In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Зошто ги бакнуваме децата

Солзи сами капат

Пред да му кажеш Да

Цената на долгите нокти

Тоа што очајнички го посакуваме

Како научив физика

Зад секоја успешна жена

Корумпираната држава

Луѓе со кои не се дружиме

Глупавите луѓе

Нептун во Овен

Ако имаше Господ...

Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Знаците на патот

Кога не ни оди според планот

Силикони за мозок

Луѓенца

Струен удар од зборови

Времето е тест за љубовта

Споменар

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Браковите склучени во недела

Само еднаш се љуби?

Трагачи по возбуда

Важно е да ми чури оџачето

Глупава младина - неизвесна иднина

Денови на среќни околности

Се родив прерано, не те сретнав тебе

Кога умира душата?

Колку трае еден ден на секоја планета

Крадци

Светот е глобално ријалити шоу

Луѓето се како очи

Убавите круши...

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Ретрограден Меркур во Риби

Имаш лице какво што заслужуваш

Ѕвезденото небо над светот во декември

Женски Болести

Јами Мами од Мајами

Јупитер во Стрелец

Ѕвезденото небо над светот во ноември

Ако сте родени меѓу два хороскопски знака

Внимавај кого пушташ во својот живот

Пониското и повисокото ниво на секој знак

Ѕвезденото небо над светот во октомври

Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018

Ѕвезденото небо над светот во јули

Исправи се, Викторија!

Ретрограден Марс во Водолија

Ѕвезденото небо над светот во јуни

Уран во Бик

Ѕвезденото небо над светот во мај

Кирон во Овен

Ѕвезденото небо над светот во април

Ретрограден Меркур во Овен

Каков карактер - таква болест

Ѕвезденото небо над светот во март

Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари

Ѕвезденото небо над светот во февруари

Ѕвезденото небо над светот во јануари

Сатурн во Јарец

Небото над Македонија во декември

Марс влегува во Вага

Венера влегува во Вага

Јупитер влегува во Шкорпија

Која изрека е клучна за секој знак

ФБИ откри кои знаци се најопасни

Која е разликата меѓу знакот и подзнакот

Што му недостасува на секој знак

Марс влегува во Девица

Венера влегува во Лав

Доналд Трамп - Хилари Клинтон

Затемнување на Сонцето

Како ретроградниот меркур ќе влијае

Она што го напишав веќе се остварува

Ретрограден Меркур во Девица

Затемнување на Месечината

Случувањата во следните 15 години

Месечевите Мени и Ритамот на Природата

Деветте заповеди

Светската економска криза

Што е прецесија?

Дали Астрологијата е наука?

Соѕвездијата и знаците на Зодијакот

Астрологијата и магијата

Астрологијата и слободната волја

Дневен хороскоп

Астрологијата и геоцентричниот систем

Сиротата мала богаташка

Објавено на 28.09.2017

Сиротата мала богаташка
 

(Вистинска приказна од мојата пракса)

 

Кога ја запознав таа беше на свои пеесет и кусур години. Енормно дебела, со куса бела коса, која, и да сакаше, не можеше да ја бојадисува. Бидејќи, таа немаше пари за јадење, а камоли за Колестон. Под пазувите имаше големи, тркалезни, црвени флеки од егзема, кои допираа речиси до лактите. Додека зборуваше, збивташе, што од дебелина, што од мака, што од нарушено здравје.

Целата младост ја беше поминала како самохрана мајка на едно девојче, работејќи во една од издавачките куќи на тогашната Социјалистичка Република Македонија. Воспитана во југословенски дух и доживувајќи го другарот Тито како поважна личност во нејзиниот живот и од татко си, таа транзицијата на државата од социјализам во капитализам, што се случуваше на почетокот на девеесетите години на дваесетиот век ја дочека неподготвена. Нејзината фирма пропадна, поточно ја разграбаа други. Таа стана технолошки вишок. Страшен и погрден збор кој недоволно ја опишува чумата што уништи илјадници семејства.

Нејзината ќерка веќе беше порасната и омажена. Имаше дури и внуче. Меѓутоа, зетот беше дојден од провинција. Па, немајќи каде да живеат, и двајцата без работа, таа ги беше прибрала кај себе, во еднособното станче. За несреќата да биде поголема, и она малку што повремено го заработуваа ќерката и зетот, го трошеа на дрога.

За да не ја гледа таа беда и јад, бидејќи срцето и се кинеше кога ќе помислеше на иднината на своето внуче, тетка Барбара, така ја нареков јас подоцна, бегаше во комшии. Така и ја запознав. Беше дојдена да утепа дел од денот кај мојата прва сосетка, тетка Фимка, средовечна вдовица без деца, со која си живееме како род најроден. Во прв миг се згрозив од нејзиниот изглед. Но, неколку месеци подоцна, откако ја дознав нејзината судбина, започнав да и ја чувствувам болката и да ја разбирам. Така што, она што и го направи мојата соседка, тетка Фимка, ме здоболе мене, како мене да ми го прави.

Беше пролетен ден, во средината на девеесетите, а јас бев излезена во дворот на куќата да наберам лалиња. Тетка Фимка се враќаше од пазар со полни торби овошје и зеленчук. Купуваше храна и готвеше како за цело семејство иако живееше сама. Земаше пензија од маж и, плус шиеше, така што живееше удобно. Да не речам богато. На врвот на торбата со зеленчук стоеше кутивче со локум. Имаше нешто чудно во глетката, затоа ја прашав: „Зошто си го ставила локумот вака?“

„А“, одговори таа „Локумов го најдов на патот кон пазарот. Сигурно на некого му паднал. Постови се. Па, си реков ќе и го дадам на Барбара да си го изеде.“

„Како?“ ја прашав. „Па, било на земја, кој знае што има внатре. Може нешто да и стане на жената. Гревота е.“

„Не се секирај, научена е таа. Се што ми е за фрлање од фрижидерот и го давам нејзе да си го изеде. Па, зошто да го фрлам, кога таа нема што да јаде? “ ми одговори горда на своите постапки.

Се стаписав. Зарем не сфаќа колку ја понижува кутрата жена. Уште си мисли дека е добра и прави добро дело. Тогаш ми текна на една изрека што ја имам прочитано во биографијата на Тулуз Лотрек кој вели дека „За гладното срце и отпадот е храна.“ Иако неговата изрека се однесува на љубовта, асоцијацијата со дадениот случај сама ми се наметна. И тогаш донесов одлука. Ќе ја направам Наталната Карта на тетка Барбара за да дознаам зошто живее таков живот и има ли надеж нешто да се подобри. Тогаш уште ја проучував астрологијата и ја тестирав на пријатели, пријатели на пријателите и така натаму.

Следниот пат кога ја видов тетка Барбара ја прашав за датумот, часот и местото на раѓање. Ми рече: „Девојче, што ти е тоа астрологија и натални карти. Јас не верувам во такви суеверија. Јас сум комунистка. Јас не верувам ниту во Господ, а камоли во таму некои ѕвезди. Ама ај, кога си запнала. Само часот на раѓање не го знам. Кој ти знаел во тоа време. Можеби мајка ми се сеќава.“

За среќа, нејзината мајка беше жилаво бабиче со слоновска меморија. Живееше сама и заборавена од децата во едно трошно куќиче со огромен двор, изградено пред Втората Светска Војна, во една од најатрактивните скопски општини. Така, ги комплетиравме податоците.

Откако ја изработив нејзината Натална Карта јас доживеав шок. Тоа не беше натална карта на сиромашна и запустена жена, туку карта на гламурозна богаташка која не ќе знае што да прави со своето богатство. Всушност, нејзината Натална Карта покажуваше дека таа нема да ги заработи парите лично, со свој труд, туку дека ќе ги добие преку наследство и дека ќе има богат сопруг. И тоа беше мигот од кога ја завикав Барбара. Всушност, ме потсетуваше на Барбара Хатон, наследничката на Вулворт империјата, која заради својот тажен живот американците ја нарекоа сирота мала богаташка. Па, дури и снимаа филмови за неа.

Кога и го кажав сето ова на мојата Барбара, таа се изнасмеа до солзи.

„Каков богат маж, какво наследство? Имав еден пијаница. Ќерка ми изгледа од него го наследи генот. Цела плата ја трошеше по кафеани. А, наследство, од каде? Можам да го наследам само колипчето на мајка ми што се распаѓа, а немам пари да го поправам.“

„Не знам тетка Барбара како и што, ама знам дека ѕвездите не лажат. Тие покажуваат дека за 4 години ти ќе бидеш богата жена.“

Поминаа години. Мојата сосетка, тетка Фимка, се отсели во друг град за да биде поблиску до роднините кога ќе дојде стани - падни. Се жалеше дека ја продала куќата, им ги поделила парите, а тие ја ставиле да живее во подрум, со купатило во кое немаше бојлер. Беше опкружена со луѓе, но живееше сама. Никој не ја погледнуваше. Венееше и копнееше по старото маало. Заради тоа, јас повеќе не ја видов ни нејзината пријателка, тетка Барбара. А, да бидам искрена, окупирана со случувањата во сопствениот живот, ниту ми текна на неа. Се до летото двеилјадитата.

Беше топол, летен ден. Никој немаше дома. Бев занесена во пишувањето на еден текст за мојата емисија на ТВ, кога слушнав дека некој ѕвони на влезната врата. Станав, ја отворив вратата. Пред мене стоеше некоја госпоѓа облечена во прекрасен, дводелен, свилен, цветен комплет составен од пантолони и туника. Беспрекорна фигура. Од под големиот шешир во стилот на Софија Лорен ѕиркаше негувана коса во бакарна боја. Ми ја подаде раката со долгите лакирани нокти и ми рече: „Здраво мила. Мајка ти, дома ли е?“

„Не“ одговорив „ама во секое време може да се врати.“

„Ја барав вашата сосетка, и го загубив бројот, ама таму живеат други луѓе.“

„Да, се отсели кај своите роднини во провинција.“

„Ама ти изгледа не се сеќаваш на мене?“ праша жената.

„Искрено, не. Извинете. Среќавам многу луѓе. Од каде се знаеме?“ ја прашав и почнав да ги вртам низ мозокот сите места и ситуации каде што сме можеле да се сретнеме. Но, мојот мозок не испорача ништо. Никакво сеќавање.

„Мила, јас сум тетка Барбара“ тогаш ги симна големите црни очила за сонце „Онаа што рече дека ти наликува на сиротата мала богаташка Барбара Хатон.“

Тогаш занемев. Сликата за тетка Барбара што јас ја чував во фајловите на мојата меморија и оваа жена пред мене се разликуваа како небото и земјата. Освен погледот. Таа ја прочита мојата шокораност и ми помогна:„Знам мила дека не можеш да ме препознаеш. Ни јас не би можела да сум на твое место. Сигурно не е случајно што баш тебе те сретнав, бидејќи ти го виде она што јас не можев да го замислам ниту во најлудите соништа. Ако имаш време, додека се врати мајка ти, можам да ти раскажам како твоите предвидувања се претворија во стварност.“

И така, тетка Барбара, ќе продолжам да ја именувам така, ми раскажа дека точно на четвртата година откако и бев кажала, одејќи на Зелен пазар, сретнала еден свој соработник од млади денови, по професија лекар. И така, збор по збор, тој и кажал дека е вдовец, дека децата му се здомени, дека живее сам, дека води исполнет живот, дека оди по разни конгреси и симпозиуми, но дека нема со кого да прекрши збор и да си ги сподели мислите и чувствата. На некоја од следните средби и рекол дека му треба друшка и во добро и во лошо и дека сака да му биде жена, бидејќи му се допаѓала отсекогаш ама ништо не и спомнал затоа што бил во брак. Така, тетка Барбара се омажила за него и сега ја живееше својата втора младост, по конгреси и симпозиуми, во друштво на луѓе што ја почитуваа. И тоа се забележуваше на нејзиното лице и тело.

Но, тоа не беше се. На местото на трошната куќарка на нејзината мајка со огромен двор во кој некогаш биле скопските бавчи, некој инвеститор изградил цел комплекс на згради. Па, тетка Барбара добила три стана и два дуќана во една од зградите.

„И тоа е мила. Ослабев сама од себе. Сега имам прекрасен живот. Патувам со сопругот. Се дружам со интересни луѓе. Неговите деца ме обожаваат, бидејќи сум го спасила нивниот татко од депресија. Но, ме фати носталгија и сакав да се видам со Фимка. Ништо, ја нема мајка ти. А, треба да одам. Имам закажано на фризер. Поздрави ми ја многу. А, за телефонот на Фимка, ќе се јавам да ми го каже.“

Толку знам за тетка Барбара. Дали е се уште жива или не немам сознанија. А, тетка Фимка почина сама, заборавена од сите. Само не од нејзините стари соседи со кои делеше и добро и лошо.

Што ми е муабетот, драги пријатели?

Сакам да кажам дека животот е како тркало и никој не знае кога ќе биде горе, а кога долу. Дури и кога ви се чини дека цврсто ги држите уздите од својот живот во свои раце и дека ништо не може да и застане на патот на вашата среќа, бидете внимателни. Внимавајте како се однесувате кон луѓето. Трудете се да не ги повредите, ниту разжалостите. Бидејќи, се може да се смени додека трепнете. А, кога сте долу, не очајувајте и не ја преколнувајте лошата судбина. Не си го загадувајте срцето со омраза кон оние што се над вас, не правете работи за кои би можеле утре да се покаете или од кои би можеле да се срамите. Бидејќи, животот е тркало кое не престанува да се движи нагоре и надолу.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Ова се вистинските зборови што ја опишуваат наталната карта што ми ја изработивте: Наталната карта на Астроскопиа е шлаканицата што ви е потребна да го направите квантниот скок во вашата судбина. Големо благодарам што ми помогнавте да живеам со ширум отворени очи! 

Сања С., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2025
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби