In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Зошто ги бакнуваме децата

Солзи сами капат

Пред да му кажеш Да

Цената на долгите нокти

Тоа што очајнички го посакуваме

Како научив физика

Зад секоја успешна жена

Корумпираната држава

Луѓе со кои не се дружиме

Глупавите луѓе

Нептун во Овен

Ако имаше Господ...

Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Знаците на патот

Кога не ни оди според планот

Силикони за мозок

Луѓенца

Струен удар од зборови

Времето е тест за љубовта

Споменар

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Браковите склучени во недела

Само еднаш се љуби?

Трагачи по возбуда

Важно е да ми чури оџачето

Глупава младина - неизвесна иднина

Денови на среќни околности

Се родив прерано, не те сретнав тебе

Кога умира душата?

Колку трае еден ден на секоја планета

Крадци

Светот е глобално ријалити шоу

Луѓето се како очи

Убавите круши...

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Ретрограден Меркур во Риби

Имаш лице какво што заслужуваш

Ѕвезденото небо над светот во декември

Женски Болести

Јами Мами од Мајами

Јупитер во Стрелец

Ѕвезденото небо над светот во ноември

Ако сте родени меѓу два хороскопски знака

Внимавај кого пушташ во својот живот

Пониското и повисокото ниво на секој знак

Ѕвезденото небо над светот во октомври

Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018

Ѕвезденото небо над светот во јули

Исправи се, Викторија!

Ретрограден Марс во Водолија

Ѕвезденото небо над светот во јуни

Уран во Бик

Ѕвезденото небо над светот во мај

Кирон во Овен

Ѕвезденото небо над светот во април

Ретрограден Меркур во Овен

Каков карактер - таква болест

Ѕвезденото небо над светот во март

Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари

Ѕвезденото небо над светот во февруари

Ѕвезденото небо над светот во јануари

Сатурн во Јарец

Небото над Македонија во декември

Марс влегува во Вага

Венера влегува во Вага

Јупитер влегува во Шкорпија

Која изрека е клучна за секој знак

ФБИ откри кои знаци се најопасни

Која е разликата меѓу знакот и подзнакот

Што му недостасува на секој знак

Марс влегува во Девица

Венера влегува во Лав

Доналд Трамп - Хилари Клинтон

Затемнување на Сонцето

Како ретроградниот меркур ќе влијае

Она што го напишав веќе се остварува

Ретрограден Меркур во Девица

Затемнување на Месечината

Случувањата во следните 15 години

Месечевите Мени и Ритамот на Природата

Деветте заповеди

Светската економска криза

Што е прецесија?

Дали Астрологијата е наука?

Соѕвездијата и знаците на Зодијакот

Астрологијата и магијата

Астрологијата и слободната волја

Дневен хороскоп

Астрологијата и геоцентричниот систем

Ќерката на офицерот со ружи

 
Објавено на 22.11.2017

Ќерката на офицерот со ружи
 

(Вистинска приказна од мојата пракса)

 

Секогаш кога ќе се сетам на Весна, ми текнува на една мисла на познатиот писател Оскар Вајлд. Тој отприлика вели вака:

„Децата почнуваат со љубов кон родителите. По извесно време им судат. Но, речиси никогаш не им простуваат.“

Оваа жална, но точна констатација на големиот писател ја потврди и животната приказна на Весна.

Ја запознав кога таа имаше 33 години и работеше како професорка по историја. „Сега имам исто години како Исус и Александар Македонски кога умреле“, велеше таа смеејќи се на цел глас и интересирајќи се дали и за неа триесет и третата година од животот ќе биде пресудна.

„Пресудна за што конкретно Весна?“ ја прашував јас со подигната веѓа, како божем не ми текнува дека мисли на мажачка. Меѓутоа, нејзината Натална Карта не покажуваше таква можност во догледно време. Всушност, се додека не ги надмине негативните страни на нејзиниот карактер со кои, несвесно, самата си ја саботираше својата љубовна среќа.

Нејзината Натална Карта покажуваше дека е родена во семејство во кое војската и оружјето биле секојдневие и начин на живот. Нејзиниот татко беше претставен како човек кавалер, со мека и поетска душа. Додека мајката беше претставена како пасивно-агресивна личност ориентирана кон својата цел. Таа беше цврстата тупаница удрена врз маса, во нивниот дом. И токму поради ваквиот несоодветен распоред на силите и поради немањето доволно љубов и поддршка во време на растењето и созревањето, Весна потенцијално требаше да има проблеми да се реализира на љубовен план. Почнувајќи од изборот на партнерите, преку нивниот однос кон неа, до неможноста врските да ги претвори во брак.

Кога почнав да и раскажувам за нејзиниот однос со родителите и како тоа би се одразило на нејзиниот живот, таа војнички отсечно ме прекина велејќи: „Се друго е точно. И тоа дека дедо ми бил партизан. И тоа дека татко ми е воено лице. И тоа дека избегавме од виорот на братоубиствената војна во Босна. Но, не е точно дека не сум добила доволно љубов од родителите. На татко ми му бев галениче. Каде и да одеше се враќаше со букет ружи и за мене и за мајка ми.“

„Па, јас не реков дека татко ти не ти дал љубов. Напротив. Реков дека бил премногу мек и отсутен од дома. А, што е со мајка ти?“

„И мајка ми ме сакаше. Таа беше жртва“ продолжи Весна.

Гледајќи дека таа нема реална слика за своите родители, а не можејќи и не смеејќи да и го менувам мислењето, бидејќи тоа е личен и интимен процес на согледување на вистината, само ја прашав:

„Добро Весна. Иако ѕвездите обично не грешат, да речеме дека во твојот случај ги помешале лончињата. Меѓутоа, дали си среќна во љубовта?“

Ме погледна како животно фатено во стапица, со погледот шеташе лево-десно како да бара излез, и кога не го најде го поткрена крајот на горната усна во вид на насмевка и како некој кој се помирил со судбината ми рече: „Не. Затоа сум тука. Имам супер работа, имам и стан и кола, но никако не можам да си најдам дечко за стална врска, а камоли за брак. Или се некои чудаци, или пијат или некаде ги снемува, па се враќаат или се оженети.“

„А, дали не мислиш дека избираш мажи кои наликуваат на татко ти? Те сакаат, ама често не се покрај тебе. Додека ти го толерираш тоа, бидејќи ти е страв да не бидеш напуштена?“ ја прашав јас надевајќи се дека мојата констатација ќе предизвика Еурека момент во умот на Весна. Меѓутоа, ништо. Таа беше категорична во тврдењето дека со неа е се во ред, дека секое дете би посакало родители како што се нејзините, ама се уште не се појавил вистински маж за неа. Дури сметаше дека е научена на многу љубов и внимание од страна на родителите, што сега премногу бара и од мажите.

Свесна дека, колку и да се трудам, не можам да му помогнам некому кој не сака да си помогне себеси, разговорот го завршив со заклучокот:

„Можеби не сум во твојот ум и душа, но од искуство знам дека децата кои се чувствувале сакани, прифатени и ценети во периодот на детството не само што помалку се разболуваат и побрзо напредуваат на сите полиња од животот, туку немаат ниту проблем да остварат квалитетен љубовен живот, како возрасни.“

Поминаа пет-шест години од овој наш разговор кога Весна повторно се појави кај мене да ја апдејтирам, како што самата се изрази. Веќе беше во доцните триесетти години и сакаше да дознае дали врската во која се наоѓаше беше таа вистинската што ќе ја однесе пред олтарот. По кусо разгледување на нејзината Натална Карта и податоците што ми ги даде за нејзиниот партнер, сфатив дека ни оваа врска нема иднина, бидејќи човекот не беше соодветен материјал за квалитетен брачен партнер. Кога ја соочив со тој податок, таа само одмавна со раката и рече:

„Знам дека ќе биде тешко, женет е, има и деца. Но, многу е забавен и многу ми е секси во неговата униформа.“

Тогаш ми стана јасно дека е доволно мажот да носи униформа за тоа да направи магија во нејзината глава и да му даде аура каква што тој не поседува.

„Знаеш, треба да ти признаам една работа“, продолжи таа. „Како созревам, да не речам стареам, така ги гледам моите родители со поинакви очи. Точно е дека мајка ми беше жртва за другите, како што ти кажував, но студена и крута кон нас, домашните. А, татко ми навистина беше мил и нежен, но ме нервираше бидејќи никогаш не им се спротивставуваше на хировите на мајка ми. Секогаш, се беше по нејзино. Тоа порано го сметав за нормално. Мислев дека така е кај сите. Ама гледаш, сега сум свесна за тоа и верувам дека успевам да не му дозволам на нивното влијание да ми се меша во животот.“

Седум-осум години по овој разговор, Весна повторно се појави кај мене. Личеше непрепознатливо. Видно здебелена, со уморен израз и куса коса без сјај, која безживотно и висеше околу лицето како купче сено. Мојот поглед веројатно откриваше повеќе од илјада зборови, бидејќи не изустив ниту буква, а таа ми одговори на прашањата што ми се мотаа низ глава.

„Се прашуваш што ми се случило? Ми се случи тоа што беше неопходно за да прогледам.“

„Немој толку да се жалиш, твојата Натална Карта покажува дека во изминатиов период си имала минимум две шанси за брак, меѓу другите убави нешта поврзани со кариерата“ се обидов јас да ја свртам работата на шега.

„Сум имала, ама дали сум ги искористила? Осум години од животот му подарив на тој, оженетиот. И на крајот што? Тој си е се уште во брак, децата му пораснаа. А, јас се гребам за остатоците од неговата љубов, бидејќи се плашам дека ако го оставам нема да најдам друг.“

„Секогаш ќе најдеш друг. Само треба прво да го сакаш тоа“ се обидов да ја окуражам, но тоа навистина и го мислев. Како да не ме слуша, Весна продолжи во истиот тон:

„Мајка ми е крива за се. Имаше убав збор за секого. Помагаше и на шуто и на рогато. Од наша уста делеше за да им даде на нејзините браќа и сестри кои помалку имаа од нас. Но, никогаш не ми кажала убав збор. Секогаш имаше преголеми очекувања од мене и се што ќе направев беше малку. Еднаш, во гимназиски денови, кога се враќав од диско, отворајќи ја влезната врата ја слушнав како му вели на татко ми: „Оваа не верувам дека некогаш ќе се среди во животот. Ниту ќе се омажи, ниту ќе се здоми. Арно велат старите: „Што оди низ село, не иде весело.“ А, тој, замисли, не и одговори ништо. Ни „а“, ни „б“. И тој ти бил маж.“

Сакајќи да ја утешам го превземав зборот: „Многу време изгуби Весна, но добро е. Сега барем гледаш со ширум отворени очи. Тоа е најважното. Тоа е почетокот. За останатото, ќе се посоветуваме со ѕвездите.“

Приказната на Весна неодоливо ме потсетува на една друга приказна. Па, вреди да ја слушнете...

Еден добар и чесен човек по својата смрт се нашол во Рајот. Таму го пречекале два ангела кои биле задолжени да му ги покажат сите убавини на неговото ново престојувалиште. Меѓутоа, после извесно време поминато во Рајот, човекот забележал дека ангелите не му покажале баш се. Постоела една врата која секогаш ја избегнувале. Заинтригиран тој ги прашал: „Што се наоѓа зад оваа врата?“

Ангелите се погледнале меѓу себе и едниот му одговорил:

„Се наоѓа една соба. Не смееме да ти забраниме да влезеш во таа соба, ако сакаш. Но, наша препорака е да не влегуваш.“

Ваквиот одговор само ја разгорил љубопитноста на човекот и неговата желба да влезе во собата двојно се зголемила. Но, се појавил и стравот од тоа што би можел да го види внатре. На негово изненадување, кога ја отворил вратата здогледал огромна соба преполна со најубавите работи што можел да ги замисли: прекрасна куќа, убава жена, среќно семејство, верни пријатели, неверојатно богатство.

Со широко отворени очи човекот се свртел кон ангелите и ги прашал:

„Не ве разбирам? Зошто не сакавте да влезам во оваа соба? Па, тука се наоѓаат сите работи за кои мечтаев цел живот?!“

Ангелите, овој пат, тажно се погледнале меѓу себе, се свртеле кон човекот и двајцата во ист глас му рекле:

„Да, тоа се сите убави работи за кои мечтаеше додека беше жив. Но, за жал, никогаш не веруваше дека можеш да ги имаш.“

Што после ова може да се каже?

Сакам да ви порачам, драги пријатели, дека не е доволно да ја посакувате среќата. Ако не сте до крај подготвени да ја имате.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.


Наталната карта што ја добив е фантастична!
Ви благодарам многу што ми го подаривте огледалото на мојот живот :) 

Виктор К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2025
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби