Говорот на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Зошто ги бакнуваме децата
Солзи сами капат
Пред да му кажеш Да
Цената на долгите нокти
Тоа што очајнички го посакуваме
Како научив физика
Зад секоја успешна жена
Корумпираната држава
Луѓе со кои не се дружиме
Глупавите луѓе
Нептун во Овен
Ако имаше Господ...
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
Знаците на патот
Кога не ни оди според планот
Силикони за мозок
Луѓенца
Струен удар од зборови
Времето е тест за љубовта
Споменар
Зошто китиме елка
Ако нема кој да ве прегрне
Браковите склучени во недела
Само еднаш се љуби?
Трагачи по возбуда
Важно е да ми чури оџачето
Глупава младина - неизвесна иднина
Денови на среќни околности
Се родив прерано, не те сретнав тебе
Кога умира душата?
Колку трае еден ден на секоја планета
Крадци
Светот е глобално ријалити шоу
Луѓето се како очи
Убавите круши...
Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде
Ретрограден Марс во Овен
Најголемата слабост на секој знак
Бони и Клајд
Несудената Фрида Кало
Јуни 2020 - Месец на две Еклипси
Сите бои на Виножитото
Љубов, Ах Љубов
Човекот наречен Надеж
Сатурн во Водолија
Ретрограден Меркур во Риби
Француски бакнеж
Годишен хороскоп за 2020 година
Ни претстои неочекувано среќен период
Во што се крие благословот
Ретрограден Меркур во Шкорпија
Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?
Венера во Вага - Време за Љубов
Млада Црна Месечина на 30 август 2019
Немаш ни благодарам
Ќе ја сретнеш својата судбина
Ни на Небо, ни на Земја
Затемнување на Месечината на 16 јули 2019
Не ја мати водата
Ретрограден Меркур во Лав И Рак
Талентот е Божји дар
Вера, Надеж и Љубов
Сиротата мала богаташка
Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019
Двете Марии
Скршеното огледалце
Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај
Министерот со шешир и темни очила за сонце
Ѕвезденото небо над светот во мај 2019
Љубовта е во воздухот
Нека го фрли првиот камен...
Сатурн коњукција Плутон
Ќерката на офицерот со ружи
Ретроградни планети - што ќе ни донесат?
Ѕвезденото небо над светот во април 2019
Кралот на Троседот
Оној што спасил живот
Ветената Земја
Ретрограден Меркур во Риби
Имаш лице какво што заслужуваш
Ѕвезденото небо над светот во декември
Женски Болести
Јами Мами од Мајами
Јупитер во Стрелец
Ѕвезденото небо над светот во ноември
Ако сте родени меѓу два хороскопски знака
Внимавај кого пушташ во својот живот
Пониското и повисокото ниво на секој знак
Ѕвезденото небо над светот во октомври
Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018
Ѕвезденото небо над светот во јули
Исправи се, Викторија!
Ретрограден Марс во Водолија
Ѕвезденото небо над светот во јуни
Уран во Бик
Ѕвезденото небо над светот во мај
Кирон во Овен
Ѕвезденото небо над светот во април
Ретрограден Меркур во Овен
Каков карактер - таква болест
Ѕвезденото небо над светот во март
Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари
Ѕвезденото небо над светот во јануари
Сатурн во Јарец
Небото над Македонија во декември
Марс влегува во Вага
Венера влегува во Вага
Јупитер влегува во Шкорпија
Која изрека е клучна за секој знак
ФБИ откри кои знаци се најопасни
Која е разликата меѓу знакот и подзнакот
Што му недостасува на секој знак
Марс влегува во Девица
Венера влегува во Лав
Доналд Трамп - Хилари Клинтон
Затемнување на Сонцето
Како ретроградниот меркур ќе влијае
Она што го напишав веќе се остварува
Ретрограден Меркур во Девица
Затемнување на Месечината
Случувањата во следните 15 години
Месечевите Мени и Ритамот на Природата
Деветте заповеди
Светската економска криза
Што е прецесија?
Дали Астрологијата е наука?
Соѕвездијата и знаците на Зодијакот
Астрологијата и магијата
Астрологијата и слободната волја
Дневен хороскоп
Астрологијата и геоцентричниот систем
|
Објавено на 31.01.2018 во 15:59
|
Ѕвезденото небо над светот во февруари
Заради тоа што се се движи и се се менува, на небото во февруари не очекуваат неколку позначајни промени. Имено, Венера на 11-ти февруари 2018 година, ќе помине од знакот Водолија во Риби. Додека Сонцето и Меркур ќе и се придружат на 19-ти февруари и целото ова ѕвездено јато ќе го пресретне Нептун во последната декада на февруари. А, за доживувањето да биде поефектно, сето тоа ќе биде зачинето и со Соларната Еклипса (затемнување на Сонцето) на 15-ти февруари. Целиот сплет на промени би требало да предизвика втората половина од месецот да помине во знакот на најважните празници во февруари, Свети Трифун и Свети Валентин. Значи, да помине во знакот на виното, романтиката, љубовта, фантазијата, креативноста, пијанството и нерационалните постапки. Но, да тргнеме со ред. Како што веќе напоменав, до 11-ти февруари 2018 година, Венера ќе престојува во непредвидливата Водолија. Тоа ќе ги направи нејзините вибрации поексцентрични и ќе ја иницира кај луѓето потребата од дружење, слобода, експериментирање во љубовта и сексот. Нејзините вибрации би требало да го разбудат љубовниот живот кај воздушните и огнените знаци. Па, ако сте родени во знакот Близнаци, Вага, Водолија, Овен, Лав и Стрелец, постои можност да го подобрите својот љубовен живот во првата декада на февруари. Тоа значи, дека, ако сте сами, би требало да се зголемат шансите за интересни сексуални контакти кои не обврзуваат. Ако сте во врска, ќе почувствувате релаксирање на односите со партнерот. Но, и копнеж по авантура и пробување од забранетото овошје. До 19-ти февруари 2018 година, Меркур, планетата на комуникациите, трговијата и патувањата, исто така ќе престојува во оригиналната Водолија и неговите вибрации ќе го поттикнуваат вашиот ум повеќе да размислува за иднината. Па, вие ќе имате поголема потреба да полемизирате со другите луѓе на теми кои задираат во квалитетот на животот на вашата заедница. Посебно ако сте родени во знак или со подзнак во Водолија. Исто така, би требало да покажувате поголем интерес за покажување хуманост кон другите луѓе, кон сиромашните и обесправените, кон животните. Можеби ќе имате зголемена потреба да се здружувате со ваши истомисленици во остварувањето на идеи и цели, од кои корист би имала пошироката заедница. А, посебно маргинализираните групи и социјалните случаи. Од 11-ти февруари до 7-ми март 2018 година, Венера ќе го продолжи својот пат низ сензитивните Риби. Меркур и Сонцето ќе и се придружат на 19-ти февруари. А, во периодот од 21-ви до 26-ти февруари ова ѕвездено јато ќе го пресретне магот на илузиите, Нептун, владетелот на креативните и нереални Риби. Па, заради тоа што кога се наоѓаат во Риби вибрациите на Венера се егзалтирани, тие, под влијанието на сплетот вибрации од Меркур, Сонцето и Нептун, кои исто така ќе бидат сконцентрирани во знакот Риби , ќе предизвикаат да ве преплават длабоки чувства, да се почувствувате поврзани со целиот свет. Ќе се зголеми вашата интуиција, бујната фантазија, гладот за духовна храна. Ќе станете поподложни на туѓите сугестии и на влијанието од околината. Но, би требало да станете и почувствителни и поемпатични отколку обично, подготвени да се жртвувате во име на љубовта. Овие тенденции во вашето однесување ќе бидат посебно забележливи во периодот од 21-ви до 28-ми февруари, кога Венера ќе ги здружи своите сили со Меркур и Нептун. А, уште повеќе ако сте родени во периодот од 3-ти до 9-ти март. Во целата оваа игра на чувства, фантазија, некритичност, нерационалност и креативен набој, најдобро ќе си поминат оние од вас кои се занимаваат со уметност, оние кои произведуваат алкохолни пијалаци, лекарите, фармацевтите, оние чија што професија е поврзана со човековата душа и тазе вљубените. Останатите би можеле да станат конфузни, оптоварени со спомените од минатото, песимистички расположени, интелектуално инертни, невротични, склони на неверство, премногу нереални во своите врски, со без'рбетно однесување, слаби на алкохолот и другите опојни средства. Посебно кога Венера, Меркур и Нептун ќе ги вкрстат своите вибрации со оние на агресивниот Марс од Стрелец, во периодот од 18-ти до 28-ми февруари 2018 година. Непријатните манифестации на оваа планетарна борба најсилно ќе ги почувствуваат родените во периодот од 9-ти до 19-ти март. Потоа, родените од 9-ти до 20-ти јуни, родените од 11-ти до 22-ри септември и оние кои се родени во периодот меѓу 11-ти и 20-ти декември. Инаку, во текот на целиот месец, Марс, планетата на акцијата и агресијата, ќе маршира низ идеалистички расположениот Стрелец. Тоа ќе ја зголеми нестрпливоста меѓу луѓето, отпорот кон подредената положба и желбата да се поправат сите светски неправди. Посебно енергични ќе се почувствуваат Стрелците родени во периодот меѓу 25-ти ноември и 11-ти декември. Па, тие би можеле да ги остварат своите амбиции, ако правилно ја насочат својата енергија. А, правилно ќе значи, ако се ангажираат во решавањето на проблемите поврзани со правото и правдата, во спортските активности, во ловот, во патувањата, во дипломатијата, во работата со странство и високото образование, во религијата. Во спротивно, ненасочената енергија би можела да ве направи арогантни, нетолерантни, саркастични, посебно кон послабите од вас. Но, би можела да ве направи и склони кон авантура и коцка, фанатични, подготвени да газите по трупови за да ја остварите својата цел. Посебно во периодот од 18-ти до 28-ми февруари. А, уште повеќе ако сте родени во периодот од 9-ти до 19-ти март, од 9-ти до 20-ти јуни, од 11-ти до 22-ри септември и од 11-ти до 20-ти декември. Што ќе се случува во државата во февруари Што се однесува до случувањата во државата, би требало да се засили активноста на дипломатските и црковни служби. Да зачестат патувањата на високи државни и црковни делегации во странство, да се интензивираат преговорите со странци. Ќе бидат пласирани многу дезинформации и лаги по медиумите. Сите ќе трагаат по вистината, но, поради преголемата какофонија, нема да знаат во кој правец да ја бараат. Препорачливо е да не се потпишуваат какви било позначајни договори во периодот меѓу 21-ви и 26-ти февруари, бидејќи тие би можеле да бидат нејасни, завиткани во обланда или да претставуваат некаква измама. „Однадвор мазно, а внатре празно“, што би рекол нашиот народ. Затоа пак, полн погодок ќе бидат сите договори потпишани на 27-ми и 28-ми февруари. Бидејќи, врз нив својата рака ќе ја положи Јупитер, планетата на среќата. Какво ќе биде влијанието на останатите планети врз животот на обичните луѓе Што се однесува до животите на нас, обичните луѓе, како што веќе знаете, Јупитер и понатаму ќе ги шири своите оптимистички вибрации во Шкорпија, до ноември 2018 година. Но, неговото поттикнувачко и позитивно влијание во февруари 2018 најмногу ќе го почувствуваат Шкорпиите родени на 13-ти, 14-ти и 15-ти ноември. Истовремено тие ќе мора да внимаваат колку и што јадат, со цел да не се здебелат нагло. А потоа, Јупитер ќе ги благослови и родените на 14-ти, 15-ти и 16-ти јули и на 12-ти, 13-ти и 14-ти март. Родените на горенаведените денови, во периодот од 25-ти до 28-ми јануари, кога Јупитер ќе праќа поттикнувачки вибрации кон Меркур, Венера и Нептун во Риби, би можеле до уши да се вљубат и да ги изреализираат своите професионални планови на неочекуван и креативен начин. Сатурн, мудриот и непоткуплив учител, ќе не искушува сите нас до крајот на март 2020 година. Но, во февруари 2018, неговите награди и казни најмногу ќе ги чувствуваат родените од 26-ти, 27-ми, 28-ми и 29-ти декември. Потоа, родените на 23-ти, 24-ти, 25-ти и 26-ти март. Родените на 26-ти, 27-ми, 28-ми и 29-ти јуни. Како и родените на 28-ми, 29-ти, 30-ти септември и 1-ви октомври. Казните ќе ги почувствуваат оние кои се мрзеливи, оние кои се огрешиле од законот, оние кои немаат изградено правилен став кон авторитетите, оние кои се занимаваат со политика и оние кои водат нездрав живот или се оддадени на пороци. Под влијанието на непредвидливиот Уран, родените на 15-ти и 16-ти април ги очекуваат непланирани промени во животот. Нептун на родените на 4-ти март ќе им подари харизматичност, креативност, но и конфузни мисли. Додека Плутон на родените на 10-ти и 11-ти јануари ќе им го дрма тлото под нозете, со цел да ги натера да го сменат досегашниот начин на живот и да скокнат скалило погоре на еволутивен план. И како јаготка врз шлагот на сите овие промени на планетарните констелации ќе се случи и Соларната Еклипса (затемнување на Сонцето) на 27 степени и 08 минути од Водолија, на 15-ти февруари 2018 година. Подетално за еклипсата ќе пишувам во следниот текст. Сега само ќе напоменам дека нејзиното влијание најмногу ќе го почувствуваат фиксните знаци. Посебно родените на 16-ти февруари, 18-ти мај, 20-ти август и 19-ти ноември. Бесплатниот примерок на вашата Натална Карта можете да го направите на оваа страна Споредбениот Хороскоп на оваа страна Додека повеќе содржини со астролошка тематика ќе можете да најдете на оваа страна
 Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.
“ |
Наталната карта што ја добив е фантастична! Ви благодарам многу што ми го подаривте огледалото на мојот живот :) ” Виктор К., Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|