Говорот на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Зошто ги бакнуваме децата
Солзи сами капат
Пред да му кажеш Да
Цената на долгите нокти
Тоа што очајнички го посакуваме
Како научив физика
Зад секоја успешна жена
Корумпираната држава
Луѓе со кои не се дружиме
Глупавите луѓе
Нептун во Овен
Ако имаше Господ...
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
Знаците на патот
Кога не ни оди според планот
Силикони за мозок
Луѓенца
Струен удар од зборови
Времето е тест за љубовта
Споменар
Зошто китиме елка
Ако нема кој да ве прегрне
Браковите склучени во недела
Само еднаш се љуби?
Трагачи по возбуда
Важно е да ми чури оџачето
Глупава младина - неизвесна иднина
Денови на среќни околности
Се родив прерано, не те сретнав тебе
Кога умира душата?
Колку трае еден ден на секоја планета
Крадци
Светот е глобално ријалити шоу
Луѓето се како очи
Убавите круши...
Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде
Ретрограден Марс во Овен
Најголемата слабост на секој знак
Бони и Клајд
Несудената Фрида Кало
Јуни 2020 - Месец на две Еклипси
Сите бои на Виножитото
Љубов, Ах Љубов
Човекот наречен Надеж
Сатурн во Водолија
Ретрограден Меркур во Риби
Француски бакнеж
Годишен хороскоп за 2020 година
Ни претстои неочекувано среќен период
Во што се крие благословот
Ретрограден Меркур во Шкорпија
Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?
Венера во Вага - Време за Љубов
Млада Црна Месечина на 30 август 2019
Немаш ни благодарам
Ќе ја сретнеш својата судбина
Ни на Небо, ни на Земја
Затемнување на Месечината на 16 јули 2019
Не ја мати водата
Ретрограден Меркур во Лав И Рак
Талентот е Божји дар
Вера, Надеж и Љубов
Сиротата мала богаташка
Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019
Двете Марии
Скршеното огледалце
Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај
Министерот со шешир и темни очила за сонце
Ѕвезденото небо над светот во мај 2019
Љубовта е во воздухот
Нека го фрли првиот камен...
Ќерката на офицерот со ружи
Ретроградни планети - што ќе ни донесат?
Ѕвезденото небо над светот во април 2019
Кралот на Троседот
Оној што спасил живот
Ветената Земја
Ретрограден Меркур во Риби
Имаш лице какво што заслужуваш
Ѕвезденото небо над светот во декември
Женски Болести
Јами Мами од Мајами
Јупитер во Стрелец
Ѕвезденото небо над светот во ноември
Ако сте родени меѓу два хороскопски знака
Внимавај кого пушташ во својот живот
Пониското и повисокото ниво на секој знак
Ѕвезденото небо над светот во октомври
Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018
Ѕвезденото небо над светот во јули
Исправи се, Викторија!
Ретрограден Марс во Водолија
Ѕвезденото небо над светот во јуни
Уран во Бик
Ѕвезденото небо над светот во мај
Кирон во Овен
Ѕвезденото небо над светот во април
Ретрограден Меркур во Овен
Каков карактер - таква болест
Ѕвезденото небо над светот во март
Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари
Ѕвезденото небо над светот во февруари
Ѕвезденото небо над светот во јануари
Сатурн во Јарец
Небото над Македонија во декември
Марс влегува во Вага
Венера влегува во Вага
Јупитер влегува во Шкорпија
Која изрека е клучна за секој знак
ФБИ откри кои знаци се најопасни
Која е разликата меѓу знакот и подзнакот
Што му недостасува на секој знак
Марс влегува во Девица
Венера влегува во Лав
Доналд Трамп - Хилари Клинтон
Затемнување на Сонцето
Како ретроградниот меркур ќе влијае
Она што го напишав веќе се остварува
Ретрограден Меркур во Девица
Затемнување на Месечината
Случувањата во следните 15 години
Месечевите Мени и Ритамот на Природата
Деветте заповеди
Светската економска криза
Што е прецесија?
Дали Астрологијата е наука?
Соѕвездијата и знаците на Зодијакот
Астрологијата и магијата
Астрологијата и слободната волја
Дневен хороскоп
Астрологијата и геоцентричниот систем
|
Објавено на 13.04.2019 во 21:00
|
Сатурн коњукција Плутон - Ќе се повтори ли СФРЈ на Балканот?
Во историјата на човештвото, секогаш кога Сатурн бил во неповолен аспект со разорниот Плутон на небото, на Земјата се случувале војни, економски кризи, земјотреси, вулкани, поплави, пожари. Секогаш се уривале старите системи и традицијата за, од пепелта на разрушеното, одново да никне некое ново општествено уредување, нова држава, нов распоред на политичките и воени сили, нови сојузи меѓу државите, нова финансиска политика, нови погледи на светот. Како доказ за ова мое тврдење нека послужи фактот дека Првата Светска Војна е започната кога Сатурн и Плутон правеле коњукција, на 28-ми јули 2014 (Сатурн на последните степени на Близнаци, Плутон на првиот степен од Рак). Додека еден од најразорните земјотреси во дваесеттиот век, од 7 степени според Меркалиевата скала, бил оној на 4-ти октомври 1914 година во Турција, кога Сатурн и Плутон биле во егзактна коњукција во Рак. Големата светска економска криза во октомври 1929 година е почната повторно кога Сатурн правел затегнат аспект со Плутон (Сатурн на последните степени од Стрелец кон Јарец во опозиција со Плутон од Рак). А, во 1931 година поплави од невидени размери во Кина однеле 2,5-4 милиони животи (Сатурн од Јарец и понатаму прави опозиција со Плутон од Рак). Одиме понатаму, Втората Светска Војна е започната во септември 1939 година. Тогаш Сатурн од Бик правел квадрат, затегнат аспект, со Плутон од Лав. А, запршка на манџата додал Уран кој, како и сега, се наоѓал во Бик. Во нашето поблиско минато, последниот пат кога Сатурн беше во Јарец, од февруари 1988 до февруари 1991, се случија низа настани кои имаа домино ефект во уривањето на светот што дотогаш го познававме. Се случи распаѓањето на тогашниот СССР, на земјите од Варшавскиот Пакт, беше срушен Берлинскиот Ѕид, се распадна СФРЈ. Всушност, се распадна едно општествено уредување познато под името социјализам. Овие драстични прекројувања на картата на светот направија уште подраматична промена во рамнотежата на силите, и политички и воени, во поновата историја. И замислете, тогаш бевме поштедени од уште пошокантни настани, бидејќи во Јарец се наоѓаше само Сатурн, додека Плутон беше во нему пријателската Шкорпија. Тука е интересен податокот дека Берлинскиот Ѕид и се изгради и се сруши додека Сатурн беше во Јарец. Се изгради во 1961 година, а беше срушен на 9-ти ноември 1989. Зошто Сатурн и Плутон се поврзуваат со овие разурнувачки настани? Од астролошки аспект, Сатурн е поврзан со градењето на структурата и формата, со дисциплината, контролата, парите и моќта. Кога е во Јарец, тој е во своето седиште, свој на своето, господар на времето, реализатор на судбината, тој гради и го руши она што некогаш го изградил. Плутон пак е оној кој ги разурнува застарените форми, тој е експлозија, тој го принудува човека да допре до својата потсвест, да ги открие своите стравови и тајни, да ги извади на површина, да се трансформира во посовршена форма. Кога Сатурн е во коњукција со Плутон (се наоѓаат во иста линија), и двете се кармички планети, тие ги активираат судбинските настани и тогаш се случува внатрешен конфликт, и во секој човек и во општеството како целина. Од една страна е желбата на човекот за личен развој, благосостојба, моќ. Но, бидејќи сите ние живееме опкружени со други луѓе, како енергетски сврзани садови, сакале или не, си влијаеме еден на друг. Па, здрави сме, ние лично и општеството во кое живееме, само кога ја преземаме одговорноста за сопствените постапки, кога соработуваме со другите луѓе, кога взаемно си помагаме. На овој план Сатурн и Плутон би требало да предизвикаат конфликт, во нас лично, но и во функционирањето на општеството, со цел да се ослободиме од старото, од непродуктивниот и застарен начин на размислување и однесување, од она што повеќе не ни служи и да прераснеме во нешто посовршено, да ја трансцендираме нашата свест. Овој конфликт што ќе го предизвика коњукцијата меѓу Сатурн и Плутон, би требало да предизвика некаков вид на трансформација на владите, државните служби, финансиите, доброволно или по насилен пат. Би требало да има пожари, несреќи во рудници, земјотреси, зголемена омраза меѓу луѓето, злоупотреба на моќта и корупција од највисоки размери. Но, од друга страна, овој аспект ќе биде одличен за напредокот на индустријата, квантната медицина, технологијата на рециклирање на отпадот, генетиката, рударството. Кога ќе се случи коњукцијата на Сатурн и Плутон? Коњукцијата веќе се случува од март 2019 година. А, ќе биде актуелна и во април и јуни 2019. Сепак, таа својата кулминација ќе ја доживее во периодот од 20-ти декември 2019 до 1-ви февруари 2020 година. Кои земји би требало да бидат најзасегнати од коњукцијата на Сатурн и Плутон во Јарец? Најзасегнати од случувањата предизвикани од коњукцијата меѓу Сатурн и Плутон би требало да бидат сите земји кои се под влијанието на знакот Јарец, заради датумот кога се формирани или заради нивната местоположбата и конфигурација. Потоа, земјите Ракови, Овни и Ваги. Како најистакнат репрезент на Јарецот се земјите од Балканскиот Полуостров, како и сите земји кои се наоѓаат на ридести, каменести и неплодни предели (Авганистан, Индија, Сибир, Тибет, Боливија). Земјите хороскопски Ракови се: Америка, Шкотска, Холандија. Земјите Овни: Германија, Англија, Данска, Шведска, Франција, Јапонија, Палестина, Венецуела, Сирија, Австралија. Земјите Ваги: Кина, Австрија. На што би требало да не научи коњукцијата меѓу Сатурн и Плутон? Аспектот Сатурн коњукција Плутон, секогаш покажува дека нешто завршува, некој период од нашиот живот, начинот на кој до тогаш сме живееле, нашите размислувања и однесување. Нешто е бесповратно завршено и ние ќе мора да се ресетираме, за да можеме да се прилагодиме на новите услови за живот. Ваквата трансформација ќе биде потребна во сите сфери на општеството во кое живееме. А, бидејќи коњукцијата се случува во Јарец, кој е господарот на формата и кристализацијата, тоа значи дека ќе се уриваат старите форми (држави, сојузи, правила, убедувања, системи) за да се случи воспоставување на нови. Ќе бидеме принудени да се дисциплинираме и да ги прифатиме сопствените граници. Ќе мора секој од нас и целото општеството да ја прифати одговорноста за сопствените постапки и за она што се случува на Земјата. Почнувајќи од насилството, загадувањето, климатските промени, до одговорноста за сопственото и туѓото здравје. Ќе мора да се научиме на почитување кон себеси и кон другите, кон сопствениот и кон туѓиот живот. Без разлика дали е тоа живот на човек, растение, животно, животот на нашата планета. Ако не сме доволно свесни да го направиме тој процес доброволно, тогаш Земјата ќе биде принудена со сопствени сили да бара начин да се ослободи од притисокот кој со векови го потиснува во себеси и на површина да ја исфрли сета нечистотија преку вулкани, земјотреси, цунами и поплави. Веќе сигурно претпоставувате дека одговорот на прашањето од почетокот на текстот: „Дали ќе ни се повтори СФРЈ на Балканот?“, зависи од нас самите. Сега, ние, народите на Балканот, кои се калевме низ разорната братоубиствена војна во СФРЈ во деведесеттите години на дваесеттиот век, ние сега ќе го полагаме дипломскиот испит на тема добрососедски односи, рационално однесување за сметка на импулсивноста, заедништвото наспроти поделбите, прифаќање на новото наспроти традицијата, за која што писателот Добрица Ќосиќ вели: „Традицијата е магацин на најдени работи, од кој секој го зема она што му се допаѓа.“ Ако е така, ајде тогаш да го земеме само она што не соединува, а не она што не разделува. Ајде да се надминеме себеси и сопствените слабости и да трансцендираме во подобри луѓе исполнети со љубов еден за друг, а не со омраза. Во спротивно, ако самите не се научиме на тие вредности, случувањата кои ќе бидат надвор од наша контрола, ќе не научат на нив. Во тој случај, повторно ќе се докаже веродостојноста на мислата излезена од перото на великиот Иво Андриќ кој вели: „Ништо повеќе не ги зближува луѓето, од среќно преживеана несреќа.“ Ни посакувам среќно да се зближиме без несреќа. Виолета С. Марсол
 Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Рибите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.
“ |
Навистина овој хороскоп не е клише како многу други. Овој хороскоп баш ти дава одговори за тоа кој си бил, каков си и што треба да правиш за да станеш подобра личност. ” Деја З.К. |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|