Говорот на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Зошто ги бакнуваме децата
Солзи сами капат
Пред да му кажеш Да
Цената на долгите нокти
Тоа што очајнички го посакуваме
Како научив физика
Зад секоја успешна жена
Корумпираната држава
Луѓе со кои не се дружиме
Глупавите луѓе
Нептун во Овен
Ако имаше Господ...
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
Знаците на патот
Кога не ни оди според планот
Силикони за мозок
Луѓенца
Струен удар од зборови
Времето е тест за љубовта
Споменар
Зошто китиме елка
Ако нема кој да ве прегрне
Браковите склучени во недела
Само еднаш се љуби?
Трагачи по возбуда
Важно е да ми чури оџачето
Глупава младина - неизвесна иднина
Денови на среќни околности
Се родив прерано, не те сретнав тебе
Кога умира душата?
Колку трае еден ден на секоја планета
Крадци
Светот е глобално ријалити шоу
Луѓето се како очи
Убавите круши...
Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде
Ретрограден Марс во Овен
Најголемата слабост на секој знак
Бони и Клајд
Несудената Фрида Кало
Јуни 2020 - Месец на две Еклипси
Сите бои на Виножитото
Љубов, Ах Љубов
Човекот наречен Надеж
Сатурн во Водолија
Ретрограден Меркур во Риби
Годишен хороскоп за 2020 година
Ни претстои неочекувано среќен период
Во што се крие благословот
Ретрограден Меркур во Шкорпија
Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?
Венера во Вага - Време за Љубов
Млада Црна Месечина на 30 август 2019
Немаш ни благодарам
Ќе ја сретнеш својата судбина
Ни на Небо, ни на Земја
Затемнување на Месечината на 16 јули 2019
Не ја мати водата
Ретрограден Меркур во Лав И Рак
Талентот е Божји дар
Вера, Надеж и Љубов
Сиротата мала богаташка
Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019
Двете Марии
Скршеното огледалце
Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај
Министерот со шешир и темни очила за сонце
Ѕвезденото небо над светот во мај 2019
Љубовта е во воздухот
Нека го фрли првиот камен...
Сатурн коњукција Плутон
Ќерката на офицерот со ружи
Ретроградни планети - што ќе ни донесат?
Ѕвезденото небо над светот во април 2019
Кралот на Троседот
Оној што спасил живот
Ветената Земја
Ретрограден Меркур во Риби
Имаш лице какво што заслужуваш
Ѕвезденото небо над светот во декември
Женски Болести
Јами Мами од Мајами
Јупитер во Стрелец
Ѕвезденото небо над светот во ноември
Ако сте родени меѓу два хороскопски знака
Внимавај кого пушташ во својот живот
Пониското и повисокото ниво на секој знак
Ѕвезденото небо над светот во октомври
Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018
Ѕвезденото небо над светот во јули
Исправи се, Викторија!
Ретрограден Марс во Водолија
Ѕвезденото небо над светот во јуни
Уран во Бик
Ѕвезденото небо над светот во мај
Кирон во Овен
Ѕвезденото небо над светот во април
Ретрограден Меркур во Овен
Каков карактер - таква болест
Ѕвезденото небо над светот во март
Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари
Ѕвезденото небо над светот во февруари
Ѕвезденото небо над светот во јануари
Сатурн во Јарец
Небото над Македонија во декември
Марс влегува во Вага
Венера влегува во Вага
Јупитер влегува во Шкорпија
Која изрека е клучна за секој знак
ФБИ откри кои знаци се најопасни
Која е разликата меѓу знакот и подзнакот
Што му недостасува на секој знак
Марс влегува во Девица
Венера влегува во Лав
Доналд Трамп - Хилари Клинтон
Затемнување на Сонцето
Како ретроградниот меркур ќе влијае
Она што го напишав веќе се остварува
Ретрограден Меркур во Девица
Затемнување на Месечината
Случувањата во следните 15 години
Месечевите Мени и Ритамот на Природата
Деветте заповеди
Светската економска криза
Што е прецесија?
Дали Астрологијата е наука?
Соѕвездијата и знаците на Зодијакот
Астрологијата и магијата
Астрологијата и слободната волја
Дневен хороскоп
Астрологијата и геоцентричниот систем
|
Објавено на 28.01.2020 во 08:35
|
Француски бакнеж
Кога се бакнежите во прашање, се сеќавам дека, како дете, едвај го чекав мигот кога глумците во Холивудските филмови, после низа перипетии, ќе се бакнеа уста во уста на крајот од филмот. Во прво време живеев со идејата дека тие само ги допираат своите усни додека ги вртат главите наваму-натаму. Мојата детска наивност беше одземена во мигот кога тоа идилично бакнување со споени усти и со вртење на главата го видов во живо. Имав пет или шест години, не се сеќавам точно колку, но знам дека не одев на училиште, а веќе знаев да читам и да пишувам. Не совршено, ама онака, несигурно, детски. Бев омилено дете меѓу соседите, а тогаш соседите беа поблиски од роднините, бидејќи со нив делевме и добро и лошо, од нив позајмуваме шолја зејтин кога сме заборавиле да купиме или шолја шеќер, кога ќе почневме да правиме торта, а шеќерот бил при крај, додека продавниците беа затворени веќе навечер во 8. А, во недела и за време на празниците воопшто не работеа. Така, зборлеста и комуникативна, им бев неодолива на соседите и тие ме водеа со нив кога одеа на гости, во продавница, па дури и на љубовен состанок. Јас уживав во тие прошетки, а мајка ми можеше да здивне неколку часа од стотиците прашања кои и ги поставував во секунда. Некогаш ќе ми речеше: „Ти дете знаеш ли да молчиш, зборуваш како навиена?“ Во времето на моето детство тинејџерите не излегуваа по кафулиња, зашто кафулиња не постоеја. А, да одат на љубовен состанок, не можеа ниту да помислат, бидејќи такви активности не се одобруваа во патријархалната средина. Но, младост- лудост, велат старите. Па, зовриените хормони секогаш си наоѓале начини да се ослободат и тинејџерите изнаоѓаа разни причини да излезат од дома, а родителите да не знаат каде точно ќе одат и со кого ќе бидат. Наводно ќе учат кај другарка, ќе одат на некоја секција, на тренинг и слично. И да се вратам на поентата на муабетов, значи, имав пет-шест години, кога мојата прва сосетка, веќе тинејџерка од некои пет-шеснаесет години, за да прикрие пред своите родители дека излегува на љубовен состанок, ме зема мене, божем да ме прошета низ маало. И тогаш баааам... Она што до тогаш го бев гледала само на филм го видов во живо. Маре, мојата сосетка, и Диме, нејзиниот дечко, на заминување се бакнаа како на филм. Луѓе мои, не можев да им верувам на своите очи. Маре, откако конечно се ослободи од прегратките на Диме, веројатно гледајќи ја мојата шокираност од чинот на кој му присуствував во моите широко отворени очи, со заверенички глас ми рече: „Ова што го виде е наша тајна. Немој да си му кажала на некој друг. Дури ниту на мајка ти.“ Што можев друго освен да ја прифатам нашата „Омерта“, нашиот договор да молчам. Но, може ли да се одмолчи таков возбудлив настан виден во живо? Времето поминуваше, а мене од внатре ме копкаше желбата да го споделам своето доживување со некого. На мајка ми не можев да и кажам, бидејќи ќе го прекршев заветот кој го земав. Друг возрасен човек од доверба немав во мојата близина, бидејќи растев без баби и дедовци и така, слично на анегдотата за царот Трајан и козјите уши, јас си ја олеснив својата душа запишувајќи ги на повеќе страници од мојата омилена книга „Дански народни бајки“ фамозните зборови: „Маре и Диме се пацуваа како на филм... Маре и Диме се пацуваа како на филм... Хахахаа... (на 5-6 години буквите „б“ и „п“ ми звучеле веројатно исто)“. И така, вечерта кога мајка ми ја зема книгата да ми чита од приказните, долгочуваната тајна излезе на виделина без јас да го прекршам дадениот завет. И кога мајка ми ме праша што ми значи тоа што сум го напишала, јас, ослободена од грижата на совеста за прекршениот завет на молчење, како од топ, во еден здив и го раскажав моето доживување. Моето изненадување беше големо кога наместо да се шокира од веста што ја изустив, мајка ми громогласно се изнасмеа и потоа уште сто пати се поднасмевнуваше, тивко, под мустаќ, веројатно за да не ме навреди за големата тајна што и ја соопштив. Веќе следното утро, уште нерасонета, слушнав како таа, смеејќи се, и ја раскажува целата случка на тетка Милица, мајката на Маре. И потоа како продолжуваат заедно да се смејат на цел глас. Тогаш не знаев, ама денес со сигурност знам, дека тоа беше мигот кога јас престанав да бидам дете и влегов во светот на возрасните. Тогаш табуто поврзано со францускиот бакнеж се распрсна пред моите очи како балон од сапуница и јас сфатив дека сите возрасни го прават тоа. Се уште не ми влегуваше во глава дека и моите родители би можеле да го практикуваат, ама за другите, веќе бев сосема сигурна. Е сега, во ерата на Интернетот, кога сите информации ги имаме на дланка, само со впишување на името на она што не интересира на Гугл, јас дознав дека терминот „Француски бакнеж“ најверојатно го измислиле американските и британските војници во Франција за време на Првата светска војна. Тие забележале дека француските жени се поотворени за применување на еротските техники, отколку нивните американски партнерки. Така, војниците кои се враќале дома, од Европа, по Првата светска војна, ги поздравувале своите сопруги и девојки бакнувајќи ги во уста и користејќи го јазикот како симбол за нивниот полов орган. Така, тие, бакнувајќи ги, го симулирале сексуалниот чин, сакајќи да им ја покажат својата страст. Меѓутоа, разочарувачка е констатацијата дека францускиот бакнеж не настанал во Франција. Всушност, во минатото, тој вид на бакнување се нарекувало "Фирентински бакнеж". Ако е така, се наметнува прашањето зошто тогаш бакнувањето со јазик го добило името „француски бакнеж“? Една теорија, во објаснувањето на овој израз, тргнува од фактот дека, отсекогаш во историјата, за Французите владеело мислењето дека се сензуални и неморални луѓе. Па, терминот француски бакнеж е всушност навреда за Французите, за нивниот начин на живот, за нивната промискуитетна природа, за нивното однесување во љубовта и за нивниот морал. Уште повеќе што во Франција, овој вид на бакнеж не се нарекува француски, туку само бакнеж. Шокантна е информацијата дека до 2014 година Французите дури немале збор за ваквиот стил на бакнување. А тогаш, во речникот Petit Robert е додаден новиот глагол: “Galocher”, кој буквално означува „да се бакнуваш со јазик“. Јас би ви порачала да се бакнувате како милувате. Но, што почесто и што пострасно.
 Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.
“ |
Наталната карта што ја добив е фантастична! Ви благодарам многу што ми го подаривте огледалото на мојот живот :) ” Виктор К., Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|