In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Зошто ги бакнуваме децата

Солзи сами капат

Пред да му кажеш Да

Цената на долгите нокти

Тоа што очајнички го посакуваме

Како научив физика

Зад секоја успешна жена

Корумпираната држава

Луѓе со кои не се дружиме

Глупавите луѓе

Нептун во Овен

Ако имаше Господ...

Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Знаците на патот

Кога не ни оди според планот

Силикони за мозок

Луѓенца

Струен удар од зборови

Времето е тест за љубовта

Споменар

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Браковите склучени во недела

Само еднаш се љуби?

Трагачи по возбуда

Важно е да ми чури оџачето

Глупава младина - неизвесна иднина

Денови на среќни околности

Се родив прерано, не те сретнав тебе

Кога умира душата?

Колку трае еден ден на секоја планета

Крадци

Светот е глобално ријалити шоу

Луѓето се како очи

Убавите круши...

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Ретрограден Меркур во Риби

Имаш лице какво што заслужуваш

Ѕвезденото небо над светот во декември

Женски Болести

Јами Мами од Мајами

Јупитер во Стрелец

Ѕвезденото небо над светот во ноември

Ако сте родени меѓу два хороскопски знака

Внимавај кого пушташ во својот живот

Пониското и повисокото ниво на секој знак

Ѕвезденото небо над светот во октомври

Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018

Ѕвезденото небо над светот во јули

Исправи се, Викторија!

Ретрограден Марс во Водолија

Ѕвезденото небо над светот во јуни

Уран во Бик

Ѕвезденото небо над светот во мај

Кирон во Овен

Ѕвезденото небо над светот во април

Ретрограден Меркур во Овен

Каков карактер - таква болест

Ѕвезденото небо над светот во март

Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари

Ѕвезденото небо над светот во февруари

Ѕвезденото небо над светот во јануари

Сатурн во Јарец

Марс влегува во Вага

Венера влегува во Вага

Јупитер влегува во Шкорпија

Која изрека е клучна за секој знак

ФБИ откри кои знаци се најопасни

Која е разликата меѓу знакот и подзнакот

Што му недостасува на секој знак

Марс влегува во Девица

Венера влегува во Лав

Доналд Трамп - Хилари Клинтон

Затемнување на Сонцето

Како ретроградниот меркур ќе влијае

Она што го напишав веќе се остварува

Ретрограден Меркур во Девица

Затемнување на Месечината

Случувањата во следните 15 години

Месечевите Мени и Ритамот на Природата

Деветте заповеди

Светската економска криза

Што е прецесија?

Дали Астрологијата е наука?

Соѕвездијата и знаците на Зодијакот

Астрологијата и магијата

Астрологијата и слободната волја

Дневен хороскоп

Астрологијата и геоцентричниот систем

Небото над Македонија во декември

 
Објавено во декември 2017

Небото над Македонија во декември
 

(Најмногу среќа ќе имаат Шкорпиите, Раковите и Лавовите)

Иако времето во декември ќе биде студено и врнежливо, небото над Македонија ќе биде исклучително колоритно, од астролошки аспект. Боите ќе му ги подарат раздвижените планети и аспектите што тие ќе ги прават меѓу себе. Така, почнувајќи од денес, 2-ри декември, па до 26-ти декември 2017 година Венера, планетата на љубовта, еротиката, убавината, уметноста и земните задоволства, ќе се движи низ знакот на идеалистичкиот и авантуристички расположен Стрелец. А, кога планетата на љубовта се наоѓа во Стрелец, кој се одликува со отвореност, искреност, спонтаност, слободоумност и доза на себичност, вибрациите на Венера добиваат една поведра, побезгрижна и раскалашена нијанса. Поради тоа луѓето би требало да станат потворени во изразувањето на чувствата, помалку инхибирани, подиректни и повеќе склони кон еротски егзибиции, отколку обично.

Од друга страна, вибрациите на Венера во Стрелец придонесуваат чувствата кај луѓето да станат поидеалистички, послободни, ориентирани кон некоја повисока цел или кон нови искуства. Оттаму, акцентот во љубовните врски ќе се насочи кон отвореното манифестирање на своите чувства кон другите, барање слобода во врските и желба за експериментирање во сексот. Што значи дека декември ќе биде месец на љубов и прељуби.

Меѓутоа, од 3-ти до 23-ти декември Меркур, планетата на комуникациите и рационалниот ум, привидно ќе се движи наназад и малку ќе и го замати љубовниот поход на Венера, посебно на 15-ти, 16-ти и 17-ти декември, со разни недоразбирања, недоречености, озборувања и сопки. Додека од 10-ти декември 2017 на ова планетарно јато ќе му се придружи и Марс кој до 27-ми јануари 2018 година ќе патува низ страсната и моќна Шкорпија, која е неговиот втор дом. Марс ќе внесе една поодсечна и посилна нијанса во случувањата. Додека, како јаготка врз шлагот, од 21-ви декември 2017 година, на оваа дружина подготвена за промени, ќе им се придружи и непоткупливиот вселенски судија, Сатурн, кој ќе го започне својот од низ Јарец, кој владее со формата.

Какви новини ќе донесе декември во политичкиот живот на Македонија?

Погоре опишаната планетарна конфигурација би требало да донесе промени во општествениот и политички живот на нашата држава, во вид на одредување на целите од страна на власта и одење кон нивно реализирање сигурно и непоколебливо. Тоа значи дека сите работи кои во изминатиов период се криеја под тепих, заради мир во куќата или заради постигнување договор (Марс во Вага), сега би требало да излезат на површина и државата би требало сериозно да се зафати со расчистување на насобраните проблеми. Почнувајќи од проблемите во судството, па преку надворешната политика, се до недореченостите поврзани со црковното прашање.

Меѓутоа, заради ретроградниот од на Меркур во Стрелец, во периодот од 3-ти до 23-ти декември 2017, владата би можела да се соочи со непланирани проблеми. Затоа, во овој период не е пожелно да се прават, а уште помалку да се потпишуваат нови договори. Бидејќи, постои голема веројатност тие да не бидат поволни за државата, поради опасноста да се направи некаков превид, да се појават грешки во преводот, погрешно да се толкуваат правните дефиниции, да има интерференција од други странски држави со спротивни интереси од нашите и слично. Но, постои и голема можност за некаков дипломатски скандал. Додека на 9-ти, 10-ти и 11-ти декември, кога Венера ќе прима непријателско влијание од Нептун, магот на илузиите, постои опасност, како народ или држава, да бидеме жртви на измами, лаги и разочарувања.

Затоа пак, би требало да се искористат 29-ти, 30-ти и 31-ви декември, кога моќната и одлучна вибрација на Марс ќе биде засилена од експанзивните вибрации на Јупитер. Ова би било вистински миг за позитивен пресврт на ситуацијата во корист на нашата држава и на план судство и на план надворешна политика и на план црковно прашање.

Како планетарната ситуација во декември ќе се одрази на обичниот човек?

Што се однесува до обичните луѓе, во периодот од 3-ти до 23-ти декември тие би можеле да се соочат со проблеми поврзани со патувањата, визите, патните исправи, организацијата на транспортот. Посебно на патувањата во странство. Па, дури е можно да се појават проблеми со билетите, резервациите за авион и хотел и сл. Можно е да се појават и недоразбирања, отстапувања од договореното, проблеми со законот во земјата домаќин и слично. Исто така, можно е да слушнеме за некој голем скандал поврзан со некоја туристичка агенција, авионска компанија, фирма за увоз на автомобили, такси компанија, за некој мобилен оператор, во кој скандал ќе биде вмешан и некој странец или странска земја. Затоа, во овој период е пожелно да размислите каде, зошто, како и со кого патувате.

Исто така, во периодот од 3-ти до 23-ти декември ќе ви биде потешко да ја докажете правдата. Посебно ако сте во судски спор. Можно е вашите документи да бидат загубени, сведоците да не се појават на суд, да дојде до одложување на судските рочишта.

Сепак, каков вид на промена во животот на секој од нас ќе се обиде да предизвика Венера за време на нејзиниот од низ Стрелец, ретроградниот Меркур во Стрелец, Марс во Шкорпија и Сатурн во Јарец, ќе дознаете подолу во текстот.

Но, пред тоа треба да имате во предвид дека предвидувањата се правени само со следење на горенаведените планети. Затоа, сликата за случувањата во вашиот живот не може да биде ниту целосна ниту прецизна. Вистинската слика за тоа што ве очекува би ја дознале кога би ги изработиле вашите Петгодишни Предвидувања или Соларниот (Годишен) Хороскоп. За таа цел одете на оваа страна.

Упатство за читање: Прво прочитајте го текстот што важи за вашиот подзнак. А, потоа комбинирајте ги информациите со текстот што се однесува на вашиот знак.

Овен

Во периодот од 2-ри до 26-ти декември 2017, Венера ќе се потруди да ви помогне да го согледате вашиот живот од поубавата страна.

Па, постои можност да заминете на патување, да го обновите контактот со некои странци, да се запишете на некаков курс, да држите некакви предавања или обука. А, можно е да се заинтересирате и за некоја нова духовна дисциплина.

Не заборавајте дека љубовта ќе ви се смешка некаде оддалеку, со личност што не живее во вашиот град или со личност што има поинаква философска или религиска определба. Венера ќе предизвика и лесно да букнуваат романси меѓу интелектуалците од вашиот знак, меѓу уметниците, во аулите на факултетите, на патувањата. Меѓутоа, на 9-ти, 10-ти и 11-ти декември, поради неповолното влијание на Нептун, можно е да се соочите со конфузни пораки, измами и лаги. На 15-ти, 16-ти и 17-ти декември е можно да не се разберете со партнерот заради поинаквиот светоглед, поинаквото искуство или заради погрешно толкување на кажаните зборови. Додека во периодот од 25-ти до 29-ти декември некои стари чувства ќе бидат повторно актуелизирани или ќе ви се случи комуникација со личност од минатото.

Професионално, најисполнети ќе се чувствуваат Овните студенти, професори, правници, дипломати и оние кои работат со странство. Сепак, во периодот од 4-ти до 8-ми декември, под влијанието на непријателските стрели меѓу ретроградниот Меркур и Сатурн, можно е да чуете непријатни вести од странство. Ако планирате патување, внимавајте со кого патувате, каде го оставате багажот и патните исправи. Додека, ако сте во судски спор, ситуацијата нема да се одвива во ваша корист. Сепак, во деновите околу Нова Година, посебно на 29-ти, 30-ти и 31-ви декември, Марс и Јупитер ќе се погрижат и повеќе да трошите и да дојдете до повеќе пари и да бидете како темпирана бомба во сексот.

Бик

Во периодот од 2-ри до 26-ти декември 2017, под влијанието на експлозивните вибрации на Венера, ќе копнеете да доживеете некоја авантура зачинета со слободно изразување на вашите сексуални фантазии. Па, постои голема можност да се впуштите во секс за една ноќ. Дури и кога ќе знаете дека на другата страна сте и интересни заради парите, а не заради вас самите. Притоа, на 9-ти, 10-ти и 11-ти декември, копнежот по брз секс би можел да ви создаде конфузна ситуација. Додека на 15-ти, 16-ти и 17-ти декември можно е да загубите пари заради секс или да чуете некаква навреда поврзана со вашите сексуални способности. А, во периодот меѓу 25-ти и 29-ти декември, би можеле да се соочите со инхибиции во сексот. На 29-ти, 30-ти и 31-ви декември, под влијанието на поттикнувачките вибрации на Марс и Јупитер, Биковите кои се слободни можно е да одлучат да стапнат на лудиот камен. Додека Биковите кои се во брак ќе имаат причина за славење.

Кога станува збор за парите, постои можност да имате неочекувана добивка преку некоја поранешна инвестиција, преку исплата од осигурителна компанија, преку камата од орочени средства или преку вратен долг. Исто така, можно е да почувствувате олеснување ако успеете да исплатите некој кредит или друг долг. Меѓутоа, во периодот од 3-ти до 23-ти декември не е препорачливо да давате и земате пари на заем. А, во периодот меѓу 4-ти и 8-ми декември можно е да ве изненади некој неочекуван трошок поврзан со извршители, осигурителни компании, камати на долг.

Професионално, периодот ќе биде одличен за Биковите банкари, за вработените во осигурителните компании, за Биковите политичари, само ако имаат отворено четири очи во периодот од 4-ти до 8-ми декември и од 15-ти до 17-ти декември.

Додека Биковите кои се јавни личности, кои работат како правници и судии или пак се во судски спор, на 29-ти, 30-ти и 31-ви декември ќе доживеат крунисување на нивните напори со успех.

Близнаци

Под влијанието на љубовните вибрации на Венера би требало повторно да се засили љубовта кон вашиот партнер во вашето срце, во периодот меѓу 2-ри и 26-ти декември 2017. Па, можно е да започнете да се однесувате потактично од обично и да се трудите да ги помирите разликите што постојат меѓу вас. Но, колку ќе ве држи ова чувство, ќе зависи од степенот на истрошеност на вашата врска и од тоа дали партнерот го доживувате како веќе освоена тврдина околу која не треба додатно да се ангажирате. На 15-ти, 16-ти и 17-ти декември, под влијанието на ретроградниот Меркур, можно е вербално да се пресметувате со партнерот, за работа која однапред е изгубена. Најискушувачки по прашање на верноста ќе бидат периодите: од 9-ти до 11-ти декември, кога Нептун ќе ви го мати паметот поттурнувајќи ве кон неверство и од 25-ти до 29-ти декември, кога е можно да чуете вести за некоја стара љубов.

Ако вашата професија е јавна или е поврзана со правото и законот, ќе се истакнувате меѓу луѓето со својата личност или со својата работа. Меѓутоа, на 9-ти, 10-ти и 11-ти декември некои ваши лаги би можеле да одекнат во јавноста или да добијат судска разрешница. Затоа пак, Близнаците во сите останати професии ќе брилјираат. Посебно на 29-ти, 30-ти и 31-ви декември, под влијанието на испреплетените позитивни вибрации на Марс и Јупитер. Тогаш и вашата физичка кондиција ќе биде во топ форма.

Рак

Во периодот од 2-ри до 26-ти декември 2017 година би требало да почувствувате некакви поубави вибрации на работното место и во вашите секојдневни, рутински активности. Тоа значи дека е можно да направите некакви естетски промени во работниот простор, да внесете слика или цвеќе. Потоа, постои можност да добиете нови, дружељубиви колеги или да ги подобрите односите со старите колеги. Сепак, во периодот од 4-ти до 8-ми и од 15-ти до 17-ти декември е можно да направите некаква грешка со документацијата, да ставите потпис на погрешно место, да загубите важни документи, да имате проблем поради озборување на претпоставените, да направите погрешен избор.

Од друга страна, можно е да се случи љубовна хемија меѓу вас и некој/а од колегите/шките. Посебно во периодот од 9-ти до 11-ти декември. А, уште повеќе ако соработувате со странци или ако патувате во странство. Но, ако врската е започната пред 9-ти декември, тогаш е можно, под влијанието на непријателските вибрации на Нептун, да дознаете некоја разочарувачка вест за колегата/шката со кој/а сте во врска.

Како и да е, најсреќни моменти набиени со љубов и страст би требало да доживеете на 29-ти, 30-ти и 31-ви декември 2017 година. Тогаш, поддржани од двојната, моќна спирала вибрации од Марс и Јупитер, ако сте слободни, речиси сто процентни се шансите да се вљубите. Ако сте во врска ќе ги доживувате најдлабоките и најстрасни мигови. Па, дури е можно набрзина да одлучите да стапите во брак. Ако сте во брак ќе се радувате на успехот на вашите деца. Ако сте од женски пол можно е да планирате бременост или ненадејно да забремените.

На план исхрана, се почесто ќе посегате по слатката храна, и тоа по егзотичните слатки. Но, периодот од 4-ти до 8-ми и од 25-ти до 29-ти декември можно е да се соочите со здравствени проблеми предизвикани од несоодветната храна.

Лав

Кога станува збор за љубовта, вам Венера ќе ви биде најнаклонета од сите знаци во Зодијакот, во периодот од 2-ри до 26-ти декември 2017. Венера ќе има за цел да ве исполни со позитивни мисли, да ви помогне да ги средите своите чувства и да се средите на емотивен план. Всушност, Венера ќе треба да ви го олесни патот кон љубовта.

Промените кои ќе се случуваат во вашите чувства ќе предизвикаат попривлечно да зрачите во очите на другите. Па, постои голема веројатност Аморовата стрела да ве погоди сред срце како гром од ведро небо. По тој момент би требало да следуваат незаборавни физички контакти испреплетени со дива страст и набиени емоции. Посебно ако сте слободни. Истото ќе важи и за оние од вас кои се во врска или брак. Но, тогаш ќе мора да смислувате планови како да ја украдете љубовта, оставајќи го долгогодишниот партнер во блажена состојба на незнаење. Меѓутоа, постои опасност партнерот да дознае за вашите лаги во периодот од 9-ти до 11-ти декември. Потоа, можни се кавги и тензии во периодот од 15-ти до 17-ти декември. Додека во периодот од 25-ти до 29-ти декември многу врски ќе прекинат или проблемите ќе се надминат со сериозни планови за заедничка иднина. Но, за многу Лавови контактот со старата љубов ќе биде фатален.

Ако љубовта, заради необјаснета причина, ве одмине, периодот од 2-ри до 26-ти декември 2017 ќе биде барем исполнет со забава, дружење, спорт.

Ако сте жена, во декември ќе имате поголеми шанси за забременување.

Декември ќе биде одличен месец за Лавовите што се занимаваат со креативна работа, за Лавовите наставници, актери, за вработените на местата за забава или во кладилниците. Додека Лавовите вработени во агенциите за недвижности и Лавовите градежници ќе бидат исклучително горди на себеси на 29-ти, 30-ти и 31-ви декември.

Девица

Во периодот од 2-ри до 26-ти декември 2017 вашите семејни односи и активностите поврзани со домот ќе ги озрачи опуштената енергија на Венера.

Тоа значи дека ќе посакате да го претворите својот дом во пријатно катче за уживање. Па, веројатно ќе планирате да го освежите со пребојување на ѕидовите, разместување на мебелот, со купување ново парче мебел, завеса или нов апарат за домаќинството. Па, во така разубавена домашна атмосфера ќе посакувате да се опушти и комуникацијата меѓу членовите на вашето семејство.

Сепак, под привидниот мир, ќе се крие потиснатото незадоволство меѓу членовите на вашето семејство. Тоа посебно ќе дојде до израз во периодот меѓу 9-ти и 11-ти декември кога илузиите што сте ги имале за брачниот партнер ќе се распрснат како меур од сапуница. Меѓу 15-ти и 17-ти декември никако не ќе можете да најдете заеднички јазик со членовите на семејството. Па, ако не разговарате отворено за незадоволствата, тие со тек на времето би можеле да се зголемат и сериозно да ја затрујат комуникацијата меѓу вас. Посебно во периодот од 25-ти до 29-ти декември, кога некои стари работи ќе се актуелизираат и ќе прават да се чувствувате тажно. Исто така, во периодот од 4-ти до 8-ми декември не би требало ниту да купувате ниту да продавате недвижен имот.

Затоа пак, во периодот од 29-ти до 31-ви декември постои можност, под силните и позитивни вибрации на Марс и Јупитер, роднините пријатно да ве изненадат со некој гест, да заминете на некое непланирано патување, да дипломирате (ако сте студенти) или преку ноќ да одлучите да купите кола.

Вага

Под влијанието на спонтаната Венера во Стрелец, вие би требало да ја интензивирате или обновите комуникацијата со луѓето, во периодот од 2-ри до 26-ти декември 2017. Па, можно е неочекувано да се сретнете со некоја стара љубов. Посебно во периодот од 25-ти до 29-ти декември. Потоа, можно е да бидете поканети на гости или на некаква прослава кај соседите, да имате пријатни разговори со познаници на улица, на телефон или преку Фејсбук, почесто да бидете во друштво на помлади луѓе. Дури и ако сте во посериозни години. Меѓутоа, внимавајте што и со кого зборувате во периодот од 4-ти до 8-ми и од 15-ти до 17-ти декември, бидејќи вашите зборови би можеле да бидат погрешно протолкувани или злоупотребени.

Поголемиот жар што ќе го имате во начинот на кој ќе комуницирате со луѓето ќе ве направи поинтересни и во очите на личностите од спротивниот пол. Па, како резултат на тоа можно е да сретнете личност чие што друштво ќе ви одговара. Сепак, ако имате емотивна релација со личност со која професионално соработувате, можно е разочарување во периодот од 9-ти до 11-ти декември.

Професионално, најмногу среќа ќе имаат Вагите трговци, наставници, писатели, комуниколози, рекламни агенти, возачи или трговци со автомобили. Сепак, во периодот додека е Меркур ретрограден, од 3-ти до 23-ти декември, би требало да внимавате што и кому зборувате и каде го ставате вашиот потпис, бидејќи иднината можно е да ви покаже дека сте направиле катастрофална грешка. Исто така, пожелно е да избегнувате патувања. Посебно на подолги релации. Во најмала рака можни се непланирани трошоци заради поправка на автомобилот или за сообраќаен прекршок. Додека во периодот од 29-ти до 31-ви декември, здружените сили на Марс и Јупитер, можно е позитивно да влијаат на вашата финансиска состојба и да ве изненадат со некоја поголема сума пари. Но, како парите ќе дојдат, така ќе ги потрошите со големо задоволство и сласт.

Шкорпија

Со влегувањето во вашиот знак, Марс, во периодот од 10-ти декември 2017 до 27-ми јануари 2018 година, ќе го зголеми вашиот физички и сексуален потенцијал и ќе го потенцира вашиот магнетски шарм. Затоа, вие ќе бидете непоколебливи и непобедливи на вашиот пат до целта. Ќе реагирате брзо и ќе бидете подготвени да играте на се или ништо. Само претходно ќе мора да одлучите што е тоа што ќе сакате да го постигнете или освоите. Уште повеќе што и Јупитер, планетата на среќата, постојано ќе „дува ветер во вашите едра.“

Здружените вибрации на Марс и Јупитер ќе направат да бидете еден од најуспешните знаци во декември. Меѓутоа, вие ќе треба само да ги препознаете укажаните шанси и да ги искористите или да создадете услови за реализација на вашите амбиции. Врвот на своето чувство на единственост и моќ би требало да го доживувате на 29-ти, 30-ти и 31-ви декември. Посебно ако вашата професија е поврзана со откривањето на се што е забрането и таинствено, како што е работата во полицијата, детективската работа. Но, одлично ќе поминат и хирурзите, психијатрите и психолозите.

Инаку, склоната на уживања, Венера, во периодот од 2-ри до 26-ти декември 2017 би можела да ви помогне да откриете некој полесен начин да дојдете до пари или пак ќе добиете понуда за работа во која би уживале, додека парите ќе се слеваат на вашето конто. А, можно е и некоја дамнешна инвестиција, на која сте заборавиле, сега да почне да ви носи профит или пак да ви бидат вратени некои пари што некому, некогаш, сте ги дале на заем. Посебно во периодот меѓу 25-ти и 29-ти декември. Ако ништо друго, можно е да добиете некој убав подарок или барем цвеќе. Меѓутоа, поради негативното влијание на ретроградниот Меркур, во периодите меѓу 4-ти и 8-ми и 15-ти и 17-ти декември, бидете двојно внимателни со парите и сите финансиски трансакции. Додека во периодот од 9-ти до 11-ти декември, можно е партнерот или децата да се обидат да ви извлечат пари со помош на лажни изговори.

Стрелец

Додека Венера се движи низ вашиот знак, нејзините раскошни и страсни вибрации би требало да ја зголемат вашата убавина и привлечност во очите на набљудувачите, во периодот од 2-ри до 26-ти декември 2017. Но, позитивното влијание на Венера ќе го засили и Сонцето до 22-ри декември. А, ќе го замаглат нејасните вибрации на ретроградниот Меркур во периодот од 3-ти до 23-ти декември.

Под влијанието на вибрациите на Венера и Сонцето, вие ќе имате чувство дека се враќате во својот елемент, дека владеете со себеси и со ситуацијата во која се наоѓате. Ќе се зголеми вашиот оптимизам, но и шансите за успех. Сепак, додека Венера престојува во вашиот знак, најмногу ќе ве интересираат работите поврзани со убавината, модата, љубовта и сексот. Па, можно е да посакате да се разубавите, на природен начин или со помош на чудата во козметологијата. Поради тоа би можеле да потрошите доста пари во периодот од 25-ти до 29-ти декември. Вториот чекор ќе биде разубавеното тело да се запакува во провокативна гардероба и да се заокружи стилот со впечатлива фризура. Се со цел да им бидете сексуално привлечни на личностите кои ве привлекуваат вас.

Така разубавени, провокативни и секси, вие ќе освојувате без мака со вашата спонтаност, директниот речник и бессрамното однесување. А, ако некоја личност го привлече вашето внимание, ќе направите се да ја освоите. Што во вашиот речник значи дека брзо ќе и се поддадете и ќе инсистирате да ви биде почитувана слободата. Затоа, во декември ќе ви биде тешко да се воздржите и да не извршите прељуба, ако сте во врска или брак. Додека, ако сте слободни, нема да имате скрупули додека не се дограбите до личноста што ја буди вашата сексуална фантазија и порочните мисли. Сепак, во периодот од 9-ти до 11-ти декември некои лаги ќе бидат разоткриени и ве очекува големо разочарување. Додека, вашите непромислени зборови, некои лажни обвинувања и навредите што ќе ги тресете од ракав, би можеле да ви се вратат како бумеранг во периодот од 4-ти до 8-ми и од 15-ти до 17-ти декември.

Здружените вибрации на Марс и Јупитер ќе ја зголемат вашата способност за регенерација. Но, ако порано сте направиле нешто нелегално или некому нешто сте згрешиле, силата на вашите таинствени непријатели двојно ќе се зголеми и вие ќе се најдете во вистински проблем.

Јарец

Процесот на расчистување со менталниот и емотивен отпад што постои во вашата душа е во тек. Тоа е причината поради која во периодот од 2-ри до 26-ти декември 2017 година вашите емоции ќе бидат длабоки, но пригушени. Тоа ќе направи да изгледате помистериозно отколку обично и попривлечно во очите на одредени личности. Па, можно е да започнете љубовна врска што, заради различни причини, ќе мора да ја криете. Меѓутоа, во периодот од 4-ти до 17-ти декември одлуките што ќе ги донесете под влијанието на ретроградниот Меркур би можеле да имаат непријатни последици по вас лично. Додека, вашата тајна врска би можела да биде откриена од член на семејството во периодот од 9-ти до 11-ти декември. А, во периодот од 25-ти до 29-ти декември, ќе ви биде тешко да и се спротивставите на тагата и депресивните моменти.

Професионално, ѕвездите ќе им бидат посебно наклонети на Јарците лекари, научни работници, писатели, режисери, театарски и хуманитарни работници и Јарците кои се занимаваат со шпијунажа.

Додека во периодот од 29-ти до 31-ви декември 2017 година, под влијанието на моќните и сплотени вибрации меѓу Марс и Јупитер, би требало да добиете поддршка од пријателите во она што го работите. Посебно ако, вие или пријателите, членувате во некој клуб, организација, во политичка партија или во невладиниот сектор.

Водолија

Во периодот од 2-ри до 26-ти декември 2017, Венера ќе придонесе да се зголемат симпатиите на луѓето кон вас. А, вие ќе се уверите во вистинитоста на поговорката која вели дека љубезното однесување и железна врата отвора. Дури и по долго време на тропање и чекање.

Ваша најголема поддршка ќе бидат пријателите, жените, клубот или организацијата во која членувате. А, најнесекојдневниот момент ќе биде оној кога на вашата карта ќе заиграат и вашите довчерашни противници, со што ќе се помират разликите меѓу вас. Сепак, и покрај сиот сјај и помпа, бидете претпазливи. Посебно во периодот од 4-ти до 8-ми декември, кога под влијанието на ретроградниот Меркур и ригидниот Сатурн, можно е да донесете погрешни одлуки. Додека во периодот од 15-ти до 17-ти декември би можеле да бидете погрешно разбрани или вие погрешно да сфатите тоа што ќе го дознаете од страна на пријателите.

Професионално, енергија и елан нема да ви недостасуваат. Па, најголема можност за издигнување над просекот и за излегување пред очите на јавноста со тоа што го работите би требало да имате на 29-ти, 30-ти и 31-ви декември. Уште повеќе ако и вашата професија, на некој начин, е јавна. Периодот ќе биде успешен и за Водолиите политичари, активисти во невладиниот сектор, за Водолиите вработени во пензиско и социјално.

Кога станува збор за љубовта, некои Водолии ќе тргнат во освојување на личноста што им се допаѓа преправајќи се дека сакаат да бидат пријатели со неа. Додека другите ќе бидат изненадени од љубовната изјава на личност што ја сметале само за пријател/ка. Овие пријателско-љубовни односи би можеле да бидат посебно нагласени во периодот меѓу 25-ти и 29-ти декември. Посебно со личности со кои ве дели голема разлика во возраста. А, во истиот период би можеле да обновите и некои ваши стари пријателства.

Риби

Во периодот од 2-ри до 26-ти декември 2017, Венера, на својот пат низ Стрелец, ќе ви помогне преку вашиот отворен и идеалистички настап или преки познавањето на некоја поинаква култура, јазик, вера или философија, да ја унапредите својата кариера.

Па, ако влезете во свој елемент и ако започнете да им ласкате на оние што се хиерархиски над вас, тоа би можело повеќекратно да ви се исплати.

Ако сте јавна личност, постои можност вашата слика да се појави во медиумите или да доживеете вашиот углед да порасне во јавноста. Посебно ако вашата професија има допирни точки со уметноста, дипломатијата, високото образование, медиумите, законот, работата со странство. Исто така, постои можност за возбудливи љубовни моменти со колега или со личност што ќе ја запознаете преку работата. Меѓутоа, не дозволувајте да ве заслепи суетата и да заборавите на добриот вкус. Бидејќи, во периодот од 9-ти до 11-ти декември, за вашите љубовнички потфати би можеле да дознаат сите и да ви се наруши угледот. Додека вашите зборови кажани јавно или меѓу колегите во периодот од 4-ти до 8-ми и од 15-ти до 17-ти декември, би можеле да ви донесат потсмев или осуда.

Некое патување или контактот со странци, професори, правници, адвокати или свештеници, во периодот од 29-ти до 31-ви декември би можело да ви го смени животот во позитивен правец. А, сето тоа ќе биде диригирано од моќните, живототворни вибрации на тандемот Марс-Јупитер.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. 

С. М., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2025
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби