Говорот на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Зошто ги бакнуваме децата
Солзи сами капат
Пред да му кажеш Да
Цената на долгите нокти
Тоа што очајнички го посакуваме
Како научив физика
Зад секоја успешна жена
Корумпираната држава
Луѓе со кои не се дружиме
Глупавите луѓе
Нептун во Овен
Ако имаше Господ...
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
Знаците на патот
Кога не ни оди според планот
Силикони за мозок
Луѓенца
Струен удар од зборови
Времето е тест за љубовта
Споменар
Зошто китиме елка
Ако нема кој да ве прегрне
Браковите склучени во недела
Само еднаш се љуби?
Трагачи по возбуда
Важно е да ми чури оџачето
Глупава младина - неизвесна иднина
Денови на среќни околности
Се родив прерано, не те сретнав тебе
Кога умира душата?
Колку трае еден ден на секоја планета
Крадци
Светот е глобално ријалити шоу
Луѓето се како очи
Убавите круши...
Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде
Ретрограден Марс во Овен
Најголемата слабост на секој знак
Бони и Клајд
Несудената Фрида Кало
Јуни 2020 - Месец на две Еклипси
Сите бои на Виножитото
Љубов, Ах Љубов
Човекот наречен Надеж
Сатурн во Водолија
Ретрограден Меркур во Риби
Француски бакнеж
Годишен хороскоп за 2020 година
Ни претстои неочекувано среќен период
Во што се крие благословот
Ретрограден Меркур во Шкорпија
Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?
Венера во Вага - Време за Љубов
Млада Црна Месечина на 30 август 2019
Немаш ни благодарам
Ќе ја сретнеш својата судбина
Ни на Небо, ни на Земја
Затемнување на Месечината на 16 јули 2019
Не ја мати водата
Ретрограден Меркур во Лав И Рак
Талентот е Божји дар
Вера, Надеж и Љубов
Сиротата мала богаташка
Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019
Двете Марии
Скршеното огледалце
Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај
Министерот со шешир и темни очила за сонце
Ѕвезденото небо над светот во мај 2019
Љубовта е во воздухот
Нека го фрли првиот камен...
Сатурн коњукција Плутон
Ќерката на офицерот со ружи
Ѕвезденото небо над светот во април 2019
Кралот на Троседот
Оној што спасил живот
Ветената Земја
Ретрограден Меркур во Риби
Имаш лице какво што заслужуваш
Ѕвезденото небо над светот во декември
Женски Болести
Јами Мами од Мајами
Јупитер во Стрелец
Ѕвезденото небо над светот во ноември
Ако сте родени меѓу два хороскопски знака
Внимавај кого пушташ во својот живот
Пониското и повисокото ниво на секој знак
Ѕвезденото небо над светот во октомври
Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018
Ѕвезденото небо над светот во јули
Исправи се, Викторија!
Ретрограден Марс во Водолија
Ѕвезденото небо над светот во јуни
Уран во Бик
Ѕвезденото небо над светот во мај
Кирон во Овен
Ѕвезденото небо над светот во април
Ретрограден Меркур во Овен
Каков карактер - таква болест
Ѕвезденото небо над светот во март
Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари
Ѕвезденото небо над светот во февруари
Ѕвезденото небо над светот во јануари
Сатурн во Јарец
Небото над Македонија во декември
Марс влегува во Вага
Венера влегува во Вага
Јупитер влегува во Шкорпија
Која изрека е клучна за секој знак
ФБИ откри кои знаци се најопасни
Која е разликата меѓу знакот и подзнакот
Што му недостасува на секој знак
Марс влегува во Девица
Венера влегува во Лав
Доналд Трамп - Хилари Клинтон
Затемнување на Сонцето
Како ретроградниот меркур ќе влијае
Она што го напишав веќе се остварува
Ретрограден Меркур во Девица
Затемнување на Месечината
Случувањата во следните 15 години
Месечевите Мени и Ритамот на Природата
Деветте заповеди
Светската економска криза
Што е прецесија?
Дали Астрологијата е наука?
Соѕвездијата и знаците на Зодијакот
Астрологијата и магијата
Астрологијата и слободната волја
Дневен хороскоп
Астрологијата и геоцентричниот систем
|
Објавено на 06.04.2019 во 05:11
|
Ретроградни планети - што ќе ни донесат?
(Средба со старите љубови, време за наплата на старите долгови, будење на старите сеќавања, време на искушенија и промени) Кои планети ќе бидат ретроградни и кога?Кон крајот на овој месец, април 2019 година, дури три планети ќе тргнат во ретрограден од (привидно ќе се движат наназад) и тоа: Јупитер (од 10-ти април до 11-ти август 2019), Плутон (од 24-ти април до 3-ти октомври 2019) и Сатурн (од 29-ти април до 18-ти ноември 2019). На 21-ви јуни на ова планетарно јато ќе му се придружи и Нептун, кој ќе биде ретрограден до 27-ми ноември. Додека на 11-ти август Јупитер ќе тргне во директен од, а Уран ќе започне да се движи наназад се до 11-ти јануари 2020. Што значи кога планетите се ретроградни?Во суштина, секоја ретроградна планета е некој наш неположен испит од минатото кој ќе ни се врати и ќе не принуди повторно да поработиме на него во сегашноста. Бидејќи, нема ниту збор, а камоли постапка без ехо во вечноста, како што вели Питагора. Ретроградните планети, посебно кога се повеќе на број, како што ќе биде во следните пет месеци, обично укажуваат на тоа дека, сакале ние или не, ќе бидеме принудени повторно да се сретнеме со извесни личности со кои имаме незавршени кармички задачи, во овој или во некој од нашите минати животи. А, сето тоа се случува со цел да ги измириме кармичките долгови, да ја научиме лекцијата и да ја затвориме комуникацијата, на овој или на оној начин. Притоа, секогаш се работи за односи кои се кармички и незавршени. Дали влијанието на ретроградните планети е позитивно или негативно?Иако не постои правило според кое ретроградните планети се предодредени да носат негативни искуства, во пракса работите најчесто се одвиваат во тој правец. Има малку примери кога повторните средби со личностите со кои имаме направено кармички долгови завршуваат среќно и весело. Дали и што би требало да научиме во овој период и дали ќе имаме кармички средби со извесни луѓе или пак можеби кармата на нашата актуелна врска е доволно созреана, па ќе се соочиме со искушенија во истата, тоа може да ни го открие само нашата Натална Карта. Генерално кажано, ретроградниот Јупитер во Стрелец би можел, на родените во овој знак или со овој подзнак, да им донесе повторна средба со личност што веќе ја познаваат, а живее во странство или ја запознале на патување. Оваа личност би требало да биде духовно или материјално богата, добро образована и интелигентна. А средбата би можела да прерасне во љубов или омраза. Но, можно е и враќање на некои незавршени законски спорови или проблеми со престојот во странство, повторно патување на некое место на кое тие биле во минатото и оставиле незавршени обврски, повторно учење на ненаученото. Ретроградниот Сатурн во Јарец би требало, на родените во овој знак или со овој подзнак, да им донесе средба со некоја личност со која не ја затвориле комуникацијата, од овој или од некој минат живот. Таа личност би требало да биде нивен некогашен непријател со кој сега би требало да ги измират сметките. Ретроградниот Плутон најчесто предизвикува фатални љубови, сериозни непријателства, опасности, проклетства, деструктивни пориви, црномагијски напади. Затоа, треба добро да провериме кого пуштаме во својот живот. Да резимираме, ретроградните планети на небото обично навестуваат денови на искушенија за нас, кои живееме на Земјата. Но, што е животот ако не една непрегледна низа од искушенија и наша борба за нивно надминување? Затоа, сега кога однапред сме запознаени со потенцијалните опасности, можеме подготвено да ги дочекаме настаните. Со тоа ни се зголемуваат шансите да донесеме добри одлуки и да направиме паметни потези. Па, ни се зголемуваат и шансите да го положиме тестот на кој ќе не изложат искушенијата. Наградата пак за положениот тест се манифестира во вид на раст и развој на нашата свест. Па, зарем тоа не е единствената цел поради која сме се родиле на оваа планета, драги мои?
 Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Рибите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.
“ |
Вистината што извираше од првите страници на мојата натална карта ме скамени. Цела недела ми беше страв да продолжам со читањето. Сепак, љубопитноста победи. Имав што да научам за себеси. ” Борис П., Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|