In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Зошто ги бакнуваме децата

Солзи сами капат

Пред да му кажеш Да

Цената на долгите нокти

Тоа што очајнички го посакуваме

Како научив физика

Зад секоја успешна жена

Корумпираната држава

Луѓе со кои не се дружиме

Глупавите луѓе

Нептун во Овен

Ако имаше Господ...

Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Знаците на патот

Кога не ни оди според планот

Силикони за мозок

Луѓенца

Струен удар од зборови

Времето е тест за љубовта

Споменар

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Браковите склучени во недела

Само еднаш се љуби?

Трагачи по возбуда

Важно е да ми чури оџачето

Глупава младина - неизвесна иднина

Денови на среќни околности

Се родив прерано, не те сретнав тебе

Кога умира душата?

Колку трае еден ден на секоја планета

Крадци

Светот е глобално ријалити шоу

Луѓето се како очи

Убавите круши...

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Ретрограден Меркур во Риби

Имаш лице какво што заслужуваш

Ѕвезденото небо над светот во декември

Женски Болести

Јами Мами од Мајами

Јупитер во Стрелец

Ѕвезденото небо над светот во ноември

Ако сте родени меѓу два хороскопски знака

Внимавај кого пушташ во својот живот

Пониското и повисокото ниво на секој знак

Ѕвезденото небо над светот во октомври

Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018

Ѕвезденото небо над светот во јули

Исправи се, Викторија!

Ретрограден Марс во Водолија

Ѕвезденото небо над светот во јуни

Уран во Бик

Ѕвезденото небо над светот во мај

Кирон во Овен

Ѕвезденото небо над светот во април

Ретрограден Меркур во Овен

Каков карактер - таква болест

Ѕвезденото небо над светот во март

Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари

Ѕвезденото небо над светот во февруари

Ѕвезденото небо над светот во јануари

Сатурн во Јарец

Небото над Македонија во декември

Марс влегува во Вага

Венера влегува во Вага

Јупитер влегува во Шкорпија

Која изрека е клучна за секој знак

ФБИ откри кои знаци се најопасни

Која е разликата меѓу знакот и подзнакот

Што му недостасува на секој знак

Марс влегува во Девица

Венера влегува во Лав

Доналд Трамп - Хилари Клинтон

Затемнување на Сонцето

Како ретроградниот меркур ќе влијае

Она што го напишав веќе се остварува

Ретрограден Меркур во Девица

Затемнување на Месечината

Случувањата во следните 15 години

Месечевите Мени и Ритамот на Природата

Деветте заповеди

Светската економска криза

Што е прецесија?

Дали Астрологијата е наука?

Соѕвездијата и знаците на Зодијакот

Астрологијата и магијата

Астрологијата и слободната волја

Дневен хороскоп

Астрологијата и геоцентричниот систем

Не ја мати водата

Објавено на 07.02.2018

Не ја мати водата
 

(Вистинска приказна од мојата пракса)

 

Чуден феномен е животот. А, уште почудни сме ние луѓето.

Брзаме да пораснеме, да завршиме школо, да се вработиме, да се омажиме или ожениме, да ги пораснеме децата, да купиме нова кола, стан, да...

Брзаме...брзаме...брзаме, за побрзо да стигнеме до крајот на патот. А, потоа се чудиме зошто имаме чувство дека животот ни прелетал како на филмска лента, додека ние не сме ни биле свесни дека живееме. Па, така не сме ни забележале кога децата ни пораснале и одлетале од семејното гнездо. Кога сопругот или сопругата се смениле до непрепознатливост. А, косата ни побелела без да знаеме како и кога.

Иако постојат многу изреки кои зборуваат за трпение и свесност, како што се: „Се во свое време“, „Утрешниот песок не може да истече во песочниот часовник пред денешниот“, „Што е твое ќе си дојде“ и слично, ние сакаме да го добиеме тоа што сме го замислиле тука и веднаш. Но, доколку би ја имале таа моќ, со нашите очи од иднината да погледнеме на случувањата во сегашноста, сигурно многу работи би направиле на поинаков начин. Бидејќи, некои работи и луѓе на кои сме се радувале ќе знаеме дека најмногу ќе не разочараат. А, некои настани за кои сме мислеле дека се среќни, како што се мажењето, раѓањето деца, вработувањето, ќе знаеме дека ќе ни донесат најголема несреќа и страдање. Бидејќи, во текот на годините брачниот партнер ќе се претвори во друга личност, ќе не изневери, повреди или разочара. Децата можеби нема да не почитуваат, ќе се оддадат на пороци или ќе се изселат. Додека работата ќе ни донесе многу неправди, подметнувања и нервози.

А, оние случувања кои ни изгледале како лоши или како Божја казна, ќе се покажат дека биле точките на нашата временска линија кога сме ги направиле најголемите квантни скокови во нашата судбина. Бидејќи, Господ и со кривите линии пишува право. Па така, губењето на работата можеби било нашата шанса да почнеме свој успешен бизнис кој ќе ни донесе исполнетост и богатство. Болеста можеби ќе сфатиме дека била иницијална каписла да започнеме здрав живот и да се ослободиме од лошите навики и токсичните луѓе во нашето опкружување. Разводот на бракот само бил маскирана шанса да си најдеме поквалитетен партнер со кој ќе оствариме хармоничен однос. Додека предавствата од страна на пријателите ќе се покаже дека биле само начин да се ослободиме од нив и да сретнеме поквалитетни луѓе со кои ќе создадеме поцврсти пријателства.

Ех, но само кога би знаеле.

Наталната Карта ни ја дава таа можност однапред да знаеме некои работи за нашата иднина. Но, и да имаме слободен избор да се однесуваме според сопствената проценка.

За жал, луѓето многу пати не ги послушале моите совети. Но, доколку пак не згрешеле, не ќе можеле да научат нова лекција во својот живот. Бидејќи, грешките ни помагаат да ја согледаме вистината. Една од моите клиентки која немаше време за чекање и не ги послуша моите совети беше и Теодора.

Кога за прв пат се сретнавме таа беше во своите доцни триесетти години. Работеше во престижна компанија на одлична позиција и имаше плата на која можеа да и позавидат 90% од македонските граѓани. Штотуку се беше омажила и беше во првите месеци од бременоста.

Нејзината Натална Карта покажуваше дека веројатно ќе има проблеми во бракот поради алкохолизмот на сопругот. Бидејќи, таа беше самосвесна, еманципирана и успешна жена што тоа немаше да трпи маж кој се пијани. Исто така, Наталната Карта покажуваше дека би требало да се влоши и нејзината финансиска состојба откако ќе стапи во брак. А, не беше подобра ниту ситуацијата на план деца. Постоеше опасност нејзината прва бременост да заврши со спонтан абортус или да има дете со пречки во развојот. Ова и го кажав во завиткана форма, со оглед на ситуацијата во која се наоѓаше. Беше веќе бремена, а јас не сакав да се плаши кога веќе ништо не може да смени и мора да помине низ тој вид на искуство. Бидејќи, тоа беше нејзината карма од минатиот живот.

Таа ме ислуша со толкав мир, како да е во зен и само ми одговори:

„Маж ми навистина потпивнува. Но, зарем тоа не го прават повеќето мажи? Компанијата во која работам навистина е при крај со своите активности во нашата држава и ќе ја затвори својата експозитура. Но, јас изградив професионални релации со многу луѓе и верувам дека брзо ќе најдам друг ангажман. А, фала Богу, имам и доволно заштеда со која можам финансиски да се покријам додека не се снајдам. Искрено, мене ми е најважно да го родам ова дете, бидејќи го чекам цел живот. Дури бев одлучила, ако не се омажам до 38-та година, дека ќе одам на вештачко оплодување и ќе бидам самохрана мајка. Ама, ете среќа. Судбината како да ме чула и ми ја исполни желбата во рокот што самата си го одредив. Во моментов единствено ме интересира дали ќе го решам станбеното прашање пред да се породам? Бидејќи, сега живееме во иста куќа со родителите на сопругот, која не е доволно голема за сите нас.“

Погледнав во нејзината Натална Карта и што ќе видам. Таа носеше потенцијална опасност од загуба на недвижен имот, која опасност ќе се активираше токму во периодот на следните 2 до 3 години. Не сакав да ја разочарам, но не сакав ниту да ја залажувам, бидејќи имаше опасност да претрпи голема финансиска загуба. Затоа и реков:

„Па, што ти фали уште неколку години да поживееш со родителите на сопругот. Таман ќе ти бидат при рака додека детето е мало. А, после? Сели се, купувај стан, прави што сакаш.“

„Нема теорија“ ме прекина таа. „Јас мора се да средам додека се породам. Планирам да правиме поткровје во куќата на свекорот и тоа да е готово до терминот за породување. После кој ќе се малтретира со мало дете. А, плус и сакам секој од нас да живее посебен живот. Знаеш како викаат: „Чиста сметка, долга љубов.“

Сфаќајќи дека не ми ја разбира поентата, решив да бидам поконкретна:

„Теодора, твојата Натална Карта покажува дека постои опасност да загубиш многу пари или недвижен имот во следните триесеттина месеци. Затоа, подобро е да се воздржиш од покрупни инвестиции. И како воопшто ќе градиш врз куќа чиј сопственик не си ти? Од каде знаеш што ќе биде утре? Ако случајно се разведеш, како после ќе се делите?“

„Јас не можам на почеток на бракот да размислувам на најлошото. Па, каде тоа ќе ме одведе? Не сакам да размислувам негативно. А, станбеното прашање морам да го решам“ изговори таа видно навредена.

Гледајќи колку е фокусирана на својата цел и не сакајќи да и се мешам во изборот, се сеќавам само дека изустив:

„Тоа не е негативно размислување, туку рационално. Проблемот треба да го антиципираш уште додека не се појавил.“ А, потоа збор не прозборев на таа тема.

Поминаа 5-6 години од мојата средба со Теодора, кога кај мене дојде нејзината сестра, која и ме поврза со неа, да го чуе својот Соларен Хороскоп. Од куртоазија ја прашав: „Како е Теодора? Го изгради ли поткровјето? “ На што таа ми одговори:

„Леле, не прашувај. Очајно. Се излезе како што си и рекла.“

Бидејќи не смеам да ги откривам тајните на моите клиенти пред други луѓе, посебно пред оние што ги познаваат, ја прашав: „А, што сум и рекла?“

„Па, го изградија поткровјето. Го направија мала, слатка бонбона. Но, 2 години потоа, нејзиниот свекор ја продаде куќата и тоа им го соопшти по продажбата, кога на наследниците им раздели иста сума пари. А, со тие пари, Теодора и зетот не можеа да си купат ни еднособно станче на истата локација. Значи, подобро да ги сочуваше парите што ги потроши во градбата. Нејзиниот маж фактички доби само нешто повеќе наследство во пари отколку што беше влогот на Теодора во градбата.“

„Па, тоа е крајно безобразно и нехумано!“ експлодирав јас не можејќи да ја поднесам неправдата. „Што не му кажала на свекорот колку е нејзиниот влог во поткровјето и дека старата и мала барака немаше да ја постигне таа цена при продажбата доколку не постоеше тоа поткровје?“

„Секако дека му кажа. Но, тој и рекол дека тоа било нејзина желба. Никој не ја терал да инвестира. Потоа, купија станче во едно од предградијата на Скопје, бидејќи таа си ја потроши заштедата. Па, се разведе од сопругот затоа што тој не се трезнеше. Всушност, се чудевме како само таа не забележа дека тој е ноторен алкохоличар. Ние сите го гледавме тоа. Тој не се криеше. Потоа, фирмата каде што работеше се затвори и таа сега работи на друго место каде зема само една третина од претходната плата. И како капак на се, има проблеми и со девојчето.“

На момент се исклучив од разговорот и си помислив: „Навистина многу се чудни и нелогични луѓето. Покрај тоа што однапред беше запознаена со сите овие проблеми, таа не сакаше да ги согледа и да го спречи нивниот развој. Дури не ни дојде да се консултира за нејзината иднина, како да се работи за нечиј туѓ, а не за нејзин живот. Се прашував дали и е срам од мене, бидејќи ја потсетувам на нејзините грешки и порази? Дали проблемите ја имаат толку навјасано што не гледа надеж во иднината? Дали мораше да помине низ сето тоа со цел да го плати кармичкиот долг?“

„Не“ си реков, потсетувајќи се на нејзината Натална Карта. Случувањата во нејзиниот живот само делумно беа исплаќање на кармичкиот долг. Останатото се беше случило поради нејзината нефлексибилност и нестрпливост. А, само да можеше да почека триесеттина месеци, нејзиниот живот веројатно ќе добиеше поинаков правец. Но, тоа е што е. Се надевам дека научила доста лекции од она што и се случи. Останува само да се охрабри, да дојде и да видиме што убаво и носи иднината.

За Теодора, ако го чита ова мое писание и за сите вас со кои го споделувам нејзиното искуство, ќе раскажам една поучна приказна која оди вака:

Еднаш Буда патувал со своите ученици низ една шума. Тие долго пешачеле, ожеднеле, но се уште не наишле на извор со вода. Наеднаш, еден од учениците здогледал извор во далечината и сите до еден потрчале во тој правец. Кога стигнале, од силна жед и желба што побргу да се напијат, сите истовремено се наведнале над изворот. Но, така ја заматиле водата. Додека се договарале меѓу себе што би требало да направат за да го избистрат изворот, Буда наредил да го продолжат патот.

По извесно време наишле на нов извор. Но, и тука се случило истото. Ја заматиле водата уште пред да се напијат. Тогаш Буда одлучил дека се доволно изнамачени за да ја научат лекцијата, му дал на најдобриот ученик поголем сад за вода и му рекол да се врати назад и да наполни вода од претходниот извор. Кога ученикот се вратил, изворот веќе бил чист и бистар и тој веднаш го наполнил садот со вода.

Што ми е поентата на муабетов?

Сакам да кажам, драги пријатели, дека некои работи не можат да се решат со делување. Треба просто да ги оставите на мир и да им дозволите самите да се случат.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Наталната карта што ја добив е фантастична!
Ви благодарам многу што ми го подаривте огледалото на мојот живот :) 

Виктор К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2025
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби