In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Зошто ги бакнуваме децата

Солзи сами капат

Пред да му кажеш Да

Цената на долгите нокти

Тоа што очајнички го посакуваме

Како научив физика

Зад секоја успешна жена

Корумпираната држава

Луѓе со кои не се дружиме

Глупавите луѓе

Нептун во Овен

Ако имаше Господ...

Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Знаците на патот

Кога не ни оди според планот

Силикони за мозок

Луѓенца

Струен удар од зборови

Времето е тест за љубовта

Споменар

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Браковите склучени во недела

Само еднаш се љуби?

Трагачи по возбуда

Важно е да ми чури оџачето

Глупава младина - неизвесна иднина

Денови на среќни околности

Се родив прерано, не те сретнав тебе

Кога умира душата?

Колку трае еден ден на секоја планета

Крадци

Светот е глобално ријалити шоу

Луѓето се како очи

Убавите круши...

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Ретрограден Меркур во Риби

Имаш лице какво што заслужуваш

Ѕвезденото небо над светот во декември

Женски Болести

Јами Мами од Мајами

Јупитер во Стрелец

Ѕвезденото небо над светот во ноември

Ако сте родени меѓу два хороскопски знака

Внимавај кого пушташ во својот живот

Пониското и повисокото ниво на секој знак

Ѕвезденото небо над светот во октомври

Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018

Ѕвезденото небо над светот во јули

Исправи се, Викторија!

Ретрограден Марс во Водолија

Ѕвезденото небо над светот во јуни

Уран во Бик

Ѕвезденото небо над светот во мај

Кирон во Овен

Ѕвезденото небо над светот во април

Ретрограден Меркур во Овен

Каков карактер - таква болест

Ѕвезденото небо над светот во март

Ѕвезденото небо над светот во февруари

Ѕвезденото небо над светот во јануари

Сатурн во Јарец

Небото над Македонија во декември

Марс влегува во Вага

Венера влегува во Вага

Јупитер влегува во Шкорпија

Која изрека е клучна за секој знак

ФБИ откри кои знаци се најопасни

Која е разликата меѓу знакот и подзнакот

Што му недостасува на секој знак

Марс влегува во Девица

Венера влегува во Лав

Доналд Трамп - Хилари Клинтон

Затемнување на Сонцето

Како ретроградниот меркур ќе влијае

Она што го напишав веќе се остварува

Ретрограден Меркур во Девица

Затемнување на Месечината

Случувањата во следните 15 години

Месечевите Мени и Ритамот на Природата

Деветте заповеди

Светската економска криза

Што е прецесија?

Дали Астрологијата е наука?

Соѕвездијата и знаците на Зодијакот

Астрологијата и магијата

Астрологијата и слободната волја

Дневен хороскоп

Астрологијата и геоцентричниот систем

Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари

 
Објавено на 14.02.2018 во 17:23

Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари
 

Затемнувањето на Сонцето или Соларната Еклипса, во астрономска смисла, се случува кога меѓу Сонцето и Земјата ќе се испречи Месечината, затскривајќи ја сончевата светлина. Понатаму, Затемнувањата на Сонцето можат да бидат делумни или потполни. Се случуваат секогаш за време на млада Месечина и се видливи на онаа страна од земјината полутопка каде што е ден.

На 15-ти февруари 2018 година ќе се случи делумно затемнување на Сонцето, кое ќе биде видливо во јужниот дел од јужна Америка. Всушност, Соларната Еклипса ќе биде видлива на многу локации во Аргентина, Чиле, Парагвај, Уругвај, јужниот дел на Бразил, на Антарктикот и од некои делови на Атлантскиот и Тихиот Океан.

Во народот пак од секогаш се верувало дека Еклипсите или Затемнувањата на Сонцето и Месечината имаат лош предзнак. А, истиот став го има и класичната астрологија.

Во современата астрологија, Еклипсите не се третираат ниту позитивно ниту негативно. Тие претставуваат само еден миг во кој еден тек на енергија запира и започнува некој друг. Оттаму, можеме да ги сфатиме како сигнал за промена и за креативно насочување на нашите потенцијали. Но, можеме и само пасивно да му се препуштиме на текот на настаните, и да дозволиме на енергијата на Еклипсата стихијно да не води. Добро е да се разбере дека какво ќе биде влијанието на Соларната Еклипса, генерално, врз луѓето и поединечно, врз секој од нас, зависи исклучиво од нас.

Во принцип, влијанието на Соларната Еклипса не се чувствува ниту доживува во деновите кога таа се случува, туку тогаш само започнува процесот на промени. Тој процес се протегнува во еден подолг период (од 6 месеци до 3 години), во кој полека, „невидливите случувања“ се редат едно по едно и ја формираат конечната слика.

До каде ќе се протега влијанието на една Соларна Еклипса зависи од тоа дали затемнувањето било делумно или целосно и од тоа колку траело. Во овој случај, на 15-ти февруари, заради фактот дека Затемнувањето ќе биде делумно, неговиот ефект би требало да го почувствуваме во следните 6 месеци. Всушност, до следната Соларна Еклипса која ќе се случи на 13-ти јули 2018 година.

Соларната Еклипса на 15-ти февруари ќе се случи на 27 степени и 08 минути во Водолија, всушност ќе биде опозиција на тоталната Соларна Еклипса што се случи на 21-ви август 2017 година над фиксната ѕвезда Регулус. Тоа значи дека поривите кои требаше таа да ги разбуди кај луѓето, како што се: страственоста, драматичноста, потребата од моќ и мерење на силите, како и потребата да се владее над другите луѓе, сега ќе добијат спротивен импулс. Па, ќе се претворат во порив за слобода и слободно изразување на своите мисли, чувства и на својот идентитет.

Инаку, Соларната Еклипса во Водолија, на 15-ти февруари 2018 година, ќе се случи во иста линија со Меркур, планетата на интелектот и со астероидите Јуно и Хигија, кои се поврзани со жените, партнерските односи, бракот, хигиената и здравјето. А, Соларната Еклипса ќе прима позитивно влијание и од револуционерниот Уран во Овен. Тоа значи дека 15-ти февруари ( како и периодот од 15-ти февруари до 13-ти јули 2018) е идеален за отпочнување со активности кои се поврзани со говорот, пишувањето, комуникациите, учењето, транспортот, преговорите, склучувањето нови договори, работата со техниката, имплементирањето на новите технологии во секојдневниот живот, отворањето блог на интернет, купувањето и продавањето. Потоа, периодот од 15-ти февруари до 13-ти јули 2018 година ќе биде одличен и за сите активности поврзани со љубовта, бракот, партнерските односи, со правата на жените, борбата против насилството во бракот, со медицината и здравјето.

Исто така, важно е да се напомене дека поради фактот што Затемнувањето на Сонцето ќе се случи во Водолија, која е со напредни сфаќања и ослободена од предрасуди и ќе биде во близина на астероидите Јуно и Хигија, можеме да очекуваме дека во следните 6 месеци многу ќе се зборува за браковите, за насилството во бракот, за женското здравје, за нестандардните видови на партнерски односи, за нетрадиционалните видови на родителство, за научно потпомогнатото зачнување, за сурогат мајките и слично. Уште повеќе што Соларната Еклипса, Меркур, Јуно и Хигија ќе примаат поттикнувачки вибрации од неконвенционалниот Уран во Овен, кој ќе ја поттикнува кај луѓето поголемата потреба од лична слобода и од слобода на изборот во секојдневниот живот.

Искористувањето на Соларната Еклипса на позитивен начин, за некаков вид на квалитетна трансформација на себеси и на сопствениот живот, за жал, ќе им успее само на повисоко еволуираните претставници на човечкиот род. Овој пат, таа можност ќе биде најсилно изразена кај родените на 14-ти, 15-ти и 16-ти февруари. Тие ќе ја имаат ретката привилегија да се ослободат од работите што ги ограничувале во животот, да започнат нов живот и да доживеат успех. Меѓутоа, дали и како ќе ја искористат таа можност, или пак ќе ја претворат во сопствена штета, ќе зависи само од нив самите и од степенот на нивниот еволутивен развој. Но, ќе зависи и од кармата што ја имаат направено во овој или во некој од нивните минати животи.

За повеќето луѓе кои се плашат од промени (посебно од промена на својата закоравена ментална матрица), за луѓето кои се врзуваат за минатото или за другите луѓе, потоа за луѓето кои се задоволни од status quo ситуацијата, како и за луѓето кои немаат доблест да ги победат недостатоците во својот карактер и за своите промашувања ги обвинуваат другите, Соларната Еклипса би можела да предизвика страв од промени, стрес и напор да го сочуваат животот во познатите рамки.

Како делумната Соларна еклипса во Водолија ќе влијае на секој хороскопски знак

Невозможно е, непрецизно и несериозно ако сите луѓе и целата лепеза на карактери што постојат на земјата ги сместиме во само 12 различни категории претставени со 12-те хороскопски знаци, знаејќи дека секој човек е уникатна креација на Божјата љубов и промисла. Оттаму, само Наталната Карта и помошните хороскопи (Соларен и сл.) можат да покажат како Соларната Еклипса ќе делува кај една личност.

Меѓутоа, ако ја сфатите астрологијата полежерно и ако не барате врвна прециозност, тогаш е доволно да го знаете својот подзнак (Асцендент) за да откриете како би можела Соларната Еклипса да се одрази во вашиот живот. А, асцендентот (подзнакот) ќе го дознаете доколку си направите бесплатна Натална Карта на сајтот astroscopia.com. Поточно на оваа страна.

Упатство за читање: Читајте го текстот што се однесува на вашиот подзнак. Доколку се пронајдете во датумите на раѓање што се напишани за вашиот знак, тогаш ќе треба да го земете предвид и текстот што одговара за вашиот знак.

Овен

Затемнувањето на Сонцето на 15-ти февруари 2018 година ќе предизвика во следните 6 месеци да направите ревизија на своите пријателства, на професионалните контакти и на вашите планови за иднината. Можно е да започнете некој проект од кој корист ќе види пошироката заедница во која живеете. Посебно успешни би биле доколку вашите активности се поврзани со заштитата на жените од насилството во бракот, со заштита на правата на маргиналните групи, со унапредување на свеста на жените за нивното здравје, со водење кампањи за здрав начин на живот и здрава храна, со алтернативните начини на лечење и слично.

Влијанието на Соларната Еклипса ќе можете позитивно да го искористите ако бидете реални во проценката на пријателите, на професионалните контакти и на своите очекувања од иднината. Тогаш ќе можете да се ослободите од сите оние со кои некогаш ве поврзувале заеднички ставови и интереси, а денес се токсични за вашата добробит или ве дружат само од интерес. Но, така ќе ослободите простор за нови пријателства кои ќе се темелат на заеднички вредности и идеали, а не на интерес. Посебно ако сте родени на 16, 17 и 18-ти април.

Бик

Под влијанието на Соларната Еклипса во периодот од 15-ти февруари, па во следните 6 месеци, би требало да се менува ситуацијата поврзана со вашата кариера, статус, углед или комуникација со претпоставените. Посебно ако сте родени на 17, 18 и 19-ти мај.

Со цел да ги искористите вибрациите на Еклипсата на позитивен начин, ќе треба повеќе да се однесувате како тимски играчи, а не како осамени воини жедни за власт и моќ. Во спротивно, ќе ги загубите туѓите симпатии или позицијата на која се наоѓате. Можно е да бидете деградирани или да доживеете јавен срам. Доколку пак не го почитувате туѓото право на слободен избор и доколку со непочитување се однесувате кон авторитетите и со презир кон потчинетите, ризикувате да бидете изложени на туѓата осуда.

Близнаци

Соларната Еклипса кај вас ќе ја потенцира здодевноста од секојдневниот живот и од секојдневните обврски. Па, периодот од 15-ти февруари до 13-ти јули 2018 година е пожелно да го искористите за исполнување на својот живот со нови, инспиративни искуства. Посебно ако сте родени на 18, 19 и 20-ти јуни.

Тоа значи дека е пожелно да го искористите времето за учење нешто ново, за патувања, создавање нови контакти со образовани луѓе, со странци, за решавање на правните проблеми и судските процеси, за запознавање со некоја нова духовна дисциплина или за обучување луѓе на вештините што ги поседувате.

Рак

Соларната Еклипса би требало да предизвика потреба од промени во вашиот сексуален живот, потреба од освежување или експериментирање во сексот. Потоа, би можеле да дојдете до идеја за некаков нестандарден начин на заработка, да откриете како би можеле полесно да обезбедите туѓи спонзорства. Ќе ве интересира колку би можеле да заработите преку осигурувањето, на кој начин да натерате некој друг да ги финансира вашите потреби. Но, би требало да имате и можност за длабока физичка и психичка регенерација. И тоа почнувајќи од 15-ти февруари, па во следните 6 месеци. Посебно ако сте родени на 19, 20 и 21-ви јули.

Лав

Во вашиот случај, Соларната Еклипса од 15-ти февруари ќе се обиде да внесе промени во вашите односи со партнерот. Посебно ако сте во брак. Во тој случај, начинот на кој до сега сте функционирале со партнерот, ќе биде неодржлив. Тоа значи дека ќе треба радикално да го смените вашиот однос кон бракот, вашиот став кон партнерот и кон вашите потреби, со цел да го продолжите заедничкиот живот. Двојните стандарди повеќе нема да бидат прифатливи.

Но, ако сте отворени за новото и за новите форми на партнерски односи, би можеле да добиете понуда за заеднички живот или за брак од личност што веќе ја познавате или ќе ја запознаете во следните 6 месеци.

Ако пак се држите за старите навики и немате слух за потребите на вашиот партнер или тој за вашите, можно е да се соочите со борба за превласт, неверство, бес, разделба или развод.

Професионално, во следните 6 месеци би можеле да започнете ортачки бизнис или да потпишете нови договори кои би го унапредиле вашиот бизнис, доколку ги третирате луѓето како рамноправни партнери, а не како ваши поданици. Посебно ако сте родени на 19, 20 и 21-ви август. Во спротивно, подгответе се за јавен срам.

Девица

Работата и здравјето ќе бидат сегментите во вашиот живот во кои Соларната Еклипса од 15-ти февруари би требало да испровоцира промени. А, промените ќе бидат позитивни за вас ако ги искористите вибрациите на Еклипсата и ако свесно се ослободите од штетните навики и направите промена во начинот на исхраната. Посебно ако сте родени на 19, 20 и 21-ви септември.

Ако веќе имате здравствени проблеми кои не се подобруваат, би требало да го смените лекарот, да направите нови испитувања и да испробате некој нов начин за лечење на вашата болест.

Некои од вас можеби ќе треба да направат диета за редукција на килограмите. А, другите ќе треба да ги отфрлат производите кои штетно се одразуваат на нивното здравје. Но, некои ќе се однесуваат како најголеми хипохондрици без причина.

Од друга страна, влијанието на Еклипсата на работното место би требало да го искористите за да ја свртите ситуацијата во своја корист. Најмногу успех би можеле да имате доколку се занимавате со медицината (посебно со гинекологијата), со нутриционизмот, козметологијата и спортот.

Вага

Промените што Соларната Еклипса ќе ги иницира, почнувајќи од 15-ти февруари, па во следните 6 месеци, ќе го зафатат првенствено вашиот љубовен живот. А, кај некои од вас ќе го разбудат и чувството за родителство.

Тоа значи дека ве очекуваат новини на љубовен план, само доколку го смените аголот на гледање на нештата, како и своето однесување во љубовните врски. Тогаш, освен нова љубов, би можело да ви се случи да станете и родители. Посебно ако сте од женски пол. А, ако сте во посериозни години, можеби ќе се радувате на убавите случувања во животот на своите деца или на своите внуци. Ако пак долго време сте посакувале деца, но не сте можеле да ги добиете, во следните 6 месеци Универзумот ви нуди одлична шанса да ја остварите својата желба преку вештачко оплодување или пак да се информирате за другите можности за родителство (преку сурогат мајка, посвојување и сл.).

Позитивното влијание од Соларната Еклипса би требало да го почувствуваат Вагите родени на 20, 21 и 22-ри октомври.

Шкорпија

Соларната Еклипса на 15-ти февруари 2018 година би требала да ги раздвижи случувањата поврзани со вашиот дом и да донесе промени во вашите односи со членовите на семејството, во период од следните 6 месеци.

Со цел да го искористите влијанието на Еклипсата на позитивен начин ќе мора да заборавите на својата инертност и на својот комодитет и повеќе енергија да вложувате во сите сегменти од семејниот живот, почнувајќи од грижата за блиските, па се до промена на домот, негово реновирање или инвестирање пари во недвижен имот. Посебно ако сте родени на 18, 19 и 20-ти ноември.

Во спротивно, односите со членовите на вашето семејство ќе бидат вашата Ахилова петица. А, хипотеките на недвижниот имот би можеле да се активираат.

Стрелец

Соларната Еклипса ќе бара од вас да го поедноставите начинот на кој што комуницирате со другите луѓе и да научите да правите разлика меѓу важните и неважните информации, кои постојано ќе ве бомбардираат од сите страни.

Ако успеете во тоа, во периодот од следните 6 месеци ќе успеете во разговорот што ќе го водите со една личност од авторитет да добиете нови увиди за себеси, за својот живот и за својата иднина. Посебно ако сте родени на 19, 20 и 21-ви декември.

Исто така, Соларната Еклипса би требало да внесе позитивни промени во вашиот живот поврзани со учењето, со професорската работа. Потоа, во работата поврзана со транспортот, трговијата, маркетингот, рекламите, телекомуникациите. Постои можност да водите успешни преговори за ваша професионална афирмација и да потпишете нови договори. Некои во овој период ќе се стекнат со диплома. А, некои постојано ќе бидат на пат. Ако немате положено возачки испит, следните 6 месеци ќе бидат идеални за тоа. А, периодот ќе биде идеален и за купување нов автомобил.

Но, ако продолжите да се однесувате по старо, тогаш е можно да ги расипете односите со оние што ви се најблиски.

Јарец

Затемнувањето на Сонцето на 15-ти февруари 2018 година ќе го насочи фокусот на случувањата во вашиот живот и вашите интереси кон парите. Па, ако сакате влијанието на Еклипсата да го искористите на позитивен начин, во следните 6 месеци бидете подготвени да ја прифатите промената на околностите поврзана со финансиите, бидете отворени за нови информации, за соработка со нови луѓе и за изнаоѓање на нови извори на заработка. Посебно ако сте родени на 17, 18 и 19-ти јануари.

Парите најлесно ќе ги заработите ако се занимавате со медицината (традиционална и алтернативна), со советување на жените и децата за нивните права и заштита, ако работите на местата каде што се склучуваат бракови, ако се занимавате со техниката и новите технологии, ако имате свој козметички салон.

Ако пак сте нестрпливи и сакате да се збогатите што е можно побргу, постои опасност да загубите пари на наивен или ризичен начин.

Водолија

Вие сте таргетот на оваа Соларна Еклипса. Па, промените што таа ќе ги испровоцира во следните 6 месеци најмногу ќе влијаат на претставниците на вашиот знак. Посебно „на мета“ ќе бидат родените на 14, 15 и 16-ти февруари.

Не заборавајте дека ова ќе биде исклучително моќен период за вас, кој ќе ви го овозможи Вселената за нов и величествен почеток, за ослободување од старите работи кои ви пречеа, за постигнување поголема лична слобода и право на слобода во изборот на кој начин ќе го живеете својот живот. Сакале вие или не, вашата трансформација на личен план е веќе започната, а нејзина цел ќе биде да се променат вашите погледи на светот и животот, а со тоа и вашите односи со луѓето.

Влијанието на Еклипсата ќе можете позитивно да го искористите ако ја победите својата нарцисоидност и суета. Тогаш ќе можете да ги остварите вашите планови поврзани со статусот и имиџот во јавноста. А, посебно успешни би биле во професиите кои се поврзани со информатиката, техниката, новите технологии, алтернативните начини на лечење и хуманитарната работа. Но, успех би имале и доколку отворите свој блог, напишете книга или јавно ги искажувате своите погледи на светот.

Ако пак чекате работите што ги посакувате да ви паднат од небо, без ваш ангажман и труд, ако продолжите со себичното однесување, ако ги пуштате нозете повеќе отколку што ви е долга чергата, ако уживате во егзибиции и ако им го наметнувате на другите својот стил на живот и своето размислување, постои опасност да доживеете социјален пад и јавен срам. Од тоа најмногу ќе настрада вашето его. А, повреденото его, често пати е причина и за здравствени проблеми.

Риби

Почнувајќи од 15-ти февруари 2018 година, па во следните 6 месеци, Соларната Еклипса ќе го активира вашето поле на потсвеста, тајните и непознатите непријатели. Тоа значи дека на површина ќе излезат некои тајни од вашето минато што психички ве оптоварувале и некои луѓе што ви работеле зад грб, а вие сте ги сметале за свои пријатели.

Влијанието на Еклипсата позитивно ќе го искористите ако се соочите со своите најдлабоки стравови, ако си ја признаете вистината првенствено пред себеси, а потоа и пред другите. Таа постапка ќе ве ослободи и ќе ви даде нова енергија да се соочите со реалноста и да започнете да создавате нов живот, како за себе, така и за оние кои ги сакате. Посебно ако сте родени на 17, 18 и 19-ти март.

Во спротивно, се што сте криеле и потиснувале во себеси, сега ќе биде подготвено да еруптира и со својата содржина да го загади вашиот живот. Но, од тоа ќе страда и вашето психичко здравје. Во тој случај постои можност извесен период да поминете во лечење или во изолација.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Ова се вистинските зборови што ја опишуваат наталната карта што ми ја изработивте: Наталната карта на Астроскопиа е шлаканицата што ви е потребна да го направите квантниот скок во вашата судбина. Големо благодарам што ми помогнавте да живеам со ширум отворени очи! 

Сања С., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2025
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби