In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Зошто ги бакнуваме децата

Солзи сами капат

Пред да му кажеш Да

Цената на долгите нокти

Тоа што очајнички го посакуваме

Како научив физика

Зад секоја успешна жена

Корумпираната држава

Луѓе со кои не се дружиме

Глупавите луѓе

Нептун во Овен

Ако имаше Господ...

Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Знаците на патот

Кога не ни оди според планот

Силикони за мозок

Луѓенца

Струен удар од зборови

Времето е тест за љубовта

Споменар

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Браковите склучени во недела

Само еднаш се љуби?

Трагачи по возбуда

Важно е да ми чури оџачето

Глупава младина - неизвесна иднина

Денови на среќни околности

Се родив прерано, не те сретнав тебе

Кога умира душата?

Колку трае еден ден на секоја планета

Крадци

Светот е глобално ријалити шоу

Луѓето се како очи

Убавите круши...

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Ретрограден Меркур во Риби

Имаш лице какво што заслужуваш

Ѕвезденото небо над светот во декември

Женски Болести

Јами Мами од Мајами

Јупитер во Стрелец

Ѕвезденото небо над светот во ноември

Ако сте родени меѓу два хороскопски знака

Внимавај кого пушташ во својот живот

Пониското и повисокото ниво на секој знак

Ѕвезденото небо над светот во октомври

Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018

Ѕвезденото небо над светот во јули

Исправи се, Викторија!

Ретрограден Марс во Водолија

Ѕвезденото небо над светот во јуни

Уран во Бик

Ѕвезденото небо над светот во мај

Кирон во Овен

Ѕвезденото небо над светот во април

Каков карактер - таква болест

Ѕвезденото небо над светот во март

Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари

Ѕвезденото небо над светот во февруари

Ѕвезденото небо над светот во јануари

Сатурн во Јарец

Небото над Македонија во декември

Марс влегува во Вага

Венера влегува во Вага

Јупитер влегува во Шкорпија

Која изрека е клучна за секој знак

ФБИ откри кои знаци се најопасни

Која е разликата меѓу знакот и подзнакот

Што му недостасува на секој знак

Марс влегува во Девица

Венера влегува во Лав

Доналд Трамп - Хилари Клинтон

Затемнување на Сонцето

Како ретроградниот меркур ќе влијае

Она што го напишав веќе се остварува

Ретрограден Меркур во Девица

Затемнување на Месечината

Случувањата во следните 15 години

Месечевите Мени и Ритамот на Природата

Деветте заповеди

Светската економска криза

Што е прецесија?

Дали Астрологијата е наука?

Соѕвездијата и знаците на Зодијакот

Астрологијата и магијата

Астрологијата и слободната волја

Дневен хороскоп

Астрологијата и геоцентричниот систем

Ретрограден Меркур во Овен

 
Објавено на 21.03.2018 во 16:30

Ретрограден Меркур во Овен
 

(Пораст на лагите, кражбите, подметнувањата, конфликтите, насилствата, криминалот)

Во периодот од 23-ти март до 15-ти април 2018 година, Меркур ќе започне да се движи наназад во Овен.

Што значи тоа?

Од астрономски аспект, тоа значи дека тој нема да се движи наназад по својата орбита буквално, бидејќи тоа е невозможно. Туку, гледано од Земјата, ќе се чини дека се движи наназад, заради разликата во брзината со која се движат Земјата и Меркур во однос на Сонцето.

Какво е влијанието на ретроградниот Меркур во Овен?

Како прво, Меркур, во астрологијата, е планетата задолжена за комуникациите и трговијата. Но, бидејќи астрологијата своите аналогии ги влече од митологијата, треба да се знае дека Меркур во митологијата, освен гласник на боговите, бил тој што смислувал несолени шеги, подметнувања, крадел, лажел. Своите негативни особини или грдата страна од своето лице, Меркур ги манифестира кога е во ретрограден од. Овенот пак е знак што е поврзан со акцијата, храброста, борбеноста. Тој е симбол на спортистите, хирурзите, политичарите, на војската и полицијата. Кога е Меркур во Овен, тој покажува остар ум, борбеност, брзи реакции, сарказам. Меѓутоа, во периодот од 23-ти март до 15-ти април 2018 година, кога Меркур ќе биде ретрограден, тој ќе ги покаже своите најлоши особини. Оттаму, би требало да се зголемат недоразбирањата во односите меѓу луѓето, да порасне криминалот, лагите, кражбите, озборувањата, подметнувањата.

Во принцип, неповолните вибрации на Меркур ќе влијаат на тоа луѓето да зборуваат, ама да не го слушаат тоа што го кажува другата страна или да го преведуваат слушнатото на начин што е близок на нивната ментална матрица. Како резултат на ваквото однесување, често ќе се случува и двете страни да се чувствуваат како „изгубени во преводот.“ Затоа, периодот од 23-ти март до 15-ти април не е поволен за потпишување на важни и трајни договори.  Бидејќи, речиси е 100% сигурно дека некоја од страните нема да се држи до договореното или пак би можело да се случи нешто непредвидено, што би пречело да се реализира договореното.

Проблемите ќе бидат најинтензивни во периодот од 23-ти март до 10-ти април 2018. Тоа ќе биде така, бидејќи неповолното влијание на ретроградниот Меркур во агресивниот Овен ќе биде засилено со агресивниот тандем на Марс и Сатурн од Јарец, кои ќе ги испраќаат своите непријателски стрели кон Сонцето во Овен. А, на тоа ќе се надоврзе и  подмолното влијание на Плутон од Јарец кон дивиот танц на Венера и Уран во Овен.

Овие превирања меѓу планетарните вибрации ќе предизвикаат луѓето да станат поагресивни, да бидат со „краток фитиљ“, лесно  да избувнуваат, да сакаат јавно и гласно да го изразат своето незадоволство, да ги навредуваат другите, често да имаат непредвидливи реакции, проблемите да ги решаваат со насилни средства. Поради тоа, постои можност од жестоки вербални дуели на улиците, можност од протести кои лесно можат да се прошират во немири од пошироки размери, кавги меѓу соседите, закани. Па, дури и можност за решавање на проблемите по насилен пат, со тепачки.

Како ретроградниот Меркур во Овен ќе влијае на случувањата во државата?

Заради тоа што Марс и Сатурн од конзервативниот Јарец со здружени сили ќе ги блокираат позитивните вибрации на Сонцето во Овен, додека Плутон од Јарец ќе и пркоси на непредвидливата и експлозивна енергија на Венера и Уран од Овен, и сето тоа зачинето со конфузните и борбени пораки од страна на ретроградниот Меркур, исто така во агресивниот Овен, во периодот од 23-ти март до 10-ти април 2018 година, можеме со сигурност да очекуваме многу агресија меѓу луѓето. Но, постои и опасност оваа агресија да не може да се контролира и да предизвика непредвидливи опасности за нормалното функционирање на државата и на државните институции. Слично како на 27-ми април 2017 година, за време на крвавиот четврток, кога Меркур исто така се движеше ретроградно низ Овен и беше во цврста врска со непредвидливиот и експлозивен Уран. Меѓутоа, се плашам дека овој пат би можеле да се соочиме со поголема агресија, бидејќи останатите планети се наоѓаат во многу полоша конфигурација отколку на 27-ми април 2017. Притоа, најзасегнати би биле медиумите и медиумските работници, полицијата, војската, лекарите, трговците, вработените во јавниот превоз, таксистите.

Како би се манифестирало тоа? Дали може да се повтори 27-ми април 2017-та?

Според она што го покажуваат аспектите меѓу планетите, можно е старите, ретроградни сили на секое ниво (и во државните институции и во партиите и меѓу народот) да се борат против новото. Можно е да се појави зголемен револт на народот кон владата заради нејзините агресивни постапки. Потоа кон претседателот или кон двете форми на политичка моќ, кој револт ќе биде тешко да се контролира. Понатаму, постои можност народот да ја загуби довербата и трпението кон владата, па да покаже граѓанска непослушност, да протестира по улиците, да се однесува насилно кон општествениот имот, да бара предвремени избори. Но, истовремено е можно да бара отповикување на премиерот, на претседателот, или на двајцата, од нивните функции. Потоа, можен е сериозен конфликт меѓу партиите, внатре во партиите меѓу ретроградните и новите сили, како и меѓу останатите политички чинители. Па, не е исклучена ниту разделбата меѓу некои, до вчера, најблиски политички соработници или растурање на некои коалиции.

Од друга страна, оваа позиција на Меркур,  ќе создаде и можност целата ситуација и фактите да се согледаат од еден поинаков агол и да се добие поинаква слика за некои настани и за некои луѓе од политичкиот живот на земјата.

Периодот од 23-ти март до 10-ти април 2018 година исто така ќе биде исклучително неповолен за потпишување на важни и трајни меѓудржавни договори. Бидејќи, постои опасност од превид и од лажно претставување на фактите, со цел да профитира другата страна која се јавува во улога на потписник на договорот. Затоа пак во периодот од 10-ти до 26-ти април 2018 година, поради поттикнувачките вибрации што ќе ги испраќаат Сонцето и Уран, можно е да се дојде до оригинално, Соломонско решение, за проблемите од претходниот период.

Како ретроградниот Меркур во Овен ќе влијае на секој знак од хороскопот?

Начин на читање: Најмногу ќе ви одговара текстот што одговара на вашиот Подзнак. Но, поголема ширина ќе добиете ако тие информации ги комбинирате со текстот што одговара на вашиот знак.

Доколку не го знаете вашиот подзнак, направете бесплатен примерок на вашата Натална Карта на оваа страна.

Овен

Вие сте луѓе со остар ум и брзи реакции, борбени, духовити. Меѓутоа, во периодот од 23-ти март до 15-ти април би можеле да се чувствувате дезориентирано и збркано, како да сте надвор од својата кожа. Ситници ќе ве раздразнуваат и ќе ве прават агресивни. А, вашите реакции ќе бидат импулсивни. Посебно на професионален план, во контактот со авторитети и со колегите. Во суштина, луѓето ќе ви одат на нерви, а и вие ним. Како и да е, внимавајте како се однесувате и што зборувате пред луѓето, бидејќи би можеле да се соочите со реперкусии за јавно изречениот збор. Имајте на ум дека ако се обидете да излажете или со манипулации да се спасите од одговорноста, тоа, подоцна поскапо ќе ве чини. Најголеми проблеми од ретроградниот од на Меркур би можеле да имаат родените во последната декада на март.

Затоа пак, во периодот од 10 до 26-ти април би можеле да дојдете до спасоносно решение за вашите проблеми.

Бик

Ќе вриете од лутина и гнев како грне, но тоа нема да го покажувате јавно. Ќе ви биде тешко да се вклопите во секојдневната рутина и да го одржите чекорот со настаните кои ќе се менуваат како на филмска лента.

Всушност, често ќе се случува во важни моменти да бидете отсутни со духот, обземени од анализата на вашите постапки во минатото и од прашањата дали, каде и колку згрешивте. Обземеноста со мисли и неискажаниот бес би можеле да ви го намалат квалитетот на сонот.

И можеби е добро што сонот нема да ви доаѓа на очи, бидејќи така ќе имате поголема будност за некои луѓе кои ќе ви работат зад грб. За да се заштитите од предавства отворете четири очи и проверете ја лојалноста на оние што ви се претставуваат како пријатели, а се родени во знакот Овен, Вага и Јарец. Посебно ако нивната професија е поврзана со полицијата, војската, ако работат со странство, на факултетите, со правото или во дипломатијата. Бидејќи, со некој од нив би можеле да отпочнете судски процес. Посебно непредвидлив и полн со агресија ќе биде периодот од 23-ти до 31-ви март 2018. А, од 10 до 26 април би можеле да дојдете до оригинално, спасоносно решение за вашите проблеми.

Близнаци

Под влијанието на ретроградниот Меркур, во периодот од 23-ти март до 15-ти април, можеби ќе биде потребно да ги одложите вашите планови заради финансиски причини или ќе треба да направите драстична промена на приоритетите во својот живот. Вие сте по природа  комуникативни и кажувате се што ви паѓа на памет, без да размислите. Меѓутоа, овој пат е пожелно да бидете потаинствени и попретпазливи во комуникацијата со пријателите, со луѓето со кои членувате во ист клуб, организација или политичка партија. Бидејќи, постои опасност некој од нив финансиски да ве измами или пак да бидете во зијан заради неговите постапки. Имајте на ум дека, ако некој пријател или познаник се појави со примамливи понуди за вас, она што ќе ви личи дека е премногу добро да биде вистина, најверојатно и нема да биде вистина.

Рак

Периодот од 23-ти март до 15-ти април 2018 година ќе го доживеете како време исполнето со многу нервози и неизвесност. Меѓутоа, и покрај тоа што сте познати како луѓе кои не ја откриваат својата интима пред другите, овој пат, ќе биде уште попрофитабилно за вас ако си го сочувате мислењето за себеси и ако потезите на професионален план и во јавноста ги влечете со голема доза на смиреност и старечка мудрост. Така ќе ги избегнете евентуалните штети што самите би можеле да си ги нанесете на кариерата. Но, на истото однесување ќе мора да се обврзе и вашиот партнер, од приватниот или од професионалниот живот. Во спротивно, некои работи што сте ги направиле во минатото, би можеле да ве донесат пред лицето на правдата. До решение за професионалните проблеми можете да дојдете во периодот од 10 до 26 април.

Исто така, вашиот брачен живот би можел да се најде во опасност за неговиот опстанок. Можни се сериозни недоразбирања со брачниот партнер, обвинувања, разделби. Ако не сте во брак, периодот не е поволен за преземање на таков чекор. Најмногу професионални проблеми би можеле да имаат родените во третата декада на јуни. Додека на љубовен план, периодот ќе биде најнегативен за родените во втората декада на јули.

Лав

Постои можност во периодот од 23-ти март до 15-ти април 2018 година да биде одложено некое ваше патување поради професионални или поради здравствени причини. Но, можно е да имате и проблеми на работното место заради некое патување, да се соочите со правна разврска на некоја ваша професионална активност. Исто така, можно е да имате компликации поврзани со патните документи, визите, да загубите  багаж на патување во странство, да се соочите со проблеми заради непознавање на законот на земјата домаќин.

Ако сте странка во судски спор, подобро е да го одложите рочиштето, бидејќи би можеле да се соочите со непланирани околности кои неповолно би се одразиле на вас. Ако сте студент, можно е да ви опадне концентрацијата и со мака да ги полагате испитите или пак да ви биде одложено полагањето. Но, можно е да ги одложите обврските додека имате проблеми со здравјето.

Девица

Во периодот од 23-ти март до 15-ти април 2018 година би можеле да потрошите повеќе пари отколку што сте планирале на работи што ви причинуваат задоволство, на партнерот, на децата. Тоа што ќе потрошите за ваше задоволство не го жалете, бидејќи смислата на поседувањето пари е токму да ви обезбеди чувство на сигурност, слобода и можност да купите работи кои ви причинуваат задоволство. Меѓутоа, со цел да не излезете „насамарени“ и финансиски искористени, би било пожелно да се воздржите од давање или барање пари на заем. Исто така, проверете дали сте ги платиле сите сметки и дали сте ги подмириле сите рати од кредитите. Постои можност да платите камата на заборавени сметки или хонорар за извршител.

Меѓутоа, ако парите ги дадете во кладилница, за игри на среќа или на коцка, тие нема да ви се вратат никогаш. А, постои и опасност да се задолжите кај сомнителни доверители. На љубовен план е можно да се соочите со проблеми во сексот со постојаниот партнер. А, некои од вас ќе побараат поголема сексуална возбуда преку експериментирањата во сексот, преку нестандардните начини на водење љубов, кај професионални сексуални работници. Во тој случај можно е да бидете откриени.

Вага

Ретроградниот Меркур би требало да донесе нестабилност во вашите партнерски односи, во периодот од 23-ти март до 15-ти април. Уште повеќе ако сте во брак и ако односите со брачниот партнер се веќе нарушени. Во тој случај, судирот на мислења меѓу вас и брачниот партнер е речиси неизбежен, како и проблемите поврзани со изборот на место за живеење, проблемите со родителите или проблеми предизвикани од конфликтот меѓу вашите родители и вашиот брачен партнер. Кој што кажал, кој што мислел, кој лажел, а кој е олицетворение на вистината, ќе бидат темите околу кои ќе ја водите вашата „војна на Роузови.“ Победник ќе биде оној кој ќе ги закачи боксерските ракавици на клинец и ќе чека до 15-ти април 2018 година, да помине бурата, што ја создаваат вознемирувачките вибрации на Меркур.

Ако пак планирате да стапите во брак, можно е вашите родители да се спротивстават на вашите планови или пак да се соочите со непланирани пречки. Посебно ако сте родени во втората декада на октомври. Исто така, пожелно е да внимавате како се однесувате на јавни места, со цел да ја избегнете осудата за јавно изречен збор или постапка. Ако сте во ортачки бизнис, би требало да отворите четири очи за да се поштедите од грешките или подметнувањата од страна на бизнис партнерот. Додека ако сте странка во судски спор ќе биде подобро да го презакажете рочиштето. Посебно ако сте родени во третата декада на септември.

Шкорпија

Во периодот од 23-ти март до 15-ти април 2018 година би можеле да се соочите со проблеми на работното место. Можно е да ви недостасува концентрација или да ви треба повеќе време за извршување на работните обврски. Ќе ви биде исклучително тешко да го контролирате својот темперамент и отровниот јазик. Додека, подбуцнувањата и ниските удари нема да ви бидат толерирани од страна на колегите. Она што ќе очекувате на професионален план веројатно нема да се оствари, што дополнително ќе ве фрустрира. Со цел да не дозволите ситуацијата да стане полоша отколку што реално е, би требало да се воздржите од групирања на работното место и од озборувања на колегите и претпоставените.

Потоа пожелно е да внимавате што потпишувате, кому и што испраќате, како возите, каде се паркирате.

Исто така, можно е вашиот однос со браќата, сестрите, роднините и соседите да стане искричав, тензичен и непријателски. Но, можно е да имате и здравствени проблеми поврзани со респираторниот систем.

Стрелец

Во периодот од 23-ти март до 15-ти април 2018 година веројатно ќе имате проблеми во љубовниот живот или со децата, заради парите или ќе имате зголемени трошоци заради партнерот и децата. Но, не е исклучена ниту можноста да доживеете генерациски судир во односите со вашите деца. Внимавајте што зборувате и како се однесувате кон нив, бидејќи можно е да кажете или направите работи кои никогаш нема да ви бидат заборавени. Што се однесува до вашите чувства, нема да бидете повредени ако не ги сфаќате работите премногу лично.

Што се однесува до парите, веројатно нема да постои начин да ги избегнете непланираните трошоци. Па, во тој случај уживајте што сте платежно способни. Меѓутоа, вината за финансиската загуба ќе биде ваша ако верувате дека можете да се збогатите преку кладилниците и коцкарниците. Ако пак вашата професија е поврзана со образованието, местата на забава, берзата или театарот, ќе мора да бидете исклучително внимателни во своите постапки и одлуки, со цел да излезете со помала загуба.

Јарец

Ретроградниот Меркур би можел да ги активира старите, неразрешени проблеми што ги имате во односите со членовите од вашето семејство, во периодот од 23-ти март до 15-ти април 2018 година. Притоа, вие ќе чувствувате револт кон неправдата што ви е направена од страна на другите членови на семејството, посебно од страна на родителите. Меѓутоа, повеќе нема да можете да молчите и да чекате проблемите да поминат сами од себе, додека вие ја држите „главата во песок“, туку  гласно ќе ги коментирате неправедните постапки на членовите на семејството, ќе бидете агресивни во комуникацијата, ќе си ги барате своите права, ќе го браните својот имот. Најпогодени со прашањата околу имотот ќе бидат родените во третата декада на декември. А, родените во втората декада на јануари веројатно ќе се караат со родителите поради партнерот или обратно.

Сепак, паметно е да не купувате, продавате или делите имот до 15-ти април. Бидејќи, постои опасност да не го добиете тоа на кое сте се надевале. А, и конфликтот со членовите на семејството полесно ќе се смири откако ќе умеете да разговарате со „студени глави“. Меѓутоа, непланираните трошоци за мајстори и поправките по дома тешко дека ќе можете да ги избегнете.

Водолија

Во периодот од 23-ти март до 15-ти април 2018 година би требало да бидете исклучително внимателни каде одите, со кого се дружите, што им кажувате на оние што ги сметате за блиски. Посебно на социјалните мрежи.

Тоа ќе биде начинот да се заштитите од манипулации и кражби. Но, ќе треба да бидете рестриктивни и со тоа што го кажувате пред браќата, сестрите и соседите, бидејќи нивните мотиви во комуникацијата со вас веројатно нема да бидат добронамерни. А, некои свесно ќе работат против вас. Имајте на ум дека она за што ќе се договорите со сестрите, браќата или соседите до 15-ти април ќе биде прекршено од нивна страна поради некоја причина. Истото важи и за договорите на професионален план. Затоа, почекајте да помине 15-ти април, па тогаш ставете го својот потпис на важните документи или договори.

Исто така би требало да покажете зголемено внимание како учесник во сообраќајот, со што ќе ги избегнете и евентуалните казни за сообраќајни прекршоци, за поправка на автомобилот и слично. Но, под влијанието на ретроградниот Меркур би можеле да имате и проблеми со компјутерот, телефонот или при полагањето на испитите.

Риби

Вие сте луѓе кои го сакаат удобниот живот и ги избегнуваат ситуациите кои создаваат немир и нервоза, бидејќи доволен ви е немирот кој постојано го чувствувате во себеси. Меѓутоа, во периодот од 23-ти март до 15-ти април 2018 година постои опасност вашиот мир да биде нарушен поради некои трошоци што не сте ги планирале ниту сте ги очекувале. А, истите ќе бидат предизвикани од страна на пријателите, од клубот или партијата во кои членувате. Но, непланираните трошоци би можеле да бидат резултат и на промената на вашите планови за иднината, на уплатата за пензиско и здравствено осигурување, на одржувањето богат социјален живот.

Имајте на ум дека некои пријатели ќе се однесуваат претерано агресивно и неправедно кон вас, некои ќе ве разочараат. Но сите, всушност, ќе го покажат само своето вистинско лице.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. 

С. М., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2025
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби