In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Зошто ги бакнуваме децата

Солзи сами капат

Пред да му кажеш Да

Цената на долгите нокти

Тоа што очајнички го посакуваме

Како научив физика

Зад секоја успешна жена

Корумпираната држава

Луѓе со кои не се дружиме

Глупавите луѓе

Нептун во Овен

Ако имаше Господ...

Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Знаците на патот

Кога не ни оди според планот

Силикони за мозок

Луѓенца

Струен удар од зборови

Времето е тест за љубовта

Споменар

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Браковите склучени во недела

Само еднаш се љуби?

Трагачи по возбуда

Важно е да ми чури оџачето

Глупава младина - неизвесна иднина

Денови на среќни околности

Се родив прерано, не те сретнав тебе

Кога умира душата?

Колку трае еден ден на секоја планета

Крадци

Светот е глобално ријалити шоу

Луѓето се како очи

Убавите круши...

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Ретрограден Меркур во Риби

Имаш лице какво што заслужуваш

Ѕвезденото небо над светот во декември

Женски Болести

Јами Мами од Мајами

Јупитер во Стрелец

Ѕвезденото небо над светот во ноември

Ако сте родени меѓу два хороскопски знака

Внимавај кого пушташ во својот живот

Пониското и повисокото ниво на секој знак

Ѕвезденото небо над светот во октомври

Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018

Ѕвезденото небо над светот во јули

Исправи се, Викторија!

Ретрограден Марс во Водолија

Ѕвезденото небо над светот во јуни

Уран во Бик

Ѕвезденото небо над светот во мај

Кирон во Овен

Ѕвезденото небо над светот во април

Ретрограден Меркур во Овен

Каков карактер - таква болест

Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари

Ѕвезденото небо над светот во февруари

Ѕвезденото небо над светот во јануари

Сатурн во Јарец

Небото над Македонија во декември

Марс влегува во Вага

Венера влегува во Вага

Јупитер влегува во Шкорпија

Која изрека е клучна за секој знак

ФБИ откри кои знаци се најопасни

Која е разликата меѓу знакот и подзнакот

Што му недостасува на секој знак

Марс влегува во Девица

Венера влегува во Лав

Доналд Трамп - Хилари Клинтон

Затемнување на Сонцето

Како ретроградниот меркур ќе влијае

Она што го напишав веќе се остварува

Ретрограден Меркур во Девица

Затемнување на Месечината

Случувањата во следните 15 години

Месечевите Мени и Ритамот на Природата

Деветте заповеди

Светската економска криза

Што е прецесија?

Дали Астрологијата е наука?

Соѕвездијата и знаците на Зодијакот

Астрологијата и магијата

Астрологијата и слободната волја

Дневен хороскоп

Астрологијата и геоцентричниот систем

Ѕвезденото небо над светот во март

 
Објавено на 28.02.2018 во 16:35

Ѕвезденото небо над светот во март
 

Заради тоа што „Се се движи и се се менува“, на небото во март не очекуваат неколку позначајни промени. Имено, Меркур и Венера на 7-ми март 2018 година, ќе поминат од знакот Риби во Овен. Додека Сонцето ќе им се придружи на 21-ви март. А, Марс ќе премине од Стрелец во Јарец на 18-ти март и ќе му пркоси на ова ѕвездено јато, речиси во текот на целиот месец. Така, во првата недела од март тој ќе им испраќа агресивни вибрации на Меркур и Венера. Додека од 20-ти до 31-ви март ќе се најде во иста линија на огнот со Сатурн и со заеднички сили ќе му ги матат сметките на Сонцето. А, за впечатокот да биде поефектен, сите овие натегања ќе бидат зачинети и со тргнувањето на Меркур во ретроградно движење во Овен, во периодот од 23-ти март до 15-ти април.

Целиот сплет на промени би требало да предизвика деновите пред и околу празникот 8-ми март да поминат во знакот на романтиката, љубовта, фантазијата, креативноста, пијанството, нерационалните постапки, претерувањата, критиките и озборувањата (Меркур коњукција Венера во Риби квадрат Марс од Стрелец). Можно е да станете конфузни, оптоварени со спомените од минатото, песимистички расположени, интелектуално инертни, невротични, склони на неверство, премногу нереални во своите врски, со без'рбетно однесување, слаби на алкохолот и другите опојни средства. Ова ќе биде најзабележливо кај Рибите родени меѓу 11-ти и 14-ти март, кај Близнаците родени меѓу 11-ти и 14-ти јуни, кај Девиците родени меѓу 13-ти и 17-ти септември и кај Стрелците родени меѓу 13-ти и 17-ти декември.

Втората декада од месец март, поточно периодот од 8-ми до 20-ти март 2018, би требало да помине во поопуштена атмосфера. Во овој период можеме да очекуваме дека луѓето ќе бидат повесели отколку обично. Затоа, ќе имаат желба да комуницираат со другите, да се забавуваат, повеќе да го користат хуморот. Па, ќе се зголеми бројот на средби меѓу луѓето, посетеноста на местата за забава, на настаните од областа на уметноста, на концертите и изложбите. Но, ќе се зголеми и бројот на оние кои токму во овие денови ќе одлучат да стапат во врска со некого или во брак (Меркур коњукција Венера во Овен).

Оваа ситуација ќе се измени во третата декада на март, во периодот од 20-ти до 31-ви март, кога Венера ќе се најде во иста линија со слободољубивиот и ексцентричен Уран во Овен. Па, заедничкиот небески танц на оваа неконвенционална двојка ќе ја поттикнува кај луѓето потребата од независност и нови искуства во љубовта. Како резултат на тоа можни се најразновидни љубовни ескапади. Од друга страна, на овој заигран пар ќе му се спротивстави Плутон од Јарец, кој ќе настојува на површина да го извади сето она што е тајно и скриено во љубовните врски, предизвикувајќи на тој начин конфликтни ситуации. Ова влијание посебно ќе ги погоди Овните родени меѓу 10-ти и 18-ти април, Раковите родени меѓу 2-ри и 11-ти јули, Вагите родени меѓу 4-ти и 12-ти октомври и Јарците родени меѓу 1-ви и 9-ти јануари.

Исто така, во третата декада од месец март, тандемот Марс и Сатурн во Јарец ќе ги одмерува своите сили со Сонцето во Овен. Или, со други зборови кажано, пресметаноста, користољубивоста, бескрупулозноста и потценувачкиот однос кон луѓето ќе и пркосат на вистината и на желбата да се преземат акции во име на општото добро. Тоа ќе предизвика пад на општествената енергијата, која ќе биде дополнително ослабена и од привидното движење наназад на Меркур, планетата на комуникациите, кој ќе донесе недоразбирања, проблем во проценката на ситуацијата и луѓето, опасност од склучување на погрешни договори, лаги и измами. Ова посебно ќе го почувствуваат Овните родени од 21-ви до 31-ви март, Раковите родени од 22-ри јуни до 2-ри јули, Вагите родени од 23-ти септември до 4-ти октомври и Јарците родени од 22-ри декември до 1-ви јануари.

Како резултат на овие неповолни вибрации меѓу Марс и Сатурн во Јарец, наспроти контрадикторните вибрации на ретроградниот Меркур и поттикнувачките вибрации на Сонцето во Овен, постои опасност да се зголеми бројот на вербални напади меѓу луѓето, на сообраќајни несреќи, скршеници на екстремитетите, проблеми со потенцијата кај повозрасните претставници на машкиот пол. Посебно ако се родени од 22-ри декември до 1-ви јануари.

Инаку, до 18-ти март, Марс, планетата на акцијата и агресијата, ќе маршира низ идеалистички расположениот Стрелец. Тоа ќе ја зголеми нестрпливоста меѓу луѓето, отпорот кон подредената положба и желбата да се поправат сите светски неправди. Посебно енергични ќе се почувствуваат Стрелците родени од 13-ти до 21-ви декември. Па, тие би можеле да ги остварат своите амбиции, ако правилно ја насочат својата енергија. А, правилно ќе значи, ако се ангажираат во решавањето на проблемите поврзани со правото и правдата, во спортските активности, во ловот, во патувањата, во дипломатијата, во работата со странство и високото образование, во религијата. Во спротивно, ненасочената енергија би можела да ги направи нив и сите вас арогантни, нетолерантни, саркастични, посебно кон послабите од вас. Но, би можела да ве направи и склони кон авантура и коцка, фанатични.

Во периодот од 18-ти март, па се до 17-ти мај, Марс, планетата на акцијата и агресијата, егзалтирано ќе маршира низ амбициозниот Јарец. Тоа ќе ја зголеми честољубивоста меѓу луѓето, свеста за должноста и одговорноста, доследноста и самодисциплината. Најголема ќе биде љубовта кон позициите што значат некаква моќ. И ова би било добар миг за преземање на крупни и сериозни обврски поврзани со иднината. Меѓутоа, бидејќи Марс ќе биде во иста линија со бескомпромисниот Сатурн, желбата ќе постои, но шансата за акција би можела да биде блокирана и да предизвика фрустрации. Тогаш на површина ќе излезат негативните особини на луѓето, како што се користољубивоста, бескрупулозноста, материјализмот и подготвеноста да се гази по туѓите трупови само да се оствари лукративната цел. На ова посебно ќе бидат подготвени родените меѓу 10-ти и 18-ти април, меѓу 2-ри и 11-ти јули, меѓу 4-ти и 12-ти октомври и меѓу 1-ви и 9-ти јануари.

Што ќе се случува во државата во март

Што се однесува до случувањата во државата, до 7-ми март најсилно, а до 18-ти март со послаб интензитет, би требало да се одвива активноста на дипломатските и црковни служби. Би требало да зачестат патувањата на високи државни и црковни делегации во странство, да бидат интензивни преговорите со странците. До 7-ми март во медиумите би требало да бидат пласирани многу дезинформации, полувистини и лаги. Сите ќе трагаат по вистината, но, поради преголемата какофонија, нема да знаат во кој правец да ја бараат. Препорачливо е да не се потпишуваат какви било позначајни договори во периодот од 1-ви до 7-ми март и од 23-ти март до 1-ви април. Бидејќи тие би можеле да бидат нејасни, завиткани во обланда или да претставуваат некаква измама. „Однадвор мазно, а внатре празно“, што би рекол нашиот народ.

Затоа пак, периодот од 8-ми до 20-ти март ќе биде одличен за прашањата поврзани со парите, монетарната политика, трговијата. Тогаш би требало да се подобрат комуникациите со странските земји и духот на добрососедските односи. Па, секаков вид на државни церемонии би имал максимален ефект. Исто така, секој што ќе сака да организира некаква забава, концерт, изложба, прослава, најдобро ќе помине во периодот меѓу 8-ми и 20-ти март. Потоа, заради неповолното влијание на Марс и Сатурн кон Сонцето, на Плутон кон Венера и Уран, како и поради ретроградниот Меркур, периодот од 20-ти до 31-ви март би можел да донесе непредвидени опасности во општествениот живот, револт кон владата или претседателот, губење на довербата, зголемување на стапката на криминалот.

Какво ќе биде влијанието на останатите планети врз животот на обичните луѓе

Што се однесува до животите на нас, обичните луѓе, како што веќе знаете, Јупитер и понатаму ќе ги шири своите оптимистички вибрации во Шкорпија, до ноември 2018 година. Но, неговото поттикнувачко и позитивно влијание ќе биде намалено, блокирано или претворено во својот опозит поради неговиот назаден од во периодот од 9-ти март до 10-ти јули 2018. Стагнацијата во реализацијата на своите планови во месец март, најмногу ќе ја почувствуваат Шкорпиите родени на 15-ти и 16-ти ноември.

Сатурн, мудриот и непоткуплив учител, ќе не искушува сите нас до крајот на март 2020 година. Но, во март 2018, неговите награди и казни најмногу ќе ги чувствуваат Јарците родени на 29-ти и 30-ти декември. Потоа, Овните родени на 28-ми и 29-ти март. Раковите родени на 29-ти и 30-ти јуни. Како и Вагите родени на 1-ви и 2-ри октомври. Казните ќе ги почувствуваат оние кои се мрзеливи, оние кои се огрешиле од законот, оние кои немаат изградено правилен став кон авторитетите, оние кои се занимаваат со политика и оние кои водат нездрав живот или се оддадени на пороци.

Под влијанието на непредвидливиот Уран, Овните кои се родени на 17-ти и 18-ти април ги очекуваат непланирани промени во животот. Нептун на Рибите родени на 5-ти март ќе им подари харизматичност, креативност, но и конфузни мисли. Додека Плутон на родените на 11-ти и 12-ти јануари ќе им го дрма тлото под нозете, со цел да ги натера да го сменат досегашниот начин на живот и да скокнат скалило погоре на еволутивен план.

И како јаготка врз шлагот на сите овие промени на планетарните констелации ќе се случи и ретроградното движење на Меркур во Овен. Подетално за оваа појава ќе пишувам во следниот текст. Сега само ќе напоменам дека неповолното влијание на ретроградниот Меркур во третата декада на месец март најмногу ќе го почувствуваат кардиналните знаци. Посебно Овните родени на 4-ти, 5-ти и 6-ти април, потоа Раковите родени на 7-ми, 8-ми и 9-ти јули, Вагите родени на 8-ми, 9-ти и 10-ти октомври и Јарците родени на 5-ти, 6-ти и 7-ми јануари.

Бесплатниот примерок на вашата Натална Карта можете да го направите на оваа страна

Споредбениот Хороскоп на оваа страна

Додека повеќе содржини со астролошка тематика ќе можете да најдете на оваа страна

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.


Навистина овој хороскоп не е клише како многу други. Овој хороскоп баш ти дава одговори за тоа кој си бил, каков си и што треба да правиш за да станеш подобра личност. 

Деја З.К.


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2025
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби