In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Зошто ги бакнуваме децата

Солзи сами капат

Пред да му кажеш Да

Цената на долгите нокти

Тоа што очајнички го посакуваме

Како научив физика

Зад секоја успешна жена

Корумпираната држава

Луѓе со кои не се дружиме

Глупавите луѓе

Нептун во Овен

Ако имаше Господ...

Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Знаците на патот

Кога не ни оди според планот

Силикони за мозок

Луѓенца

Струен удар од зборови

Времето е тест за љубовта

Споменар

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Браковите склучени во недела

Само еднаш се љуби?

Трагачи по возбуда

Важно е да ми чури оџачето

Глупава младина - неизвесна иднина

Денови на среќни околности

Се родив прерано, не те сретнав тебе

Кога умира душата?

Колку трае еден ден на секоја планета

Крадци

Светот е глобално ријалити шоу

Луѓето се како очи

Убавите круши...

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Ретрограден Меркур во Риби

Имаш лице какво што заслужуваш

Ѕвезденото небо над светот во декември

Женски Болести

Јами Мами од Мајами

Јупитер во Стрелец

Ѕвезденото небо над светот во ноември

Ако сте родени меѓу два хороскопски знака

Внимавај кого пушташ во својот живот

Пониското и повисокото ниво на секој знак

Ѕвезденото небо над светот во октомври

Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018

Ѕвезденото небо над светот во јули

Исправи се, Викторија!

Ретрограден Марс во Водолија

Ѕвезденото небо над светот во јуни

Уран во Бик

Ѕвезденото небо над светот во мај

Кирон во Овен

Ѕвезденото небо над светот во април

Ретрограден Меркур во Овен

Каков карактер - таква болест

Ѕвезденото небо над светот во март

Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари

Ѕвезденото небо над светот во февруари

Ѕвезденото небо над светот во јануари

Сатурн во Јарец

Небото над Македонија во декември

Марс влегува во Вага

Венера влегува во Вага

Јупитер влегува во Шкорпија

Која изрека е клучна за секој знак

ФБИ откри кои знаци се најопасни

Која е разликата меѓу знакот и подзнакот

Што му недостасува на секој знак

Марс влегува во Девица

Венера влегува во Лав

Доналд Трамп - Хилари Клинтон

Затемнување на Сонцето

Како ретроградниот меркур ќе влијае

Она што го напишав веќе се остварува

Ретрограден Меркур во Девица

Затемнување на Месечината

Случувањата во следните 15 години

Месечевите Мени и Ритамот на Природата

Деветте заповеди

Светската економска криза

Што е прецесија?

Дали Астрологијата е наука?

Соѕвездијата и знаците на Зодијакот

Астрологијата и магијата

Астрологијата и слободната волја

Дневен хороскоп

Астрологијата и геоцентричниот систем

Венера во Вага - Време за Љубов

Објавено на 15.09.2019 во 22:23

Венера во Вага - Време за Љубов
 

Од 15-ти септември, до 9-ти октомври 2019 година Венера ќе поминува низ знакот Вага. Тој нејзин од низ одмерената Вага би требало да донесе суптилни промени во животот на секој човек.

Како прво, кога Венера е во Вага, таа ги поттикнува луѓето да бараат хармонија во своето опкружување и во своите љубовни врски, да имаат потреба од почитување и докажување на правдата, да посакуваат да се изразат себеси на креативен начин, да покажуваат поголем интерес кон убавата храна, кон модерната облека, кон уметноста. Но, Венера во Вага влијае врз луѓето да се однесуваат и порафинирано отколку обично. Додека во љубовта повеќе внимание да обрнуваат кон надворешните манифестации на љубов, како што се гестовите, вниманието, љубезноста, отколку на сировиот секс.

Каков нов квалитет во животот на секој од нас ќе се обиде да внесе Венера за време на нејзиниот од низ Вага, ќе дознаете подолу во текстот.

Упатство за читање: Најточни сознанија ќе добиете ако прво го прочитате текстот што важи за вашиот подзнак. А, потоа тие информации треба да ги комбинирате со текстот што се однесува на вашиот знак.

Доколку не го знаете вашиот Подзнак (Асцендент), направете бесплатен примерок на вашата Натална Карта на оваа страна.

Овен

Под влијанието на љубовните вибрации на Венера би требало повторно да се засили љубовта кон вашиот партнер во вашето срце, во периодот од 15-ти септември до 9-ти октомври 2019. Па, можно е да започнете да се однесувате потактично од обично и да се трудите да ги помирите разликите што постојат меѓу вас. Но, колку ќе ве држи ова чувство ќе зависи од степенот на истрошеност на вашата врска и од тоа дали партнерот го доживувате како веќе освоена тврдина околу која не треба додатно да се ангажирате.

Ако сте во понова врска каде страста се уште гори, постои можност да го договарате терминот за стапување во брак или медениот месец. Ако сте во брак, можно е да ве весели помислата за средба со роднините кои живеат подалеку. Но, периодот од 22-ри септември до 5-ти октомври 2019 ќе биде најризичен за опстанокот на дотрајаните врски и бракови, бидејќи Венера ќе трпи непријателски вибрации од Сатурн и Плутон. Тогаш е можно да се обноват некои стари проблеми и конфликти во брачните односи, да се соочите со кармички лекции или пак професионалните проблеми негативно ќе влијаат на вашиот брачен живот. Па, ќе биде пожелно да се воздржите од импулсивни реакции.

Бик

Во периодот од 15-ти септември до 9-ти октомври 2019, би требало да почувствувате некакви поубави вибрации на работното место и во вашите секојдневни, рутински активности. Тоа значи дека е можно да направите некакви естетски промени во работниот простор, да внесете слика или цвеќе. Потоа, постои можност да добиете нови, дружељубиви колеги или да ги подобрите односите со старите колеги. Дури е можно да се случи љубовна хемија меѓу вас и некој/а од колегите.

Сепак, во периодот од 22-ри септември до 5-ти октомври 2019, кога на Венера со здружени сили ќе и се спротивстават Сатурн и Плутон, можни се проблеми во вашите планови и активности поврзани со учењето, патувањата, во работата со странство, во контактот со странци или проблеми во вашите ставови предизвикани од некоректно толкување на духовните постулати. Пожелно е да не ги форсирате работите. Се ќе си дојде на свое место по 5-ти октомври.

Близнаци

Кога станува збор за љубовта, вам Венера ќе ви биде најнаклонета од сите знаци во Зодијакот, во периодот од 15-ти септември до 9-ти октомври 2019. Венера ќе има за цел да ве исполни со позитивни мисли, да ви помогне да ги средите своите чувства и да се средите на емотивен план. Всушност, Венера ќе треба да ви го олесни патот кон љубовта.

Промените кои ќе се случуваат во вашите чувства ќе предизвикаат попривлечно да зрачите во очите на другите. Па, постои голема веројатност Аморовата стрела да ве погоди сред срце како гром од ведро небо. По тој момент би требало да следуваат незаборавни физички контакти испреплетени со дива страст и нежност. Посебно ако сте слободни. Истото ќе важи и за оние од вас кои се во врска или брак. Но, тогаш ќе мора да смислувате планови како да ја украдете љубовта, оставајќи го долгогодишниот партнер во блажена состојба на незнаење. Ваквите маневри ќе ви биде тешко да ги изведувате во периодот од 22-ри септември до 5-ти октомври 2019. Тогаш Сатурн и Плутон ќе им пркосат на разиграните вибрации на Венера, носејќи ситуации кога ќе треба да ги платите старите долгови.

Ако сте жена, во овој период ќе бидат поголеми шансите за забременување.

Рак

Во периодот од 15-ти септември до 9-ти октомври 2019 вашите семејни односи и активностите поврзани со домот ќе ги озрачи опуштената енергија на Венера.

Тоа значи дека ќе посакате да го претворите својот дом во пријатно катче за уживање. Па, веројатно ќе планирате да го освежите со пребојување на ѕидовите, разместување на мебелот, перење на теписите, со купување ново парче мебел, завеса или нов апарат за домаќинството. Па, во така разубавена домашна атмосфера би требало да се опушти и комуникацијата меѓу членовите на вашето семејство. Покрај тоа, во вашиот дом често ќе навраќаат и пријателите и роднините, на кафе и сладок муабет. Сепак, вашите односи со членовите на семејството би можеле да бидат нарушени во периодот од 22-ри септември до 5-ти октомври 2019, заради вашиот партнер или заради некои нерасчистени правни проблеми.

Лав

Под влијанието на тактичната и дипломатична Венера вие би требало да ја подобрите или обновите комуникацијата со некои луѓе, во периодот од 15-ти септември до 9-ти октомври 2019. Па, можно е неочекувано да се сретнете со некоја стара љубов, да бидете поканети на гости или на некаква прослава кај соседите, да имате пријатни разговори со познаници на улица, на телефон или преку Фејсбук, почесто да бидете во друштво на помлади луѓе. Дури и ако сте во посериозни години.

Затоа пак, во периодот од 22-ри септември до 5-ти октомври 2019 можно е да имате здравствени проблеми поради нездравите животни навики, да се соочите со злобата на колешките помлади од вас или пак да бидете поагресивни во сообраќајот. Од тоа штета би можеле да имате и вие и другите.

Девица

Склоната на уживања, Венера, во периодот од 15-ти септември до 9-ти октомври 2019, би можела да ви помогне да откриете некој полесен начин да дојдете до пари или пак ќе добиете понуда за работа во која би уживале, додека парите ќе се слеваат на вашето конто. А, можно е и некоја дамнешна инвестиција, на која сте заборавиле, сега да почне да ви носи профит или пак да ви бидат вратени некои пари што некому, некогаш, сте ги дале на заем. Ако ништо друго, можно е да добиете некој убав подарок или барем цвеќе.

Меѓутоа, во периодот од 22-ри септември до 5-ти октомври 2019, здружениот напад на Сатурн и Плутон кон нежните вибрации на Венера, би можел да ви донесе опасност од финансиска загуба ако ризикувате со парите, ако се коцкате, ако со обложувате во кладилница. Но, непланирани трошоци се можни и заради децата и партнерот.

Вага

Префинетите вибрации на вашата владетелка Венера, ќе ве направат најсензуалниот и најпривлечниот знак, во периодот од 15-ти септември до 9-ти октомври 2019. Па, под нејзино влијание ќе имате чувство дека се враќате во својот елемент. Дури е можно да посакате да се разубавите, на природен начин или со помош на чудата во козметологијата. Вториот чекор ќе биде разубавеното тело да се запакува во отмена гардероба и да се заокружи стилот со нова фризура. Така разубавени, заводливи и кокетни, вие ќе освојувате без мака со вашето префинето однесување, со истенчениот вкус, со чувството за мерка. А, ако некој го привлече вашето внимание, ќе направите се да го имате само за себе, да завладеете со неговите чувства.

Професионално, периодот ќе биде најуспешен за Вагите јавни личности, за оние кои се занимаваат со модата и за дипломатите. Затоа пак, во периодот од 22-ри септември до 5-ти октомври 2019, можни се проблеми со членовите на семејството заради недвижниот имот, просторот за живеење, заради родителите. Тогаш не е поволно ниту да купувате ниту да продавате недвижности.

Шкорпија

Процесот на расчистување со менталниот и емотивен отпад во вашата душа ќе потрае во периодот од 15-ти септември до 9-ти октомври 2019 година. Тоа ќе направи да сакате да се изолирате од светот, да му се посветите на размислувањето или пишувањето, да уживате во улогата да им помагате на болните и немоќните. Вашата емотивна затвореност ќе направи да изгледате уште помистериозно отколку обично и попривлечно во очите на одредени личности. Па, можно е да започнете љубовна врска што, заради различни причини, ќе мора да ја криете.

Затоа пак во периодот од 22-ри септември до 5-ти октомври 2019, постои можност да заминете на некое кусо патување на кое ќе ви се случи љубов. Во тоа време можно е да дознаете што ви зборуваат зад грб оние што ги сметавте за најблиски, браќата, сестрите и роднините.

Стрелец

Во периодот од 15-ти септември до 9-ти октомври 2019, Венера ќе придонесе да се зголемат симпатиите на луѓето кон вас. А, вие ќе се уверите во вистинитоста на поговорката која вели дека убавиот збор и железна врата отвора. Дури и по долго време на тропање и чекање. Ваша најголема поддршка ќе бидат пријателите, жените, клубот или организацијата во која членувате. Но, во периодот од 22-ри септември до 5-ти октомври 2019 бидете порационални со парите и плановите што ги правите за иднината. Тогаш некои личности што ги сметате за пријатели би можеле финансиски да ве злоупотребат.

Јарец

Во периодот од 15-ти септември до 9-ти октомври 2019, Венера, планетата на дипломатијата, ќе ви помогне преку тактички потези и убави гестови да ја унапредите својата кариера.

Па, иако не е ваш стил, овој пат можете да го прекршите принципот и слободно да им ласкате на оние што се хиерархиски над вас. Тоа повеќекратно ќе ви се исплати.

Затоа пак во периодот од 22-ри септември до 5-ти октомври 2019, постои опасност да го загубите угледот заради сопките од страна на колешките, заради вашите неодмерени коментари, заради неразрешените конфликти од минатото или заради некоја љубовна афера со некој, со кој професионално соработувате.

Водолија

Во периодот од 15-ти септември до 9-ти октомври 2019, Венера ќе се потруди да ви помогне да го гледате животот од поубавата страна. Па, постои можност да заминете на патување, да го обновите контактот со некои странци, да се запишете на некаков курс, да држите некакви предавања или обука. А, можно е да се заинтересирате и за некоја нова духовна дисциплина. Не заборавајте дека љубовта ќе ви се смешка некаде оддалеку, со личност што не живее во вашиот град или има поинаква философска или религиска определба. Венера ќе предизвика лесно да букнуваат романси и меѓу интелектуалците од вашиот знак, меѓу уметниците, во аулите на факултетите, на патувањата.

Но, ако патувате во периодот од 22-ри септември до 5-ти октомври 2019 можно е да имате законски проблеми во земјата домаќин заради виза, пасош, непознавање на тамошната легислатива.

Риби

Во периодот од 15-ти септември до 9-ти октомври 2019, под влијанието на убавите вибрации на Венера, постои можност да имате неочекувана добивка преку некоја поранешна инвестиција, преку исплата од осигурителна компанија, преку камата од орочени средства или преку вратен долг. Исто така, можно е да почувствувате олеснување ако успеете да исплатите некој кредит или друг долг. Во најмала рака, без грижа на совеста ќе уживате да ги трошите парите на партнерот. А, нема да биде чудно ако добиете подарок на кој не сте се надевале. На љубовен план ќе копнеете да доживеете силни сексуални искуства. Па, можно е да се впуштите во секс за една ноќ. Дури и кога ќе знаете дека на другата страна сте и интересни заради парите, а не заради вас самите.

Сепак, во периодот од 22-ри септември до 5-ти октомври 2019 би можеле да се создадат нови долгови ако вашите планови не соодветствуваат на вашите реални можности и ако потпаѓате под влијанието на пријателите.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Вистината што извираше од првите страници на мојата натална карта ме скамени. Цела недела ми беше страв да продолжам со читањето. Сепак, љубопитноста победи. Имав што да научам за себеси. 

Борис П., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2025
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија (тековен стил) Стрелец Јарец Водолија Риби