Говорот на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Зошто ги бакнуваме децата
Солзи сами капат
Пред да му кажеш Да
Цената на долгите нокти
Тоа што очајнички го посакуваме
Како научив физика
Зад секоја успешна жена
Корумпираната држава
Луѓе со кои не се дружиме
Глупавите луѓе
Нептун во Овен
Ако имаше Господ...
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
Знаците на патот
Кога не ни оди според планот
Силикони за мозок
Луѓенца
Струен удар од зборови
Времето е тест за љубовта
Споменар
Зошто китиме елка
Ако нема кој да ве прегрне
Браковите склучени во недела
Само еднаш се љуби?
Трагачи по возбуда
Важно е да ми чури оџачето
Глупава младина - неизвесна иднина
Денови на среќни околности
Се родив прерано, не те сретнав тебе
Кога умира душата?
Колку трае еден ден на секоја планета
Крадци
Светот е глобално ријалити шоу
Луѓето се како очи
Убавите круши...
Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде
Ретрограден Марс во Овен
Најголемата слабост на секој знак
Бони и Клајд
Несудената Фрида Кало
Јуни 2020 - Месец на две Еклипси
Сите бои на Виножитото
Љубов, Ах Љубов
Човекот наречен Надеж
Сатурн во Водолија
Ретрограден Меркур во Риби
Француски бакнеж
Годишен хороскоп за 2020 година
Ни претстои неочекувано среќен период
Во што се крие благословот
Ретрограден Меркур во Шкорпија
Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?
Венера во Вага - Време за Љубов
Млада Црна Месечина на 30 август 2019
Немаш ни благодарам
Ќе ја сретнеш својата судбина
Ни на Небо, ни на Земја
Затемнување на Месечината на 16 јули 2019
Не ја мати водата
Ретрограден Меркур во Лав И Рак
Талентот е Божји дар
Вера, Надеж и Љубов
Сиротата мала богаташка
Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019
Двете Марии
Скршеното огледалце
Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај
Министерот со шешир и темни очила за сонце
Ѕвезденото небо над светот во мај 2019
Љубовта е во воздухот
Нека го фрли првиот камен...
Сатурн коњукција Плутон
Ќерката на офицерот со ружи
Ретроградни планети - што ќе ни донесат?
Ѕвезденото небо над светот во април 2019
Кралот на Троседот
Оној што спасил живот
Ветената Земја
Ретрограден Меркур во Риби
Имаш лице какво што заслужуваш
Ѕвезденото небо над светот во декември
Женски Болести
Јами Мами од Мајами
Јупитер во Стрелец
Ѕвезденото небо над светот во ноември
Ако сте родени меѓу два хороскопски знака
Внимавај кого пушташ во својот живот
Пониското и повисокото ниво на секој знак
Ѕвезденото небо над светот во октомври
Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018
Ѕвезденото небо над светот во јули
Исправи се, Викторија!
Ретрограден Марс во Водолија
Ѕвезденото небо над светот во јуни
Уран во Бик
Ѕвезденото небо над светот во мај
Кирон во Овен
Ѕвезденото небо над светот во април
Ретрограден Меркур во Овен
Каков карактер - таква болест
Ѕвезденото небо над светот во март
Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари
Ѕвезденото небо над светот во февруари
Ѕвезденото небо над светот во јануари
Небото над Македонија во декември
Марс влегува во Вага
Венера влегува во Вага
Јупитер влегува во Шкорпија
Која изрека е клучна за секој знак
ФБИ откри кои знаци се најопасни
Која е разликата меѓу знакот и подзнакот
Што му недостасува на секој знак
Марс влегува во Девица
Венера влегува во Лав
Доналд Трамп - Хилари Клинтон
Затемнување на Сонцето
Како ретроградниот меркур ќе влијае
Она што го напишав веќе се остварува
Ретрограден Меркур во Девица
Затемнување на Месечината
Случувањата во следните 15 години
Месечевите Мени и Ритамот на Природата
Деветте заповеди
Светската економска криза
Што е прецесија?
Дали Астрологијата е наука?
Соѕвездијата и знаците на Зодијакот
Астрологијата и магијата
Астрологијата и слободната волја
Дневен хороскоп
Астрологијата и геоцентричниот систем
|
Објавено во декември 2017
|
Сатурн во Јарец - господарот на времето доаѓа да ги наплати сметките
На 19-ти декември 2017 година Сатурн го напушти знакот Стрелец, каде што престојуваше од 2015 година, и го започна својот оловен од во знакот чиј што владетел е, во Јарец. А, таму ќе остане до 23-ти март 2020. Значи, еден долг и измачувачки период исполнет со искушенија од секаков вид. Но, за да сфатиме за какви искушенија станува збор, треба прво да го запознаеме Сатурн, стариот злотвор, како што го нарекувале древните астролози. Имено, до откривањето на Нептун во 1781 година од страна на Вилијам Хершел, Сатурн бил последната планета во сончевиот систем. Тој предизвикувал стравопочит и восхит кај луѓето што прв пат го виделе и до денес останува највелелепната планета по својот изглед, во соларниот систем. Оттаму, не треба да не чуди дека тој станал симбол на моќта и власта. Па, додека Сонцето се сметало како извор на топлината и светлината и се поврзувало со летото, Сатурн бил синоним за студенилото, сивилото, зимата и мразот. Додека Сонцето било симбол на животот, Сатурн бил неговиот опозит, симбол на очајот, депресијата, уништувањето и смртта. Додека Сонцето било симбол на младоста, јадроста и убавината, Сатурн бил олицетворение на староста, сувотијата, бавноста, скржавоста, осаменоста, песимизмот, страдањата. Инаку, за да ни се разјаснат особините на астролошкиот Сатурн, треба да се потсетиме и на тоа кој бил Сатурн во митологијата. Имено, Сатурн или Хронос, богот на времето, бил син на Уран (Небото) и на Геа (Земјата). Незадоволна од односот на Уран кон неа, Геа направила срп од огнен камен и му го дала на најстариот од своите синови, Хронос. Тој го кастрирал својот татко Уран, му го заземал престолот и набрзо станал поголем тиранин и од него. Па, од престолот е симнат од својот син Јупитер (Зевс). И сето ова како метафора за фактот дека ако родителите сакаат преку децата да ја задржат својата моќ и власт, тоа за децата е тешко и погубно. Па, тие се принудени да ја пресечат папочната врвка на суров начин. Астрологијата ги задржала митолошките обележја на Сатурн, па луѓето што се под негово влијание имаат порив да дојдат до врвот, да ја заземат власта, да бидат моќни. Меѓутоа, по остварувањето на тој чин, тие обично неповратно паѓаат од тронот, бидејќи, како по некое правило, ја злоупотребуваат својата моќ. Модерната астрологија го третира Сатурн како непоткуплив судија, како стар мудрец и авторитет, како реализатор на кармата, кој со непогрешлива точност ги казнува нашите лоши дела, а ги наградува добрите. До оној момент кога ќе ја научиме лекцијата и самите ќе станеме одговорни, сериозни, истрајни луѓе, додека самите не пораснеме и станеме авторитети. Но, неговите лекции не се ни малку едноставни. А, тој пак не е милосрден. Па, од нас бара многу одрекувања, напорна работа, сериозност и одговорност. Така што најголемиот број луѓе никогаш не ги апсолвираат неговите лекции. Оние што ќе ги научат лекциите правилно одговарајќи на неговите искушенија, стекнуваат силна волја, висок морал, самостојност, праведност, чувство на должност, скромност, воздржаност, стоицизам, интелектуални способности и мир. Оние кои ќе паднат на неговите испити се претвораат во егоисти, песимисти, лицемери, злобни, завидливи, нетолерантни, мизантропи, без скрупули. Но, како по некое правило запаѓаат во судир со законот и власта и животот го продолжуваат во тага, депресија, осаменост, изолација, со низа рестрикции. Како Сатурн во Јарец ќе се одрази на политичките настани? Доаѓајќи повторно во своето седиште, во Јарец, знакот со кој владее, Господарот на времето, Сатурн, во периодот од 19-ти декември 2017 до 23-ти март 2020 година, ќе има за цел да не предупреди дека е крајно време човештвото да се вразуми и да ја прифати својата одговорност за ситуацијата во светот, почнувајќи од тероризмот, концентрацијата на нуклеарното оружје, па преку климатските промени до загаденоста на земјата и злоупотребата на нејзините ресурси. Ако самите, со своја волја, не се ослободиме од работите што се застарени и повеќе не ни служат за ништо добро, тогаш тоа ќе мора да го учиме на сила. Па, постои голема веројатност да се случуваат големи политички промени и прераспределба на силите и моќта. Само за споредба, Сатурн последен пат беше во Јарец во периодот од ноември 1988 до февруари 1991 година. Тогаш прво дојде до распаѓање на комунизмот во тогашните земји од источниот блок. Потоа, на 9-ти ноември 1989 беше срушен берлинскиот ѕид, чија што изградба се случи во претходниот циклус на Сатурн во Јарец, во 1961 година. На 25-ти декември 1989 е погубен романскиот претседател Николае Чаушеску. На 12-ти јуни 1990 се распадна тогашниот Советски Сојуз. И на крајот, во 1991 година, се распадна и титовата Југославија. Значи, ни претстои сличен период, кога ќе се распаѓаат сојузи и држави, заради нивната неодржливост. Но, ќе се создаваат и нови сојузи и нови држави. Прашање е што ќе се случува со Европската Унија и во која форма би преживеала таа? Насилно ќе се менуваат државници, заради нивната корумпираност, заради немањето слух за потребите на народот или заради немањето сенс за духот на времето. Можеби Трамп навистина ќе го изгради ѕидот кон Мексико. А, можеби некои ѕидови што ги делат народите ќе се срушат, физички или виртуелно. Ќе се отворат нови воени жаришта. За среќа, од средината на мај 2018 година, Уран влегува во стабилниот Бик и ќе биде во хармоничен однос со Сатурн до јануари 2019. А, овој тандем ќе го поддржува и Јупитер во Шкорпија. На тој начин Универзумот ќе ни даде сламка за спас, бидејќи овие вибрации ќе бидат понтонски мост за безбедно соединување на старото со новото. Ако сме мудри како човештво, би требало да ја искористиме втората половина на 2018 година за да го соединиме искуството на старите со инспиративните идеи и ентузијазмот на младите и талентирани луѓе, со цел да ги пребродиме кризите и мазно да се префрлиме од еден во друг начин на функционирање. Ако не се искористи таа можност, тогаш на крајот на декември 2019 и во јануари 2020 година, кога Сатурн ќе стапи во близок контакт со разорниот Плутон, овие промени би можеле да се одвиваат по неконтролиран и насилен пат. Како Сатурн во Јарец ќе влијае на секој знак Влијанието ќе го почувствува секој знак, но на различен начин. Така, Сатурн ќе биде најстрог и најизмачувачки за Јарците, Вагите, Раковите и Овните. За Рибите, Биковите, Девиците и Шкорпиите, тој би требало да биде помек. Па, дури на моменти ќе има и поволно влијание. Додека за Водолиите, Стрелците, Близнаците и Лавовите би требало да биде понеутрален. Сепак, секој од нас ќе биде исправен пред некое животно искушение од кое ќе треба да научи нова лекција. Но, пред да откриете која лекција ќе треба да ја учите вие, имајте во предвид дека предвидувањата се правени само со следење на движењето на Сатурн. Затоа, сликата за случувањата во вашиот живот не може да биде ниту целосна ниту прецизна. Вистинската слика за тоа што ве очекува би ја дознале кога би ги изработиле вашите Петгодишни Предвидувања или Соларниот (Годишен) Хороскоп. За таа цел одете на оваа страна. Упатство за читање: Прво прочитајте го текстот што важи за вашиот подзнак. А, потоа комбинирајте ги информациите со текстот што се однесува на вашиот знак. Овен Непоткупливиот учител, Сатурн, во периодот од 19-ти декември 2017 до 23-ти март 2020 година, ќе се обиде да ве натера да ја зауздате својата себичност, ароганцијата и желбата да шефувате секаде и со секого. Ова посебно ќе биде изразено на професионален план, во комуникацијата со луѓето што ви се надредени или потчинети, како и во комуникацијата со вашите родители. Па, ако на време ги сфатите сигналите и ако покажете висок морал, праведност, скромност и воздржаност, можно е на крајот негативните тенденции во кариерата да ги свртите во своја корист. Ако пак се однесувате арогантно, недисциплинирано, импулсивно или ако сте корумпирани, тогаш веројатно ќе се соочите со губење на позицијата, на работното место, со губење на честа и угледот. Посебно напорен ќе биде крајот на декември 2019 и јануари 2020, кога на влијанието на Сатурн ќе му се приклучи и разорниот Плутон. Затоа пак, во периодот од средината на мај 2018 до јануари 2019 година, би можеле да добиете некакви пари на кои не сте се надевале. Бик Во периодот од 19-ти декември 2017 до 23-ти март 2020 година, непоткупливиот Сатурн ќе ги стави на тест вашите убедувања (политички, религиозни, философски). Но, на испит ќе биде ставено и вашето чувство за право и правда. Па, ако во минатото сте ги почитувале законите и не сте се врзувале фанатично за ниедна политичка или верска идеја, туку сте се однесувале космополитски, според законите, во овој период би можеле да добиете некоја правна битка. Посебно во периодот од средината на мај 2018 до јануари 2019 година, кога ќе ја имате и помошта од страна на Уран. Меѓутоа, ако сте се врзувале за луѓето, сте им прогледувале низ прсти на човечките слабости и сте го практикувале законот на посилниот, тогаш е можно да се соочите со судски процеси. Посебно пресуден ќе биде крајот на 2019 и јануари 2020 година, кога Сатурн и Плутон ќе делуваат со здружени сили. Исто така, актуелни ќе бидат и прашањата поврзани со учењето, дипломите, патувањата во странство и контактот со странци. Па, ако сте ги почитувале високите морални норми и сте работеле напорно, нема да изостане успехот. Посебно ако сте студенти, постдипломци, дипломати, професори или туристички работници. Близнаци Во периодот од 19-ти декември 2017 до 23-ти март 2020 година, Сатурн некако ќе ви наметне да размислувате на теми поврзани со животот, смртта и болестите. Па, можеби ќе бидете подготвени на големи одрекувања со цел да ги реализирате своите амбиции или пак ќе се одречете од амбициите и донесувањето нови одлуки за вашата иднина поради стравот од болестите или од губењето на силата или на моќта. Во истиот период ве очекуваат и искушенија поврзани со парите. Па, ако сте подигнале кредит во минатото, ако сте земале заем, ако се потпирате само на финансиите од партнерот или сте во процес на поделба на наследството, можно е да се соочите со проблеми. Тие ќе имаат за цел, одговорноста за својот живот да ја превземете во свои раце и да расчистите со минатото. Ако пак сакате да се поштедите од проблеми, ќе биде препорачливо да се воздржите од земање или давање пари на заем, од подигање кредити и од поделба на евентуалните наследства. Посебно кон крајот на декември 2019 и во јануари 2020 година. Рак Во периодот од 19-ти декември 2017 до 23-ти март 2020 година, Сатурн ќе ги стави на тест вашите партнерски односи од секаков вид. Посебно ќе биде непријатно ако сте веќе во брак или ако имате ортак во бизнисот. Тогаш е можно да исчезнат илузиите што сте ги создавале околу партнерот, со цел да не го видите неговото вистинско лице и да ја продолжите илузијата на вашиот, божем, заеднички живот. Затоа, многу бракови тешко дека ќе го пребродат периодот безбедно. Посебно тешко ќе биде кон крајот на декември 2019 и во јануари 2020 година, кога и Плутон ќе се здружи со Сатурн во расчистување со старите проблеми поврзани со вашиот партнер или брак. А, брачниот партнер би можел да се претвори во ваш најголем непријател. Тогаш е можно да започнете и судска разврска на некое бизнис партнерство поради измама. Ако сте слободни, можно е да ви се појави шанса да стапите во брак со личност која ќе биде значително повозрасна или помлада од вас. А, вие ќе имате намера да ја прифатите, заради страв од осаменост или поради практични причини, а не поради љубов. Ако пак во минатото сте научиле да не очекувате премногу од луѓето и да не го идеализирате партнерот, тогаш целата бура околу бракот и заладувањето на вашите односи би можела да помине со помали последици. Затоа пак од средината на мај 2018 до јануари 2019 година е можно да добиете некаков вид на помош од пријателите, од политичката партија, клубот или здружението во кое членувате. Лав На својот пат низ материјалистички ориентираниот Јарец, Сатурн, во периодот од 19-ти декември 2017 до 23-ти март 2020 година, ќе дојде да ги наплати сметките за начинот на кој до сега сте го живееле вашиот живот и да ги ревидира вашите навики поврзани со работата и слободното време. Па, ако имате развиено здрави животни навики, ако се храните здраво, ако ги избегнувате стресните ситуации, ако спортувате и доволно се одморате, би можеле да се соочите со сезонски заболувања или само да чувствувате замор без причина. Ако пак сте живееле нездраво, тогаш е можно да се соочите со посериозни здравствени проблеми поврзани со скелетот, мускулите, забите, кожата, слухот, жолчката или да имате ревматски проблеми. Што се однесува до работата, ако сте научени на сериозен и одговорен однос кон работата и колегите, тогаш е можно да се почувствувате преоптоварено од обврските и помалку да уживате во извршувањето на работните задачи. Ако пак сте злобни, лицемерни, неодговорни и мрзеливи, или пак сте ја злоупотребиле својата службена должност, тогаш е можно дури да го загубите работното место или да бидете деградирани. Посебно во периодот од крајот на декември 2019 и во јануари 2020 година, кога Сатурн и Плутон со здружени сили ќе дојдат да го наплатат долгот или да го сменат вашиот професионален живот. Од средината на мај 2018 до јануари 2019 година постои голема можност да ви се случат изненадувања во кариерата. Девица Вас Сатурн ќе ве тестира по прашањата поврзани со љубовта и децата. Па, ако во досегашниот живот ја имате научено лекцијата на преданост, верност и истрајност во врските, во периодот од 19-ти декември 2017 до 23-ти март 2020 година веројатно ќе започнете сериозна врска со личност значително помлада или повозрасна од вас. А, ако некого сте го повредиле во минатото на емотивен план и ако се каете за своите грешки, во овој период би можеле да ги обновите контактите со таа личност. Па, во периодот од средината на мај 2018 до јануари 2019 би можеле да ја озаконите вашата врска или заедно со таа личност да се преселите во друг град или држава. Ако пак не сте свесни за своите грешки или не сакате да ги признаете поради своето силно его, тогаш Сатурн ќе ве соочи со испразноста на осамениот живот за да имате доволно време да се преслушате себеси и да го вратите филмот наназад. Но, можно е и да започнете врска која ќе биде трауматична, со цел преку сопствените страдања да научите како се чувствувале вашите партнери покрај вас во минатото. Крајната цел ќе биде да сфатите дека се што постои во животот поминува и не ни останува, освен љубовта што сме ја сочувале во нашите души и онаа што сме ја предизвикале кај другите. Ако сте во брак, ве очекуваат проблеми во покажувањето на чувствата и во практикување на сексот, кои на крајот на декември 2019 и во јануари 2020, под влијанието на Сатурн и Плутон ќе кулминираат во потреба од промени или разделба. А, ако сте родители, ве очекуваат и искушенија поврзани со децата преку кои ќе треба да се отворите за безусловната љубов. Вага Во периодот од 19-ти декември 2017 до 23-ти март 2020 година, Сатурн ќе ви донесе искушенија поврзани со домот, членовите на семејството, родителите или недвижниот имот. Па, ако до сега сте ги потиснувале незадоволствата, а проблемите сте ги туркале под тепих заради одржување на семејниот мир, сега искушенијата ќе бидат толку големи што ќе ве прават исклучително нервозни во комуникацијата со членовите на семејството. Така, нема да биде чудно, ако наместо љубовта и хармонијата, во вашиот дом зацаруваат кавгите, обвинувањата, финансиските проблеми. Па, ако сте во брак, можно е да се случи растурање на домот, поригиден начин на живот, разделба со партнерот. Посебно тежок ќе биде периодот од крајот на декември 2019 и во јануари 2020, кога Плутон ќе дојде да сруши се што Сатурн започнал да урива. Ако сте сами, чувството дека атмосферата во домот ве гуши ќе биде неиздржлива. Исто така, можно е да се соочите со болест на родителите или на друг член од семејството. Но, ако сте невнимателни, можно е да бидете во загуба при купувањето, продавањето или ставањето под хипотека на стан или друг недвижен имот. Затоа пак, од средината на мај 2018 до јануари 2019 година, Уран би можел да ви донесе пари на кои не сте се надевале и тоа преку наследство, камати, кредит. Или со тоа што ќе исплатите некој долг ќе се подобри вашата финансиска состојба. Шкорпија Сатурн ќе ги стави на тест вашиот интелектуален развој, вашиот начин на комуникација и вашите односи со роднините и соседите. Па, во периодот од 19-ти декември 2017 до 23-ти март 2020 година, вие ќе почувствувате посилен порив кон учењето, читањето и кон интелектуалното воздигнување. Како резултат на промената во вашата свест, вие ќе согледате дека вашето агресивно и конфликтно однесување кон другите не ви донело ништо добро во минатото. Па, веројатно ќе се обидувате да го смените својот пристап во комуникацијата со луѓето. Но, тоа ќе предизвика да се подобрат и вашите односи со браќата, сестрите, роднините, соседите и сите луѓе со кои секојдневно комуницирате на овој или на оној начин, во личен контакт, преку Фејсбук и слично. Сепак, ако одлучите да не се менувате, на тоа ќе бидете принудени кон крајот на декември 2019 и во јануари 2019, кога Сатурн и Плутон со здружени сили ќе ги иницираат промените. Но, за ваше добро. Ако пак сте родени во првата декада на Шкорпија, можно е да се соочите со изненадувања во брачниот живот или во партнерските односи на приватен или професионален план, во периодот од средината на мај 2018 до јануари 2019, кога Уран ќе го започне својот од низ Бик. Стрелец Студените вибрации на Сатурн ќе внесат заладување во вашето поле на парите во периодот од 19-ти декември 2017 до 23-ти март 2020 година. Тоа значи дека ве очекуваат искушенија поврзани со заработувачката на пари, со инвестициите и долговите. Меѓутоа, ако до сега сте се научиле на напорна работа, на одрекувања, скромност и издржливост, тогаш е можно Сатурн да ве поштеди. Па, веројатно ќе имате само повеќе работа за истите пари. Но, ако сте алчни, себични, импулсивни, завидливи и мрзеливи, тогаш би можеле да се соочите со финансиски проблеми, да заглавите во долгови или пак да вложите пари во инвестиција која ќе биде неисплатлива и ќе заврши како финансиска загуба. А, ако сте направиле некаква финансиска малверзација во минатото, сега за тоа ќе има да си платите со камата. Посебно неповолни би биле крајот на декември 2019 и јануари 2020 година, кога Плутон ќе му дојде на помош на Сатурн, со цел да го наплатат долгот. Затоа пак, од средината на мај 2018 до јануари 2019 година, под влијанието на непредвидливите вибрации на Уран, можете да очекувате некакви промени на работното место на кои не сте се надевале. Јарец Иако Сатурн е ваш владетел, на неговиот пат низ вашиот знак, во периодот од 19-ти декември 2017 до 23-ти март 2020 година, тој нема да ве штеди. Напротив, ќе искреира илјада начини да испита од каков материјал е изградена вашата личност, вашиот карактер, вашиот вредносен систем. Како резултат на тоа, можно е да бидете изложени на непријатни ситуации за кои можеби нема да бидете виновни лично вие, но ќе ги чувствувате последиците, а не ќе можете ништо да смените. Ако сте повозрасни сетете се како ви било во периодот од ноември 1988 до февруари 1991 година. Можно е да се повторат слични ситуации како проверка на тоа што тогаш требало да го научите. Ако сте помлади, имајте во предвид дека е можно се што ќе почнете да ви оди тешко и да бара од вас дополнителни напори и ангажман. Но, можно е да треба да свртите нова страница во животот, процес кој нема лесно да ви оди, бидејќи научени на старото, не ќе сакате да ги менувате навиките. Меѓутоа, ако животот веќе ве научил на одговорност, стоицизам и смиреност во проблематични ситуации кои не зависат од вас, тогаш е можно од целиот процес да излезете помоќни. Ако пак настојувате работите да се одвиваат според вашите желби, ако не сте прилагодливи, ако сакате да стигнете на врвот по полесниот пат или газејќи по трупови, тогаш би можеле да очекувате стрмоглав пад. Па, дури и здравствени проблеми. Посебно напорен ќе биде периодот кон крајот на 2019 и во јануари 2020 година. Затоа пак, во периодот од средината на мај 2018 до јануари 2019 година, Уран би требало да ви отвори нови перспективи на љубовен план. Водолија Вибрациите на Сатурн, во периодот од 19-ти декември 2017 до 23-ти март 2020 година, би можеле да имаат двојна природа во однос на вас. Па, ако во минатото сте живееле чесен живот и не сте го прекршиле законот, тогаш тие вибрации би можеле да ве натераат некако да се повлечете во себе, да ги избегнувате луѓето, да работите на себеси и на својот духовен развој, многу да читате, да го анализирате своето минато. Таквиот пристап би можел да ви донесе некои вредни сознанија кои ќе ви користат во иднина. Меѓутоа, ако сте живееле несреден живот, ако сте им подлегнале на пороците или пак сте направиле нешто нелегално, постои опасност да бидете изолирани од луѓето, да престојувате во болница или да одговарате пред законот. Посебно опасен ќе биде периодот кон крајот на декември 2019 и јануари 2020 година, кога Сатурн и Плутон ќе ги вкрстат своите вибрации и нема да покажуваат никаква милост. Затоа пак во периодот од средината на мај 2018 до јануари 2019 година, можни се изненадувања поврзани со местото на живеење, домот или родителите. Риби Под влијанието на смирувачките вибрации на Сатурн, во периодот од 19-ти декември 2017 до 23-ти март 2020 година, веројатно случувањата во животот ќе ве натераат да ја смирите топката, да ја зауздате лековерноста и да го прочистите својот список на пријатели. Бидејќи, Сатурн ќе ги тестира вашите пријателства, како и вашите планови во животот. На списокот ќе останат само неколку имиња на оние кои биле покрај вас и во лошо и во добро. Додека пријателите кои ве бараат само тогаш кога им треба ваша услуга ќе ги ставите таму каде што им е местото, во групата на познаници. Потоа, веројатно ќе направите промени и на вашите планови и приоритети во животот. Можно е да се разочарате во клубот или партијата на кои им припаѓате или ги симпатизирате и да започнете да сметате само на себеси, на сопствените способности и таленти. Од средината на мај 2018, Уран ќе го започне својот долг пат низ вам пријателскиот Бик, со што би требало да се создадат услови да ги решите финансиските проблеми од минатото, да ја подобрите својата финансиска состојба или да го регулирате своето здравствено, социјално или пензиско осигурување во периодот од средината на мај 2018 до јануари 2019.
 Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.
“ |
Вистината што извираше од првите страници на мојата натална карта ме скамени. Цела недела ми беше страв да продолжам со читањето. Сепак, љубопитноста победи. Имав што да научам за себеси. ” Борис П., Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|