Говорот на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Зошто ги бакнуваме децата
Солзи сами капат
Пред да му кажеш Да
Цената на долгите нокти
Тоа што очајнички го посакуваме
Како научив физика
Зад секоја успешна жена
Корумпираната држава
Луѓе со кои не се дружиме
Глупавите луѓе
Нептун во Овен
Ако имаше Господ...
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
Знаците на патот
Кога не ни оди според планот
Силикони за мозок
Луѓенца
Струен удар од зборови
Времето е тест за љубовта
Споменар
Зошто китиме елка
Ако нема кој да ве прегрне
Браковите склучени во недела
Само еднаш се љуби?
Трагачи по возбуда
Важно е да ми чури оџачето
Глупава младина - неизвесна иднина
Денови на среќни околности
Се родив прерано, не те сретнав тебе
Кога умира душата?
Колку трае еден ден на секоја планета
Крадци
Светот е глобално ријалити шоу
Луѓето се како очи
Убавите круши...
Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде
Ретрограден Марс во Овен
Најголемата слабост на секој знак
Бони и Клајд
Несудената Фрида Кало
Јуни 2020 - Месец на две Еклипси
Сите бои на Виножитото
Љубов, Ах Љубов
Човекот наречен Надеж
Сатурн во Водолија
Ретрограден Меркур во Риби
Француски бакнеж
Годишен хороскоп за 2020 година
Ни претстои неочекувано среќен период
Во што се крие благословот
Ретрограден Меркур во Шкорпија
Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?
Венера во Вага - Време за Љубов
Млада Црна Месечина на 30 август 2019
Немаш ни благодарам
Ќе ја сретнеш својата судбина
Ни на Небо, ни на Земја
Затемнување на Месечината на 16 јули 2019
Не ја мати водата
Ретрограден Меркур во Лав И Рак
Талентот е Божји дар
Вера, Надеж и Љубов
Сиротата мала богаташка
Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019
Двете Марии
Скршеното огледалце
Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај
Министерот со шешир и темни очила за сонце
Ѕвезденото небо над светот во мај 2019
Љубовта е во воздухот
Нека го фрли првиот камен...
Сатурн коњукција Плутон
Ќерката на офицерот со ружи
Ретроградни планети - што ќе ни донесат?
Ѕвезденото небо над светот во април 2019
Кралот на Троседот
Оној што спасил живот
Ветената Земја
Ретрограден Меркур во Риби
Имаш лице какво што заслужуваш
Ѕвезденото небо над светот во декември
Женски Болести
Јами Мами од Мајами
Јупитер во Стрелец
Ѕвезденото небо над светот во ноември
Ако сте родени меѓу два хороскопски знака
Внимавај кого пушташ во својот живот
Пониското и повисокото ниво на секој знак
Ѕвезденото небо над светот во октомври
Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018
Ѕвезденото небо над светот во јули
Исправи се, Викторија!
Ретрограден Марс во Водолија
Ѕвезденото небо над светот во јуни
Уран во Бик
Ѕвезденото небо над светот во мај
Кирон во Овен
Ѕвезденото небо над светот во април
Ретрограден Меркур во Овен
Каков карактер - таква болест
Ѕвезденото небо над светот во март
Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари
Ѕвезденото небо над светот во февруари
Ѕвезденото небо над светот во јануари
Сатурн во Јарец
Небото над Македонија во декември
Марс влегува во Вага
Венера влегува во Вага
Јупитер влегува во Шкорпија
Која изрека е клучна за секој знак
ФБИ откри кои знаци се најопасни
Која е разликата меѓу знакот и подзнакот
Што му недостасува на секој знак
Марс влегува во Девица
Венера влегува во Лав
Доналд Трамп - Хилари Клинтон
Затемнување на Сонцето
Како ретроградниот меркур ќе влијае
Она што го напишав веќе се остварува
Ретрограден Меркур во Девица
Затемнување на Месечината
Случувањата во следните 15 години
Месечевите Мени и Ритамот на Природата
Деветте заповеди
Светската економска криза
Што е прецесија?
Соѕвездијата и знаците на Зодијакот
Астрологијата и магијата
Астрологијата и слободната волја
Дневен хороскоп
Астрологијата и геоцентричниот систем
|
Текст објавен во јуни 2007
|
Дали Астрологијата е наука?
За да одговориме на ова прашање, треба прво да го знаеме одговорот на прашањето “што е наука?” За сега, дефиницијата за наука вели дека е тоа поврзана група од знаења што имаат свои закони и можат да се проверат со експериментални методи. Астрологијата пак се темели на древни знаења за функционирањето на Вселената и човечката психа. Ги користи знаењата на астрономијата и ефемеридите (прецизни табели за движењето на небеските тела). Се служи со математички пресметки. Но, истовремено ги соединува и знаењата на географијата, психологијата, митологијата... Притоа подлежи на законите на физиката, не е во спротивност со Вселенските закони. Значи, до сега два од трите правила што го дефинираат поимот наука се задоволени. Останува уште одговорот на прашањето “дали податоците што ги открива астрологијата можат експериментално да се проверат?” Одговорот на ова прашање е и да и не. Имено, случувањата кои што ги претскажува астрологијата за еден човек можат да се проверат преку споредбата на она што било предвидено и она што се случило во неговото минато, како и преку описот на неговиот карактер. Така, преку животното искуство на една личност може да се докаже на пример дека збир на лоши планети во 7-то поле на хороскопот на таа личност и донеле проблеми во бракот, со бизнис партнерите, со судовите. Меѓутоа, се уште никој не може да објасни зошто тоа функционира токму така и на тој план. Зошто збир на лоши планети во делот на небото што се совпаѓа со седмото поле во хороскопот на таа личност, ќе се манифестира токму во нејзиниот брак, а не во другите сегменти од животот. Од сето до тука кажано излегува дека астрологијата навидум изгледа како наука, но не е бидејќи не можат експериментално да се докажат сите нејзини правила и тврдења. Не може да се објасни зошто токму таа и таа планета (пр. Сонцето) сместена на таа и таа позиција на Небото (пр. Зенитот), во моментот на раѓање на една личност, е причината кај неа да се создадат однапред познати особини. Во конкретниов случај, харизматичност, лидерски способности и популарност. Според моите досегашни истражувања во областа на астрологијата, но и на физиката, метафизиката, психологијата, објаснувањето лежи во взаемното дејство меѓу енергетско-информационото поле на планетите и она на човекот. Но, од друга страна, ако за едно учење да се прифати како наука е потребно неговите закони и знаења и експериментално да се докажат, тогаш не е логично зошто на пример психологијата е прифатена како наука, а астрологијата не, кога и проблематиката со која што психологијата се занимава (чувства, комплекси, внимание, фобии) е поврзана со интимните доживувања на личноста. А, тие не можат експериментално да се докажат и измерат. Понатаму, исто така се наметнува прашањето дали нешто што во моментов (на нашето ниво на свеста и развојот на техниката) не можеме да го објасниме значи дека тоа нешто не постои и нема никакво влијание? – Зошто не можеме експериментално да ги докажеме законите на астрологијата? Ова што сега ќе го кажам сфатете го само како мое размислување на таа тема, што не мора да значи дека е комплетно точно. Според мене, најголемиот дел од одговорот веројатно се крие во начинот на кој функционира човечкиот мозок. Имено, познато е дека мозокот е поделен на две хемисфери: лева и десна. Познато е дека левата хемисфера е одговорна за функционирање на десната страна од човечкото тело, за рациото и логиката. Додека десната хемисфера е поврзана со емоциите, креативноста, интуицијата. Таа ги чува искуствата од субјективниот и духовен свет и е одговорна за функционирањето на левата половина од човечкото тело. Докажано е дека човек е во хармонија со себеси, отворен за сознанијата од духовниот свет само кога и неговата десна и левата хемисфера работат подеднакво. Тоа се случува кога неговиот мозок функционира на фреквенција од 7 до 14 Hz (идеално 10 Hz), или на алфа ниво. Тоа е фреквенцијата на која што природно функционира мозокот пред да заспиеме, кога ќе станеме од спиење, додека сонуваме со отворени очи. Тоа е фреквенцијата на која што функционира мозокот на децата во периодот од 7 до 14 години. Подоцна, со стареењето и со акумулирањето на разни податоци преку образованието и од светот што не опкружува, ние се повеќе ги користиме побрзите фреквенции. Затоа, повеќе од 90% од возрасните луѓе во светот, според испитувањата на Хозе Силва, ја користи само левата хемисфера од мозокот, која функционира на фреквенцијата од околу 21 Hz. Кога ова се знае тогаш, јасно е што сакал Исус да каже тврдејќи дека “за да се влезе во царството небеско, треба да се стане дете”. Значи, за човек да биде во хармонија со Вселената, со Вселенските закони и повторно да се соедини со Божествено во себе, треба да направи се неговиот мозок да функционира како детскиот, на фреквенцијата од 10 Hz. Тоа се постигнува преку молитва или медитација. Но, тогаш пред човекот и без да сака се откриваат и оние работи за функционирањето на природата и Вселената кои до тогаш не можел да ги согледа или за него претставувале тајна. За таквиот човек велиме дека прогледал, се просветлил. А, всушност секој човек е создаден како просветлен, додека во процесот на растењето тој учи да биде слеп за вистинската природа на светот што го опкружува. – Дали од секогаш било така? Сигурно дека не. Во некои од ерите од развојот на човештвото, луѓето биле во поблиска врска со природата и со Божественото во себе. Тие биле целовити луѓе, во хармонија со себеси и со светот околу себе, нивниот мозок речиси постојано функционирал на алфа фреквенција. Значи, и левата и десната хемисфера функционирале подеднакво. Астрологијата потекнува токму од тоа време (според мене од периодот на Атлантида), кога знаењата од науката (лева хемисфера) не биле одделени од знаењата со кои располагале уметноста, религијата, митологијата (десна хемисфера). Напротив, тие знаења претставувале едно цело, откривале како функционира Вселената и човекот во неа. А, тие знаења исчезнале со пропаста на Атлантида, што според астрологијата се случило три ери (6.480 години) пред почетокот на нам првата позната цивилизација, цивилизацијата на Сумерите. Значи, човештвото живее во мрак повеќе од 15.000 години со исклучоци во стар Египет и стара Грција. Некои од нивните научници и свештеници на некаков начин успеваат да дојдат до мал број од знаењата на Атлантида, внесувајќи зрак светлина во свеста на човештвото. Во нашата цивилизација, поделбата меѓу науката и религијата се случила некаде во 17-ти век, кога откривањето на природните закони од страна на науката започнало да ги раздрмува темелите на кои се потпирала религијата. За религиозниот естаблишмент она што не можело да се докаже со термините на познатите природни закони претставувало чудо, кое треба да се прифати како Божје дело и не треба да се испитува понатаму. Од друга страна пак, за научниците сето она што не може да се измери, не постои, затоа не е вредно да се проучува. Тие не сакале нивните празнини во знаењата да бидат злоупотребени од страна на религијата. Така, на состанокот на Британското Кралско Друштво (формирано во 1660) било изнајдено Соломонско решение, науката да се оддели од религијата. На овој начин, научниците покажале дека се слични со религиозните догматици, правејќи од науката религија на скептицизмот. Тогаш Едмонд Халеј, божем на шега, му префрлил на Исак Њутн дека премногу ја симпатизира астрологијата. На тоа, кралот на физиката и астрономијата мудро му одговорил: “Не се смејте колега, јас работата ја проучував, вие не”. – Дали проблемот е во науката, дали можеби таа треба да ревидира некои свои ставови и дефиницијата за тоа што е наука? За среќа, во тој правец се движи и актуелната наука. Па додека пред стотина години, само пророците зборуваа преку парадокси, а за науката парадоксот беше грешка на научниот ум, денес ситуацијата е поинаква. Со испитувањата на феномените како што се природата на светлината, електромагнетизмот, теоријата за релативитетот и други, науката почнува да прифаќа дека на извесен начин реалноста е парадоксална. На пример, светлината е истовремено и бран и честица, електроните се невидливи но видлив е нивниот резултат кога насочено се движат (струја). Дали тогаш Бог не постои само поради фактот што не можеме да го видиме иако го чувствуваме неговото делување? Дали ѕвездите немаат влијание врз животот на луѓето само затоа што не можеме да објасниме како тие делуваат или можеби сме сведоци на повторната средба меѓу науката и религијата? Всушност, астрологијата предвидувала дека науката и религијата повторно ќе ги соединат своите знаења во ерата на Водолијата. Значи, до вистинските одговори за многу до сега непознати и неизмерливи нешта, како и до признавањето на астрологијата како наука, ни преостанува прво да почекаме повторно да дојде до вистинско обединување на сознанијата од науката и религијата, во следните 2.160 години, во ерата на Водолијата.
 Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.
“ |
Од секогаш сакав да си одговорам на моите големи, длабоки прашања. После средбата со вас и читањето на мојата натална карта сите одговори си дојдоа на своето место... Наталната карта ме разбуди, упати да тргнам по правата патека од мојот живот. ” Р.Б., Штип |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|