е да заминете на љубовно патување или на патување со децата.

Девица

Под влијанието на Марс би можела да биде загрозена вашата финансиска стабилност во периодот од 23-ти октомври до 9-ти декември 2017.Тоа значи дека веројатно многу ќе работите. Но, парите, некако, ќе ви се измолкнуваат од рацете. Па, и покрај вашата штедливост, веројатно ќе ви биде тешко да ги избегнете непланираните трошоци.

Имајте во предвид дека во овој период ќе ве следат малери на финансиски план. Но, можни се и кавги, закани и физички пресметки заради пари со партнерот или децата. Посебно во периодот од 11-ти до 27-ми ноември. Додека, во периодот од 24-ти ноември до 9-ти декември, не би требало да позајмувате пари, бидејќи тешко дека ќе ги видите назад.

Но, ако некому вие должите, на човек, на банка или друга институција, веројатно ќе си платите со камата. Меѓутоа, можно е финансиски да ви помогнат членовите на семејството во периодот од 27-ми ноември до 18 декември 2017 или пак да имате некаква добивка преку недвижен имот.

Вага

На својот пат низ вашиот знак, од 23-ти октомври до 9-ти декември 2017 година, Марс ќе го засили вашиот енергетски набој. Но, како ќе ракувате со него ќе зависи само од вас.

Со други зборови кажано, вие ќе имате физичка сила, храброст, енергија и мотив да тргнете во акција. Па, ако имате некој план или идеја за кои размислувате, сега е време да започнете со нивна реализација. Но, ако и понатаму се колебате, ако одложувате, ќе се почувствувате неуспешни. А, тоа чувство ќе ве фрустрира и ќе прави да бидете нервозни во комуникацијата со луѓето. Па, веројатно често ќе барате празнење на агресијата преку предизвикување конфликти, преку викање, карање, насилни реакции.

Во тој случај, можно е да потегнете судски процес против личностите за кои мислите дека ве оштетиле или ви нанеле неправда. Посебно во периодот од 24-ти ноември до 9-ти декември. Но, би можеле да имате и здравствени проблеми со синусите, чести главоболки, повреда на главата.

На некое патување во периодот од 27-ми ноември до 18-ти декември 2017 би можеле да дојдете до решение за некои ваши стари проблеми. Но, можно е да дојдете и до документи што многу ќе ви помогнат во разрешувањето на судските спорови во ваша корист. Во најмала рака ќе ја подобрите комуникацијата со браќата, сестрите и роднините.

Шкорпија

Марс нема да биде пријателски расположен кон вас во периодот од 23-ти октомври до 9-ти декември 2017 година.

Тоа значи дека веројатно често ќе чувствувате дека вашиот љубезен и тактичен настап не ви ги донесува саканите резултати и дека не можете секогаш да го добиете тоа што го посакувате. Меѓутоа, не смеете да му дозволите на вашиот страв од губење на контролата да ве блокира. Бидејќи, на тој начин ќе стоите во место и ќе се чувствувате фрустрирани.

Постои можност да оформите некои тајни односи со извесни луѓе или да се согласите на професионална соработка за која нема да се знае во јавноста. Но, исто така е можно да ја испровоцирате омразата кај некои луѓе кои имаат моќ и тие да станат вашите тајни непријатели. А, не е исклучена ниту можноста да добивате закани од насилници. Ова посебно би било изразено во периодот од 24-ти ноември до 9-ти декември. Тогаш се можни и здравствени проблеми поврзани со урогениталниот систем.

Во периодот од 11-ти до 27-ми ноември би требало да бидете повнимателни во сообраќајот. Додека во периодот од 27-ми ноември до 18-ти декември би можеле да ви бидат вратени некои стари долгови или пак ќе добиете некаква понуда што ќе ви носи поголем паричен прилив.

Стрелец

Иако Марс е агресивен по својата природа, кога е во Вага неговото сечиво е затапено и ќе биде благонаклонет кон вас. Па, во периодот од 23-ти октомври до 9-ти декември 2017 година, би требало да почувствувате силна доза на активизам.

Тоа значи дека ќе ви се појави желба да смените нешто во општеството во кое живеете. Па, таа желба би можела да ве однесе во редовите на некоја политичка партија, невладина организација или ќе делувате како самостоен фејсбук активист.

Во исто време ќе кроите многу планови, ќе сметате на помошта од пријателите и ќе градите мрежа на истомисленици со кои подоцна би можеле и професионално да соработувате. Всушност, полека ќе учите како да го зауздате своето его во името на некоја повисока цел или интерес. Тоа ќе ви помогне да го проширите кругот на познаници, да оформите нови пријателства. Посебно плоден ќе биде периодот од 27-ми ноември до 18-ти декември.

Во периодот од 24-ти ноември до 9-ти декември ќе треба да се отворите за примањето и давањето. А, во периодот од 11-ти до 27-ми ноември, не смеете да дозволите да бидете во загуба заради пријателите.

Јарец

Енергичниот Марс, во периодот од 23-ти октомври до 9-ти декември 2017 би требало да предизвика да ве заплисне нов бран енергија и да се зголемат вашите амбиции на професионален план.

Но, имајте во предвид дека се што ќе остварите и добиете ќе биде извојувано во жестока битка. Ако вашата професија е поврзана со војската, полицијата, хирургијата, градежништвото, занаетчиството и механизацијата, би можеле на полесен начин да дојдете до целта. Но, и покрај тоа, ќе мора да го контролирате своето его, долгиот јазик и желбата да им солите памет на другите, со цел да го избегнете конфликтот со претпоставените. Затоа пак, тајните кои ќе ги откриете во периодот од 27-ми ноември до 18-ти декември 2017 би можеле да ве вратат во игра.

Во периодот од 24-ти ноември до 9-ти декември ќе мора да најдете начин подеднакво да се вложувате и во домашните обврски и на работа. А, од 11-ти до 27-ми ноември, можно е да се разбудат хроничните здравствени проблеми со забите, зглобовите или коските или да имате проблеми од психосоматска природа.

Водолија

Пријателскиот Марс во Вага ќе биде како создаден за вашата натпросечна амбиција. Па, во периодот од 23-ти октомври до 9-ти декември 2017 година, би требало пред вас да се отворат нови шанси поврзани со странство и странците или професионална соработка со други центри и градови.

Периодот ќе биде исклучително поволен за стручно усовршување и образование. Затоа е пожелно да ги искористите сите можности (семинари, курсеви, обуки) за доедукација, која ќе ви донесе просперитет во иднина. А, ако вашата професија е поврзана со образованието, можно е некакво напредување.

Единствено би требало да избегнувате ситуации кои би можеле да ве донесат во судир со законот во периодот од 24-ти ноември до 9-ти декември. Посебно ако патувате во странство. Од 11-ти до 27-ми ноември можно е самите да се саботирате себеси околу некое патување, учење, работа со странство или соработка со високообразовните институции. Додека во периодот од 27-ми ноември до 18-ти декември, некој од пријателите, некоја позната фирма или политичка партија ќе ви помогне во остварувањето на еден ваш дамнешен план.

Риби

Под влијанието на Марс, вие ќе почувствувате дека нагло се зголемува вашата сексуална енергија и интересот за сексот во периодот од 23-ти октомври до 9-ти ноември 2017.

Па, ако немате адекватен партнер кој ќе ви овозможи длабоко и интензивно да уживате во сексот, ќе бидете подготвени да се согласите и на половични односи, само да ја задоволите својата глад за физички контакт. Посебно во периодот до 7-ми ноември 2017.

Паралелно со ова, ќе тече и процесот на расчистување со старите долгови, кредити, алиментации, наследство. Притоа, добро е да знаете дека во периодот од 24-ти ноември до 9-ти декември, би требало да бидете исклучително внимателни со парите и инвестициите. Додека од 11-ти до 27-ми ноември не би требало да давате пари на заем на пријателите. А, од 27-ми ноември до 18-ти декември би можеле да очекувате некаков поголем паричен прилив преку професијата.

Исто така, би требало да бидете внимателни во ракувањето со остри предмети. А, за некои од вас можеби ќе биде потребен и хируршки зафат.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Имам веќе две натални карти и искрено не очекував Оваа да биде нешто многу поразлична од останатите. Сепак многу се изненадив. Многу сум задоволен од одговорите кои ги добив благодарејќи на Вашата натална карта! Искрено Благодарам! 

Гога Поп-Георгиевски, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2025
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби