Говорот на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Зошто ги бакнуваме децата
Солзи сами капат
Пред да му кажеш Да
Цената на долгите нокти
Тоа што очајнички го посакуваме
Како научив физика
Зад секоја успешна жена
Корумпираната држава
Луѓе со кои не се дружиме
Глупавите луѓе
Нептун во Овен
Ако имаше Господ...
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
Знаците на патот
Кога не ни оди според планот
Силикони за мозок
Луѓенца
Струен удар од зборови
Времето е тест за љубовта
Споменар
Зошто китиме елка
Ако нема кој да ве прегрне
Браковите склучени во недела
Само еднаш се љуби?
Трагачи по возбуда
Важно е да ми чури оџачето
Глупава младина - неизвесна иднина
Денови на среќни околности
Се родив прерано, не те сретнав тебе
Кога умира душата?
Колку трае еден ден на секоја планета
Крадци
Светот е глобално ријалити шоу
Луѓето се како очи
Убавите круши...
Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде
Ретрограден Марс во Овен
Најголемата слабост на секој знак
Бони и Клајд
Несудената Фрида Кало
Јуни 2020 - Месец на две Еклипси
Сите бои на Виножитото
Љубов, Ах Љубов
Човекот наречен Надеж
Сатурн во Водолија
Ретрограден Меркур во Риби
Француски бакнеж
Годишен хороскоп за 2020 година
Ни претстои неочекувано среќен период
Во што се крие благословот
Ретрограден Меркур во Шкорпија
Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?
Венера во Вага - Време за Љубов
Млада Црна Месечина на 30 август 2019
Немаш ни благодарам
Ќе ја сретнеш својата судбина
Ни на Небо, ни на Земја
Затемнување на Месечината на 16 јули 2019
Не ја мати водата
Ретрограден Меркур во Лав И Рак
Талентот е Божји дар
Вера, Надеж и Љубов
Сиротата мала богаташка
Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019
Двете Марии
Скршеното огледалце
Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај
Министерот со шешир и темни очила за сонце
Ѕвезденото небо над светот во мај 2019
Љубовта е во воздухот
Нека го фрли првиот камен...
Сатурн коњукција Плутон
Ќерката на офицерот со ружи
Ретроградни планети - што ќе ни донесат?
Ѕвезденото небо над светот во април 2019
Кралот на Троседот
Оној што спасил живот
Ветената Земја
Ретрограден Меркур во Риби
Имаш лице какво што заслужуваш
Ѕвезденото небо над светот во декември
Женски Болести
Јами Мами од Мајами
Јупитер во Стрелец
Ѕвезденото небо над светот во ноември
Ако сте родени меѓу два хороскопски знака
Внимавај кого пушташ во својот живот
Пониското и повисокото ниво на секој знак
Ѕвезденото небо над светот во октомври
Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018
Ѕвезденото небо над светот во јули
Исправи се, Викторија!
Ретрограден Марс во Водолија
Ѕвезденото небо над светот во јуни
Уран во Бик
Ѕвезденото небо над светот во мај
Кирон во Овен
Ретрограден Меркур во Овен
Каков карактер - таква болест
Ѕвезденото небо над светот во март
Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари
Ѕвезденото небо над светот во февруари
Ѕвезденото небо над светот во јануари
Сатурн во Јарец
Небото над Македонија во декември
Марс влегува во Вага
Венера влегува во Вага
Јупитер влегува во Шкорпија
Која изрека е клучна за секој знак
ФБИ откри кои знаци се најопасни
Која е разликата меѓу знакот и подзнакот
Што му недостасува на секој знак
Марс влегува во Девица
Венера влегува во Лав
Доналд Трамп - Хилари Клинтон
Затемнување на Сонцето
Како ретроградниот меркур ќе влијае
Она што го напишав веќе се остварува
Ретрограден Меркур во Девица
Затемнување на Месечината
Случувањата во следните 15 години
Месечевите Мени и Ритамот на Природата
Деветте заповеди
Светската економска криза
Што е прецесија?
Дали Астрологијата е наука?
Соѕвездијата и знаците на Зодијакот
Астрологијата и магијата
Астрологијата и слободната волја
Дневен хороскоп
Астрологијата и геоцентричниот систем
|
Објавено на 04.04.2018 во 15:29
|
Ѕвезденото небо над светот во април
(Јарците најсреќни во љубовта, Стрелците во работата, Овните со парите) Заради тоа што „Се се движи и се се менува“, на небото во април не очекуваат неколку позначајни промени. Имено, Венера, планетата на љубовта, уметноста и земните задоволства, од 1-ви до 25-ти април 2018 година, ќе патува низ стабилниот Бик, со што хедонизмот и прашањата поврзани со љубовта повторно ќе добијат на цена. А, на 25-ти април, Венера ќе го продолжи својот танц низ ведрите и разиграни Близнаци, со што ќе отвори можност за површни љубовни односи и неверства. Сонцето пак ќе зачекори во хедонистички настроениот Бик на 20-ти април и ќе ги разбуди животните сокови кај луѓето кои биле успорени во текот на зимата. А, во периодот од 10-ти до 26-ти април, Сонцето ќе има блиска средба со непредвидливиот, но оригинален Уран. Тоа би требало да ги направи луѓето или полуцидни или понервозни од обично. Оние што се обидувале да најдат решение за некој проблем или вредно работеле во реализацијата на некоја своја смела идеја, би требало да дојдат до некое спасоносно решение и да постигнат успех. Оние пак што само чекале некој друг да им го подобри животот и да ги реши нивните проблеми, би требало да чувствуваат внатрешен немир, незадоволство и раздразливост. Во текот на целиот месец април, Марс, планетата на акцијата и агресијата, ќе продолжи егзалтирано да маршира низ амбициозниот Јарец. Тоа ќе ја потенцира честољубивоста меѓу луѓето, свеста за должноста и одговорноста, доследноста и самодисциплината. Најголема ќе биде љубовта кон позициите што значат некаква моќ. И ова би било добар миг за преземање на крупни и сериозни обврски поврзани со иднината. Меѓутоа, бидејќи Марс, до 10 април ќе биде во иста линија со бескомпромисниот Сатурн, желбата ќе постои, но шансите за акција би можеле да бидат блокирани и да предизвикаат фрустрации кај луѓето. Тогаш на површина ќе излезат негативните особини на луѓето, како што се користољубивоста, бескрупулозноста, пресметаноста, материјализмот, потценувачкиот однос кон другите и подготвеноста да се гази по туѓите трупови само да се оствари лукративната цел. Доминацијата на овие негативни особини ќе и пркосат на вистината и на желбата да се преземат акции во име на општото добро. Тоа ќе предизвика пад на општествената енергијата, која ќе биде дополнително ослабена и од ретроградното движење на Меркур, планетата на комуникациите, до 15-ти април. Целата оваа агресивна планетарна констелација меѓу Марс, Сатурн и ретроградниот Меркур би можела да ги потенцира недоразбирања меѓу луѓето, да поттикне проблеми во проценката на ситуациите и луѓето, да ја зголеми можноста за склучување на погрешни договори, од лаги и измами. Да испровоцира проблеми во сите активности поврзани со говорот, пишувањето, учењето како што е на пример законот за јазиците, скандалот со печатењето несоодветни книги со народни пари и слично. Како резултат на овие неповолни вибрации меѓу Марс и Сатурн во Јарец, наспроти контрадикторните вибрации на ретроградниот Меркур, до 15-ти април постои опасност и да се зголеми бројот на вербални и физички напади меѓу луѓето, бројот на сообраќајни несреќи и прекршоци, стапката на криминалот. Додека, на личен план, попогодени би требало да бидат мажите. Кај нив би можеле да се зголемат проблемите со потенцијата и со репродуктивното здравје. Затоа пак, од 10-ти до 26-ти април, блискиот контакт меѓу самосвесното Сонце со Уран, кој ги носи идеите од иднината, можно е да предизвика неочекувано да се дојде до креативни решенија за актуелните проблеми во државата и во животите на луѓето, кои ќе го носат духот на иднината. Какво ќе биде влијанието на останатите планети Како што веќе знаете, Јупитер и понатаму ќе се обидува да ги шири своите оптимистички вибрации во Шкорпија, до ноември 2018 година. Но, заради неговиот ретрограден од, во периодот од 9-ти март до 10-ти јули 2018, неговото поттикнувачко и позитивно влијание ќе биде намалено, блокирано или претворено во својот опозит. Стагнацијата во реализацијата на своите планови во месец април, најмногу ќе ја почувствуваат Шкорпиите родени во периодот од 12-ти до 15-ти ноември. Сатурн, мудриот и непоткуплив учител, ќе не искушува сите нас до крајот на март 2020 година. Но, во април 2018, неговите награди и казни најмногу ќе ги чувствуваат Јарците родени на 31-ви декември. Потоа, Овните родени на 30-ти март. Раковите родени на 2-ри јули. Како и Вагите родени на 3-ти октомври. Казните ќе ги почувствуваат оние кои се мрзеливи, оние кои се огрешиле од законот, оние кои немаат изградено правилен став кон авторитетите, оние кои се занимаваат со политика и оние кои водат нездрав живот или се оддадени на пороци. Инаку, Сатурн ќе го започне својот ретрограден од во Јарец на 17-ти април и тоа ќе потрае до 6-ти септември 2018 година. Под влијанието на непредвидливиот Уран, Овните кои се родени на 18-ти, 19-ти и 20-ти април, ги очекуваат непланирани промени во животот. А, можен е и успех во кариерата. Нептун на Рибите родени на 6-ти март ќе им подари харизматичност, креативност, но и конфузни мисли. Додека Плутон на родените на 12-ти јануари ќе им го дрма тлото под нозете, со цел да ги натера да го сменат досегашниот начин на живот и да скокнат скалило погоре на еволутивен план. И Плутон ќе тргне во ретроградно движење, и тоа на 22-ри април. А, тоа ќе потрае до 30-ти септември 2018 година. Планетарната конфигурација во април за секој знак Начин на читање: Вашата ситуација најточно ќе ја опишува текстот што одговара на вашиот подзнак. Потоа можете да ги проширите сознанијата со текстот што одговара на вашиот знак. Доколку не си го знаете подзнакот, Асцендентот, направете го бесплатниот примерок на вашата Натална Карта на оваа страна. Овен Родените во третата декада на март да внимаваат што зборуваат и како се донесуваат на јавни места со цел да си го сочуваат угледот и образот. Во спротивно, заради својата агресивност, заради долгиот јазик, заради трапавост, брзање или заборавност, би можеле да имаат проблеми на професионален план. Посебно до 15-ти април. Затоа пак родените на 18-ти, 19-ти и 20-ти април, би можеле да постигнат успех во она во кое го имаат вложено своето време и труд. Но, ако очекувале нешто да добијат, но не презеле ништо посакуваното да се оствари, тогаш би можеле да станат, нестрпливи, незадоволни, непресметливи. Како и да е, поволните аспекти на Венера со Марс и Плутон, во периодот од 2-ри до 22-ри април ќе ви ги отворат сите шанси да откриете начин за поголема заработка. По 25-ти април можете да ги планирате патувањата и потпишувањето нови договори. A, на некое патување постои можност за љубовна авантура со некој Лав или Стрелец. Бик Вие ќе бидете еден од најсреќните знаци во љубовта, во месец април. Така, во првите десетина дена на април ќе постои можност да го обновите контактот со некоја стара љубов или пак да ги расчистите љубовните стеги што ве ограничуваа во минатото. Посебно ако сте родени во последната декада на април. Додека во периодот од 2-ри до 20-ти април, поддржани од поволните вибрации меѓу Венера, Марс и Плутон, вие ќе имате мирно море на љубовен план. Ќе живеете живот исполнет со убави настани и изразување на љубовни чувства. Ќе уживате во убавата храна, во забавата и патувањата. Ако не сте во врска, неколкукратно ќе ви се зголемат шансите да запознаете некој Јарец или Девица. Посебно ако отпатувате некаде во периодот од 2-ри до 20-ти април. Професионално, за позначајните одлуки чекајте да помине 15-ти април. Она што ќе ви се чини нерешливо до 10-ти април, би можело да се реши во периодот од 10-ти до 26-ти април. Најмногу успех ќе имаат Биковите студенти, адвокати, професори, уметници, дипломати, туристички работници, сите оние што работат со странство и странци. Близнаци Во месец април, најмногу среќа ќе имате со парите. Додека до средината на април ќе треба да бидете внимателни во комуникацијата со пријателите, бидејќи некои ваши зборови, отидени на место каде што не треба, би можеле многу да ве здоболат. А, пријателите ќе го имаат почесното место на тронот на предавниците. Исто така, можни се проблематични ситуации поврзани со фондот за пензиско и здравствено осигурување. Што се однесува до парите, од 2-ри до 20-ти април хармоничниот танц на Венера со Марс и Плутон, би можел да ви донесе шанса за убава заработка од некои таинствени извори или активности. А, би можеле да имате голем успех и преку инвестиции, кредити, заеми, осигурувања. Можно е да вратите некој долг или да добиете подарок што не сте го очекувале. Посебно во периодот од 10-ти до 26-ти април. По 25-ти април на повеќе профит би можеле да се надеваат Близнаците чија што професија е поврзана со комуникациите, транспортот, образованието, трговијата. Посебно онлајн. Од 2-ри до 20-ти април постои голема можност поради силната сексуална привлечност кон некој Јарец или Бик да влезете во таинствена врска или да обновите некоја стара љубовна приказна. Но, по 25-ти април тајните ќе станат јавно познати. Рак До 10-ти април би требало да внимавате со документацијата на работното место. Отворете четири очи кога нешто некому испраќате, потпишувате, ветувате. Така би ги спречиле евентуалните пропусти и грешки поради невнимание или брзање. Потоа, до 15-ти април ќе мора да тренирате трпение и да не влегувате во конфликт и докажување со претпоставените, бидејќи дебелиот крај ќе го извлечете вие. Затоа пак, во периодот од 2-ри до 20-ти април пријателите би можеле да ви помогнат во решавањето на некој приватен или професионален проблем. Додека од 10-ти до 26-ти април би можеле да дојдете до некоја невообичаена идеја за постигнување на успех во кариерата. На љубовен план, ако сте во брак, веќе извесен период минувате низ заладување на односите со партнерот. Но, тоа не е пречка да доживеете среќни мигови преку вашите деца кои можеби ќе одлучат да стапат во брак или да станат родители. А, можно е и повторно да се вљубите. Ако сте помлади, постои голема веројатност да запознаете интересна личност, Шкорпија или Бик, преку пријателите, во периодот од 2-ри до 20-ти април. Лав До 10-ти април би требало од збор до збор да го почитувате законот во извршувањето на работните задачи. А, ако сте во судски спор, да ги презакажете рочиштата. До 15-ти април е пожелно да направите контрола на вашата здравствена состојба и строго да се придржувате до советите на вашиот лекар. Од 10-ти до 26-ти април би можеле да најдете неочекувано решение за вашите проблеми поврзани со кариерата, патувањата во странство, соработката со странци и парите, ако сте повозрасни. Ако сте помлади, спасоносното решение ќе дојде на план полагање испити и учење. Во периодот од 2-ри до 20-ти април, хармоничните вибрации меѓу Венера, Марс и Плутон би можеле да ги зголемат шансите за љубовни моменти со личност со која професионално соработувате или со личност со развиени морални и духовни квалитети. Посебно ако често патувате, вие или другата личност. Додека помладите Лавови веројатно ќе се вљубат во некој Овен, Бик или Шкорпија, со кого посетуваат исти предавања. А, по 25-ти април, ветропирестата Венера во Близнаци би можела да ви донесе ново познанство преку пријателите. Девица До 15-ти април би требало да бидете внимателни со парите, да ги плаќате редовно ратите од кредитите, да ги вратите заемите, да не позајмувате пари, финансиски да не ги покривате хировите на партнерот или децата. Така ќе се поштедите од дополнителните стресови предизвикани од непланираните трошоци заради плаќање камата, извршител и слично. Во периодот од 10-ти до 26-ти април би требало да најдете несекојдневен начин да се ослободите од финансиските обврски или дури да заработите пари. А, доколку вашата професија е поврзана со креативната работа, образованието или ноќниот живот, во периодот од 2-ри до 20-ти април би можеле да добиете работа во странство, да соработувате со странци или да патувате заради работата. На план љубов, Девиците кои се во брак веќе подолг период се оптоваруваат со размислувањето за некоја своја љубов од минатото, се караат со партнерот заради децата или се соочуваат со губење на интересот за партнерот. И тоа така и ќе продолжи. Слободните Девици по дух, во периодот до 15-ти април би можеле да се соочат со проблеми на сексуален план или да добијат сексуално пренослива болест заради невнимание. Затоа пак во периодот од 2-ри до 20-ти април ќе си ги зголемите шансите за уживање во љубовта ако заминете на пат. А, по 25-ти април, љубовта ќе ви се насмевнува на работното место. Вага Доаѓаат тешки денови за Вагите со јавни професии, за Вагите судии, адвокати и за оние кои се во ортачки бизниси. Голема е веројатноста некои бизнис партнерства да се распаднат заради неискрениот однос на другата страна. Па, дури и да завршат на суд. За да не дојде до тоа, внимавајте со кого, каде и што зборувате, правите и потпишувате до 15-ти април. Посебно ако сте родени во третата декада на септември и во втората декада на октомври. Но, ако вашата професија е поврзана со банкарството, медицината, градежништвото или со туѓите спонзорства, во периодот од 2-ри до 20-ти април би можеле да остварите екстра профит. На љубовен план, веќе некое време Вагите кои се во брак се соочуваат со проблеми поврзани со изборот на местото на живеење, со проблеми во домот и меѓу членовите на семејството, со нерешени прашања поврзани со недвижниот имот. Овие проблеми би можеле да ескалираат во периодот до 15-ти април. Па, дури и да ве донесат пред лицето на судот. Но, би можел да страда и вашиот брачен живот. Посебно ако сте родени во периодите од 27-ми септември до 6-ти октомври и на 21-ви, 22-ри и 23-ти октомври. Меѓутоа, во периодот од 10-ти до 26-ти април би можеле да дојдете до спасоносни решенија за вашите проблеми. Шкорпија Ако е возможно, би било најдобро да ја преспиете првата половина од април и на работа да дојдете по 15-ти во месецот. Така ќе се поштедите од озборувањата, разните табори, од опасноста да направите некоја грешка со документацијата поради невнимание, грешка при праќањето писма, пратки и слично. Затоа пак ако имате јавна професија, ако работите во трговијата, транспортот, телекомуникациите, судовите и уметноста, во периодот од 2-ри до 20-ти април би можеле да имате многу успешен период на професионален план. Па, дури и да покажете креативен пристап во работењето или да дојдете до неочекувани, оригинални решенија. На љубовен план, Шкорпиите кои се во брак би требало да пловат во помирни води и да му се препуштат на хедонизмот. Додека многу Шкорпии кои се во врска, токму во периодот од 2-ри до 20-ти април или ќе одлучат да стапат во брак или ќе прават свадби. А, слободните Шкорпии би можеле да се вљубат во личност што ќе ја запознаат на некое патување. Вашиот сексуален живот нагло ќе се подобри по 25-ти април. Стрелец Веќе извесен период се соочувате со финансиски проблеми поради погрешни инвестиции. А, минатиот месец постоеше опасност и за непланирани трошоци. Затоа пак, во периодот од 2-ри до 20-ти април хармоничните вибрации меѓу Венера, Марс и Плутон ќе ви ги зголемат шансите за подобрување на соработката со колешките и за подобрување на меѓучовечките односи на работното место. Но, ќе се појави и некаква шанса да ја подобрите својата финансиска состојба. А, опуштената работна атмосфера и соработката со многу жени ќе ги зголеми и шансите за љубовни случувања со личност со која професионално соработувате. Затоа пак, ако сте во брак, до 15-ти април би требало да го контролирате својот речник пред партнерот, со цел да се поштедите од кавги. А, ако сте родители, до 15-ти април е можно да имате проблеми и недоразбирања со децата, поради што би можеле да се нарушат и вашите односи во бракот. Меѓутоа, од 15-ти до 26-ти април би можеле да дојдете до некое спасоносно решение за проблемите. А, по 25-ти април би требало да се стабилизираат и вашите односи со партнерот. Многу слободни Стрелци тогаш ќе донесат одлука да стапат во брак. Јарец Веќе извесен период се наоѓате во фаза на трансформација на вашата личност, на вашите ставови, на вашиот досегашен живот. На моменти се чувствувате онеправдани, ограничени во делувањето, бесни на тие што ве искористија, предадоа, повредија. Минатиот месец најмногу конфликти требаше да имате со членовите на семејството. И во првите 15 дена од месец април проблемите во домот, со членовите на семејството и имотот ќе продолжат. Но, вие не смеете да реагирате импулсивно и да влегувате во кавги и во докажување на вистината. Вистината сама ќе излезе на виделина на некој чуден и непредвидлив начин во периодот од 15-ти до 26-ти април и ќе предизвика промена на ситуацијата и на распоредот на силите во ваша корист. На љубовен план, вие ќе бидете еден од најсреќните знаци во април. Така, во периодот од 2-ри до 20-ти април Венера, Марс и Плутон ќе ги вложат сите свои сили да ги зголемат шансите да сретнете сродна душа и повторно да се вљубите. Многу жени Јарци токму во овој период ќе останат бремени или ќе станат мајки. А, повозрасните Јарци ќе се радуваат на убавите случувања во животите на нивните деца и внуци. По 25-ти април вашето внимание би можеле да го привлечат случувањата на работното место или ќе ве здрма средбата со една личност запознаена преку работата. Водолија Ако сте во можност, би било пожелно да ги одложите подолгите патувања до 15-ти април и да бидете повнимателни во сообраќајот. Исто така, внимавајте што зборувате и како се однесувате кон роднините и соседите. Бидејќи, постои опасност неправедно да ги обвините или навредите, а отпосле да дознаете дека не сте биле во право. Посебно откако во периодот од 15-ти до 26-ти април ќе ја дознаете вистината или некои параметри во животите на вашите роднини и соседи ќе се сменат и вие ќе загубите поради тоа. Професионално, до 15-ти април Водолиите трговци, транспортери, наставници, ученици, писатели, вработени во бизнисот со телекомуникации или во ИТ секторот, би можеле да направат грешки од невнимание во испраќањето документи, во преведувањето, во оценката на ситуацијата. Затоа пак, Водолиите кои работат во градежништвото и агенциите за домување, како и Водолиите кои планираат да се селат или да купат стан или друг недвижен имот, би можеле да имаат плоден период од 2-ри до 20-ти април. Љубовниот живот ќе добие нов импулс по 25-ти април. Риби Парите ќе бидат вашата Ахилова петица до 15-ти април. Затоа, со цел да ги превенирате проблемите, пожелно би било да се воздржите од непотребни трошоци, од непроверени инвестиции, од финансиски трансакции. Затоа пак од 15-ти до 26-ти април би можеле да се случат некои непредвидливи настани кои ќе ви донесат шанса да ја подобрите вашата финансиска состојба преку некои необични или нестандардни начини на заработка. Професионално, тимската работа би можела да ви донесе успех во политиката, спортот, трговијата, транспортот, туризмот, образованието, во периодот од 2-ри до 22-ри април. Додека по 25-ти април повеќе среќа во работата ќе имаат Рибите што работат во градежниот сектор, во агенциите за домување, како и оние кои работат на внатрешното уредување на просторот за живеење. Бесплатниот примерок на вашата Натална Карта можете да го направите на оваа страна Споредбениот Хороскоп на оваа страна Додека повеќе содржини со астролошка тематика ќе можете да најдете на оваа страна
 Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.
“ |
Од секогаш сакав да си одговорам на моите големи, длабоки прашања. После средбата со вас и читањето на мојата натална карта сите одговори си дојдоа на своето место... Наталната карта ме разбуди, упати да тргнам по правата патека од мојот живот. ” Р.Б., Штип |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|